Каков ден кога има бактерија? Недели, месеци не можат да добијат чист брус. Изгубило место во градинка. Која сум јас, која си ти, да кажуваме што е најдобро за семејство X, за нивните деца, за правилна распределба на финансии??? При проблем од било каква природа, финансиски тешкотии, здравствени проблеми на дете или сосем трето, секој сам, со својот брачен партнер одлучува што е најдобро за нив. И да. Некогаш животот те тера да бираш помало од двете зла. Они нека си изберат за себе.
Повторно не те разбирам. Се земаат денови Дани,и за бактерија и за вирус,и за дете болно,па не се сите работодавци монструми. Ги има и што имаат разбирање и ќе дадат и 3 дена без проблем. Кој избира за некого?! Или кој кажува?! Нормално дека секој за себе ќе си одлучи како може и сака,не јас или ти.
Некои со недели месеци бактерија не можат да исчистат, и детето дома седи, и место че изгуби без тие чисти брисеви....ти викаш не еден, три дена ќе добиеме. Блазе нив. Точно така. И јас викам, секој за себе да избере, да оставам простор на тие со поинаков избор од мојот сами да одлучат што е најдобро, не од старт да им го скратам истиот.
Значи ти чисто превентивно ќе земеш 3 години за да не дај боже детето ти фати бактерија ? Секоја мајка има право на боледување при болест на детето и тоа е законско право кое функционира у пракса и кое работодавците не смеат и не го негираат.
Какво превентивно. Упорно вртите муабети. Постојано велам право на избор, флексибилност, која определена категорија мајки би ја искористиле зависно од околностите во кои се наоѓаат. И јас не очекувам пола мајка да се истрчаат уште година да седат дома поради икс свои причини. Но секогаш има ситуации каде дел има потреба од друг услов,/критериум бидејќи се наоѓа во сосема други околности. Кажав обичен пример, прв што ми дојде на ум. Сакаш да го запише детето во градинка открива нема чисти брисеви. Не го примаат. Немаш баба сервис, жена да плаќаш со примањата кои ги имаш ти е нелогично. Се трудиш неколку недели, сеуште има детето бактерија... И? Докторот то вика дури дека не мора да се третира, нека се бори детето, они па и фит си е...Ама оние што бараат брисеви друго викаат. Ова сосема спонтан пример кој ли дојде. Секој си има свои причини сигурно. Муабетите за 3 години превентивно за бактерија на друг ако му ги кажеш може и убедливо ќе звучиш
Но некако мора да е и фер. Не може една да е три години, другата 6 месеци платено. Јас ти ја разбирам поентата дека бара жртва, земање денови, снаоѓање, ама тоа е животот. Инаку и три години да си дома, дете на 3.5 ќе се разболи. Баба сервис немаш. Чаре?
Не велам 3 години породилно да зема. Спремност да се постигне компромис(да не се цица државата де) а би се помогнало на некое семејство во незавидна положба. Не да биде идеално решение, но прифатливо за некој во зло да постигне по истото. Ниту муабет правам за 3 години, ниту па за повеќе породилно од онаа сума која првично била наменета. Едноставно флексибилност и воља да се помогне таму каде што е потребно. Едно е детето ич да не го примат, друго е да е веќе во градинка и измени болест.
Кaквa флексибилнoст oсвен бoледувaње? Демек aј дa рaзгледaме, дететo бaктеријa ти фaтилo, еднaтa бaбa вo друг грaд ти е, сo другaтa сте скaрaни, мaж ти не сaкa дa делите бoледувaње зaрaди дететo или дa зaмoли кoнтрa сменa oд твoјaтa дa oди дури не се излечи, женa не мoжеш дa плaќaш месец или двa, вo грaдинкa не те пуштaaт, кoмшивкa тинејџеркa дa пoчувa зa пoмaлку пaри не дoaѓa вo предвид...aхa, еве ти тебе 3 гoдини плaтенo. Следен!
@danichap Законско решение има, боледување за дете можеш да земеш. Може поентата ти е дека не се имплементира тоа добро во пракса? Дека на некои родители им прават проблем за боледувања? Тогаш проблемот е општествен, многу покомплексен, ама за тоа решение... тешко засега. Како и за многу други нешта.
Дa де, јaс мaјкa не сум, без бaби и дедoвци, мене 3 гoдини ме плaќaa дoмa дa седaм, зaтoa сегa немaм рaзбирaње. Сaмo вие сте мaјки.
Чекај малку сега. Со недели,месеци бактеријабез симптоми збориш Дани? Еве нека е така , што треба да значи тоа дека мора мајката да седи дома дур поминат сите детски болести Од друга страна па државата е флексибилна и имаш право на боледување и на нега на дете до 3 години,кое можеш да го продолжуваш додека трае бактеријата. Каде ќе изгуби место во градинка кај нас?! Не,нема да изгуби. Никој никому ништо не скратува,дискутираме. Јас мислам,а можеби и грешам дека оваа мерка што ти цело време најжестоко ја браниш на темава е привилегија за мајката ,а голема дискриминација за таткото.
Се извинувам што морам да ја тагирам @Lolipop23, се мислам дека лани малиот го изгуби местото во градинка бидејќи немаа чист брис . ОВА Е ТЕМА ЗА МАЈКАТА. Во соодветните теми за татковци сум дискутирала и ќе дискутирам за незавидната позиција која ја имаат во многу сфери. Ама едното не го исклучува другото. Напротив, истото би го барала и за таткото, зошто да не. Доколку е поисплатливо финансиски или од некоја друга причина они двајцата решиле дека он е вистинскиот избор за дома да седи а мајката да оди да работи, треба да им се овозможи. Флексибилност е баш тоа. Прилагодување на потребите на фамилијата, на детето.
Се утепа темата со тоа породилно, па породилно. Поентата на самата тема беше дека мајката не е веќе воопшто ценета како порано. Баш со тие мислења дека си родила дете, па сега мајка кралица, дрн, дрн. Сами си оспоруваме и деградираме една голема улога во која повеќето жени се стремат да се остварат. Како и за се друго, така и за ова. Наместо да бараме за себе подобри услови, да бидеме поценети, ние обратно. Сте се фатиле за таткото, па за таткото. Сите се согласија дека може и таткото да седи дома остатокот од времето, ама не, пак упорно ко контра аргумент се употребува. Ама, самите си правиме сѐ, секогаш жена против жена.
Постои компромис, и се нарекува боледување, за било кој од родителите, дали мајка или татко, за да му пружат нега на детето во даден момент.
Мене уште не ми е јасно зошто упорно почитта се изедначува со пари. Демек, ако се воведе три години платено породилно, веќе жените нема да бидат девалвирани? Па едното со другото нема врска. И да не се праиме на Тошо дека сите жени ќе го користат тоа платено седење дома за да ги воспитуваат децата. За @danichap секоја чест, ја имам читано, факт е дека им се посветува на децата, но има и еден куп мајки кои по цел ден пијат кафиња, дремат по социјални мрежи, оговараат и се замараат со секој можен чекор на свекрвата, золвата и јатрвата, намќорќи кои сите фрустрации и незадоволства ги истураат на детето, затоа што и нема на кој друг. Да не се лажеме, тоа што некоја родила дете, не значи по автоматизам дека сите треба да се клањаат. Почитта се заслужува, не се добива со раѓање деца, ниту па со платено породилно.
