Двојазичност кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 15 ноември 2011.

  1. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Ја како запоставено дете од моите родители никогаш не ме запишаа на ниеден јазик и курс и бев долго време неук, а богами и школото во кое што одев не беше за фалење. Имав среќа да гледам американска тв и англискиот сам ми влезе во глава, и тоа е единствено што го разбирам. Кога би имал деца исто би постапил, или ќе ги биде или не.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    4.152
    Сите Македонци во дијаспората треба да ги научат децата македонски. Смешно е да не си го знаеш мајчиниот јазик, исто како да не си Македонец. Роднини од Австралија ми кажуваа дека во Мелбурн, секоја втора населба има македонска црква и таму бесплатно може да се учи македонски.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Македонците треба да знаат да го зборуваат јазикот на таа држава што ги примила, им дала просперитет, убав живот. Да бидат лојални и чесни граѓани на таа држава. Не се Македонците такво ѓубре народ да не знаат да почитуваат како некои тука во Македонија што ги рани државата, а тие убиваат деца по езера.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    52.300
    Пол:
    Женски
    Не знам колку сите тие што дошле пред 25-30 години се фатиле за метла, моите дошле тука пред 38 години и метла немаат фатено, татко ми завршил уште еднаш истиот факултет бидејќи ни тогаш не му се ностифицирал, мајка ми учела продолжен курс за медицински сестри, така да и тоа не ти е оправдување зошто го забораваш македонскиот.

    Не ми е јасна сега поентата на постот, ме убедуваш дека не знам македонски или што.
    Само погледни ги разликите помеѓу моите постови кои се сите исклучиво на македонски и твоите кои иако родена, школувана и израстена во Мк пола ти е со англиски зборови.

    Се дружиме со секакви нации подеднакво, со македонци се дружиме со кумовите, кога одиме на црква и толку, не сме во гето македонско :rofl:, баш напротив на другиот крај од градот сме од кај што се македонците.
    Моите имале желба јас и брат ми да знаема македонски, да се разбереме со роднините, сега ја продолжуваме со традицијата со нашите деца и ово не од патриотски побуди туку чисто онака нека си знаат плус уште еден јазик.

    А зошто мораат да знаат????
     
    На green.eyes, imelda, Sky-butterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.269
    Taka e , ama nekoj treba da sedne da procita:whew:.Jas letoska bev doma i od matica kupiv 35 knigi. Kuferot prepoln knigi. Imam dogovor so majka mi , taa mi kupuva knigi i mi praka.
    Jas ne sum od tie koj sakaat da se segregiraat i druzat so svojata nacija, jas sakam da se druzam so site no ne so makedonci. Na prolet zaminuvam na sever, znam samo eden makedonec koj raboti tamu i ne veruvam deka ke odam da go pobaram. Ednostavno, sakam kolku mozam poveke da bidam asimilirana vo opstestvoto. Toa ne znaci deka se stramam, sakam da gi naucam site kulturi. Na site priatelski zabavi sum odnela makedonska hrana, sum im pokazala Skopje 2014..., samo nejkum so makedonci.:shake:
     
  6. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Ах бе ти кутрата за жалење! И, јас сум понекогаш за тие што ја напуштила Македонија да им се затвори границата и никогаш повеќе да не влегуваат во неа.
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    53.618
    Јас мислам дека тука исто лежи и талент во прашање, склоност за јазици. Тугуд ми е интересна да ја читам, поздрав до северот женска, :D ама искрено мислев дека е родена таму и принаучена на македонски, а Битер пак на почетокот ја мислев родена тука и порасната, а таму отидена....:tmi: Без навреди ова, само посочувам, да не ми се лутите.:D

    Имам колешка што многу добро знаеше англиски, ама почна почесто да оди во Германија, и ми вика, леле, ако ми веруваш, англиски многу ми е тешко сега, зборовите на германски идат, едноставно сум заборавила. Мислам, она не дека не знае, ама нели, истешко иде.

    Така да, ако немаш баш некоја склоност кон паметење на повеќе јазици, стварно може да ти настане проблем и да ти се измешаат. Јазик ко јазик се учи, него другите што ги знаеш дали ќе ги запамтиш е знак прашалник.:)

    Се надевам моите деца дека од мајка им ќе ја наследат склоноста за јазиците, може малце и од паметот нема да им дојде лошо. Многумина ме имаат прашувано од каде го знам тој баш течен англиски, ми се чудеа и во Америка, не препознаваа дека сум ј1 студент, мислеа живеам таму веќе подолго време... ама одговорот е само од мало детето да поприма. Од 3 години сум со филови и цртани и книги на јазик многу различен од нашиот, многу нормално дека нема да имам проблем со него. Увото ти е навикнато и поставеноста на јазикот при изговорот е различна кај оние што учеле од мали и кај тие другите.

    До ден денес разбирам прилично голем дел од шпанскиот ако го слушнам како се зборува, иако појма немам да го зборувам ни па пишувам, ама Есмералда очигледно ми оставила долготраен печат. :D:DЗдравје некој ден ќе се потрудам троа повеќе, не сумњам дека брзо ќе ми легне.... Германски учам од 15-16 години и осеќам разлика, потешкотија во учењето... Не е тоа тоа, да го учев од барем 10тина години друга ќе беше приказната.
     
