1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дебелината и откажувањето од цигари

Дискусија во 'Диети' започната од vodnicka1, 21 јуни 2010.

  1. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Секој ден истото , секој ден велам дека ке ги оставам од утре и наредниот ден пак запалувам. Имам слушнато многу околу насловот на темата оставање на цигарите и качување на некој килограм повеке, па сакам дали некој му успеало да остане на иста килажа или пак стварно лугето кога ке ги остават цигарите се поправаат и тоа енормно па дури и до 20 килограми. Дали само по себе доага поправањето или по навика наместо со цигара в рака јадеш нешто дрицчаш. Би сакала чујам искусства реални.
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас познавам луѓе што воопшто не се здебелиле откако ги откажале цигарите. Финтата е во психата, има луѓе што се склони на зависности, па едната зависност ( цигари ) ја заменуваат со друга (храна).
     
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    братучедка ми престана со пушење пред 3 години и иста е останата :^) мислам пушењето е една лоша навика,татко ми пуши нонстоп и тежината му оди горе-долу,не вервам дека од цигари се слабее,мислам можеш да најдеш убава и корисна замена за цигарите ;)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Па дебелеењето при откажување од цигарите е поради тоа што се создава нова зависност, како што кажа Ирена. Повеќето луѓе кога треба цигара да запалат прибегнуваат кон грицкање. Значи цигарата ја заменуваат со храна. Подобро најди некоја занимација, да не мислиш на цигарите, или постојано биди на места кај што не смее да се пуши. Ама ако си цврсто решена, јас мислам дека ќе успееш да ги оставиш и без да се поправиш.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Точно е се што ти пишале,плус јас да додадам нешто контра на овој стереотип...Луѓето кои пушат,склони се на дебелеење околу стомакот заради недостаток на витаминот ц кој пак помага во топење на мастите во стомачната празнина и она стандард салце под кожата.Така да...остави ги и не барај изговори зошто да не ги оставиш.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Можам само да кажам дека се е до карактерот на човекот и дека тоа е индивидуално,треба да си цврст во својата намера,да контролираш што јадеш,пиеш.Јас иако немам проблем со тежината,значи стандардно сум си 55 максимум 57 кила,зависи,но никогаш не сум била повеќе од тоа,не пушам цигари,затоа што сум свесна дека е штетно,но и кога сум во друштво каде има пушачи,неможам да го поднесам чадот,но нормално свесна сум дека и неможам да им забранам кога се во моја близина да пушат цигари,па трпам.Кога станува збор за храната,внимавам што јадам,па сум пребирлива во јадењето,не јадам се,не јадам многу,затоа што многу добро имам јако чуство за да знам кога и колку да јадам,значи ако чуствувам дека сум најадена,не јадам повеќе колку само со сила да јадам,точно знам колку јадам и што јадам.Мораш да си ставиш пред себе задача,дека пример еден период нема да пушиш цигари,да се тестираш себе си,за да видиш дали можеш да издржиш,а можеш,само не сакаш,тоа е целата работа,не е ништо друго,а нормално е во прашање и каков карактер имаш,само цврст карактер за да успееш во нешто за што сметаш дека неможеш да го оствариш.Нормално дека другите ќе те посоветуваат,но останува на тебе дали ќе ги оставиш цигарите,некој може и до сабајле да ти збори дека не е добро,дека е штетно,ти ако си наумила,џабе е трудот на другиот да те убеди во своето размислување,се е до мозокот,до умот,до тоа како ние го програмираме,а како го програмираме така и ќе прави.
     
  7. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Па да...јас за месец ипол 12 кила....ама се враќаат после со ве=бање и слично ....битно да се ослободиш од гадната навика :D
     
  8. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Јас правев долги паузи од пушење и не се здебелив.
    Здебелувањето е поврзано со тоа што да не мислат на цигари тие што се откажуваат постојано грицкаат нешто, а тие грицки се многу калорични, или лижат бомбони и слично.
    Од цигарите не се ни ослабнува. Можеби го намалуваат апетитот кај некого па на тој начин ослабел, ама вака сами по себе неможат ни да те осабат ниту пак без нив да се здебелиш
     
  9. libra5

    libra5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    нема врска..имам еден комшија пуши цигари како луд а не да е дебел, сигурно тежи 130 кг :?: мислам се е до волјата и до тоа како се држиш на своите одлуки..позз
     
  10. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Јас пушев 4 години, 1 не пушам. Не се здебелив апсолутно ич. Истата си останав. Единствено имам проблеми со енергијата и заморувањето. А да. И многу кашлам.
     
  11. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    според мене пушењето е лоша навика и само за да ослабам или да се здебелам никогаш не би препушила .. затоа оставете гу цигарите додека не е многу касно! :!:
     
  12. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Секој метаболизам е различен,но се доаѓа од психата.Доколку ти кога ќе ти се припуши трчаш наоколу и бараш нешто да пикнеш во уста колку да ти помине кризата,тогаш повеќе од сигурно е дека ќе се поправиш.Но доколку таа апстиненција добро ја поднесеш,сигурно нема да се здебелиш ни 1 килограм.Среќно :)
     
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.688
    Мислам дека нема да се здебелиш ако ги оставиш цигарите, тоа може да се случи само ако една навика ја замениш со друга,односно ако си создадеш нова зависност-храната. А, многу луѓе што престанале со пушење за жал го прават токму тоа. Ќе им текне на цигара и одат јадат за да ја убијат желбата или за да го излажат умот.
     
