Добрата страна од работењето во стриптиз клуб е заработувачката, но како што кажа Брајар оние девојки кои долго време го работат тоа можат да западнат во проституција и користење на дрога, а она што го заработуваат да го трошат на нивната потреба за конзумација на дрога. Секој може да избере што сака да прави со својот живот, но не значи дека нивната одлука ќе биде најдобра нив. Се согласувам дека некои луѓе можат нагло да ја променат перцепцијата ако дознаат дека некоја девојка работи како стриптизерка, што е двоен стандард.
Тоа и зборев. Нивните приказни најчесто и немаат ни среќен тек а уште помалце пак среќа завршница. Околу дружбата, признавам дека не би сакала пријателство со особа која е стриптизетка, пошто покрај стриптизот вплеткани се и многу други ствари, кои ги набројав во првиот пост. Исто како што не би сакала дружба со маж, на кој максимално животно задоволство му е посета на стриптиз бар и празнење нагони врз некој кој е принуден да служи како таква направа.
@WildMk никој не го негира фактот дека жената, со преминувањето од матријархатот во патријархатот, била во пообесправена положба во однос на мажот во човековото општество. Меѓутоа, постои голема критика и за тоа дека стриптизерките не се и не треба да се сметаат за феминисти, и покрај тоа што постои таков поим познат како "Feminist stripper" - која не одговара на стереотипите поврзани со егзотични танчерки, туку наместо тоа позитивно се идентификува со идентитетот на стриптизерка. Со други зборови, автономијата на феминистичките стриптизерки се гледа преку нивната способност да изберат за кого ќе настапат, кога ќе настапат, содржината на нивната изведба и колку долго ќе трае. Тие ја практикуваат нивната слобода на сексуланоста, односно нивната слодоба и право да одлучат како да ги користат мивните тела, но и сумата на исплатената плата може да ги постави стриптизерките во економска положба на супериорност над жените кои се занимаваат со други професии. Меѓутоа, критиките кон овој поим секогаш доведуваат до истиот резултат:
Точно така, но на ова би сакала да додадам дека дури и таа приказна да има среќен крај, односно стриптизерката навреме да се тргне од таа индустрија, сепак двојните стандарди се сеуште присутни во смисла на тоа дека дури и таа да најде чесна и нормална работа, стигмата и slut-shaming-от што ќе ја добива од општеството е неспоредлив во однос на поранешните машките стриптизери и машките муштерии. Всушност, ова е слично како и со поранешните затвореници кои сакаат да продолжат да живеат нормален живот - општеството нема да им го дозволи тоа само поради стереотипите поврзани со нивното минато.
Нема да се согласам со некои од вас. Стриптизот, исто како и стомачниот постојат уште од древен Египет. Не е тајна дека дури и во одредени субкултурни племиња во Африка бил преземен и модификуван. Како референца може да се земе африканското племе Тонга во кое се изведували слични изведби, но со посредство на психоделични средства. Дури во Египет низ гравираните цртежи неретко се нотирани вакви танчери со шипка до нив. Што значи оваа идеја не е ултра нова туку стара колку и самата човекова историја. Тоа што денес оваа професија е користена во нелегални цели, а притоа во потполност се одземени еротската, уметничката и естетската компонента, е социолошки и правен проблем. Социолошки поради како што веќе споменавте - искористувањето (најчесто) на женската волја, додека правен затоа што најчесто танцот не завршува како артистична творба туку во цели на проституција. Факт е дека танцот сам по себе е тежок. Но, и прекрасен начин на себе експресија и испуштање на дивиот адреналински коктел. За мене нема подобар провод од сабота навечер во машки стриптиз клуб, што значи потполно подржувам доколку се изостават гореспоменатите недостатоци кои најчесто доаѓаат поради лошо имплементираниот државно - правен систем. @lovestoneddd ,,Не би се дружела со жена затоа што е стиптизета" не е рамноправна изјава, а тебе те сметам за човек кој се залага за човековите права и слободи. Само затоа што е наркоманка, проститутка и стриптизерка не значи дека е лош човек и ќе биде лош пријател. Немојте така црно бело да гледате на работите, бидете по меки во срцето, иако знам дека сте.
@Nigredo Odor сметам дека и од социјален аспект, луѓето не можат да направат разлика меѓу стриптизерка, односно танчарка во клуб и проститутка, а една од причините за тоа е што и самите девојки се одлучуваат дополнително со танцување, да се занимаваат и со проституција. Проститутката ја задоволува една од основните физички потреби на мажите во замена за пари. Од друга страна, тоа не и е работа на стриптизерката, туку таа како танчарка, е доволно само да изгледа физички привлечно поради тоа што нејзината работа е да продава една фантазија на мажите, односно илузија на совршена девојка која тие никогаш реално не можат да ја имаат и сакаат.
