1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Двонеделна диета = помалку 9 кг.

Дискусија во 'Диети' започната од McDonald, 19 мај 2012.

  1. McDonald

    McDonald Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    1. ден

    -појадок: кафе без шеќер (колку сакате)
    -ручек: 2 варени јајца, спанаќ (со малку сол)
    -вечера: стек од скара, зелена салата. Овоѓје по желба.

    2. ден

    -појадок: кафе без шеќер, 1 земичка
    -ручек: стек од скара, зелена салата и овошје по желба
    -вечера: варена шунка, неограничено

    3. ден

    -појадок: кафе без шеќер, 1 земичка
    -ручек: 2 обарени јајца, салата од домати, неограничено
    -вечера: варена шунка и зелена салата

    4. ден

    -појадок: кафе без шеќер, 1 земичка
    -ручек: 1 обарено јајце, варен или свеж морков, сирење неограничено
    -вечера: овошје или јогурт, неограничено

    5. ден

    -појадок: обарен морков со лимон, кафе неограничено
    -ручек: динстана риба, домат
    -вечера: стек на скара, зелена салата

    6. ден

    -појадок: кафе без шеќер, 1 земичка
    -ручек: пиле (печено), неограничено
    -вечера: 2 обарени јајца, морков

    7. ден

    -појадок: чај со лимон, без шеќер
    -ручек: стек на скара, овошје неограничено
    -вечера: по сопствена желба

    Значи, оваа диета ја пронајдов во книгата на Павлина Димитриевска „Здрава исхрана и добар изглед“ (така мислам се викаше). Многу пати барав на интернет нешто за неа, за нејзината професија и образование, за да видам која е и што е, меѓутоа нема никаква информација. Како и да е... како што кажува и самиот наслов, диетата ветува многу - 9 килограми помалку за две недели, па затоа и мене ме измами. Морам да напоменам дека на почетокот бев голем скептик околу успешноста и здраво функционирањево на диетата, бидејќи одредени работи во неа се косеа со општите правила за правилна исхрана, што јас ги познавам, како на пр: знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, а тука е застапен само со кафе; потоа, исто така знам дека овошје на вечер не се јаде, што не е случај и со диетава и сл. Но, кога ќе се решам за едно нешто и морам да го исполнам.
    Ја започнав диетата. Првиот, вториот, третиот ден ужасно ми беа тешки, но издржав некако (денес ми е шести ден). Се качувам на вага вториот ден, гледам едно кило помалку. Се качувам другиот ден - исто кило помалку и така секој ден. Значи, до сега, за 6 дена сум ослабен 5 кг. Многу сум изненаден, а исто така и многу задоволен и среќен. Затоа и се решив да ја напишам на форумов за да помогне и на други „беспомошни душички“... Не знам како делува, не знам со каков механизам работи диетава, но навистина делува и е ефикасна. Ваше е да проверите, јас си кажувам од она што го видов :) А да не заборавам, дневно можеби пијам 3-4 кг вода, ако не и повеќе, што мислам дека значително помага. Исто така диетата му помага и на мојата мајка, која е 40+; а знаеме дека колку повозразна - толку побавно и потешко слабеење (мајка ми ослаби 3-4 кг за време на овие шест денови).

    За секаква информација, слободно прашајте! Искуство си е искуство :D
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  2. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    убава е диетава не е лоша вреди да се проба ...поззз
     
  3. lil13

    lil13 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    а дали може наместо јајца нешто друго да се јаде?
     
  4. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Наместо спанаќ нешто друго може да се јаде? Јас од спанаќ повраќам... :puke: И кај да најдам варена шунка? :puke:
     
  5. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.462
    Ми изгледа примамлива диетава, но скоро секој ден има варени јајца, а не сум некој љубител на истите.Сакав да прашам за шунката, како тоа варена??
     
