Двојазичност кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 15 ноември 2011.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    20.385
    @Chantal , овде мене ми препорачаа уште од старт исклучиво мајчиниот јазик да му го зборуваме дома. Дури и да научиме некогаш шведски течно да зборуваме, со малиот само на македонски да комуницираме. Првенствено за да го научи добро јазикот, но исто потенцираа дека би било неприродно за детето мајката да му зборува на другиот јазик. Ова важи нормално до одредена возраст, додека не ги научи течно двата (во твојот случај трите) јазици. Не се плаши, ќе биде на почеток хаос со јазиците, ама ќе си научи се :) Имам другарка со иста ситуација како твојата, таа македонски, сопругот шпански, тие меѓу себе англиски (другарка ми не знае шпански, сопругот не знае македонски, па англиски им беше единствена заедничка точка :D), за истото се мислеа уште пред да се роди. Ама сега трите ги зборува течно, со мајка и само македонски, со татко и само шпански, и кога меѓусебно разговараат и малата збори англиски :)
     
    На PurpleMind, gjoker4e, lovely girl M и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    13.702
    Допаѓања:
    135.791
    Два јазици користиме дома, македонски и англиски.

    Од почеток користевме англиски со сопругот, кога сакавме да си кажеме нешто, а ќерка ми да не не' разбере.
    Накај 3-4 години, почна да подразбира... и малку по малку, методот ни стана скроз неефективен.:D

    Сега сите зборуваме на кој јазик ќе ни дојде во моментот.
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.233
    Допаѓања:
    17.947
    Пол:
    Женски
    Дома се случува да зборам на англиски или српски со татко ми, од онака.А со мајка ми на влашки кога оговараме или се расправаме а неќам татко ми да разбере.
    Имам другарка која со мајка ѝ збори на босански, а со татко ѝ на англиски или турски.Го владее и македонскиот.Се е до пракса.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Next

    Next Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Ние дома со децата пола пола збориме. Јас им зборам македонски, татко им руски. Сега се мислам како ќе биде со поголемана, прваче ќе биде во септември. Зашто она повеќе руски збори, и незнам колку ќе се снаоѓа. Ја запишав во градинка за да учи македонски повеќе, ама пак најде русинче едно и со нејзе највеќе се дружи:D
     
    На Tekkyi, cresa-jagoda и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.304
    Пол:
    Женски
    Nie si zboruvame doma poveke na makedonski. Vrtime i na gremanski i sega mali znae da kaze nekoe zborce i na germanski i na makedonski. A na godina ipol ke e vo gradinka tamu ke mu bide konstantno germanskiot. Moe mislenje e ubavo da se znaat poveke jazici.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    7.489
    Пол:
    Женски
    дур се мали побрзо ги учат јазиците еве кај мене дома се зборува и мк и турски и децава мои ги знаат двата јазици и немаат проблем се снаојгаат добро
     
    На diskreten32, cresa-jagoda, Abc07 и 2 други им се допаѓа ова.