Да Брајар, така е. Една од главните причини зошто се проституираат е бидејќи не заработуваат доволно. Стриптизот е многу потценета, а со тоа и (не)доволно платена професија. Многумина не сфаќаат дека не е воопшто лесно на бина да имаш неколку часовна изведба на речиси невозможни чекори, а стави го на тоа и дополнителното вежбање од два до три часови за усовршување на перформансот каде страдаат р'бетниот столб, како и стомачните и ножните мускули. Проституцијата е навистина апстрахирана од танчерството. Или бар треба да биде. Во денешно време кога апсолутно сѐ е сведено на диво нагонско е*ење (се цензурирам зошто приметив дека новите модератори беспричински ги бришат моите постови последниве две недели), таа линија која треба да развлекува еден вид на професија од друга е избришана. Дури еве, и некој без оглед на пол, воедно да се занимава и со стриптиз и со проституција, со услов да е тоа негова свесна одлука не гледам зошто би било проблем доколку не постои правна прохибиција. Затоа во претходниот пост спомнав дека законските дупки се главен причинител за овие нерегуларности. Едит: Критериум за привлечност е индивидуална ствар. Има мажи кои преферираат жени од по осумдесет килограми со мускули и два метри висина. Има такви кои преферираат набиени и ниски, и секако - такви кои претпочитаат стандарден модел на жена, средна висина и тонирана.. До душа има и би/лез жени кои преферираат вакви танчерки, па ваљда е ствар на ,,преференца". Мене сите жени ми се убави, не бирам за гледање. Имав другар екстра згоден али тежок традиционалист чија агенда беше ,,јас бате не бирам, е*ам".
На сите што мислат дека pole dance е лижење шипка и врткање околу неа во штикли би им препорачала да пробаат еден саат со најосновните чекори и да видат дали ќе се снајдат. Претешко е, ама е супер за телото и забавно. Е сега, во Македонија не сум сигурна дали воопшто постојат стриптиз барови, и за мажи и за жени, сосема легални и без да се синоним за проституција.
Всушност, да работиш како стриптизерка во клуб, значи дека нема да добиваш редовна плата и фиксирана сума на пари. Напротив, постои стереотип дека стриптизерките секогаш заработуваат вреќи со пари, но тоа воопшто не е реално, барем не секоја ноќ. Некогаш, зависи од ноќта, можеш да заработиш и илјадници долари, но на т.н. slow nights може и цела ноќ да танцуваш за помалку од 20 долари. Јас лично бев прилично задоволна од сумата на мојата плата во стриптиз клубот која ја добивав бидејќи работев како cocktail waitress, но бидејќи често знаев и да играм на сцена (иако спаѓав во третата категорија што значи дека не покажувам никаква голотија), секако добивав и екстра пари од муштериите кога и да настапував. Освен тоа, многумина мислат дека стриптизерките само треба да се појават во клубот, да заработат пари и да одат дома. Тоа не е точно - како прво, одредени клубови бараат да извадиш дозвола за т.н. "adult entertainment" која стриптизерката сама ја плаќа. Потоа, додека е во клубот, таа има одредени трошоци кои треба да ги плати: трошоци за клубот, за DJ-от кој ја најавува и музиката на која настапува, за осигурувањето кое ја штити од насилни муштерии, итн. Би рекла дека заработувачката во стриптиз клубовите е индивидуална работа, и причината поради која стриптизерките дополнително стануваат проститутки е бидејќи се лесно примамени кон "making easy money". Меѓутоа не сфаќаат дека тој начин на живот премногу брзо те уништува и не можеш вечно да работиш како стриптизерка. Со оглед на фактот дека во повеќето клубови стандардот е на секое настапување да играш на две песни, а тоа изнесува околу 6 минути, иако ова се чини како релативно кратко време, сепак е напорно да танцуваш со тие високи штикли, каде секој потег и секое движење треба да биде сензуален, заводлив и во ритам со музиката, притоа постојано да бидеш насмеана и расположена пред муштериите.
Секој има право да избере со кој ќе се дружи или не. Не го разбирам ова однесување, ако некој не се согласува со тоа што го мислат другите тогаш тој/таа е лоша личност. Тој начин на живот остава трага, иако девојките кои работеле како поранешни проститутки не треба да бидат осудувани, сепак многу потешко би оформиле идна стабилна врска заради двојните стандарди, но, исто така, заради начинот на живот кој претходно го воделе.
Не се работи само за стабилна љубовна врска, туку воопшто секој останат аспект од нивниот живот - кариера, пријатели, социјален статус, достоинство, почит и слично. Од друга страна, тоа не е во иста мера застапено за машкиот стриптиз; Уште една работа поврзана со двојните стандарди, а ти што го опиша дека тој живот остава трага, е самата опасност со која се соочуваат стриптизерките на работното место, познато како occupational hazard. Навистина не е фер женските стриптизерки при работењето да постои ризик да бидат малтретирани, следени дома, силувани, максимално експлоатирани и слично, додека за машките стриптизерки, најголемата повреда што тие можат да ја добијат е некоја да ги допре или посилно да ги фати или да ги изгребаат по грбот.
