1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Двојазичност кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 15 ноември 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Што мислите за двојазичноста кај малите деца?Вие што имате мешани бракови како им зборувате на вашите деца?
    Јас на ќерка ми и зборувам само на македонски јазик , а татко и на грчки. Се надевам дека ке ги совлада и двата јазика како што треба. :)
     
    На marijabella, mims-89 и daylight им се допаѓа ова.
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Двојазичност кај мали деца

    Ова е најдоброто нешто за едно дете.
    Јас од лично искуство можам да го кажам ова. Пораснав во Виена, и татко ми ми зборуваше германски, мајка ми македонски. На моменти ќе ги замешав и двата јазика, ама па слатко звучело. :lol:
    Во овој случај е добро што сега чисто ги зборувам и двата јазици, пошто уште од мал ги учиш.
    Така да, истото и јас ќе го направам со моите деца. Јас на германски, маж ми на македонски. (македонец маж си сакам :wasntme: )
     
    На lovely girl M, kjukli, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Двојазичност кај мали деца

    Имам комшика со две деца, сега веќе потпораснати.Татко им е Италијанец, тој не знаеше македонски, женава знаеше италијански и кога беа мали им зборуваа исклучиво на италијански, македонски слушаа само надвор.
    Денес италијанскиот го знаат совршено, а имаат 7 и 10 години, македонски секако си научија од градинка и воопшто околина, така што е многу паметно да се учат уште од најмали кога се апсорбираат.
     
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    Двојазичност кај мали деца

    Јас со моето дете ке зборувам на македонски , маж ми на германски . Убаво е да ги науЧи и двата јазика да ги збори . Околината налага на германски ама сакам да го знае и мојот мајЧин јазик :D :D :D
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Двојазичност кај мали деца

    Hие дома си зборуваме на македонски,глупаво ми се маж ми да зборувам на англиски :rofl:
    Cамо со девер ми си зборуваат на англиски,со мене двајцата на македонски,малата повеке разбира македонски и си зборува,англиски многу малку,па на школо ке научи,а вака ке си го знае македонскиот јазик :)

    Mногу ми е глупаво кога ке дојдат Mакедонија некои деца од овде и не знаат два збора да сврзат :^)
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Двојазичност кај мали деца

    И јас ќе се согласам со Лакримоса, најубавото нешто што може да се случи за едно дете е двојазичноста.

    Јас ја прашав мајка ми како сум ги научила и двата јазика и ми рече, дека среќа што татко ми го владеел совршено нејзиниот јазик кога сум се родила па така до моите речиси 2 годинки ми зборувале на тој јазик. Потоа за да го научам и македонскиот мајка ми намерно ме запишала во градинка, и таму со другите деца сум го научила и македонскиот - и секако со огромна помош на Бушавата азбука :)
    Јас од кога знам за себеси се сеќавам дека со татко ми зборев македонски, а со мајка ми на нејзиниот јазик, и никогаш не сме имале проблем со тоа ниту пак јас не сум имала чуство дека ќе ми прсне главата од постојано наизменично менување на јазикот. Сврти се кон едниот - збори вака, сврти се кон другиот - зборувај онака ми беше една толку природна и секојдневна работа, што често пати па дури и до ден денес ми се случува да не контам на кој јазик всушност зборувам, затоа што ми надоаѓа сосема природно. Но голема предност е и двата родитела да ги знаат и двата јазика, зошто ако не е така - потоа е голема штета што едниот родител е секогаш запоставен и тука настанува проблемот во мешаниот брак. И не е фер да се користи јазик кој барем еден член од семејството не го разбира.

    Моите ги владееја и сеуште мајка ми ги владее и двата јазика, па до ден денес си мешам со неа, де вака де онака. Дефинитивно на тоа дека сум билингвалец од мали години гледам како на огромно позитивно искуство, затоа што имам чуство дека многу полесно и побрзо научив и странски јазици. Еден огромен буб за моите што се сретнале, заљубиле и ме направиле троа поталентирано дете за јазици :)
     
    На kjukli, cresa-jagoda, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Двојазичност кај мали деца

    Ние со маж ми сме мешан брак (како што веќе знаете :D ) И да не е голема разликата меѓу нашите сосетски јазици, сепак ја има. Му зборуваме на македонски, понекогаш му кажувам реченица на македонски и одма после тоа на бугарски. Маж ми му зборува и на руски и на англиски :D . Сите знаеме, дека децата се како сунгери. Сета информација ја попиват како сунгер уште од најмала возраст. Не мислам, дека ќе му дојде преголема информација со 4 јазика, тоа е наша одлука...Се разбира не му зборвиме нон стоп на 4 јазика, туку само понекогаш, а нај често на македонски :)
     
    На kjukli, cresa-jagoda и koritsaki им се допаѓа ова.
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

    Можеби прашањето не ми е за овде, ама ај да не правам нова тема затоа овде ке побарам мислење.

