Баланс, шансата за истиот е приоритет. Не зборуваме за категорија на лица кои не работат, кои не сакаат и не планираат да се вратат на работната позиција. Зборуваме за категорија која има потреба/желба, онаа првична фаза, породилно, да биде продолжена и повторно да работат. На некои со самата бременост им се кратат крилата. Дел поради приватните работодавци кои прават што сакаат а дел баш поради проблеми со чување на детето. Тоа е лошата реалност.
Па пола муабет ни е за за тоа каде во светот е така. Прочита што пишувавме пред да ни кажеш дека дека сме како наивни деца кои немаат престава што како функционира?
Па каде де, изнајдовте ли каде го има тој според вас совршен модул на семејна сатисфакција, финансиска и кариерна ? Кажи за да на време се преселиме, таму каде што плаќаат за да седиш дома со години. Никаде, еве да не се мачиш. Не ми одговори, како го замислуваш сето ова, ако се работи за повеќедетно семејство ? Ретко кое семејство останува на едно дете, повеќето идат на второ а во последно време и на трето. Свесна ли си за колкаво одсуство се работи и каков хаос би направил еден таков закон за бизнис климата а и за самите жени, како род кој сеуште го бара своето место на пазарот на трудот ? Не ми се ни почнува пошто ќе треба да куцам 2 саати и паќ ќе е малце. Наивност е слаб збор.
Поштеди се од куцање слободно тогаш. Еве и јас ќе се поштедам и нема по икс пат да повторам каде го има.
Dovolno e 1 godina doma,I da ne se zaboravi majkata deka pred se e licnost,zena e! Nisto pomalku majka ne e ako go ostavi deteto posle 1 godina vo gradinka,kaj dedo i baba ili zena da go cuva,tuku bas naprotiv! Kolku poveke sedi doma tolku poveke zaborava deka postojat i drugi ulogi shto gi ima,i se ke se svede samo na majcinstvo(da se razbereme toa e najubavoto no i najteskoto nesto). I majka mi i tatko mi rabotele i me cuvale babite pa sto? Da ne preteruvame so sedenje doma i samo cuvanje deca da ni bide opsesija. Bidete majki,zeni,borci ☺️
Има ,таму каде што се отидени мигрантите,Германија и Шведска.. Можеш еден куп години да истераш седејки дома како мајка и домакинка на сметка на држава. КАј нас, не може. А во секоја струка доколку си надвор 2-3 и повеке год.си аут . Наместо години дома,подобар закон би бил 9 месеци породилно и 9 пола работно време работа.(4 часа) Кој сака повеке ке си даде отказ,или ке носи во градинка.
На темава се согласувам со членките кои пишаа дека три години платено породилно може да биде само фантазија за нашава држава, па дури мислам и за западноевропските и скандинавските земји. Да се воведе нешто такво кај нас мислам дека уште после првите три години од примената, државниот буџет ќе крахира. Туку има уште еден аспект поради кој не ми се допаѓа и не ја поддржувам идејава. Како и многу пред мене и јас ќе го поставам прашањето, каде е таткото во целава приказна? Зарем тој не треба да се грижи за детето? Не треба да оствари конекција со него? Не треба да научи како да го занимава, храни, заспива, пресоблекува и слично? Или тоа е само одговорност на мајката, така? Кристално јасно е дека во првата година до година ипол, најнеопходна за детето е мајчинската грижа и љубов. Но, дали и до три години треба да зависи само и единствено од неа? Таквата приврзаност е нож со две острици. Може да придонесе понатака да не сака да се одвојува од неа, да не сака да посетува градинка, да не чувствува ист тип поврзаност и со другиот родител затоа што истиот се појавувал само 4-5 часа дневно за грижа, а сето останато време е со мајката. Во однос на коментарот дека мајките се девалвирани, односно се сметаат за затупавени поради останувањето дома со детето. Јас не би рекла затупавени, но дефинитивно би рекла дека ја губат кондицијата за одржување чекор со промените на работното место. Денес, кога речиси 90% од работните позиции се поврзани со употреба на различни компјутерски програми, три години отсуство од работно место е еднакво на изгубеност во свемирот кога ќе се врати на работа. Еден годишен одмор кога се употребува па после ве чекаат куп обврски и некакви промени со кои треба да се координирате, а не пак целосна исклученост во рок од три години. Сумирано, би рекла дека според мене година до година ипол платено трудничко е најидеална опција. За повеќе време од тоа нека биде на избор на родителите, секако неплатено.