Ајде малку да се позанимаваме со дефинирање на нештата, многу работи се измешаа. Девалвација значи намалена вредност. Не е исто со осудување. Не е исто со дискриминација. Темава, девалвација на улогата на мајката, ја разбирам во смисла дека улогата мајка не е доволна за да и се признае на жена дека е вредна. Освен мајка (со лимитиран број на часови) за да биде признаена за вредна во општеството, таа треба и да работи, односно финансиски придонесува ( дефиниран број на часови). Помалата вредност на улогата мајка, секако произлегува од односот на општеството кон истата. Е со неа е поврзано осудувањето. Во америчкиот модел, бираш, или си фул тајм мајка, или имаш кариера. Без породилното, што не е ни битно во приказнава. Во македонскист модел (и пак породилното настрана) незнам колку кариера можеш да имаш, ама приморана си да имаш вработување. Нема врска што тие 12 иљадарки што ќе ги заработиш, не ти бркаат многу работа, побитно е што сите одоколу те убедуваат дека било многу битно да работиш. Демек тие пари за детето биле. Па после мајка растргната меѓу егзистенцијални, семејни и останати приоритети и притисоци. По себе знам дека не сум била доволно вредна затоа што откако имам дете, работам скратено работно време (луксуз кој во Македонија не постои). Вреднувањето ми е од Македонија доделено. Уште татко да натерам да работи на скратено работно време, комплет ќе бидеме девалвирани "Само ти си мајка? А другите како постигнуваат, само ти не постигнуваш, само твоето дете е специјално?"- Незнам дали е ова тој сјаен пример за девалвација ? Или ова е осудување уствари? Ма што сака нека е, доволно ми ја илустрира поентата. Ако некоја решила да биде ексклузивно и единствено мајка, тоа е нејзина одлука и е во ред. Ако решила да работи за 12 или 120 иљадарки и во ред и е, и тоа е ок.
Јас лично не се чувствувам како девалвирана што ќе се вратам на работа. Сакам да се вратам. Сакам да имам период од денот кога сум јас, а не нечија мајка. И сметам дека тоа ме прави подобар родител. Работам во смени, работам и викенди. Немам мала плата, ама маж ми има 4 пати поголема. Слободно можам да не одам на работа и нема значително да ни се промени животот од финансиски аспект. Ама еве поминав 9 месеца дома. Супер ми беше. Доста е. Ако сакате да седите дома со децата, апсолутно ве поддржувам. Да живеев во Америка, може и јас ќе терав живот како серијата "Seventh Heaven", ќе родев еден куп деца, ќе ги школував дома, и ќе живеевме само од на маж ми платата. Зошто daycare за 2 деца е повеќе од една плата таму, стварно не вреди да работиш и да плаќаш за чување на децата, освен ако не си богаташ. Платено породилно со години мислам дека не е во ред, на прабаба ми со 7 деца да не и дала државата пари? Ги раѓала зошто ако има само едно дете, утре нема кој да работи на имотот. Не сметам дека државата е должна да ми плаќа за да раѓам. Треба да ми овозможи заштита од дискриминација како мајка и жена, треба да ми овозможи дневен престој за прифатлива сума. Овие работи кај нас барем делумно се средени, може не е идеално, ама е многу подобро од повеќе од пола свет. Така да, ако сакате да седите дома и да чувате деца, супер. Ако сакате да се вратите на работа веднаш, исто супер. Девалвацијата се појавува кога сте приморани да го направите спротивното од тоа што сакате заради некој социјален или финансиски притисок. Светот не е идеален, и тоа нема да се смени. На децата ќе им требате цел живот. Ако имавме 2 месеца отсуство, ќе баравме 9. Имаме 9, па бараме 3 години. Да имавме три, ќе сакавме и 18 години. Човечкото око е ненаситно.
@RainBow Мислам дека во првото мислење имаше цел пасус посветен на тоа дека (парафразирам) мајките прерано се враќаат на работа, па оттаму тоа е бесмислено зошто плаќаат за други да им ги чуваат децата, па се врти тоа во круг. Така се начна темата за породилно. Јас лично не мислам дека жените што избрале да седат дома се повеќе девалвирани од тие што избрале да работат. Да, тешко е да се чува дете и да си цел ден со него. Да, јас имам бескрајна почит кон улогата мајка. Ама искрено ако девалвацијата ја сведеме на тоа дека таков бил менталитетот и околината пререкувала, мислам дека решението е многу едноставно, а тоа е да не се замарате и да си го живеете животот баш така како што сакате. Единствено гледам дека семејство кај што мајката не работи, може финансиски полошо да стои, што кај нас не е тривијално бидејќи повеќето семејства работат за основна егзистенција. Ама тоа е друг проблем и нема врска со девалвација на улогата мајка.