Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девалвација на улогата на мајката

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 6 октомври 2019.

  1. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не е доволна. Ај обратно, ако не си мајка, не си вредна како жена? Или ако си мајка небитно е каков човек си? Што си постигнал? Какви желби и и амбиции имаш?
    Улогата мајка може и не мора да е дел од жената, ама има и други аспекти по кои се вреднуваат луѓето, не само родителството. И не мислам само на финансии и кариера.
     
    Последна измена: 9 октомври 2019
    На CameliaMiller, Amellie13, Briar Rose и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.110
    Како прво цитирај ја целата мисла ,немој да вадиш од контекст.
    Како второ, никој никаде не го рече тоа што ти си го спекулираш.
    Како трето, ако некоја нема други амбиции освен мајчинството, зошто тоа не би било доволно? Како па тоа некому пречи?
    Ама важно е да се пријави активност, не е битно што и каде ќе пишеш:bow:
     
    На Kaetana и danichap им се допаѓа ова.
  3. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Еве го и целиот цитат. Болдиран е делот со кој не се согласувам.
    Пак ќе речам не мислам на кариера и финансии. Според мене не е еднодимензионален начинот на вреднување на личност. Не е само кариера/родителство.
    Секој од нас има повеќе улоги. Ти си истовремено и мајка, и партнер, и пријател, и граѓанин, и ќерка. И се тоа те дефинира. Не само мајка дали си.
    Целокупното тоа е како е човек вреднуван.

    Побогу во праисторијата жените имале повеќе од една улога во општеството. Не знам во чија корист е упорно да се сведува само на мајчинство.

    А за тоа каде што пишувам, валјда имам право да пишам мислење? Не е тоа поентата на форум, да размениме мислења и да дискутираме? Или тоа може само ако имам ист став ко тебе?
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Точно, но во темава коментираме за улогата мајка и како на неа се гледа денес, не за нешто друго.
    Затоа да се задржиме на темата. :)
     
  5. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Во ред. :)
    Всушност доста се дискутираше за позицијата на мајките денес, за вработени и невработени мајки на темава, и за нивните предизвици, поделбата на обврските, ама тоа исто испадна не беше цел на темата. Но во ред е :)
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    И кoгa вo минaтoтo мaјките биле вo пoдoбрa ситуaцијa пoштo велиш сo тек нa време се девaлвирa нејзинaтa улoгa? Мaјкa ми и скoрo сите тетки и стринки знaм декa цел живoт рaбoтеле, oсвен кoгa принуднo oстaнaле без рaбoтa aмa тoa веќе привaтизaцијa и немa врскa сo темaвa. Немaле плaтенo пoвеќе oд 9 месеци, не им пoстилaле рoзи првите три гoдини пoсле пoрoдувaње кaде и дa oдaт...зa бaбите пa дa не пoчнувaм, бебетo и нa нивa. Кaкo биле пoвеќе вреднувaни?
     
    На Amellie13, dunika, Briar Rose и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.110
    Не мора да се согласуваме. А во основа, потполно се соласувам. Ама темата е за улогата мајка, не за жената и сите нејзини улоги. Сите наведени улоги ме/не дефинираат и во ниеден момент не сум ја водела дискусијата дека жената треба да биде само мајка. Ама секој треба сам да ги прави своите избори, не да му се наметнуваат.
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.466
    Пол:
    Женски
    Ама текстот беше дека улогата на мајката е денес повеќе од кога било девалвирана. Затоа и историски примери се даваат и поврзувања со други сфери и слично. Јас еве не знам кога мајките ималр подобар третман. Колку што знам порано деца се раѓале и на нива и ни ден за опоравување немало. Во тогашните заедница една до две жени останувале дома ама готвеле и переле на рака за 20 луѓе. Не дека порано пиедестал се правел за жената кога ќе роди дете.
    Или сега пошто и ова е спротивно на оригиналниот напис исто ќе го извртиме па ќе дискутираме само за сега дека е девалвирана а во однос на сега и само сега и сега.
    Форум е се изнесуваат различни мислења.
    Еве јас сум од тие со поинакво мислење. Мислам дека е баш лошо да се двои улогата на мајка од остатокот од животот на жената.
    Инаку ако некој одбрал да седи дома и да гледа деца нека гледа ама тоа е личен избор. Исто како што е личен избор да се работи. Толку. Не знам зошто за личниот избор треба да се добиваат аплаузи и пиедестал. И пак ке кажам не може само за мајчинство да се дискутира без татковсто.
     
    На Lolipop23, Briar Rose, JollyGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    На 19 години порано, после завршување на средно, мажачка, работа и дете. Сега со 30 и кусур ниту ден стаж имаат, се омажиле, родиле и кукаат тешко им било, некој да им плаќа на раат до 3 години детето да си го изгледаат. Нема проблем, до 40 ќе те почекаме да почнеш да придонесуваш за општеството.
     