Супер што си добила прилика за учество, па можеш одблизу да раскажеш. Отсекогаш сонував да ми танцуваат момци и девојки со часови. Посакувам да можев да те гледам.
Бон, не спинувај. Не реков дека Стоун е лоша личност, таман работа да го мислам тоа за една од моите најдобри другарки на форумот. Ja oпоменав да има по благ критериум кога станува збор за мажи и жени кои се занимаваат со горенаведените типови професии. Во смисол - работата не го дефинира твојот карактер. Да се биде проститутка или стрипер не значи по дифолт дека си лоша индивидуа, тоа беше поентата на репликата.
I LIKE IT ! Двојни стандарди секогаш ќе има се додека не се официјализира струката... На пример сум идел на стриптиз и сум се забавувал со девојките додека сељаците џвакале мастики мислејќи дека се фраери ако им игра некоја на маса ус песната *мешај мала свакА ноч до ЗОРЕ* МЕШАЈ МАЛА МЕШАЈ!
Кај го гледаше тоа, на јутуб? Сигурно не си го гледала во баровите на Дилавер Бојку. Знам, знам, надвор од земјава негде. Тие места се и ќе бидат посетени поради квалитетот на акробациите, ако се лажеме. Станува збор за сексуално и духовно експлоатирање, јас не охрабрувам нешто што не би сакала некогаш мое дете да го работи. Барем не сум лицемер. 90% од оние кои се ОК со стриптиз клубови и го поддржуваат нивното постоење, не би дозволувале нивни деца да се најдат на шипка. Прв пат слушам, што значи не се работи за општо прифатена етикета. Ова и нема голема врска со стриптизерството. Не треба да си стриптизерка за некоја сопруга да дојде да се понижува себеси расправајќи се со тебе зошто разговараш со маж и. Мене повеќе пати ми се случува да ме зјапаат особи за кои немам ни најмал интерес и женторините покрај нив што им се девојки или сопруги, наместо да се разберат со нив, и они зјапаат во мене, само налутено, исто и мајката на еден со крвнички поглед ми ја посочуваше жена му, као да ми кажуваше дека син и е оженет и што има мене да ме загледува , као јас да сакав да ме гледа. Дегенеризмот си го шират генетски. Секоја жена може да биде нападната, или на дневна база да се соочува со гњаватори без да добила паричен надомест за тоа како се облекла или се движи. Стриптизерките сами си одбрале свој пат, ако им се чини преголем ризикот, можат да сменат вокација, иако не мораат, никому ништо не наметнувам. На светов има чистачки и ѓубреџии кои не си ја сакаат работата, па никој не се грижи за нивните чувства, некако сексуалното „просветление“ е побитно за денешните хуманисти. Тоа е живот, не може сѐ на секого да му биде погодено.
Дури и на неформален начин, општо е познато дека машките стриптизери од општеството не се толку строго осудувани од општеството, бидејќи како прво, и самата нивна професија е перцепирана како да е од забавен, па дури и комичен карактер. Тоа е сосема доволно за да се создадат тие двојни стандарди. Но има врска со двојните стандарди со кои се соочуваат женските стриптизерки - како што е наведено и во воведот на темава, човековото општество има тенденција секогаш да ги осудува и критикува девојките кои работаат како стриптизерки, отколку мажите како муштерии кои ги посетуваат стриптиз клубовите и со тоа всушност ја креираат побарувачката за тој вид на пазар. Во тој пример, дури и да е вината на мажот што се решил доброволно да го посети стриптиз клубот, жената не го обвинува него, туку стриптизерката која само работеше. Најлошото нешто е кога од една страна, жените бараат полова еднаквост со мажите, а од друга страна, самите меѓу себе не се почитуваат. Јас тоа никогаш и не го негирав. Меѓутоа фокусот го ставив на стриптиз клубот кој е перцепиран како работно место каде стриптизерките треба да бидат подобро заштитени. Секоја професија подлежи на occupational hazard, но во овој случај двојните стандарди се забележани при што женскиот стриптиз е поопасен и поризичен отколку машкиот стриптиз.
Исто како маж кога има две девојки, или жена и швалерка. Втората жена го завела, овој кутриот, бебе е, не знае сам да одлучи.
Море како ми се оди на стриптиз, ама оди најди во Скопјенцево наше шугаво такво нешто... За стандарди!? Не се замарам. Стандард од мене. И да е жена на другар научник пак исто ќе седам на маса со неа како да е доктор по професија таа. Факт е дека не ми се допаѓа разголена облека но ова е сосема друго. Работата и наложува таква да носи. Барем на работа. Лонг стори шорт, ништо против. Подршка.