Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Двојните стандарди во стриптиз клубовите

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 17 јуни 2019.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    И со сила некој ги качил на штикли да се вртат околу шипка дур другите ги напаѓаат. Тие се тие компоненти.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Тоа што играат, не значи дека го повикуваат некого да има секс со нив.
    Освен експлицитно не му нагласат дека сакаат секс со тој некој.
    И пак, овој, ако е оженет, може да рече: НЕ.
    Или не може?
    Оти е маж, и маж не одбива...
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Иронично го кажав тоа :)
    Тие треба да имаат право да одберат дали ќе играат само или плус ќе даваат услуги.
     
  4. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Освен тоа што осудувањето игра улога во оформувањето врски, оние девојки кои ќе се впуштат во проституција и ќе имаат односи со десетици или стотици различни мажи не можат туку-така да престанат со тоа и да имаат стабилна врска.

    Тоа што се смета за occupational hazard јас лично не би го сметал за двоен стандард туку за разлика помеѓу мажите и жените стриптизери и разликата во нивните мушерии. Како што не би го сметал за двоен стандард фактот дека жените во овој бизнис заработуваат повеќе пари од мажите, тоа е реалноста, затоа, порнографската индустрија е фокусирана повеќе кон мажите отколку жените. Исто така, иако мажите заработуваат помалку тие треба да вложат доста повеќе напор во својот изглед.

    Мажите не се толку напаѓани бидејќи имаат поголема физичка сила и нивната публика е главно женска, тука се работи за постари жени. Дури и да одлучи некоја да го следи не може физички да го повреди.

    Кај жените е друга приказна, некои муштерии можат да бидат опседнати со нив и да ги следат, но и да направат доста полоши работи. Некои сериски убијци таргетирале жени кои работеле како проститутки бидејќи тие биле биле изложени на поголем ризик од останатите жени.

    Самиот бизнис налага дека некои мажи ќе бидат опседнати бидејќи од тоа се заработува. Не значи дека тоа е во ред, но тоа значи поголем ризик. Понекогаш самите стриптизерки се изложуваат на ризик со тоа што почнуваат да користат дрога и стануваат зависни од тој начин на живот.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    4.032
    Пол:
    Женски
    Braos ti si gradski maz,samo prodolzisi da si igras so striptizetkite ostaj gi tie seljacite da sedat na masa i da zvakat mastika!
    (smalitososekrsti)
     
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    И покрај тоа што се бара полова еднаквост во оваа професија, како и елиминирање на двојните стандарди, разликата меѓу женскиот и машкиот стриптиз и разликата во нивните муштерии можеби треба да се разгледа и од биолшки аспект и од социолошки аспект.

    Биолошкиот аспект го означува фактот дека мажите, генерално, се физички посилен пол во однос на жените и поради тоа машките стриптизери имаат поголема предност во оваа професија отколку женските стриптизерки.

    Од друга страна, социолошкиот аспект го означува односот на општеството кон машкиот и кон женскиот стриптиз, односно се има поголем праг на толерација, па дури и доза на несериозност за машкиот стриптиз отколку за женскиот стриптиз кој е жестоко критикуван и осудуван.

    Според ова, би рекла дека биолошките карактеристики на двата пола не содејствуваат на правиле начин со реакцијата на општеството. Додека машкиот стриптиз има и помалку ризик и осудуваност, кај женскиот стриптиз ситуацијата е сосема обратна, односно и постои поголем ризик и осудуваност. Ова создава сценарио на непропорционалност - сите поповолни карактеристики се содржани кај машките, додека сите понеповолни карактеристики се содржани кај женските.

    Сепак, доста е иронично е како побарувачката за женскиот стриптиз, како глобална индустрија, е поголема.

    И покрај тоа што не може да се негираат биолошките карактеристики кај двата пола зборувано од генерален аспект, сепак општеството е она кое дополнително дозволува за женските стриптизерки да бидат ставени во прилично лоша положба.

    Примарно, менаџерите на стриптиз клубовите ги вработуваат женските стриптизерки заради профит. Со самото тоа што тие како работнички се повеќе наклонети кон опасност и ризик, треба да претставува обврска на работодавецот да обезбеди поголема заштита при работа, бидејќи доколку тој не го стори тоа, може да му се намали профитот поради загубата на продуктивноста на неговите работнички.

    Можеби биолошките особини не можат да се изедначат целосно со социолошкиот статус, но од друга страна зголемениот ризик не треба да биде компонента на ова, особено кога постои можност тоа да се промени.
     
