Двоење на децата во семејството

Дискусија во 'Дете' започната од Babyby, 10 септември 2016.

  1. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    2.521
    Пол:
    Женски
    Како што следам не сретнав до сега оваква тема, ако грешам слободно нека се избрише. Дали вие како родители имате посебна љубов кон едно од децата? Познавам семејства каде многу од родителите имаат милениче помеѓу двете деца. Пример:повеќе време му посветуваат на машкото дете, повеќе пари му даваат, додека на женското не.
    Ме инетерсира дали доколку имате брат/сестра - некогаш сте се почувствувале запоставени на некој начин, помалку сакани, непожелни? Дали сте почувствувале дека вашиот родител го/ја преферира вашиот/та сестра/брат на овој или на оној начин?
     
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    25.520
    Јас лично едно сфатив во животот, а тоа е дека работите не можеш да ги ставиш на кантар па да видиш колку и кому треба да се даде! Нити материјалните добра, нити љубовта, нити вниманието можеш рамномерно да го разделиш... невозможно е!
    За среќа во моето семсјство не сум почувствувала запоставување на едно од децата, сме растени со доволно внимание, љубов и грижа а не сум ситнечарела кому повеќе е дадена и кој е во корист. И да е некој повеќе во корист , тоа е сепак мојот брат/сестра а тоа ми ја смирува душата.
    Конкретен пример: Никогаш не покажаа интерес за моето учење и напредување во училиштето (бев одличен и непорблематичен ученик) дури ни свидетелството не ми го гледаа, додека за оценките на сестра ми секогаш се имаше голема грижа. И не, не се осеќав запоставена затоа што сметам дека доволно им беше грижата околу училишните проблеми на сестра ми, а јас добро минував.
    На сестра ми повеќе и помогнаа околу гледањето на децата, јас пак сама и со помош на свеки успевав да се организирам па поретко барав нивна помош.
    Исто се сеќавам дека добивав повеќе пари од сетсра ми, затоа што моето друштво секогаш одеше на ,,поскапа дестинација,, на одмор, почесто излегуваше а не слушнав никогаш од сестра ми збор да спомене на таа тема. Реално секој добивал толку колку што му е потребно! Тоа е всушност и клучот за да се одбегнат кавгите! Сеогаш сум велела, ако мене ми треба повеќе очекувам јас да го добијам, ако на брат ми/сестра ми и треба повеќе дајте го нему.
    Затоа најмногу се провоцорам кога налетувам на ликови кои тврдат дека сакат рамноправоснт па макар и да земат од устата на братот/сестрата, а тоа веќе не е рамниоправност туку е нечовечност! Не вреди некој квадрат повеќе во живото ако нема со кој да ја споделиш радоста дека го имаш!
    Љубовта пак не сум слушнала досега од некој родител да рече дека е посилна кон едното дете, а јас реално сум се запарашувала дали ќе знам да сака уште едно дете толку многу колку што сега ја сакам Леа!
     
    На pianogirl, lackygirl, Espadrila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    50.086
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до темава, татко ми повеќе ја сакаше сестра ми. Јас бев испод ниво. Денес како стојат работите не знам, веќе не покажува, исто се однесува кон двете.
     
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Јас искрено малку се осеќав како позапоставена од еден од родителите, но подоцна кога собрав сила тоа и да си го кажам добив одговор дека тоа било затоа што сум била посамостојна и помалку ми била потребна помош. Е затоа сега не дозволувам такво нешто да се случи дома кај нас. Двете се дел од мене, за двете душата ме боли.
     
    На Spidy, Espadrila, simply-red и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Не ги двојам децата. Колку за едното, толку и за другото. Лошо е кога има поделба. Маж ми има двајца браќа (он е најмал). Го третираат како тринаесто прасе. Како да не им е дете. Битно за браќата да има. А он нека трпи. (facepalm)
     
