Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девалвација на улогата на мајката

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 6 октомври 2019.

  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Работа на бизнисите е да се обидат да те купат за колку што може поефтино.
    Работа на политичарите, народните избраници е да ве заштитат и да ви ги овозможат човековите права загарантирани со закон кој тие го изгласале.
    Тоа што во Македонија се ушалтани 2 у 1 и го користат народот надолж и попреко е друг левел на нештата. Дупки во законот еден куп. Ама една ластовица пролет не прави.

    Просветните работници божем ќе штрајкуваа од Октомври, ама ништо. Востанието е задушено. Како и сѐ кај нас.
    И пак се сведува на братство и единство. Еве партија на мајките е супер идеја. Торте сега направи нова, Твоја партија. Опции на секој чекор. Ако сам не си побараш никој ништо нема да ти даде.

    Германија стимулира многудетни семејства за да има утре кој да работи во тие фабрики. Затоа и примија толку милиони бегалци.
    Британија очигледно, засега нема потреба од млада работна сила, оти има и премногу. После Брегзитот (ако се случи) ќе е друга приказна. Другите држави, сите приказна за себе.

    Ама пак да се вратам на темата.
    Треба да се стремиме на време да планираме (колку што се може) за иднината. Конкурентноста на пазарот на трудот е најважна. Градење на вештини во неколку различни професии.
    Парт тајм џоб. Самовработување.
    Сами се ставаме во подредена ситуација и после викаме тешко е.
    Епа тешко е.
     
    На Asparagus, Biljarkata, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Кој сака може да се продолжи уште 3 месеци со тоа што само здравственото е платено.

    Според мене доволно е 1 година породилно како жена и како мајка на девојче сметам дека 3 години породилно е на штета на жените и на нивното вклучување на пазарот на труд, се сложувам со @Cka дека треба да се поработи на вклучување на таткото, пример боледување за нега на дете да може да се издава и на другиот родител.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Различно искуство имаме со западноевропски очигледно. Мене не ме прашувале дали сум мажена, деца дали имам дали и колку ќе раѓам. Ми нудат и да ми поделат породилно, наместо целиот износ да го земам за година да можам во две. Како исто кога ич не е исто.
    Може лажеле мајките што пишуваат дека дома седат оти нема кој дете да им чува. Не знам, може.
    Фала за инфото Мими. Не сум во тек, добро да се знае точно.
     
    На bittersweet и mimiiiii им се допаѓа ова.
  4. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Доколку не се работи за посебен случај (болест или дете со попреченост) сметам дека 1 година е сосема доволно за породилно. Чим јас и многу други сме пуштени во градинка од 8 месеци, колку што ме шетала и чувала мама истото го правел и тато, а сепак здраво и правилно израснати, не гледам зошто тоа е пречка за некои родители.

    Детето не е убаво да седи дома цело време, ни осет за дружење ни имунитет ќе стекне. А и животот на мајката не треба да запре со раѓање дете (освен ако таа сама нема желба за работа или потреба).
     
    На crazylady, Asparagus, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Во држава си во која има, колку, 3 посто невработеност? Мигранти преплавени оти фали работна сила. Никој нема да те врати ако сакаш после 3 години да се вратиш на работа, па и да те врати, ќе најдеш друга за брзо време. Колку луѓе работат и полнат каса со даноци таму, а колку во земји каде невработеноста е 20 или 30 проценти? На тие проценти уште "невработени" фалат за кои ќе се плаќа макар само и здравство.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Друга тема е мигрантите. Ама тешко нас ако чекам они да работат па да се полнат касите.
    Пореално би се доловила ситуацијата ако речам дека пензионерите кои цел живот плаќале придонеси трпат и мораат социјално да земаат или миниџоб за да сврзат крај со крај и колку од придонесите кои јас ги давам се одлеваат за мигранти.
    До здравственото осигурување дојде работата.(facepalm). Државата секако не остава никого без здравствено осигурување. ШТо да правиме со оние кои немаат ден работен стаж, оти според тебе уште тие ни фалат. Да не треба да им се скрати здравство оти се терет на државата?
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    И тaму си имa прaвилa. Сигурнo немa дa те oстaвaт дa седиш дoмa кoлку ти сaкaш и дa ти плaќaaт здрaвствo. Дoкoлку си здрaв и прaв пoд зaвoд, ти прaќaaт пoнуди зa рaбoтa. Акo oдбивaш редoвнo те бришaт. Не ти следувa ни здрaвствo.
     
