Систина е стварно скапа, претераа веќе со цените. Ако ти одговара, јас кај Органџиски правев 5д, 4500 ден. И хистероскопија ќе правам кај нив, кажаа околу 38 илјади било.
Не знам, јас прашував лани за 2д, за обичен преглед, беше околу 3000. Така да 4д или 5д сега кој знае колку е.
Здраво. Кога останав бремена ми открија дека имам дворога матка со преграда. На 11та недела го изгубив плодот, докторот не знаеше да ми кажи дали е поради тоа или поради што бев сркојдневно под стрес (корона беше, криза, тешко се живееше тој период). Како и да е, ми предложи отстранување на преградата во ГАК. Ме интересира дали некоја од вас имала такво искуство, дали е со целосна анестезија, дали наредната бременост исто би била ризична колку и претходната, и дали некој го правел тоа приватно и колку кошта. Ви благодарам.
Јас имав преграда имав две бремености неуспешни додека не ми ја остранија,откако ја остранив имав најнормална бременост и сега е месец и пол и ми спие во креветче. Не е страшно брзо е остранувањето јас бев со целосна немав никакви болки после операција функционирав најнормално.
Многу ми е мило што се испаднало добро. Дали се пораѓаше природно или со царски? Гинекологот ми рече дека иако ја одстранам сепак ќе морало со царски рез, па затоа прашувам.
Мислам дека никој предвреме не може да каже дали природно или царски ќе се породиш. И во најперфектните бремености,кога бременоста ветувала природен пораѓај, во пет за дванаесет им кажале мора царски. Така да, не се оптеретувај за нешто што е премногу далеку во моментов од тебе и никој не го знае тоа. Ти кажуваат ако не го отстраниш септумот на време,пред бременост, бременоста ти е премногу ризична со септум на матка, исто како и предвремено породување или со царски рез. Ризиците се тие и мора информативно да ги знаеш и 80% постојат во секоја бременост. Затоа велат дека бременоста е најубавото нешто, но и најризичното нешто од прв ден до пораѓај.
Јас имам септум на матка, кај мене не е отстранета преградата бидејки не ни правеше проблем, првото дете го родив природно, сега сум бремена со второ се надевам исто нема да прави проблеми, кај секој е различно
Одговорноста е твоја,изборот е твој ти така си одлучила. Јас одлучив да не се ставам во ризик,ги послушав докторите и ја извадив. Нема потреба, знаејки ги последиците, да го чувам септумот и уште пак да правам бебе и да се стресирам секој ден да сум во исчекување на лошото.
Исто и јас. Кажа докторката уште кога се посомнева на 2д ехо дека има, ќе се потврде со 5д ехо и дека не е проблем за да се остане бремена, ама голем ризик за абортус. Веќе кога знам, така да оставам нема шанси. За интервенција од 30мин.нема потреба да си стварам проблеми во иднина. Кога нешто мора да се направи, мора и тоа е.
Здраво, денес ми соопштија дека носам близнаци но исто така дека се сместени во десен рог на матката.Прашањето ми беше дали некој се соочил со вакво нешто?