Таков закон може да се направи и за 5 години, не е проблем составување на закон, а државата не е толку очајна за идни поколенија да те стимулира со седење дома. Што фајде од идни поколенија ако и тие само раѓаат деца и седат дома? Три деца да родиш 9 години ќе те нема. Женски да се, утре сите по 9 години ќе ги нема Мислам стварно смешки сте со идеиве. Попрво врати за мигранти ќе отвори и ќе вложува во нивно прилагодување и обука.
Ама види, јас не зборувам за идеи, зборувам за како функционира некаде во светот. Ете така, и врати за мигранти се отворија. И родителските бенефити не се укинати. Кога ќе има доволно популационен баланс според проценките на државата, може и екстра данок да плаќаат тие што имаат деца, што знам. Ама сега од хуманистичка и родителска перспектива, ако не е во ред да го речеме германскиот модел, како е во ред англосаксонскиот? Едит: За име на вистината, имаше една од популационите реклами од времето на ВМРО- тие што бркаа кариера, не успеаја ни едно дете да имаат, тие другите и внуци дочекаа. Ти ја сфаќам поентата. Секако, тие со подобра кариерна перспектива и приходи, побрзо ќе се вратат на работа, нема да живеат со лимитот делегиран од државата (кој реално е многу понизок од просечна па и минимална плата). Ама, токму заради флексибилноста и изборот, и една врвна докторка може да си дозволи, да има да речеме три деца ако сака, а не да се туфка, како ли ќе си дозволи едно (од кариерен, финансиски и незнам ти каков притисок)
Каде во светот? Каде има толку долго платено породилно и како Мк може да се споредува со тие што имаат некакви олеснувања како во Геманија пример со неплатено неколкугодишно отсуство но да ти е загарантирана работата отпосле? Иако, може отказ да ти даде ако сака неколку дена после враќање, гаранција нема, зависи колкава потреба има во моментот од тебе. Една докторка најлесно може да има 3 деца ако сака, и отказ да даде за да си ги изгледа децата колку сака, работа секако ќе најде кога ќе се одлучи пак да работи. Не само докторка туку сите со барани професии и експерти во својата работа. Ама баш тие не сакаат затоа што имаат добри плати и неплатен одмор или невработеност наспроти добра сума на сметка секој месец не им звучи добро. Сами одбираат така, притисок од државата немаат. Сами си велат -не учев и се надградував толку за да седам дома без примања.
Темата е девалвација на мајката, не породилното. Како да не ја девалвираат, кога ја нема една година на породилно, а после тоа е цело време на боледувања? Како кога не сака да оди на пат, оти има дете дома? Како кога не сака на обуки, оти има дете? Како кога има важни состаноци, она у последен момент мора да каже дека ќе биде дома? Сосема е нормално тоа. Но барањата да се седи дома три години па уште помалку даваат позитивен ефект. Значат, уште 2 плус години јас неможам да работам. Јас не би барала уште 2 години дома. Јас би барала поделено породилно. Пола мајката, пола таткото. Исто се родители, а ризикот на работа со отсуството ќе биде ист. Нема да биде - ај бе не ја вработувај, оваа чим сега се омажила, ќе раѓа. јас би барала болниците да дозволуваат и татковците да лежат со децата. Би барала и клизна пауза во првите 2 години доење и клизно работно време во тие 2 години. И би барала одење на пат но заедно со детето и плус еден. Наместо швалерката на колегата, нека дојде сопругот и детето. Така мајката ќе работи и ќе дои дете, нема да рече не сакам. Би направила и градинките да бидат спород работното место на мајката, излези од работа, надој и врати се. Толку малку финансиски импликации имаа сето ова за државата, ама не го прави никој. А со тоа што сметаме дека само ние можеме да луваме дете дома, оти сме мајки и само ние да сме на боледувања, сами си правиме проблем.
Од парт тајм според мене нема подобро. 4 или 3 дена неделно. Работа од дома ден 2 за тие што можат. Јас не можам ни тоа, мојата работа е на лице место. Еве маж ми може од дома. Но дали ќе работи или бебе думка. Решенија има. Ама и за најбогати нации е проблем камо ли за мк. Овфе мајки со повеќе деца работат или парт тајм па дете оди 2-3 дена во градинка , или не работат или имаат дома au pair. Ниедна баба не чува деца.
Не, не е нормално. Сега ти бараш и тие права што ги има мајката додека е на породилно и боледувањата отпосле што и следуваат да се скратат? Ниедна фирма не треба да се наслони само на еден работник за одредена работа па да нема кој да те замени. Никој во фирмата не смее да биде незаменлив а често те манипулираат да мислиш така за кога ќе дојде ситуација да те нема оправдано да ти набиваат вина дека ете, тебе те немало тој ден и се отишло у курац. Она што следува моментално со закон е сосем во ред и треба да се почитува.
Епа застани на страната на работодавецот. Нормално е неговото гледиште. Како да довериш проект со рокови, кој треба да го работи некој кој е обучуван за тоа, на млада мајка која секои 3 дена е на боледување? Некои немаат работни места кои се механички, туку високо интелектуални и експертски. Не се сите заменливо во истиот ден, заменливи се за неколкумесеци. Ризични се мајките. Затоа, треба да се изедначи нивниот ризик со татковците. А ако ги виде предлозите погоре, ќе видиш дека е во рамки на законот, потребни се само мали модификации и уредување со подзаконските акти. Така ќе се олесни на сите, и мајки и дец и работодавачи. Мајката има приоритет, детето, па работата. Државата треба да и овозможи простор за двата приоритети.