    На lovestoneddd и Dentina им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Па има, еве кажав какви се.
    Ама луксузи било тоа, година плус да се плаќа здарвствено(кое секако би се плаќа уствари). Во нешто да сме во Македонија поарни од Америка и Англија барем(facepalm). Не дај боже да посака човек нешто што има во друга западно европска држава, одма статистиките за неколку недели породилно и ќути трај работава, да не се аздисува(facepalm).
     
    На Yowannty, supergirlmb и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Пак го вртиш муабетот.
    Еве рековме, нека е 24 месеци по 250 евра породилно.
    И еве, нека ти го чува работодавачот местото.
    Тргнуваш, прва недела и оп, отказ.
    Може да ти најде 1001 причина, де ова, де она, си закаснила 2 минути на работа.
    И?
    После па ќе трубиме дискриминација е.
    Црн сум, бел, кафен, женско, машко, транс, ова она.
    Само изговори
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Изговори се ова ти што го пиша, не моето.

    Ако еден процент на мајки се одлучат на ваков чекор јас ама ич не им берам гајлето за нивната емоционална состојба, дали ќе затупат, дали ќе напредуваат во кариера итн.
    Нека биде опција. Законски регулирана на соодветен начин. Па макар 1 на 1000 ако се пронајде во истата од мака/зорт/потреба или желба, да може да ја искористи.
     
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    @danichap во Македонија се злоупотребуваше породилното.
    Јас лично имам овозможено на најдобра другарка да се стекне со породилен надоместок со тоа што ја пријавив еден меаец пред пороѓај кај мене.( потоа ја одјавив) 9 месеци или 12 ја цедевме државата:D За неа ако требаше и повеќе ќе направев, но....факт е дека права се злоупотребуваат. Јас иначе не бев 12 ни 9 месеци на породилно , жена ми ја чуваше малата.
    После го зголемија на 6 месеци рокот во кој треба да си вработен за да земеш породилно.
    Во мк и со пензии се прават далавери како и во светот нели , и со осигурување.
    Чекор по чекор може да се подобри положбата на мајки со многу мали деца.
    Сум била на 3 страни: работодавец, вработена и мајка. Се си носи тежина и никој не е незаменлив, освен мајката за своето дете, но дека 3 години 24/7 му треба, прва јас ќе се мрднев. Му треба и на 5 и на 7 години. Нормална здрава и по можност среќна.
     
    На WarriorAngel, Asparagus, Tan4ence и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.911
    Допаѓања:
    132.777
    Dentina, Ова погоре е кривично дело, избриши го делот од постот.
     
  13. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Ама кој им брани?
    Има закон, жено мораш да работиш?
    Нели рековме, ако не е за парите, за времето било, неплатени денови нека зема.
    Штом секако здравственото е платено за сите, нека си седи мама дома колку што и одговара.

    Не можеш ти работодавец да натераш да те плаќа за работа за која не си способен да ја одработиш. Капитализам си е тоа.
    А очигледно и државата ако не е во тесно, ќе гледа да те молзе колку што може повеќе. Не може местото да ти е загарантирано доживотно. Се разбира дека после 5 години поминати дома, ќе изгубиш кондиција макар за работа на скара во мекдоналдс.