Знаеш што, толку беше раширено, што не бев единствена. Застарено е. Плус не живеам веќе во Мк. Потрагично е што инспекторите кои ја контролираа мојата работа, правеа поголеми гадости. За кои се разбира имаше и докази, ама се забошотуваа по некое чудо. Да не наведувам оти не ми е во орбитата ништо од тоа повеќе. Да повторам, го сторив тоа за мајка со бебе која немаше врски да јс бутнат во администрација. Јас ЗА СЕБЕ не го искористив цело породилно, оти нели, приватно од мене зависи, па еве компензираб за "гревот". Ако сакаат модератори нека бришат. Не ми смета.
А некој ја направи ли воопшто математиката (во која ќе го вклучи наталитетот, платата и бројот на месеци на отсуство) да види дали е можно вакво нешто од економски аспект? Оти и тоа е битно, не само желби да се кажуваат.
Едно гугл пребарување ви треба, и таблица ви постирав на стр. 7 од дискисијава. Естонија, Литванија, Бугарија, Унгарија, Јапонија- според таблицата имаат повеќе од 60 платени недели. Сите мигранти баш таму не отидоа. Моделот за кој зборуваме ние е германскиот- породилното не е толку долго, ама државата плаќа родителско отсуство. Не сум чула еве дека работодавачите или државите пропаѓаат заради овие мерки. Цело време ја водите дискусијата кон оф-топик,кажувајќи приказни зошто тоа не би фунционирало и берејќи гајле за сите освен за своите интереси. Вас лично ќе ви биде лошо ако имате избор? Вас лично ќе ви биде проблем да може (не мора) да останете со дете подолго, без да ви е загрозена кариерата или егзистенцијата? А за тоа кој како ќе затупел и ќе изгубел конкурентост на работно место, аман веќе. Сите во светов во институции подобни на ЦЕРН работат, па ќе изгубеле тек. Знае некој колкава е разликата од Виндоус 97 до 10ка? Или може арапските бројки со римски ќе ги заменат, оти нејќат муслимански бројки Оти сите инаку дури се на работа (а не на породилно) постојано се унапредуваат и усовршуваат, на пример продавачката од одделот зеленчук ги проширува знаењата од оддел кондиторски производи. Во светот базиран на реална економија, има нов баз ворд- баланс на работата и животот. Јас лично се сремам кон тоа, ама секој како сака
Зависи како гледаш. Од технички аспект многу голема. Ако си корисник може не ти менува, ама ако си девелопер и тоа како менува.
А порано кога имало две или три години породилно? Всушност се повеќе се гледа на мајчинството како избор и како не толку високо достигнување во животот за разлика од порано кога тие што не сакале деца биле...отпад. Денес и мајките и немајките се со иста вредност и со ист придонес за општеството. И ова не е никакво обезвреднување. напротив, поголема слобода на избор е.
1. Те молам кажи кога имало 3 години породилно во МК. До пред 40 години гарантирам дека немало. 2. Мајчинство, и уште повеќе, родителство Е право на избор. Нема ништо погрешно во тоа да не сакаш да имаш деца, ни па да сакаш да имаш. Еве јас сакам. Ама заради мене. Не заради општеството да е среќно. И нефер е да нарекуваш некого отпад заради тоа што сака да прави со својот живот. Ова ти што го зборуваш е девалвација на жена на ниво на инструмент за раѓање. Одамна поминато е тоа време.
