Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девалвација на улогата на мајката

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 6 октомври 2019.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    100-200 евра не се проблем ако ги имаш. Ако ги немаш....малку нехумано е некој да ти рече пари не се проблем, ај и без тие, посебно за нешто што законски ти следува.

    Татковците чекаат да се отвори тема за нив ваљда, да не се чудиме до толку зошто во тема за мајката фокусот на дискусија е ставен на мајката.

    Малку забораваме дека не се сите по канцеларии, дека не работата сите по некои модерни стандарди и системи за чие работење е потребно континуирано надградување...
    Забораваме дека колку жени работат во пекари, супермаркети, конфекции, ресторани, бутици, продавници.. итн. Стотици професии има кои на жалост и се премалку платени и не треба екстра технички или софтверски познавања.

    Се кариеристи тука се собравме, затоа дали. Несфатливо ако некој работи за 12000 месечно а жената за чување дете ќе бара иста сума доколку не најде место во градинка или од икс причини не може/не се препорачува да започне од. 9 месеци.
     
    Последна измена: 9 октомври 2019
    На Kaetana, Yowannty, dunika и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.846
    темава е се, освен девалвацијата на мајката во општеството.
    мајката во општеството не е 9 месеци породилно. Ужас.
     
    На Kaetana, dunika и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Баш така.
    Насловот нема врска со воведниот пост и она што се вергла на 13 страни.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Напротив. Има голема врска.

    Освен некој ако мисли дека мајката допринесува за општеството само и единствено ако покрај мајчинството мора да се оствари професионално, по можност што побрзо.
    Не е деградација или негативно мислење за оние кои порано се вратиле на работа он и те како негативен став кон оние кои не го прават истото и се етикетираат со разни епитети.
     
    На Kaetana и bittersweet им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.846
    Ама девалвацијата не може да е само последица на породилното. Верглате ко само тоа да е.

    девалвација е и оти не оди на театар оти треба да пегала за дете куп алишта. девалвирана е од аспект дека не е дел од културата.
    девалвирана е од друштвото оти не оди на пијанки.
    девалвирана е и од мажот оти нема врема за ништо друго.
    Купишта примери.

    Вие мислите дека општеството е работата
     
    На Kaetana, JoyJoy и Asparagus им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Кој рече дека е само тоа. Повели, проверглај во друга насока, што плус придонесува за истото.
    Таман ќе се освежи темата.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.846
    Друг пример, за да ми дадат стипендија 10 пати се помиислија дали ќе можам оти имам дете, дали вредам да вложат 15 000 евра во мене. Не им беше нипт друго пречка освен детето
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Реален пример, според мене заслужува и сопствена тема, сосема друг правец од тој во кој е насочена оваа со воведникот пост.
     
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    А убедливо најдевалвирани се оние мајки кои порано се вратиле на работа.
    Една членка имаше отворено тема дека сака од 6 месеци да го носи детето во градинка, па јас мислам дека фалеше уште на клада да ја спалат.

    Така да муабетиве не држат вода, не е девалвирана улогата на мајката, туку девалвирани се мајките кои не се вклопуваат во општоприфатената дефиниција за мајка.
     
    На CameliaMiller, SexiLy, Amellie13 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.467
    Пол:
    Женски
    Мене ми е исто. Мене жената не ми е еднакво на мајка нити па имањето семејство ми е еднакво на мајка. И се додека се фаќате/фаќаме сите да се колеме дали жената би требало да има право да седи дома колку сака по добивањето деца на исто па исто ќе се вртиме и нема да мрднме.
    Работите треба да се гледаат пошироко. Треба да ги отвориме прашањата за еднаквост на половите и слично ( и што е машка, а што женска работа). Делумно жените се фаќаат за мајчинството зашто само таму се чувствуваат комотно. Само тоа е перцепирано во многу општества како баш женска работа и како жените се поуспешни во тоа од мажите. И баш за тоа зборува англиската верзија на текстот. За потценување на тој вид на работа. Ама ако така тесно се гледа се ништо не сме направиле. На пример типично женските професии се помалку ценети и платени од типично машките, има помалку жени во повисоките нивоа на менаџмент и слично.

