Не додржа да не ме ставиш ко предмет на дискусија, иако индиректно проба, ама не успеа. Не знаеш ти јас што правам и како правам, затоа задржи се на темата, а не сум тоа јас.
Кој очекуваш да ти се клања кога 99.5 посто од луѓето имаат деца? Или очекуваш мажите да ти се клањаат пошто татковците според тебе се помалку вредни од мајките? И чудно како кукате за поголема почит за мајките, а темата за свекрви е полна со кукања за мажи што биле мамини синчиња и немале гз да и кажат на мајка им да не доаѓала и слично? Па нели тоа се бара, мајката да се стави на пиедестал, да се цени нејзината жртва?
Ама зошто упорно продолжувате за татковците? Темава е за мајката и како се гледа на неа. Да отвориме за татковците и ќе збориме таму. Плус, веќе неколку пати се пиша дека и татковците може да преземат дел, буквално никој не беше против тоа.
Значи сепак за парите било. Ни на 6 месеци, ни на 12, ни на 24 да се дели. Не е за времето, за парите е. Беља е да земеш ИТ позиција или менаџер на компанија и после да исчезнеш на 3 години. Враќањето тешко ќе е. За касиерка, ресторант, бутик, работа се има во секое време, секако е за иста плата, зошто има потреба од чување на работното место.
Сега се навратив на првиот пост и подобро прочитав -во последните 150 години улогата на мајката постепено се девалвира 150 години човече, кога раѓале по 5 или 6 деца најмалку и се молеле машки да се да има кој да работи И била ценета само кога ќе дојде време да раѓа
Зашто жената е таа која најмногу претрпува со раѓањето на бебето. Физички, психички, кариерно, секако. Зашто жената е под лупа. На крајот, зошто да не? Интересен беше текстот за дискусија, не само за во Мк, туку и во светски рамки. Ама мораше да се фатиме за некои технички работи.
Не знам зошто упорно се поставувате како жртви на општеството и системот. Да се биде родител не било лесно никогаш, ама денес е полесно од било кога. Имаш избор дали ќе родиш или не, дали ќе абортираш или не, дали едно, две или пак три ќе чуваш, дали ќе работиш или не, дали ќе го чуваат баби или градинка, имаш 9 месеци породилно, право на боледување, порано ни толку немале, има разни надоместоци во вид ма финансиска помош ( не дека е нешто износ да се обогатиш ама верувам дека прави разлика ) порано немало, ствари околу бебе за сечиј џеб, памперси ( порано во пелени па на раце премивале измети ). Како тоа порано повеќе била ценета улогата на мајка не знам. Не сте реални.
Јас како што го сфаќам текстот е дека порано се знаело колку е важна мајката за бебето и која била нејзината улога. Мајката го доела бебето, мајката се водела според своите инстинкти. Едноставно таа била сѐ што му е потребно за да преживее. Денес не е така. Денес мајката се враќа веднаш на работа (во случајот на авторката), а бебето го чуваат странци. Природата на бебињата се менува бидејќи веќе не може да се одговори на неговите природни потреби. Тука веќе се гледа дека улогата на мајката не е тоа што била.
За близнаци следува 15 месеци породилно. Инаку се слагам со секој збор од постов Не ја разбирам поентата на Реин еве и после 16 испишани страни.
И за ова имаат право да се жалат таму каде породило имаат неколку недели, до 3 месеци најмногу. Таму и боледување знак прашалник е и неплатен одмор. Од неколку недели до барање за 2 или 3 години, огромна разлика има.
Во Македонија, барем во мојот крај никогаш не било вака како што опишува текстот. Раѓале дете, се опоравувале и назад на поле или со стоката. Или на река да перат, или да готват за заедницата во која живееле. Бебињата една ги чувала. Валда истата таа шо готвела. Тоа е, морале да произведуваат за да се хранат. Преживување. Зборувам од тоа што ми е кажано од баби/дедовци, со оглед на тоа дека таков живот виделе. Среќна сум што не е веќе така.
Дали ти сериозно мислиш дека пред 150 години, во времето кога според тебе, се ценеле жените, на некој му било гајле за психичките промени по раѓањето? Кариерни не постоеле, од причина што немале кариери тогаш жените. Абре до последен ден на нива работеле, по амбари се пораѓале, а после 40 дена ем деца глеале, ем куќа крепеле, со готвење, перење на рака, носење вода од чешма, грижа за стоката... Многу му било гајле на мажот за психички промени коа се враќал мртов гладен и уморен од копање нива...битно му било дома на трпезата јадење да има, се да му е стокмено...и не му паѓало на памет да чува деца, да готви или да пере, тоа било исклучиво женска работа. Е такво било времето кога според тебе се ценеле мајките.