    Се работи за мојот брат кој има 10 месеци, и е роден во Италија секако е и италијанец . Мојот очув односно негов татко е исто така италијанец док мајка ми е македонка. Проблемот се состои во тоа што јас со брат ми си зборам на македонски, док мајка ми кога како на мак или на италијански. Проблемот е што мене ‘‘очувот‘‘ вчера лом ме направи зашо сум му зборувала на брат ми на македонски...

    Сакам да кажам дека кога сме сите заедно си зборам на италијански и со брат ми, ама кога сум сама со него си зборам на македонски. Сепак и тој е пола македонец и утре би сакала со брат ми да си зборам на македонски. Невкусно ми е само да му се форсира италијанскиот, утре кога ке порасне малку и кога ке дојде на гости во Македонија ке биде како бајче и ке си ќути само... Јас несакам така, сепак доаѓам од Македонија не би сакала да го оставам брат ми туку така без да знае да каже збор македонски. Дури и педијатарот им кажа на моите дека секој од родителите да си зборат на свој јазик. Ама он упорно не разбира упорно не сфаќа дека детево така ке си создаде две врски со двата јазика.

    Ме нервира тоа што во се го форсира брат ми и со јазикот италијански, дури и со фудбал све што е актуелно у Италија он со тоа гледа уште од мало да го форсира ... Еднаш кога спомнав дека би сакала брат ми кога ке порасне да го водам на кошарка ми се испонаша ...

    Мене ми е глупо и тешко вака.. Премногу се разочарав. Вчера и мајка ми се испокара со него, ама не, само ОН е у право никој друг. Само Италијанскиот треба да се учи и ништо друго. Дури и мене ми брани да глеам серии и филмови со Англиски и ај сеа. Вака и на брат ми да му стави бариера ?? Да незнае ништо повише од италијанскиот и Италија ?

    Стварно незнам како да излезам од ова .
     
  9. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

    Мислам дека дете што има родители од разични земји,треба да ги знае и двата јазика..паралелно да му се збори и така и така...сега детенцето е мн мало,10 месеци..и потешко тоа би одело,но после 2,3 година може да се започне и со втор јазик...според мене не правиш ништо лошо со тоа што му збориш на македонски,останува некако да го убедите очувот дека тоа не е штетно,само може позитивно да влијае врз детето и неговиот развој.Доколку му зборите македонски,не значи дека тој ке стане македонец и ке ја отфрли италјансата култура..туку само ке биде побогат за уште еден јазик :)
     
    На kjukli и WildCherry им се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

    Па и јас истото го мислам, проблем е што не може да му се докаже на човекон дека нема да му пречи тоа на брат ми. Дека паралелно ке знае два јазика./ Му давам нон стоп пример за братучетка ми која е прво одд и знае и англиски и македонски истовремено. Не и смета тоа.

    Ама не сфаќа, многу глупо се осеќам . Од една страна неможам да го оставам така брат ми со еден јазик само и затепан само со италијански манири. Сепак има нешто и македонско во него, би било фер и културно да знае и за Македонската култура како и македонскиот јазик. :|
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    Двојазичност кај мали деца

    Со моето дете зборам на македонски ... Сопругот збори на германски :)
    Исто така и сите во околината зборат на германски :) Убаво е детето да ги науЧи и двата јазика .
    Мене природно ми доага да и зборам на македонски , но сепак кога сум со сопругот и јас и зборам германски :) :$
     
    На Dog-lover и danichap им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Двојазичност кај мали деца

    Дефинитивно, особено ако детето е мало. Најдобро време да се почне со изучување на еден јазик (ако целта е да се усвои како мајчин) се овие години. До некаде 15 годишна возраст, нивното мозоче е како сунѓер и прима најмногу информации. После тоа следува онаа “кризна“ возраст за почнување со изучување на јазик (најчесто 15-16 години) и периодот што следи по оваа “криза“ е идеален за усовршување на јазикот, со оглед на тоа што се веќе доволно возрасни да распознаваат одредени граматички шеми и веќе имаат колку толку развиено осет за механичката страна на еден јазик. Да, граматиките на сите јазици се различни, но постојат универзалии исти за сите јазици. Во средно еден период имавме супер професорка по англиски која баш делот со граматика ни` го објаснуваше со превод (се правеше паралела со друг јазик, македонскиот или пак некој кој ни` е попознат).
     