    А жените со ова инсистирање на улогата на мајката сами си ги поткопуваат темелите за промена на вкоренетата позиција. Се додека се инсистира дека мајката треба да има повеќе права и дека е девалвирана се помалку ќе се цени нејзината улога. Се додека не зборуваме за жената општо (без разлика дали е мајка или не) ништо не сме направиле. На крајот од денот ја посочив Шведска еве сите нека направат исто, нека видат мажите како е да си по цел ден дома со деца и од тебе да се чека и ручек и е. Па тогаш да видиме дали нешто ќе се смени. Ама се додека не се поместиме од зоната на конфорот ништо не сме направиле.

    А ова е така луда тема зашто се инсистира на мајчинството и секое такво инсистирање ме вади од такт зашто мајките се дискриминирачки суштества. И сум осетила на своја кожа кога се борев со неплодност и кога мајки ме дискриминираа зашто немам деца. И тоа одеше до таму што еднашп една мајка кога се пожалив дека сум уморна ми рече дека не знам што е умор зашто немам деца. Така што медаљата има повеќе страни, не е само една. Често баш мајките се тие што сами се ставаат во таква позиција.
     
    Последна измена: 9 октомври 2019
    На CameliaMiller, Nausicaa, malerozna и 7 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    И мене ми е исто. Ниту имам потреба од некоја од сите горенаведени поволности за кои пишував ниту сум искористила.

    Само велам дека некој може има и сака.

    Некој сака порано на работа и е дискриминиран(се сеќавам на дискусијата и воопшто не ја нападна барем јас членката) некој може покасно.
    Едното не го исклучува другото, и едното и другото е неубаво. И за едното и за другото треба да се крене глас, некакво движење, било што да се промени. На толку многу сфери.
    Муабетот во оваа тема не е за општа категорија жени, туку за подкатегорија мајки, па дискусиите, тука барем, се во таа насока.
    Дискриминации има многу, скоро секој бил жртва на истите, не треба да се врти грб.
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    И мене ми е исто. Ниту имам потреба од некоја од сите горенаведени поволности за кои пишував ниту сум искористила.

    Само велам дека некој може има и сака.

    Некој сака порано на работа и е дискриминиран(се сеќавам на дискусијата и воопшто не ја нападна барем јас членката) некој може покасно.
    Едното не го исклучува другото, и едното и другото е неубаво. И за едното и за другото треба да се крене глас, некакво движење, било што да се промени. На толку многу сфери.
    Муабетот во оваа тема не е за општа категорија жени, туку за подкатегорија мајки, па дискусиите, тука барем, се во таа насока.
    Дискриминации има многу, скоро секој бил жртва на истите, не треба да се врти грб.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.165
    Ова они ти го кажаа?
    Тоа е дискриминаторски, не ни смеат да дојдат до моментот дали си мајка.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.846
    Па они ме финансираат и сакаат да се осигураат дека ќе идам на предавања кои се во странство. Не сакаат пари да фрлат у ветер. Ги разбирам.

    Ама класичен пример за девалвација на мајката. Не дали ќе биде 9 или 12 месеци на породилно.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.165
    Идиотски.
    Пари во ветер може да бидат осигурани со услови потоа, ама ова другово... недозволено е.
    Не ги разбирам.
    Вработив девојка која кажа дека е бремена, самата си кажа. Отиде на трудничко, се врати и испадна супер вработен!
    Се нервирам со вакви работи.
    Има начини кои се етички.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    Девалвирана била мајката,а таткото?
    Значи мајката е во ред да седи дома 3 год.држава да плаќа,работодавец да им чува работно место и се е супер,само не е девалвирана.
    Таткото во меѓувреме нема породилно родителско платено бар 9 месеци,да поужива и тој во родителството и обврските,туку мора да работи,многу фер навистина.:|
    Мислам,мајка може и засекогаш да остане дома или да работи 3 часа дневно,има избор,а таткото најчесто нема.
     