    На imelda, Annath, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.294
    Допаѓања:
    17.912
    Пол:
    Женски
    Tоа сметам дека не би донело ништо добро. Стратешки би била голема утка. Само би можел да избркаш потенцијални инвеститори, на пример. Еве и да не вложуваат бизнисмени тука, колку фамилии тука се хранат и плаќаат сметки со помош од оние коишто живеат и работат надвор само?

    Баш ме интересира дали воопшто постојат такви практики во реалноста...
     
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.269
    Pa da ti kazam da ne e majka mi nikogas ne bi ni vlegla.
     
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.269
    Ti cestitam za ova. Kolku pari se izlivaat od nas, za da pomogneme za opst zivot.
    Pr: vo Matica mi veli do sega individualec, odednas da kupi tolku knigi ne sum imal. I pak necinime^_^
     
    На Doozy и tessie им се допаѓа ова.
  11. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Македонците од дијаспората супер се, и океј е да доаѓаат да трошат, само бар да не гласаат и ќе биде се топ.

    edit: Секоја година јубилејно другарите ги носам во Музејот на ВМРО и жрвите на Комунизмот за да се поучиме како да не гласаме и да не живееме. Има многу егејци и македонци од нов зеланд и австралија таму, неверојатно искуство е препорачувам да го ѕирнете некад.
     
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.269
    Jas nikogas ne sum glasala, i da ima kaj da glasam ne bi otisla. Ne e moja rabota da ureduvam tug zivot.
    Bogami ni ovde ne sum glasala:).Sto mi e gajle za politika.
     
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.269
    Kazi kade da zirnam, malku seir da pogledam.
     
  14. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Хаха топ, него го смениле името да не биде толку контраверзно. Еве ти линкче http://www.mmb.org.mk/
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    4.152
    Многу си негативна. Зошто толку омраза кон Македонија? Ние што овде се мачиме треба да се жалиме, не ти.
     
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.269
    Gresno svateno. Nemam nisto negativno ako nesakas da se druzis so tie sto ti se servirani. Toa e druga tema.
    Ovde ima okolu 10 familii. Nema izbor, pa da izberam so kogo sakam so kogo nejkum, rabotava moram.Jas sega na pola vek od mojov zivot da se stavam vo situacija da se druzam samo zatoa sto se makedonci, nema sansi.
    Sum otisla da zapoznaam novi luge, novi kulturi i super mi e.
    Ako sakam makedonci ke dojdam doma, obicno e nema mnogu filozofija.
     
    На Night Rider и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.269
    Go znam ovoj muzej. Letoska bevme cela familija.Custosot sto objasnuvase si ja zavrsi rabotata odlicno, no koj razbra koj ne razbra. Detevo moe gledam vo pocetakot se trudi, se trudi, posle rabotite i izbegaa od kontrola i se otkaza. Gleda vo devojceto ama se gleda deka 20% ne povrzuva. Toa e istorija toa ne e obice razgovor.
    Koga zavrsi se izleguvame nadvor, transporteri, oklopni vozila parkirani i milicija vo celosna oprema. Ona pocna da aplaudira. I vikam nemoj, deteto ne e krivo, tamu kade ziveeme obicno na milicija se aplaudira. Uste 30min potrosiv da i objasnam sto e demonstracija, nevidela , ne cula (tuka na vesti kazuvaat, mecka izede covek,mus istrca na avtopat...).
    E toa e toa sto go zboruvam, decata ne znaat makedonski, tie razbiraat.
    Aj prasajte gi decata sto znaci "Borbata na Makedonskiot Narod". Se razbira veze nemaat.Od kade da go cue toj zbor, jas za politika doma ne zboram.
    Kolku od vasite deca znaat sto e filigran ili red drugi zborovi????
    E toa e toa sto sakam da kazam. A za razbiranje, sekoe razbira.
     
    Последна измена: 16 декември 2014
    На green.eyes, Sky-butterfly и Doozy им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    4.152
    Ама кажа дека никогаш не би дошла во Македонија да не е мајка ти. Несватливо е. Сегде можам да шетам, ама Македонија е моја матична држава.
     
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.269
    Da be taka e ama toa setanje 12000$ (sakas veruvaj, sakas ne veruvaj) me kosta, pola za karti pola za drugi raboti.Aj sega da ne ja sirime temava vo drug pravec.
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    53.618
    Море луѓе, аман, што и се стиливте на жената? Убаво си кажа дека се труди децата да и знаат македонски, ама според неа има разлика во тоа да знаат работи од типот кај си што правиш и да знаат добар, правилен македонски јазик.

    Сите имигранти и деца на имигранти не си отишле од убавини од Македонија. Многу нормално дека ќе си иде само фамилијата да ја види, што и дала нејзе Македонија па да се мава без врска во гради? Кешки да испаднам ко што треба, па ќе видам дали ќе штрапнам тука пак освен да се видам со мои блиски.

    И стварно не знаете дека некогаш другите Македонци во странство знаат да бидат жив напор. А ти колку заработуваш? Аха, епа јас толку... А карот, колку го купи? Еее, малце, е јас троа поскап а и нов ми е плус... А децата мор со црнци ти се дружат? Не не, моите со Македонци само...

    Друг живот и друг менталитет, а па искрено, не дека децава се со голема загуба ако не научат македонски. Нека знаат да кажат нешто колку со роднини да се разберат, тие веќе се со друг живот и друга иднина таму.
     
    На green.eyes, Annath, Sky-butterfly и 7 други им се допаѓа ова.