    И ќе се сведе на тоа, дека сепак сме, а не сме рамноправни со посилниот пол.
    Не за џабе со векови било тато носи мама меси. Тато работи, мама чува деца. Живеат во заедница со родителите и си помагаат.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Па во некои држави законот им брани. Како кој. Очигледно не смеат ни да бараат ни да дискутираат, одма некој се чуствува како во џебот да му брцаат.

    Гледам на 5 години накачивме сега. За поголем ефект да имаат муабетиве дали. Со 2 години ишто не правиме, па мора континуирано да накачуваме.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Епа сигурно нема да роди едно, да се врати на работа после 2-3 години, да одработи 6 месеци и пак да остане трудна и јово на ново.
    Ете макар и 3 години да е, само за едно дете, колку ќе е конкурентна на пазарот на трудот ако на нејзино место вработиле 19 годишно момче полно со енергија.
    Зборувам за работна позиција што еве не е за со факс. Момчето е веќе 22 години, има искуство и сите обврски си ги завршува и пред време.

    Пак се сведува на таа '' нееднаквост ''
    Физички не сме еднакви. Само за работни позиции со интелект можеме да им конкурираме на мажите, тоа е факт. Ама ако си веќе на таква позиција, и по 11 години да се вратиш, одма ќе најдеш работа и баш ќе ти е гајле дали работодавецот ќе те сака назад или не.
    Дека нели, породилното државата ти го плаќала извесен период, здравствено секако сите имаат.
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Нејзина работа колку ќе биде конкурентна. Нека си ги процени она сама приоритетите, способностите и околностите. Нека и дадат шанса две години наместо една да остане дома, па ако сака нека ја искористи, ако не не мора. Мене не ми влијае ништо дали ќе искористи или не. На некој многу би му сменило. Зошто да не го поддржам во таа идеја не гледам причина.
    Да имав потреба и јас ќе направев така тука. Сигурно многу прават и не пропадна германската економија од нив.
     
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски
    Ама нели рековме, 24 месеци по 250 евра, ето две години се тоа. Здравствено секако платено.
    Што ја спречува да земе 1 или 2 години неплатено?
    Нож на грло ставаат во Германија или во Македонија, да МОРА да се врати на работа мајката?
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    А оти да земе неплатени кога законски и следува (тука) сето тоа.
    После втората година пола пола тука смее дури и трета година, неплатена, дома да седи ако сака. Не кажа ништо ново.
    Зошто да ми пречи такво олеснување за повеќе мајки, независно каде живеат. Ама ај, нека се тешат со англичаните и она познататото дека има бетер.

    Какви неплатени да зема?
    После породилното? Кажаа дека смее 3 месеци. Каква година две кажуваш?
    Тоа за тебе е олеснување и да се испадне во сусрет на фамилија со мали деца, да даде отказ, дома да седи, па после на ново да бара работа?
    Тоа е твојот предлог?
     
  19. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.299
    Пол:
    Женски

    Ама нели нејзин проблем ќе си беше колку е компетентна?
    А сега веќе е државен проблем?
    Нели време со децата сакаше, не пари.
    Не знам дали постои држава каде на сила те тераат да работиш, какви 3 месеци сега.
    Ако приоритет се децата и драгоценото време со нив, ќе си избере тоа и ќе си седи дома. И пак ке повторам, нели нејзин проблем ќе си беше колку е компетентна на пазарот.

    Мој предлог е сите да земаат исто породилно, 3 години.
    Пола од минимална плата, 36 месеци. Значи 18 месеци полна.
     
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Што зборите бе, какво цепкано, делкано надоместување, каде во светот ги има тие 2 па и 3 години ?
    2 години дома платени, некоја недела на работа, пак трудна и пак 2 години платени и така у круг до 3 4 што да не и 5 деца. Стажот да ви мине во седење дома.

    Како мали деца да пишуваат на темава, толку наивно и без општа претстава за тоа како фунционираат работите, за системот, буџетот, бизнис сферата. Циркус.
     
    На crazylady, nightingale, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.