  6. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    2.418
    Пол:
    Женски
    Kaj nas nemalo nekoja razlika dodeka sme deca,i da sekogas sum velela majkami go saka bratmi,tatkomi mene...neli milenice na sekoj roditel i do den denes so tatkomi se znam da si kazam,a majkami so bratmi.
    Bidejki imam 3 deca i dvete se pogolemki,ne se ljubomorni na najmalovo,naprotiv baraat da ja cuvaat i da pomagaat i ja prifatija super,jas mislev posvesni se ke pravat poveke problemi,no me iznenaduja sega stanaa naednas mn poodgovorni i popslusni,sto me radyva.
    Nemozam da gi delam premnogu se razlicni,no isto dobivaat spored potrebite,nikogas ne se zapostaveni za ljubov i znaat deka mozat doma na tato i mama da kazat se,deka imaat podrska na sekoe pole.
    Gledame na dvajcata zelbite da im gi ispolnime,sekako spored cergata,no ne da se preteruva.
    Kaj mazot mi doma se cudna rabota,nikogas za nisto ne ni pomognale,ne ne iznenadile so nikakva pomos,za niv nie imame se si rabotime i nis ne ni treba.
    Decata osven cokoladi i pari kako podarok za rodenden ne videle nisto.ni pizamcinja ni bluzicka ni igrace,ete taka da izraduvas dete esnostavno...nema sansa...
    Zatoa za sestramu na maz mi ima se...ako raboti i ona...
    Gi lazese mn pati,plakaja pari za faks neznaeha za sto plakaat,a za mm nemaa da studira... nie sami so edna plata i so bebe,ni 100 denari ne ni dale,zatoa za kerka ke ima.
    Do den denes koga i da odime si kupuvame jadenje rucek si pravime,si nosime se sto ni treba,zasto znaeme deka ke nema.
    E toa e podelba na deca,sto moite nema da ostavam da ja osetat nikogas,pa makar i kibritcinja da prodavam nadvor na -30.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    А зошто машкото дете е секогаш понапредно од женското? Зошто е толку важно да се има машко дете? Ако еве толку многу сакаш машко дете и ти се роди, што ако биде тресало, нема да знае како да се снаоѓа, и што ако оди домазет?
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Тоа ќе биде срам за околината. Се знае дека машкото е глава во семејството. (facepalm)
     
  9. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Како тоа страм за околината? Што да кажат тие што неможат да имаат деца? Кај Господ ти дава дете па некој уште ке одбира какво сака... Сакам машко, не сакам женско... Еве мојот чичко не може да има деца, и баба ми му вели Господ да ви даде 2 машки и едно женско.??????!!!!!! Мисламмм.... Што ќе ти даде господ тоа... Еве јас кога ќе стигнам на возраст да имам деца, мислам Господ ако ми даде 2 деца, јас и на двете мои деца ќе им ја пружам сета моја љубов подеднакво на моите деца. 5 машки или 5 женски ако ми даде господ нема да се нервирам. Најубаво е да си имаш и машко и женско, но подеднакво да ги сакаш и двете деца.
     
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    25.620
    Пол:
    Женски
    Иронична беше @SummerGirl
    Ама за жал некои стварно се со такви примитивни размислувања :x
     
    На candy.cane и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Јас имам поголем брат и мајка ми татко ми се повеќе нему му обрнуваат внимание... Мислиш дека крај на светот е ако немаш машко дете... Татко ми кога и да се скарам со братми, се е моја вината (n), и да сум крива или да сум права јас сум секогаш виновна.... (facepalm) Мајка ми пак кога ќе се скарам со братми само на мене ми вели да не се лигава, а еднаш кога се скаравме со брат ми, мајка ми и се испушти да каже не се лигавајте бе кучиња едни и го погледна братми дека се Натажи малку и рече, "уствари не се лигави Марија".... Боооог да чуваааа.... Но тоа што за едното дете се мајка, а за другото маќеа, тоа гледат да го чуваат во најстрога тајна...
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Срам за околината ако отиде да биде домазет. На тоа мислев.
     
  13. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    A ti imash brat ili sestra?
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Имам сестра.
     
  15. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Epa nemash gajle. Ako si imala brat verojat o kje si se osekjala kako mene (podeleno).
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Знам по другарка ми како е. Оставија се на брат и. Оти бил машко. Бог да чува. Отсекогаш сум против двоење на децата.
     
    На Marija6165 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Ygritte

    Ygritte Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    18.134
    Пол:
    Женски
    Јас сум посамостојна од брат ми, поголем бунтовник кој знае да се избори за своето место. Мајка ми е постојано тука за нас, но е „посклона„ кон него, зашто бил посмирен. Никогаш не сум се чувствувала запоставена од нејзина страна. Иако на шала и кажувам дека го сака брат ми појќе од мене... :D
     
  18. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    I tatko mi veli deka bratmi bil popameten od mene, a jas sum bila mnogu izbrzliva... Ima edna sluchka shto taman se izraduvam i za sekunda tatko mi uspea da me rastazhi... Tatko mi e hausmajstor. Ednash go vikna direktor na gradskata bolnica shto e vo nashiot grad, go vikna tatko mi da popravi neshto. mi se javi da odam da mu kupam kutija cigari i da mu gji donesam i otidov da mu gji nosam. Direktorot mi reche da posedam malku. Potoa ispadna sin mu i si razgovaravme so nego i tatko mu neshto ni zboruvashe i tatko mi sedna so nas. Direktorot, na tatko mi mu veli deka podobro devojche od mene ne sretnal do sega. I na tatko mi nekako ne mu padna ubavo i reche neshto ne kompliment ili neshto slichno, neshto kako da negirashe...:@ Tolku se izraduvav deka od obrazovek chovek dobiv kompliment, i eve uspea roden tatko za sekunda da me rastazhi....