1. Tочно, немало. Ама во текстот поентата беше дека порано вредноста на мајките била многу поголема од денес и се воведе темата за породилно. Не знам порано какви придобивки и привилегии имале мајките кои денес ги немаат, баш мислам дека денес условите се каде каде подобрени. 2. Не, јас не ги нарекувам отпад, туку тие така биле сметани од повеќето, а и денесмногу накриво ги гледаат оние кои не сакаат деца. Пробај да разбереш прво. Инаку деца неќам и јас да имам.
Ги прочитав горе долу коментариве. Сите од жени.Прво ние не се цениме како мајки и жени, па после мажите и општеството. Видов еден коментар дека можело неколку години мајката да ја цица државата. Па што бе! Таа од тие пари ќе храни, облекува и образува на пример 3 4деца. Не ли ви пречат оние во фотељине кои скоро 30години ни ја цицаат државата,политичари квази директори кои секоја донација од негде ја пикаат во џеб. Не ви пречат јаките газди кои се богатат на ваш грб, на наша пот и труд, за кои ние сме им оставиле дете. Многу осуди многу. Може на некоја мајка едноставно не и се исплати да оди на работа, зборам еве за мали места со плата едвај до 12 500. Значи од тие пари купуваш храна за на работ, треба да се облечеш, треба да платиш градинка за две деца и превоз. И ? Два месеца боледување да земеш,нема ни толку плата да земеш. Точно е дека треба таткото да се вклучи во породилното , поделени да се улогите,зошто само мајката да жртвува кариера. Некој нема баби, некој нема способни баби за оставање деца.Крај краева што толку напинаме незнам. Никој нема круна да ни стави на глава ако сме совршената мајка од списанијата и бизнисменката од филмовите кои ги гледаме. Тоа се тие години кога ете еден дел од животот мора да трпи. Или мајчинството или кариерата. И не се согласувам дека после пауза мајката не е способна, барем денес во овој свет на нет, може да се надоградува и дообразува и да се врати назад уште поспремна. Ама тоа е мое мислење.
А татковците кај се. Се нешто мајките потценети, се нешто обесправени. Се нешто за доброто на децата дома требалод а се седи и тоа да се велича и од тоа да се прави онаа драмата жена, мајка, кралица и бла, бла. Ако веќе одиме да бараме еднакви права тогаш да зборуваме за мајчинство и татковство. И да можеби децата треба да бидат одгледувани од родители до 3 години и што ти не друго (иако за тоа нема некои силни научни докази, освен во првата година од животот), ама тоа не значи дека ете таа мајката/кралицата треба тоа да го прави. На детето му треба љубови и внимание од луѓе со кои постигнува стабилна поврзаност. Дали е мајка или татко или и двајцата ич не е битно (после првите 6 месеци ако бебето цица). Ако веќе одиме на еднаквост што бре не дискутирате за моделот кој го има во Шведска. Ако родителите сакаат детето да биде чувано дома подолго од 1 година тогаш дел од родителското отсуство мора да искористи таткото. И знаете што. До сега моделот дава супер резултати. Посреќни мајки и татковци, помала дискриминација на жени на работното место во споредба со сите други земји (вклучувајќи и другите земји од Западна Европа). Само ако улогите во одгледуцвање на детето се на рамноправна основа тогаш ќе имаме добри исходи. Вака само се јадеме меѓу себе. Само ако и таткото мора да земе родителско отсуство работодавецот нема да има основа да прашува жени дали планираат да раќаат деца, да им се даваат откази за време на бременост или брзо по враќање од отсуство, нема да пропуштаат шанси за унпаредување и слично (кои ги има и во учебници зашто постојат низ светот, не само во Македонија). Плус врската помеѓу татковците и децата е исто така битна. Со тоа што кралицата седи дома, таткото мора да работи како магаре нели па со тоа му се негираат неговите потреби за поврзување со децата. истражувањата од Шведска исто така потрвдуваат дека врските меѓу татковците и децата се менуваат, продлабочуваат и стануваат поинтимни кога таткото е главниот кој се грижи за детето. И тоа е добро за целото семејство. Така што ама со ова веќе мајките, па мајките. Дајте да гледаме пошироко. Вака како што почнавте да браните концепти испадна дека за 100-200 евра е проблемот.