  14. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Дебелината и оставањето на пушењето.

    Еве едни лично искуство-кога бев во Америка пред 2 години, ги оставив цигарите 5 месеци(т.е. бев приморана да ги оставам). Почнав да јадам благо, солено, се што ке ми дојдеше при рака, и плус таму имав проблеми, нервози едно-друго. Кога се вратив мајка ми едвај ме препозна на аеродром...качив 6-7 кила. Пак си продолжив со цигарите иако знам дека се лоша навика, ама едноставно ми претставуваат задоволство и не сакам да ги откажам. За неколку месеци пак си ја повратив првобитната килажа.
     
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Дебелината и оставањето на пушењето.

    Е морам и јас оведе да си го кажам моето :)
    Бев пушач со 2 кутии на ден од свои 15 вгодини и уживав во секоја цигара.
    Еден ден дома се враќам од работа и штама. Моите како изгубени им и кажуваат ,, ????? (мојата братуцетка) има рак на бели дробови во поодмината фаза,, И мене шок ми се дешава. Е сега не знам дали цигарите се предизвикувачот на ракот кај неа или се само капаче на се, ама Господе таа има само 23 години и штотуку дипломирана. Од тој ден немам запалено цигара и нема да запалам. Е сега сум ставила 7 КИЛА ПЛУС :@ :@ :@ епа сеа тоа е , подобро здрава без цигари отколку болна но задоволна поззз
     
  16. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Дебелината и оставањето на пушењето.

    девојки во искусение сум во странство сум и стотуку ја запалив последната цигара од оние сто ги понесов од мк.тука некако не ми се даваат 6 евра за една кутија цигари а би умрела сега за цигара никогас не сум имала проблеми со килаза не верувам ни дека ке се здебелам едноставно која е фазата сто следува.секој мозе да ги отказе ако сака но сто е со оние сто не сакаат :( незнам ке видам како ке следува кризата и се надевам па и ке ги отказам и нема да давам секој ден толку пари за цигари ке треба цел месец само за нив да работам.дрзете ми срека :lol:
     
  17. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Дебелината и оставањето на пушењето.

    Фазата која што следува е нервоза, се нешто ќе ти смета...пример зашто чашата е 10 цм на десно кога може да е 10 цм на лево, ќе те вадат од контакт такви банални работи, се живо и диво ќе ти иде на живци, ќе се истуриш на некој без причина...во главно вакви случки....како и да е, максимум овој период да трае 2 недели....После тоа немаш гајле, ќе се осеќаш како нова, многу подобро, по свежа и многу по полна со енергија ;)
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Дебелината и оставањето на пушењето.

    Се е индивидуално.
    Море до карактерот е. :!:

    Пушев од 14 години, престанав пред 2 месеци, што всушност е 100 години, т.е. 9. Престанав на тој начин што реков не пушам веќе. И не по една по две, да кусам... наеднаш. СТОП!!! Па не се здебелив воопшто, тежината и изгледот ми остана статус кво (т.е. изгледот ми се подобри, во лицето сум како селска невеста со црвени обравчиња :$ ). Значи се е до психата, мислиш дека нема да издржиш или дека мора навиката да ја замениш. Но цврст карактер ти треба и за тоа. Исто како диета да држиш, ако не го активираш мозокот и да се увериш дека можеш, тогаш ништо од бизнисот. 8)
     
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Дебелината и оставањето на пушењето.

    Ќе дадам одговор од психолошки аспект.

    Некои луѓе се склони кон орална фиксација (продолжување на оралната фаза кое се поврзува со недоволен внес на храна додека траела фазата,која нормално се надминува околу втората година од животот) ,но кај некои единки се задржува во понатамошниот период.
    Овие личности пронаоѓаат задоволство во ставањето на предмети или храна во устата (ПР. грицкаат нокти ,шмукаат палец,се прејадуваат ,неконтролирано џвакаат гуми за џвакање ,пушат или прекумерно консумираат алкохол).

    Според мене ,најсклони кон здебелување после откажувањето на цигарите се токму личностите со орална фиксација ,затоа што чувствуваат опсесивна потреба да ставаат нешто во устата. Кога тоа нешто не е цигара ,најчесто е храна. Резултат - зголемен број на килограми за краток временски период .

    Гледано од физиолошки агол ,никотинот влијае врз центарот за глад во мозокот ,такашто го залажува и предизвикува привремена ситост .
    Ако истиот недостасува ,тогаш центарот нормално ќе го регистрира чувството за глад и може да доведе до зголемен број на внесени калории (повеќе од потребите на организмот ) и дебелеење.

    Секако , зависи од индивидуалните склоности.
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    има вистина дека ако ги оставиш цигарите се дебелееш...типичен пример е татко ми..пушеше една кутија до кутија пол и ги остави..и се почесто му се јаде бидејки не смее да пуши или јаде леб со нешо или грицка....И за три месеца се здебели 5 кила :^) :tmi: