1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Двојна свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од ivinakit, 22 март 2012.

  1. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Пред малку беше тетками на гости и донесе слики од последната свадба што биле пред недела дена. На свадбата имало две снашки и двајца младоженци. Двајца браќа во ист ден правеле свадба, бидејки биле верени еден по друг за брзо време, свекрвата не сакала да се троши за две свадби, па двата сина ги омажила ист ден и нормално на еден трошок. :o :o :o

    Мене лично тоа воопшто не ми се допадна, мислев дека вакво нешто постои само на филмови и серии :rofl:, мене да ми се случи вакво нешто веднаш би ја откажала свадбата :@ , не дозволувам уште една снашка до мене :x тоа ке е мој ден и несакам да го делам :devil:

    Што мислите вие за ваква свадба?

    Дали би дозволиле вас да ви се случи истото?
     

    Прикачени фајлови:

  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Дупла Свадба

    Еден мој познаник правеше во ист ден со сестра му пред 2 год. Не беше тоа типична свадба со одење по невестата и др. туку само матично, црква и ручек за гостите. Гостите повеќе беа млади, освен најблиските. Невестите не беа во класични венчаници, музика рок, поп. Нешто слично како што прават западњаците. После ручекот т.е доцна на пладне си отидоа на свадбено патување. Се заврши до 20-21 часот. Така си сакаа младите и немаше замерки.
    Интересно и опуштено
    Немам ништо против, кој како сака, а мојата помина пред 5 год. ;)


    ЕДИТ. На сликата од невестите забележав дека гостите од страна се боси-без чевли, изгледа дупло дека играле :lol: :lol:
     
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Дупла Свадба

    Кратко и јасно : Нема шанси |( Тоа си е само мој ден и не го делам со никој друг :!:
     
    На K.Karanfillova му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Дупла Свадба


    :rofl: :rofl: сигурно, јас не ни загледав што има околу нив, само ги симнав од нет и ги закачив :lol:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Дупла Свадба

    Па ми паднаа во очи случајно :lol:
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Дупла Свадба

    Јас знам таов случај со двајца браќа близнаци во исти ден што правеле свадба ама мене лично не ми се допаѓа. Невестите ќе се испотепаат која да е главна и која да го води орото :lol:
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Дупла Свадба

    Ај на страна што нема да биде само твој ден, ами ќе биде ваш ден, ами мене ќе ми е и крајно незгодно да ги терам гостите да носат два подароци на една свадба. :D . :tmi: Може некаде не е проблем ама знаеме како се врзува крај со крај овде, да не се правиме многу модерни де.. :lol:
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Дупла Свадба

    Што ли нема да му текне на народот :x
    Два поклона ама само од едната страна(што прави дупла :lol: ). Глупости, па нека им купи и една спална , да си ја делат, Боже Боже....
    Штознам можеби за некој е ок идеата, за некој, не. Јас и онака сум против свадба така да сите тие чудесии околу тоа ми се некако ту мач :fubar:
     
  9. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Дупла Свадба

    :D :D :D :lol: кај ти текна -да им купи една спална за да си ја делат :lol: :lol: :rofl: смешки.Шала на страна дупла свадба никако!!!
     
  10. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Дупла Свадба

    Живи глупости според мене.
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Дупла Свадба

    Да се прашував јас, можеше и 10 други невести да бидат во ист ресторан со мене, немаше да биде проблем... Не сакав мојата свадба да биде настан во кој јас ќе блескам и никој друг, каде сите очи ќе бидат вперени во мене, а јас како селебрити ќе шармирам наоколу...Не сум таков тип, па затоа можеби ќе беше подобро да имаше повеќе невести, па ваљда мене немаше да ме приметат :D
     
    На veronikaveronika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Дупла Свадба

    исто :D

    јас мислам дека на свадбата ќе се онесвестам од возбуда. Посебно кога излегуваат младоженците леле мори мајко! 500 души гледаат во вас, не не :sweat: знам каква сум :tmi:
     
  13. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Дупла Свадба

    :rofl: и јас неможам да издржам кога сите гледаат во мене :D
    но сепак тоа е мој ден, моите 5 минути :P несакам да ги делам со никој :lol:
     
  14. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Дупла Свадба

    500 души свадба, луѓеее на што личи тоа? Половина најмалку од тие не ги ни познаваш. Да правиш свадба со луѓе што ги знаеш најблиски ќе видиш дека баш тогаш ќе сакаш да бидеш центар на внимание, па сите дошле за тебе на свадбата, така ли е?
     
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Дупла Свадба

    Искрено не ми се допаѓа, тоа сепак ќе биди мој ден, и сакам да биди јас како шо сакам, ако прам така заедно со некој ќе се испокараме како да биди наместено и сл, таја ќе сака едно јас друго :rofl:
    Сепак не за ваква работа :)
     
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Дупла Свадба

    Секој ден нова глупост.Аве какви две свадби,две невести,два кумови ехааааа шо ќе прајме?Па посељачки не може да биде.No thanks :x
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дупла Свадба

    Искрено мислев дека во МК ова го нема.
    И дека е само по филмови,ептен негде негде во USA.

    Инаку дали е убаво или не...ако на младенците им е убаво нека си прават,мене ми (како гостин) ми е баш гајле дали седи 1-3 или 5 невести на маса.

    А лично за мене....оuuu no no no no no.
    Па цел живот сонувам за тој ден.Тој ден е МОЈ, и не сакам да го делам, па и со сетра да треба нема шанси.
    Мислам дека секоја девојка заслужила да има еден таков ден у животот,а не свекрва или мајка да се меша .
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    како првин колку гости ќе има таа свадба?? замислете ајде од кај младоженецот се тие а од кај невестите па секоја си има гости, кој се чиви се, какви ауууу приемите би траеле со саати. Мене ова ми е чиста глупост, а секој кој има разбирање може да почека ако родителите немаат пари и да се договорат ем за мали свадби ем едниот едната година другиот покасно. Дупли свадби никакоооо :puke:
     
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Без врска ми е ова некако. Прво и прво на мојата свадба сакам да бидеме главни јас и мојот партнер и вниманието да е насочено кон нас двајцата. Втора работа, како ќе оди тоа со гостите, со нивното пречекување...Исто така ако станува збор за двајца браќа/сести/добри пријатели, ќе имаат заеднички гости кои би требало да носат на двата пара подароци? Не за друго, ако веќе сакаат да поминат на еден трошок тогаш фер е и гостите да поминат со еден трошок. :^) Ако се двајца браќа како ќе одат по невестите, гостите ќе се делат едните ќе одат со едниот едните со другиот? Или ако се две сестри, ќе дојдат по нив двајцата мажи, секој со своите и ке се испомешаат гостите? :D Шала на страна, не ми иде воопшто вакво нешто.