    На CameliaMiller, Billy Idol, Independent Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Нели имаше некоја промена во врска со ова? Не сум сигурна, но имаше некоја опција и за отсуство на таткото.
    Сепак првите месеци мислам дека мајката е попотребна на детето од аспект на доење и слично. И исто, и мајката треба да се опорави од породувањето, што посебно кај жени со царски рез е малку подолго. Па во таа смисла за мајката е неизбежно барем првите неколку месеци.
    Но да, секако и таткото треба да има можност да ужива во родителствувањето. Сепак мислам дека постоеше и во МК некоја можност и таткото да земе отсуство, но искрено деталите не ги знам.
    Мислам дека во тој случај се намалуваше породилното на мајката. Но не сум сигурна.
     
    Последна измена: 9 октомври 2019
    На Purplelilac, lovestoneddd и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Една бактерија да фати дете и да не се добијат чисти брисеви речи збогум градинка. А нели, немаат сите 200 евра (или и самите за толку отприлика работат цел месец) за дадилка и не сњ сите со баба сервис...и двајцата се и те како девалвирани, да.
    Знам и за тоа дека татко не смее да лежи во болница со дете итн.
    Ништо од тоа не е правилно но едното не го исклучува другото.

    Па да, може да остане, откако ќе ја избркаат или сама ќе даде отказ бидејќи се нашла во тесно па прават проста математика кој повеќе заработува и што е финансиски пологичен чекор.


    И сфатив. Не сакате ниту ден плус породилно, никаква флексибилност или олеснувања. Државата ќе се цица, не се само мајките мачни, сите жени се, и мажите се...
    Затоа од мртва точка ништо нема да мрдне. Јас ако се мачам и другиот нека се мачи.
     
    На Kaetana, Yowannty, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    Ако нема опција баба сервис или дадилка,може да земе ден и таткото нели,не мора само мајката.
    Кој ја девалвира?Самата таа.
    Може да се користат денови боледување за нега на дете до 3 год.

    Не те разбирам ,какво олеснување или флексибилност ако е терет за другиот родител.Тоа не е фер.
    И таткото е родител како мајката,и тој треба да има право да седи дома до 3 години.
    Но ,не ,тој ке работи,бидејќи ние мајки ќе користиме олеснување ,а тие ќе немаат право,нели?!
    Во ред е пр.тој да го гледа детето 1 час дневно пред спиење , а мајката да има 3 год.породилно,не, тоа не е фер,и апсолутно ти нема врска коментаров.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  20. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Нека седи дома бе таткото, девет месеци.или помалку мајката, ете до година и.пол.таткото на породилно. Таман полесно ќе се одбијат бебињата кои се на доење, веќе потешкиот пат е поминат, мајката е опоравена. Па после тоа градинка, баба, дедо. Ем мајката ќе се врати.побрзо на работа, ем таткото ќе ужива со детето, ем поголемко ќе е оставено не на 8 9месеца, па секој месец да земаш боледување оти се разболело. Ама дали некој маж ќе се нафати да седи дома 9месеца и да рече на породилно сум.Има исклучоци, ама повеќето не би. Само мајките што решиле да седат дома неколку години мора да се осудуваат.Сите знаеме како е дома содеца, да балансираш се затоа и така се осудува. Ете конкретен пример за девалвација на членката погоре. И.мене ми.се случи на интервју да ми речат дали си мажена и имаш дете (тогаш имав едно 2,5годбеше).Реков имам опција за чување ама тоа беше пречка за продажба на бела техника. Мн јака кариера па детето пречка ќе беше. Ама.кога жените сами си велиме некои работи како.на темава што да очекуваме.од работодавци.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.