    Последна измена: 18 јуни 2019
    На WildMk и BoneMachine им се допаѓа ова.
  7. mece090

    mece090 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2018
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато дека сега има во Охрид
     
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.620
    Пол:
    Женски
    Eдино во животинскиот свет не постојат 'предрасуди ' и животните се мешаат меѓу себе без разлика на тоа од каде се и кои се. Во светот на луѓето, поразлично е ради принципите кои ги има секоја возрасна единка, изградениот карактер, идеалите за кои се залага и преференците за луѓето околу себе.
    Далеку од тоа дека една жена која е стриптизета е лоша особа, туку не мислам дека моето пријателство со таква особа би било продуктивно. Исто како што да прашаш некоја стриптизетка, можеби ќе ти рече, дека и она смета дека нејзиното пријателство со мене, која дремам во канцеларија, би и било непродуктивно.
    Друго, ради феминизмот кој си го милувам. Никако не се согласувам дека тие се олицетворение на феминизмот, пошто во некоја мера и контра феминизмот работат. Целта е да престане сексуалното објектифицирање на женското тело, а тие уствари пред светот се претставуваат како ходајуќе парче месо, на тацна пред маж со бујна фантазија и кеш во џебот.

    Едноставно е ствар на лична преференца. Исто како што не сакам да се дружам пример со хомофоби, ловџии, претерано религиозни луѓе, така и овде.
     
    На Alisa22, Briar Rose, BoneMachine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Пишав еднаш, дека често пати зад зборот преференца се крие зборот предрасуда..
    Не мислам дека не би имале заеднички работи. Таа жена можеби има исти соништа, идеали, желби како и ти, или бар слични. Единствената разлика меѓу вас две е професијата која ја работите, за која не мора ниту да зборувате ако толку ти пречи.

    Голотијата е ,,проблем" на модерното општество. На еден или друг начин една жена секогаш ќе го покаже своето тело на тацна и изволте. Дали преку изведба на кореографска точка, дали преку стриптиз, дали преку одење топлес на плажа и потоа постирање јавни фотографии..поентата е дека сите сме exposed, сфаќаш?

    Тоа што мажите ги перципираат жените како ,,парче месо" е поради индустриските нерегуларности. Клубовите во кои работат жените не ги заштитиле доволно за да не доаѓа до допири или сексуален контакт.
    А човечките тела, (особено женските) се објективно убави, тоа е реалноста. Нешто кога е убаво не можеш да ја свртиш главата да не го гледаш.

    Брајарка работела во стриптиз клуб, моја другарка исто така работи во стриптиз клуб во Њујорк моментално. Колку што знам, двете се феминисти, со таа разлика што вторава рамо до рамо со мене учествуваше на сите трибини и протести за време додека беше отворен смерот "родови студии".
    Жените се наши другарки соборки Стоундче. Некои од нив тоа го знаат, некои не. Комични се овие вторите. Нај одвратно нешто ми е кога ќе чујам од жена дека презира феминизам. Сама себе убила муабетот..
    Ама пак, мислам дека и вториве се недоволно информирани за неговата етимологија и значење.
     
    На Briar Rose, dayla, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Да помисли човек во Лас Вегас сте или Амстердам па дискутирате за двојни стандарди во стриптиз клубовите :^) И тие неколку стриптиз клубови во Мк (ако ги има) увезуваат моми од страна, па чисто сумљам дека некоја од вас има комшивка, пријателка или познаничка која е стриптизета па сега што мислам за неа да се изјаснам. Да не е досадно, да ни работат виугите.
     
    На gjoker4e, Роберт 7, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Да, но никој на форумот не започна тема во знак на поддршка за чистачите и ѓубреџиите кои добиваат ниски плати, никој не ја подига свеста на младината околу одржувањето хигиена во своја околина, дали си видела или чула во каква состојба нашите идни академски граѓани ги оставаат тоалетите на УКИМ и замисли, некој тоа мора да го риба зад нив :o
    Ништо, очигледно сексуални работници и сексуални права се побитни од обични работници и нормални :D права во денешниот свет, а зошто е тоа така, јас знам, ама оставам секој сам да ја чукне главата.
     
    На candy.cane и AnnabelLee им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.620
    Пол:
    Женски
    Сите имаме предрасуди, никој не е имун на нив. Едни за една работа, друг за друга.
    Само ретко кој ги кажува на глас. На форумов сите се свестрани, тоа веќе знаеме одамна, а да знае дека маж и иде во петочна вечер да остава пари на стриптизетка, ќе го прогласи за сексуално настран и не домаќин.
    Битно она би се дружела со стриптизерка, ахам, да, еве поверував.

    Инаку човечкото тело е најсовршена природна креација и како такво и треба да се сфаќа. Голотијата исто нема врска со сексот, што пак зависи од тоа кое ниво на свест е човекот пред кој е експонирана голотијата.
    Да, виновна е индустријата и клиентелата претежно од машката популација.
    А како помагаат нивните перформанси во исправање на нештата ? Што прават они за да на гледачите, им го исправат кривиот поглед и начин на размислување ?
    Постигнуваат само контра ефект каде голотијата е амбалажа за пораката која уствари и ја нема, па така амбалажата е све што нудат.
     
