Двојните стандарди во стриптиз клубовите

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 17 јуни 2019.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Како глобална индустрија, стриптиз клубовите во денешно време се во подем, со тоа што повеќе пари се трошат во стрип-клубови отколку што се трошат на театарски, оперски, балетски, џез и концерти за класична музика комбинирано. На пример, од 2009 година само во САД биле отворени 3.500 до 4.000 стриптиз клубови.

    Со други зборови, побарувачката за овој вид на индустрија и возрасна забава е огромна, како што и самите стриптиз клубови првенствено се претставени како места на порок и лошо реноме.

    Додека и самата "професија" на стриптизерките претставува дел од бизнисот и индустријата, сум забележала како човековото општество има тенденција секогаш да ги осудува и критикува девојките кои работаат како стриптизерки, но од друга страна, (барем не во толкава мера) не ги осудува мажите како муштерии кои ги посетуваат стриптиз клубовите и со тоа всушност ја креираат побарувачката за тој вид на пазар. Исто така, секогаш е покарактеристично за жените за работаат како стриптизерки, отколку мажите.

    Дали вие ја толкувате оваа реакција и осуда на општеството како двојни стандарди?
     
    На Brinetka, ane.bella, Lella и 13 други им се допаѓа ова.
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Секој во денешното општество подлежи на некаква осуда, па дури и тие за кои сметаме ете, дека според наши критериуми се нормални луѓе. Од осуди и жигосувања нема бегање.
    Па дури и тие кои посетуваат стриптиз-клубови (со ова се мисли на мажите) се осудувани од страна на општеството. Зошто сметате дека мажите не се осудувани во овој поглед? Кој е поводот за тоа?
    Порано, во Скопје, во деведесетите имаше тука стриптиз-клуб, кај Стара железничка станица па мажите на пример, кои одеа по во тој стриптиз-клуб ги биеше лош глас. А верувам дека така е и во далеку поголемите држави.
    Сега на пример од оваа гледна точка, не би се осмелил лично никој да осудам, па макар и тие кои одат по стриптиз-клубови а се во брак. Не е тоа убаво, нормално, ама нема ни што да се мешам јас лично во животот на некој друг на пример. Можеби тој што е во брак отишол зошто му е лош животот на љубовен план, пример ова само, па решил да отиде да испушти „пареа“. Нашол алтернатива за да го задоволи тоа што му недостасува.
     
    На AngIv, AnnabelLee, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    Стриптиз клубовите се во подем бидејќи си поигруваат со желбите и илузиите на мажите кои, без разлика на која возраст се, секогаш посакуваат малди и убави девојки. За разлика од останатите активности како концерти и театарски претстави, не е потребно внимание и развиен вкус.

    Една од причините поради која луѓето имаат таква претстава за стриптизерките е поврзаноста на таа професија со проституцијата, што не мора да значи дека тоа е секогаш така. Луѓето кои често ги посетуваат тие места можат да бидат осудувани бидејќи можат да трошат доста пари на тие места, а сепак да не ја исполнат желбата да имаат значајна врска со жена, или пак да бидат женети и да имаат деца. Некои тоа го прават за забава, но има и очјани случаи кои бараат внимане од жени.

    Очекувано е жените да работат како стриптизерки бидејќи за мажите е доста важен физичкиот изглед, исто така, има доста мажи кои поради некоја причина не добиваат внимание од жени. Овој бизнис го користи тоа да ги манипулира тие мажи да остават што е можно повеќе пари.
     
    На AngIv, candy.cane и Briar Rose им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.193
    Допаѓања:
    4.226
    Не се тоа двојни, туку двестодвојни или не знам колку повеќекратни стандарди во поглед на сексуалноста и слободата на другите.

    Еден од стереотипите кога ќе се спомне стриптиз е најчесто помислата дека тоа е само за машка публика која гледа разголување на жена. Но постојат и машки стриптизери, како и мешана публика и за стриптизетитите и за стриптизерите.