  6. McDonald

    McDonald Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    НЕ, секој еден продукт сигурно со причина е ставен? Кој друг продукт би го заменил јајцето? Јајцето е ептен е здраво, а и не е нешто за гадење.. :)
     
  7. McDonald

    McDonald Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Ако е веќе толку лошо, пробај со салата и на пример само 50 грама варен ориз... ама шозз... спанаќот е многу здрав и всушност го помага овде слабеењето...
     
  8. McDonald

    McDonald Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Обична шунка салама... јас купувам од Пекабеско, 90 ден е и сечам 100 гр, ако сакаш можиш и многу поќе (секако не цела) и ја вариш неколку минути, исто како виршлите и нема некоја промена во вкусот :)
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    не е тоа варена шунка... се мисли на шунка од конзерва... и јас ја држев оваа диета пред некој месец и стварно има доста ефекти
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zara

    zara Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    А спанаќот колку и како се јаде? И што е тоа земичка?
     
  11. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    спанаќ може колку сакаш, а на земичка се мисли на некое празно пециво, а јас што држев една српска верзија на оваа диета, место земичка беше напишано помало парче леб
     
  12. Wiliams

    Wiliams Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    Збориш за оваа така ??? http://www.dijetadijete.com/2011/02/dij ... 8FsXVJKVDM
    И јас многу сакам да ја пробам ама секој ден сум со некои слатки задоволства и никако да се откажам од нив :)
     
  13. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Многу ме интересираат резултатите од тие што ја почнале диетава (настрана од девојката што ја отворила темата). Малце ми звучи ко саенс фикшн за 2 недели да изгубиш 9 кг и тоа со ваков режим на исхрана и без никаква физичка активност (барем тука девојката не навела) :) .. Ова го имам видено само со диетата со јаворов сируп. А лично, не знам колку би се нафатила да се хранам на овој начин 2 недели и без никаква гаранција дека килажата нема да ми се врати како јојо.
    Во секој случај, ако кај некој се покажала успешна, споделете искуство. :)
     
  14. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    да, баш од таму ја држев 2 недели, и ослабев околу 7 кг или повеќе... за 9 кг сепак треба спортување а јас бев само во обично движење одејќи пешки секаде каде што одам и тоа е тоа, оти немав време да спортувам поради обврските
     
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.052
    Допаѓања:
    20.754
    Пол:
    Женски
    Како прво не е девојка тој што ја отворил темава ;) машко е.

    Не држам диети веќе години (вакви напишани) зошто?
    Бидејќи секогаш има јојо ефект. И никогаш не издржувам до крај :$

    Диетава не гледа многу тешка ама тоа со појадокот како што има наведено дечкото, мене малку ми е чудно, нели појадокот е најбитен :wasntme: а јас пак за појадок најмногу јадам а после помалку (за ручек). Ме замисли малку диетава можам да ја пробам, се јадам од наведеното само тоа со варената шунка некако ми е :puke: што знам а можеби и не е толку лошо.
     
  16. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    а кафе не смеј да се пија и после доручекот во текот на денот и мора баш без шеќер???:(
     
  17. natasapop26

    natasapop26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво!
    Јас ја почнав диетава од пред 3 дена, од средата. Сега за сега е добро, 1 до 1,5 кг покажува вагата, мада е рано да се збори за резултати. Има ли некој што ја држи истата или ја има некогас држено да се советувам... Јас пијам кафе кога ми се пие плус од написаново, и наместо патлиџан пијам џус од патлиџан, ваљда не е страшно. И некогас ставам малку сол на јајцата или во зелената салата ставам пола лимон и малку маслинов зејтин, две капки колку психички да знам дека има...
    Ај пишете ми!!!!
    Поздрав до сите диеталци
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  18. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Спанаќот со што можам да го заменам? Некоја друга состојка со такво слично дејство?? оти немам спанаќ моментално дома..
     
  19. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
  20. Barbara.Palvin

    Barbara.Palvin Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Кажете некоја друга диета :)