Знаат дека си трудна со месеци пред да заминеш на породилно, знаат од искуство дека после породилно ќе зачестат боледувања, верувај нема да се стават на ризик бизнисот да им страда заради твоето отсуство. Нема да најдат некој од улица за еден ден да те замени туку веќе имаат човек кој ја познава твојата работа и може да те замени. Секој на повисока и поодговорна функција има заменик, а доколку си таков експерт на каков што му нема замена ќе ти дадат сами секакви поволности за да те задржат, нема да чекаат држава да уреди. Не сум против предлозите, реков дека треба и таткото да е вклучен, само тука за сосема спротивна работа се збори од она што ти го предлагаш, отвори нова тема па ќе збориме.
Вака изгледа Ворк фром хоум родител, да не има некој илузии. И не е мајка, татко е. Незнам дали некој го девалвира таткото, оти замисли, не може да си се изменаџира и да се посвети 100% сериозно на сериозната професија. Многу, многу мизогинија постои во светов, многу, многу имаме за работа, а не да се објаснуваме како навистина жените се хендикепирани заради тоа што имаат/ ќе имаат деца, па не можело да имаат вакви или такви позиции и барале преку леб погача.
Па се разбира дека ќе пиши на темата, кога убаво ви пуштив со табела колку е породилното овде. 6 недели на 90% од просечната неделна плата во последните 3 месеци. А замисли, образована жена со кариера од неколку годинки зема барем 1000 фунти неделно, а после ти даваат 148 фунти до 39та недела. А тие 148 се помалку од твоја дневница пред породилно. Тоа е законски и никој нема да ти исплати повеќе. Не се согласувам со толку кратко и малкуплатено породилно, ама која сум пак јас да им давам ум. Муабетот беше дали работодавците би ти го чувале работното време 3 години. Во 98% од случаите, се разбира дека нема. Те заменила особа што може е подобра од тебе. Треба ептен да си професионалец, доктор, ИТ или друга дефицитарна струка за едвај да чекаат да се вратиш по 2 или 3 години. И пак да промрчам за као патријархалното општество. Не е. Штом имам право да се образовам, да носам панталони, да гласам, да заработувам колку машките колеги па и повеќе во некои месеци од годината, значи не е патријархално општество. Никое право не ми е ускратено. Засега.
Ама и ако еден ден имам, ќе биде пак тоа, како за сите, така и за мене. 33 недели по 148 фунти. 6 недели 90% од плата. Тешко е и кариера и деца и социјален живот. Нешто мора да страда. Магичен триаголник е тоа. Може едно, со повеќе труд 2 да имаш. Зборувам без помош.
Ако е така о Англика не значи дека е правилно или одлично. Не зборуваме за кариера, деца и социјален живот. Зборуваме за работа за плата, да се има некакви приходи, обид да се постигне баланс без да трпи домашниот буџет и се да биде во некоја мерка застапено. Имање на кариера допринесува до дисбаланс во сите останати категории, но имање на работа не по автоматизам. Колку мајки пишале седат дома оти нема кој дете да им чува. Дале отказ оти градинка не примила дете( а врски немаат) работодавецот не сакал да исклучи сменско работење или сл. Да, нив им е ускратено едно големо прави.
Никому не е ништо ускратено. Или јас не сфакам што ускратено . Кај нас колку што знам породилно е 9 месеци платено и 3 неплатено . Кое право е ускратено,конкретно? Во Германија е ова стимулациона мерка за подигнување наталитет,бидејки имала најнизок фертилитет 1,3 по жена ,но оваа мерка отвара поле за злоупотреба,роди 4 деца и можеш 12 год.да живееш со бенефит од државата,тое е де факто цицање,ви се допаѓало вас или не. за разлика од нив во Франција породилно е десет недели по породување,и колку што знам е решено со градинки во склоп на фирмите.
Ти стварно веруваш дека во Македонија жените(а и родителите општо) не се во незавидна позиција? Почнувајќи од интервју за работа, до земање денови за боледување, достапност на градинките за сите(мислејќи и оние кои немаат врски)? Јас мислам дека им е многу ускратено...толку многу што како нормално се гледа на сите горе наведени работи. Нели 3 месеци неплатено се зема за дијагноза? Или кој сака може да си продолжи?
И тоа заради 9 месечно отсуство. Каде се вклопува тука вашата идеја за 3 годишно и какви последици ќе има? Дали прво треба да се поработи на овие работи па после да се фантазира за бенефиции што ретко кој ги има?
Во незавидна позиција би биле кога би било породилно 4-6 месеци како што било порано во СФРЈ. Сегашниот закон е во ред. Во однос на интервју за работа,земање денови не се ништо подалеку од западно европските,имам искуство и со нив .Не е ништо за драми правење,тоа е тој суров капитализам кој го има секаде. Колку што знам сите можат бесплатно 3 мес до 12 мес,после можат да земат нега на дете до 3 год..Башка сите користат и год.одмор стар/нов па генерално мајките тука седат дома до 1 год.дома. И со државните градинки не е состојбата дека дете без врски не се запишува,се запишуваат и без врски. Така да правиме муабет без потреба.