    Мојот став е: кој сака доброволно таква работа и кој сака доброволно таков тип на забава нека си го прави според своето убедување било во приватноста на својот дом или локали предвидени за тоа. Секако подмирувајќи ги законските обрски кон државата (данок, безбедност, хигиена и тн.).
    А тие што не сакаат таква забава нека не одат по такви места и нека не ја работат таквата работа.
     
    На Angie1432, RoseRain, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.315
    Пол:
    Женски
    Стриптизетите, проститутките итн. ја имаат целата моја почит и заслужуваат повеќе почит од општеството воопшто, ама ебати мизогинија. Не ги осудувам, но ја осудувам самата индустрија.

    Најискрено, и покрај тоа што сум дефинитивно за активизам за права на сексуални работнички, отворен ум не значи затворени очи, за сета злоупотреба во овие индустрии, посебно на малолетни девојчиња. А и да се возрасни жени, има многу злоупотребување, со тоа што се треба да се направи за да се задоволи муштеријата, нели. |( На пример, колку многу стриптизерки се форсирани да спијат со муштеријата затоа што му се присакало, или колку се непристојно фаќани, присилувани, стискани без консент и иако не им е дел од работата.

    Една сексуална работничка, која доброволно ја работи професијата, апсолутно ги заслужува сите права, и почит, затоа што е личност, повеќе од нејзината професија. И кога кажувам ДА на тоа, не сакам да кажувам да на слободното функционирање на стриптиз клуб кој ги третира вработените како ништо, или на порнографиската индустрија во која многу малолетнички се наговорени и искористени.

    Нормално дека ги осудувам мажите кои посетуваат стриптиз клубови. Затоа што тие се одлика на тоа како функционира индустријата, на тоа што се бара. И тие што посетуваат исто толку ги плукаат стриптизерките колку што и некој „чесен“ би. Затоа што ги гледаат како ништо друго освен сексуални објекти. А, општеството воопшто многу сака да ги сексуализира жените, но кога жената ужива и ја користи својата сексуалност, тоа е многу погрешно, нели.
     
    На teddi, ane.bella, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Треба и кај нас да има пак.
    Оти нема?
    Забрането е?
     
    На elimkd, ane.bella, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Не почитувам стриптиз клубови, нивни посетители и нивни вработени, макар што има некоја убавина во женскиот стриптиз онака како што Холивуд знае да го претстави, у реален живот не би рекла дека е така. Машкиот стриптиз е просто комичен.
     
    На Feminka22, AnnabelLee, elenaxbbg и 2 други им се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.936
    Допаѓања:
    53.122
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На ane.bella, LiliBoz, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Оти ма не почитуваш стриптиз?
    Јас еднаш се фасцинирав од физичката спремност на некои од тие жени.
    Памтам имаше една, сигурно над 180см висока, и онака.. расна, ама како рипаше на шипката.. да се чудиш.
    Јас да сум ќе се отепам од тепих да слегвам, таа.. мака немаше... се држи со една рака, виси ко лилјак со главата надолу..
     
    На Feminka22, elimkd, ane.bella и 6 други им се допаѓа ова.
  10. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Верујте, стриптизетите се почесни од певаљките, манекенките и сличен шунд што ни се тркала низ општествово.

    Јас и самата обожувам уметнички движења на шипка и практикувам за флексибилност на тело (од скоро и дома си имам).
    Исто така често кога сум на патувања, посетувам женски стриптиз клубови за забава кај што настапуваат мажи.
     
    На VoodooGirl, Alisa22, diskreten32 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Стриптиз незначи секогаш безобразно има стриптизи што се уметност ама ставате фокус на они што дрогирани се валат на шипка...
     
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Сѐ во нашето општество е сведено на двојни стандарди, па така и ова.
    Повеќето жени муштерики кога одат во стриптиз клуб очекуваат да видат машки перфрорманс,
    но добиваат женски.

    Овде на Балканот статистички е поголем бројот на барови и дискотеки во кои настапуваат
    исклучиво девојки. Зошто нели стриптизот е женска професија која служи за забава на мажите.
    Жените, како во порно индустријата така и овде се максимално искористени полови ресурси.

    Во САД има уни барови во кои настапуваат и женски и машки стриптизети, и тоа е за секоја почит.
    Фер, без поделба.
     
    На VoodooGirl, sj *O*, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Стриптизерките се категоризираат во три главни категории:

    - Во првата категорија спаѓаат танчарки со целосна голотија,

    - Во втората категорија спаѓаат танчарки кои се само топлес,

    - Во третата категорија спаѓаат танчарки кои не мора да се соблекуваат воопшто (остануваат со долната облека на нив).

    Освен танцување, стриптизерките на муштериите им даваат и lap dances или даваат приватен танц во champagne room (што секако се наплаќа екстра). Секако, на муштериите не им е дозволено да ги допираат стриптизерките, а ако го направат тоа, стрпитизерката или некој друг кој ќе ги види тоа, веднаш ќе го викне осигурувањето за да го исфрли муштеријата надвор од клубот.

    Во мојот стриптиз клуб (во Канада) и покрај тоа што главно работев како cocktail waitress, односно служев алкохол на шанкот, повремено играв на сцена и спаѓав во третата категорија танчарки, плус никогаш не сум давала lap dances. Освен тоа, во клубот работев само неколку месеци пред да дојдам овде, што е релативно краток временски период.

    Во врска со ова, од лично искуство ти кажувам дека менаџерот во мојот стриптиз клуб беше голем експлоататор и всушност поседуваше казино, мотел и уште еден стриптиз клуб во градот. Тој собираше студентки да работаат како стриптизерки бидејќи се нудеше да им ја плаќа школарината за на факултет. И поради тоа, наместо девојките да танцуваат за да го платат факултетот, парите кои ги добиваат ги задржуваа за себе (и покрај тоа што и стриптизерките имаат трошоци, како на пример да му платат на DJ-от, на обезбедувањето...)

    Се согласувам дека има драстична разлика меѓу машкиот и женскиот стриптиз, и тоа всушност ги креира тие двојни стандарди. Додека женскиот стриптиз е навистина тежок и напорен, и искрено непријатен и опасен бидејќи постои голема опасност од напаѓање, следење и силување, машкиот стриптиз скоро и се сфаќа како шега и муштериите жени едноставно ќе се изнасмеат.

    Исто така, многу е важна и стигмата која девојките ја добиваат од општеството, која за разлика од мажите, е доста посериозна и осудувачка. Со други зборови, додека машкиот стриптизер е етикиран како "легенда" или "фраер", женската стриптизерка е етикирана како неморална, курва и слично.

    Еден класичен пример за ова беше кога една ноќ додека ги бришев чашите на шанкот, видов како една жена (која испадна дека е сопругата на еден од муштериите) влезе во клубот за да го прибере мажот дома и наместо да вика по него, таа почна да и вика на стриптизерката. И покрај тоа што таа само танцуваше на сцена, жената почна да ја навредува со секакви погрди зборови и ја обвинуваше како "таа го заведувала нејзиниот сопруг", што е навистина апсурдно бидејќи тој самиот се одлучил да дојде во клубот.

    Инаку, и покрај тоа што ноќниот живот во стриптиз клубот се претставува како гламурозен или слично, но реалноста е сосема поинаква. Како секоја друга професија, така и за работата како стриптизерка има и позитивни и негативни страни, но би рекла дека повеќе се истакнуваат негативните страни и тоа не е професија која сите можат да ја работаат, па и психички и физички да ја поднесат.

    Добрата работа е што може буквално кога сакаш да доаѓаш и да одиш од работа - часовите се доста флексибилни, и можеш да направиш сопствен распоред. Потоа, секогаш имаш причина да се дотераш и да изгледаш убаво, на DJ-ot му ја кажуваш листата на песните на кои сакаш да танцуваш, и секако главната причина се големата сума на пари (иако е нереално да очекуваш секоја ноќ да заработуваш исто бидејќи се случува да имаш т.н. slow nights).

    Но од друга страна, за одредени девојки кои се стриптизерки во вистинска и целосна смисла на зборот, реалноста не е толку убава - сум видела како некои муштерии се дрзнуваат да ги малтретираат и допираат, да консумираат дрога и алкохол, односно целосно да се вовлечат во тој животен стил и да бидат навикнати на лесни пари. Освен тоа, иако има разлика, тенка е линијата меѓу стриптизерка и проститутка, па така, сум видела многу девојки како за кратко време стануваат проститутки, секако заради повеќе пари.
     
    На VoodooGirl, Alisa22, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.
  14. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.517
    Пол:
    Машки
    Не сум прашал до сега, ја лижат ли шипката пред настап за така да се лизгаат, оти јас само што вежбам имам пљускаици на рацете а камоли со неѕеве да се залетам :)
     
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Имаш обични шипки за кои е пожелно стриптизерките редовно да користат лосион или крема за раце, но имаш и шипки кои се вртат, и на нив е многу полесно да играш, односно не треба толку да се вртиш на неа.
     
    На WildMk и marlonbrando69 им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Дали си сериозен?
    Цел свет го мина со камионот, и дојде да го поставиш ова прашање?

    Убаво викаат човек во умот само може да е космополит, не преку заобиколување на светот. Тоа е тој менталитет. :D
     
    На kikikikirika, VoodooGirl, Alisa22 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Not my cup of tea.
    Не осудувам, али смешен ми е целиот концепт на стриптиз баровите. Формално се водат како место за забава, а уствари се легло за нелегална проституција, трговија со дрога и злоставување.
    Од една страна ги имаш забавувачите, кои најчесто поради материјална корист се сотерани во ќош и мораат да го работат тоа што го работат, трпат секакви срања и понижувања, а од друга страна гостите, со напукани хормони, со некој вид суптилен воајеризам.
    Плус што ништо еротско ми нема во самите изведби, лошо играње придружено со голотија.
     
    На Alisa22, Independent Girl, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd се согласувам со тебе дека самата идеа за стриптиз клуб не е баш најпривлечна за сите луѓе. Постојат различни стриптиз клубови каде менаџерите или главно вработуваат девојки поради нивниот изглед и тело, или пак ги вработуваат врз основа на нивните танчарски вештини.

    Сепак, без разлика како истите функционираат, неизбежно е присуството на двојни стандарди во таа професија, како што девојката независно од нејзините причини да го работи тоа, сепак во скоро секоја можна ситуација се наоѓа во многу полоша ситуација отколку мажите - било како муштерија или како машки стриптизер.

    Ова дополнително ја изразува половата нееднаквост меѓу мажите и жените во општеството, но и во самата работна средина што би било спротивно на одредбите на трудовото право.
     
    На Alisa22, lovestoneddd и WildMk им се допаѓа ова.
  19. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.517
    Пол:
    Машки
    Хаха секако дека не сум сериозен :D
    Ама информација плус не е штета нели. Ете не сум знаел дека има шипки што се вртат :) а она со лижењето го напишав на шала :)

    Инаку јас ги поштувам сите кои се трудат да заработат на било кој начин, само да не е кражба.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Уште долго ќе има двојни стандарди за се' што е поврзано со женскиот и машкиот свет.
    Кога ќе почнат да се однесуваат и размислуваат жените, исто како и мажите, тогаш, може ќе видиме некоја разлика.
    Предолго во историјата се опресирани жените, за да се смени моделот на перцепирање на нештата.
    Жени се обејктивизираат, жени се омаловажуваат, жени се силуваат, жени се продаваат како бело робје.

    Јас, сигурно во мојот живот нема да видам еднаквост.
    Уште генерации-генерации нанапред нема да видат.
     
    На Alisa22, sj *O*, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.