    На kjukli и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Двојазичност кај мали деца

    Здравје боже кога ќе имам дете ќе практикуваме двојазичност со сопругот, но не верувам дека македонскиот ќе биде еден од нив.
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Двојазичност кај мали деца

    Иако по се' изгледа дека во Македонија ќе си ги растам децата (или детето, сеедно) и не би имало потреба да му се зборуваат уште од мало повеќе јазици, бидејќи сме Македонци и двајцата, јас би му зборувала германски. :wasntme: Уште од мало да се научи да слуша нешто друго освен македонски. Што повеќе јазици научи, тоа подобро.
    И се надевам ќе биде талентирано за јазици како мене :wasntme: (богами и дечко ми не е за фрлање за јазиците, ама не им се посветил)
     
  15. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    Двојазичност кај мали деца

    Кревам два прста и јас сум во оние со двата јазика :talk: во најраните години значи и првиот збор ми бил странски но тоа дека моите сакале да го знам уште од мала демек полесно да го совладам,нема врска,јас буквално се разбирав односно македонскиот го разбирав исто како и другиот само што кога мене ми збореа на македонски јас одговарав на друг јазик се додека не пораснав и се срамев од тоа да се делам од оние кои зборат македонски.Во ниеден момент не сум била збркана да го помешам јазикот напротив тоа е едно големо развивање на мозокот на едно дете и најдобро е паралелно да се учат.Друг случај спротивен од мојот е мојата братучедка на која тато и е странец и заедно со тетка ми решија детето да го научи прво тамошниот јазик па отпосле македонски,најголемата грешка у животот вели тетка ми.Девојчето ден денеска не збори македонски ниту па сака да слушне не па да го научи,ептен жалосно..
    Мој совет е и тоа го применувам кај браќата кои се сега во мојата ситуација,децата се сунѓер и тоа не е џабе кажано,детето може да научи пет различни јазика без проблем,не го штедете знаењето и можноста,тоа е едно големо богатство врз таа основа капитали се градат.поздрав до сите полиглоти
     
  16. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Двојазичност кај мали деца

    Јас имам едни пријатели кај кои детето прво го има научено мајчиниот јазик руски,потоа јазикот на татко му англиски,па се дојдени во македонија македонски,паралелно учи француски ,а перфектно има научено и турски,знае нешто и арапски ,детето е јазичар невиден сега е 7 одд инаку јазиците ги збори од 3одд кога се дојдени во македонија
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Двојазичност кај мали деца

    Имам роднини кои живеат во странство,татко им е странец,а мајка им македонка.Ги чува бабата по мајка.Децата ги зборуваат двата јазика.Доаѓаат секое лето кај нас во Мк.Многу интересно зборуваат македонски со дијалект(ова од бабата)со призвук на јазикот од земјата каде се родени.
    Мајка им со нив збори македонски од мали,бабата исто,а таткото неговиот јазик.Сега се поголеми,одат на училиште и таму учат уште два јазика.
    Значи од мали скоро па четири јазици зборуваат.Децата се како сунѓери,најбрзо впиваат додека се мали.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Деца во билингвални семејства

    Во последно време има многу бракови помеѓу маж и жена од различни земји, или ситуации кадешто родителите се од една земја, а живеат и работат во друга. Мислите ли дека децата од најрана возраст можат да научат два јазика и и двата да ги владеат како мајчин јазик? Или двата родители треба да се одредат за еден јазик, најчесто оној кадешто живеат.
    Познавате ли вакви случаи, или вие сте во ваква ситуација?
    Јас сакам од самото раѓање на детето да му зборувам на руски, а мм да му зборува на македонски.
     
  19. Padre

    Padre Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Деца во билингвални семејства

    Моите се од различни националности, јас немав проблеми да ги совладам двата јазика (но тука се работи за сродни јазици) + англиски кој почнав да го учам на многу рана возраст.
    Родителите на татко ми исто се од различни етнични заедници, он како помал ги владеел двата јазика (мк. и ср.) и официјалниот јазик на државата во која живееле (руски). Но денес не знае ни збор руски бидејќи долго време немал прилика\потреба да го користи.
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Малите деца се како сунгер, впиваат се.
    Многу полесно можат да научат два, па и три јазици паралелно.

    Пред некој месец додека бев во Минхен запознав 5ипол годишно девојче кое зборуваше три јазика. Родена е во Данска, мајка и по потекло е од таму, а татко и е Британец. Во првите години паралелно го учела и данскиот и англискиот јазик, а сега откако живее во Минхен (заради работни обврски на мајка и), во градинка се дружи со деца од кои учи германски.
    Пријателите кај кои бевме на гости ја чуваат после градинка, па еден ден ја видов и без проблем си направивме муабет на англиски. Меша некои зборчиња, ама воглавно убаво зборува.
    Мајка и побарала од нив да и зборуваат стриктно на германски, да и пуштаат цртани филмови со синхронизиран германски, за побрзо да го научи.
    Па пријателкава наша се смее и вика: Овие сигурно сакаат да ја прават идната Ангела Меркел :lol:
     
    На daylight, kjukli, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.