    На dunika, WarriorAngel, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Штом се согласуваме дека на форум дискутираме и не мора да се согласуваме, те молам во иднина немој да ми ги девалвираш ставовите велејќи дека ми се напишани само за некаква активност. Фала ти од напред :)
     
    На Purplelilac, Sejfullai и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.110
    А како точно го гледаш придонесувањето за општеството? Со деновите стаж? Ај елаборирај малку, може ќе ја сфатам поентата.
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Што е тешко да се сфати?
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Наместо ние жените сами да се бориме и бодриме, да имаме опции и да сме почитувани секогаш, ние не, ќе си збориме голема работа мајка била, сега орден да и дадеме. Наместо да си гледаме да имаме избор (за разлика од порано кога морало да се мажат и деца да раѓаат, а денес мора да се работи) и да можеме ако сакаме да го изгледаме детето, сами да сме свесни која улога ја имаме и кој удел во животот на детето, ние не. Сами ќе си викаме голема работа мајка била пфффф, што направила, носела во себе уште еден живот, телото го приспособила за тој живот, потоа од своето тело го ранела тој живот, кој понатаму треба да го исправи и воспита да е член на општеството кој исто треба да придонесе. Ништо битно.
     
    На Kaetana, simona_baby и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.466
    Пол:
    Женски
    Ама има избор и денес не мора да работи. Каде пишува мора да работи. Нека не работи личен избор, договор со маж и слично. Никој никому пиштол не ставил да работи.
    А за воспитување браво за размислувањето дека мајката го воспитува детето. Немам што да кажам. Зошто бре мајката треба да го воспитува детето сама, освен ако не е самохран родител.
    Освен што биолошки таткото не може да роди и дои дете што е пречката да биде рамноправен партнер во сите обврски околу децата и во домот. Зошто се мора на мајката да падне товарот па мајката да се чувствува девалвирано. Да самите сме си свои непријатели зашто сами си го бараме па потоа кукаме.
    А ако има договор дека жената ќе работи по дома, а мажот ќе носи пари тогаш зошто жената или мажот треба да добиваат посебни признанија. Договор е во семејството.
     
    На Briar Rose, nightingale, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.790
    Пол:
    Женски
    Па сами и ги правиме нашите избори.
    Има скратено работно време и кај нас,регуларно по закон.
    Така избор имаме,полно, скратено или ич да не работиме.
    Кој како му одговара и сака.
     
    На CameliaMiller, Briar Rose, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Вусшност тоа е сржта, мајката не работи и не придонесува, значи не е вредна. Не е доволно тоа што е мајка, тоа не се смета за работа.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    И тогаш работеле и денес имаат избор.
    Ако сме жени не значи дека за секоја твоја фикс идеја треба да те поддржам за да бидам солидарна.
    Деца воспитуваат и мажи и жени, колку важност си даваш како мајка (што е ок, лично чувство е) ама да бараш и од другите да гледаат на тебе како на чудо, уште споменици да почнат да ни градат како мајки. Ок е да си кажеме колку сме горди или колку не исполнува мајчинството, ама ти претеруваш.
    Ако не била вредна немало ни 9 месеци да и' дадат. Тоа што барате не знам колку е друга работа.
     
    На Rebecca_R и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Јас претерувам или вие претерувате? Истото е со сите раѓаат, голема работа, што се мислиш ти дека си, со јас мајка кралица.
    Што па, лошо да не ќе ни дојде од споменици и да ни се клањаат сите. :D
     
  19. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Да, секоја нормална мајка ќе му пружа неизмерна љубов, воспитување по сопствено убедување и бескрајна поддршка на своето дете. Секоја сака да помине време со детето.

    И вие одите со претпоставката дека имате доволно финансии и дека можете да си го дозволите луксузот да бидете дома со своето дете. Не е светот толку совршен.

    Еве и мајка ми можеше да рече јас ќе воспитувам деца дома и максимално да ни се посвети нас. Ама кога во критичен период татко ми остана без работа, без просперитет за вработување, мајка ми беше единствен извор на приходи дома. Така што не е само што сакам, туку и што ќе ти донесе животот.

    А самохраните мајки? Ги прашува некој они дали сакаат да се од америчко сценарио и да седат дома со децата.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ај ти кажи си, ми се седи дома, ми се читаат книги по цел ден, ми се игра со дете, не ми се оди на работа. Не туку не маткај со текстови од психолози и филозофии. Ок е, и мене не ми се работи :D
     
    На Rebecca_R и Asparagus им се допаѓа ова.