Не беше тоа за тогаш, се однесуваше за денешно време. Инаку, тоа време пред 150 години е време кое авторката го навела во нејзиниот текст.
Значи треба да се враќаме пак на дното од патријархатот. Некој се борел во наше име за да жените имаат живот и после донесување на нов живот, да имаме избор дали семејство или кариера или пак и двете во исто време, сега не чини. Луѓето кои работат по институциите се можеби странци, ама повеќето од нив се професионалци и имаат учено за правилен раст и развој на бебињата и децата. Не секој родител е спремен за одгледување на дете кревко како сламка и не секое дете чувано во домашни услови, е подобро по било кој критериум у однос на децата растени во градинка. Од моја лична околина, предност давам на градинка. Децата се поопуштени, поспретни, посамоуверени, подружељубиви.
Ми падна во очи мислава. Можеби има и такви кои сметаат дека мајчинството не е работа, такви кои ја потценуваат грижата за едно кревко битие. Јас лично сметам дека мајчинството е битна улога која ја извршуваат оние кои сакале да се остварат во истата и навистина се за воодушевување оние мајки кои се посветени на истата. Но Реин, зарем мајчинството не е работа за цел живот? Зарем мајка нема грижи за детето цел живот? Без разлика дали станува збор за настинка додека било 2 годишно дете или 20 годишен студент, еднакво ќе се грижи. Токму затоа и се зборува со страни уназад дека е избор родителството, а кој понатака носи низа други избори кои мора да бидат направени. Еден од нив е и изборот мајката да остане дома да го расте детето и до 5-тата година ако сака, но тоа не може да биде на товар на државниот буџет после 9-тиот месец.
Во Мк зборуваш за професионалци? Кои учеле за правилен раст и развој? Не знаеш очигледно уште кој се е вработен по градинките и како, ама знаеш кај живееме и какви ни се системите во секоја област, па ќе ти кажам да претпоставиш. Професионалци. Друго, на бебе не му треба градинка, што знае бебе да прави и какви потреби има? Дете од три години веќе има потреба од социјализација, кога е и препорачано да тргне во градинка. Друга работа, знам дека ме сфаќате ко да сакам да се вратиме во време жена дома чува дете, маж носи леб, ама не е така. Не го кажувам тоа и сум страшно против тоа. Сум за жената да може колку сака да одвои време да се посвети на деца. По нејзина желба. Без притисок. И потоа да има услови пак да се врати и да продолжи со тоа што сака. Дали можеби додека е со децата ќе одбере некој курс да е во тек, дали ќе се дообучува, било како, ама ако е по нејзина желба не знам зашто да би имало проблем. Сакам општеството да не ја отфрли таа жена, туку да и пружи можност да си ги изгледа децата (до три години, од кои ако се во согласност и таткото да земе дел, како се договорат, се по желба). А не жената да се гледа како цицач од која веќе ништо нема да биде понатаму.
Да, авторката навела дека денес, за разлика од порано, не е доволно мајката да биде само мајка и ништо друго. Јас те прашувам дали ти сериозно мислиш дека за една жена пред 150 години било доволно да биде само мајка и притоа да не работи ништо друго? Кога викам работење не мислам на вработеност во класична смисла на зборот, тоа и да сакала не можела, туку на рмбање по дома и по ниви. Дали со цел памет мислиш дека нашите прабаби можеле да си дозволат 24/7 да бидат со децата и да не прават ништо друго? Готвење, чистење, перење на рака, ткаење и шиење облека за целото семејство, грижа за стоката, работа по ниви...сето тоа го правеле мајките, и за разлика од денес немале избор, ниту пак имале породилно, ни од 3 месеци, ни од 3 години, ниту можеле боледување да извадат. Така што мислењето дека мајките порано можеле 24/7 со децата да се занимаваат е само илузија, баш напротив на децата тогаш им се обрнувало мнооогу помалку внимание во споредба со сега. Дали знаеш дека на бебињата им давале афион за да спијат додека мајката работи на нива?
Може сме читале различни извори, ама препорачана возраст за градинка за дете е 12 месеци на повеќето студии, барем јас што сум ги читала. Што поголемо е од 12 месеци толку поверојатно да манифестира анксиозност при одвојување од родителот (separation anxiety) со оглед на тоа дека има веќе формирана дневна рутина со родителот. Но сепак на темата, кое е решението кое ти го предлагаш за тие 3 години? Не разбирам, зборевме дека темава не е породилно нели, а пак се враќаме на тие три години? Ќе може да објасниш што точно мислиш за тие три години, платени се или неплатени? Ако се платени кој ги плаќа? Ако не се, какво решение предлагаш за семејства кои немаат доволно финансии само од платата на таткото?