    На AnnabelLee, Briar Rose и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Дефинитивно малку поразлично гледаме на овие работи, затоа што

    Истово би можело да се каже за било која уметничка творба, зарем не?
    Од уметноста немаме никаква корист или практична примена но, сепак ја почитуваме зошто е убава и пропорционална за око..
    Танцот на шипка, кореографијата изведена топлес и стомачниот танц дефинитивно спаѓаат во видови уметничка експресија според естетскиот кодекс. Не е ова моја провизорна дефиниција, туку луѓе кои се занимаваат со естетиката како гранка од филозофијата и уметноста одлучиле да биде така.

    Тоа дека момците ги искористуваат стриптизетите стои и е легитимно, никаде не негирав дека е така. Но, тоа е навистина нивен проблем. Не е стриптизетата одговорна што одреден машки клиент не може да ја контролира ерекцијата за време на нејзиниот настап нели?

    Еве ти хипотетичка ситуација.
    Јас и ти сме во клуб, почнува да ни игра стрипер. Како ќе реагираме? Весело, возбудено, секси.. Ама дали ќе почнеме да му дофрламе непристојни коментари или физички да го вознемируваме за време на неговата изведба? Не, така? Епа исто е братче..

    Ако мажите танцот на шипка го сфаќаат како секс во ред, но ако решат да реагираат на тој нагон/помисла без контрола, односно животински, тука веќе не е проблем танчерката туку самата индивидуа која има проблем да ја разбере уметноста во својата најширока смисла и ја корелира со ,,парче месо за гозба". Тоа е нивна перцепција, нивен mindset, не на денсерките..
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки

    Сакав да кажам дека кај нас не постои стрптиз , постојат проститутки ( бивши / идни ) кој ги носат од Србија, Албанија, Унгарија за да играат на шипки на ТУРБО ФОЛК, понатака мислам дека шемата е јасна.
    # Не судам никој , посебно не девојките кои го прават тоа за пари.. мораат, тоа е.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Оти ти не отвориш?
     
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    И покрај тоа што постои поимот за "feminist stripper", има многу феминистки кои сметаат дека стриптизот ги крши човековите права и човековото достоинство. И оваа критика е поддржувана од општествените ставови кон жените кои се вклучени во сексуални активности за пари, но и социјалните стигми поврзани со сексуалните активности воопшто.

    Ова ми е малку контрадикторно бидејќи стриптизерките не се проститутки, иако често имаат тенденција да преминат во проституција заради пари и зависност.

    Со други зборови, додека одредени феминисти сметаа стриптизот манифестира експлоатација на женското тело, оние кои кои се сметаат за "feminist strippers" мислат дека го користат нивното тело како потенцијална алатка, да бидат моќни од сексуален, психолошки и емоционален аспект.

    Сепак, главниот аргумент на феминизмот е експлоатацијата на женското тело од страна на доминантната група, односно мажите, која истовремено претставува загриженост која ја овековечува доминацијата на жените поради нивното тело.

    Меѓутоа, вистинското прашање е дали стриптизот навистина треба да биде перцепиран на таков начин - како експлоатација на женското тело, и уште поважно, дали истите овие општествени ставови и социјални стигми важат и за машкиот стриптиз, односно експлоатација на машкото тело?

    Јас немам многу искуство за животот овде во мкд. Никогаш не сум била во УКИМ и не знам како е да бидеш студент таму, и секако поради тоа и не сум запознаена со нивната состојба од хигиенски аспект.
    Но од друга страна, тоа не е моја вина ниту пак мој проблем - за тоа треба да се грижат македонските студенти, а не странците.
     
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли зошто е така бидејќи многу се замараат, да се лабави да речат добро бе така е ај пали друго ке биде, наместо да квичат на некој фраер што од мајкаму зима 60че за кафе ја нарекол курва, абе у фаца ке му се изнасмејам.
     
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А во диско кога ја запознал заборавил да и каже дека бил женет хахахахах :D
     
    На WildMk, Роберт 7 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Го понела атмосферата. 8)
     
    На WildMk и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Прво, и да отворам, ќе фигурираат 2-3, 5-6 коментари.
    Второ, нема зошто јас да започнувам таква тема, јас не сум хуманитарката на форумот што се занимава со активизам, на погрешна адреса се обраќаш.

    Не беше муабетот стриктно за УКИМ.
    Па зарем платите, општествениот статус и јавната перцепција за едните треба да биде сечиј проблем, а за другите и понатаму да не е твој проблем? :D
    А исто не се моја грижа ниту стриптиз-клубовите, нека се грижат оние кои имаат некаква поврзаност со нив. Јас само искористив слободно време така што напишав пост со свое мислење (дали ќе утепав минута овде или во некоја друга тема, ми беше апсолутно сеедно), не мораше повеќе пати да ме цитираш, затоа што повеќето постови на оваа твоја тема го содржат истото и те сфативме, нема потреба на секого поединечно да му повторуваш. :)
     
    Последна измена: 20 јуни 2019