Порано се знаело само улогата на мајка колку е битна, од сите можни улоги на жените. Жената била сведена на машина за раѓање деца и домаќинка. Дури и таа важна улога се знае како ја вршела - прво во колку неудобни услови, потоа без никакви знаења како што си ти поткована и внимателна со истражувања за детската психологија. Таа битна улога понатака во животот на бебето кога преминува во дете, се вршела така што било нормално да работи папучата и ќотекот, и пренесувањето на патријархални вредности при воспитувањето без трошка преиспитување. Дај те молам Реин, ти не си само модератор тука, туку се имаш и покажано како преинтелигентна, начитана жена, со феминистички ставови. Текстот, посебно со тврдењава за минатото, е брука и е неодбранлив, одбивам да верувам дека е близок со твоите ставови, само пристрасноста ти работи. Токму ова е тоа што нас помладите нѐ плаши читајќи ве во темине за родителство, дека со истото често следи и да си го прилагодиш и промениш сопственото јас, и не во баш позитивен правец...
Грешка си. Никој нит ја спречува ниту општеството ја отфрла во нејзините желби да ги изгледа децата,но тоа воедно значи и дека дека тие 3 год.треба да бидат финансирани,тоа не е возможно освен со некои политики за подигање фертилитет бидејки да финансира некоја држава мајка 3 год.не е воопшто реално ни за богати држави.
Не сите, сaмo oние штo имaaт пoтребa, нaпишaв пoнaзaд кoи се услoви требa дa ги испoлнувaш Дa дoдaдaм -дa си мaјкa нaд мaјките и дa си гo сaкaш свoетo дете пoвеќе oд другите мaјки.
Ооо, па фала ти, јас мислев сум само мајка што сака да си седи дома, да си чита книги и да не работи ништо. Текстот си е текстот, интересен беше за развивање дискусија. Кажав поназад што всушност јас мислам и како според мене би било најдобро секој да си има избор. Другото веќе се е вртење во круг, па ќе се завртиме пак за породилно, па треба пак модели да објаснуваме и веќе... Ќе го препуштам тој дел на @danichap.
Завртете го муабетот вака: Дали сметате дека мајката е помалаку вредна од жена кои сеуште нема деца? Дали општеството смета така? Апсолутно да. И треба да се бориме да не е така, а ние на темава се бориме да докажеме декатреба 3 години државата да не плаќа. Државата не е единствената која не девалвира, сите не девалвираат. Работодавците, професорите, па дури и другарките. Ретки се оние што викаат, браво за мајката, туку, колку тоа што е мајка ќе и смета во работата, во учењето, во разговорите со другарките, во излегувањата?
Баш напротив, во МК кажи дека не сакаш деца, или не се омажиш "на време", тек тогаш колку си девалвирана... Нешто не е во ред со тебе. Инаку тоа за работодавците што го зборите не е девалвација туку дискриминација. И законско решение има, ама нема добра имплементација. Неколку пати прашав, кои решенија ги предлагате? И решение не е секој да си има избор. Секој веќе има избор. Мора да е аргументирано, издржано и возможно. Вака само се вергла дека некој што има поинаков став е женомразач и не сме се поддржувале. А јас познавам повеќе мајки кои успеале да бидат прекрасни мајки на своите деца, а сепак да придонесуваат финански дома. И да излегуваат. Без баба сервис. Со градинка и добра организација со партнерот. Зошто па да не им дадеме нив признание? Зошто друг не би го можел тоа?
@Cka ептен реално и финансиски изводливо е секое одење на пат мајката да си го носи мажот и детето со себе. Мислев јас научни фантастични тука кажувам. Ама секој со својата мака изгледа, него што му треба, па тоа на другиот неважно е.
И пак се ставате во улога на жртва исклучиво ради фактот што сте мајки. Ти самата околу твојот случај за финансирањето на стипендијата, рече дека ти е разбирливо и оправдано зошто те прашале дали ќе раѓаш од аспект на потребите на проектот и огромните вложени финансиски средства во тебе, сега велиш те девалвирале. Еве ти да си на нивно место, како би постапила ? Некои ствари бараат тајминг и сите без разлика дали сме родители или не, кратиме од едно за да постигнеме на друго место, и обратно.
Ма за какви девалвации,финансиски средства или породилно отсуство коментираме.Поаѓам од тоа дека на каса никој ред не ти пушта со мало бебе кое плаче,никој не ти помага количката да ја кренеш,место во автобус не ти отстапуваат,во банка со мало дете ако влезеш очи превртуваат.Ние немаме емпатија прво.Како да заборавиле како е да си мајка.А не е воопшто лесно,дури мислам дека една од најтешките улоги во животот е да си родител.И да не треба да ми симнуваат капа што сум мајка,ама вака или така воспитувам дете кое утреден ќе биде допринос во ова општеството.И со самиот тој факт треба да си има разбирање кон мајката.
Реков повеќето. За жал постојат и во таа професија луѓе кои не се ни блиску да ги пуштиш до деца, ама тоа се изолирани случаи, кои за жал ја прават големата слика, а не треба. Има прекрасни воспитувачки кои не добиваат доволно кредибилитет заради првите, кои на работното место даваат се од себе влакно од глава да не им фали на децата. Секако дека тие низ чии раце минале стотици деца, знаат подобро од една просечна девојка која родила, еве за пример да се земам себе, да родам утре, би се осеќала дека детето е во загрозена состојба, ради фактот што немам појма околу бебиња и нивното чување. Баш тоа бебе нема ни да се сеќава дали мама во неговите први две години од животот била дома, ниту можеш да му пренесеш некои навики и воспитни мерки, тоа после 3та година.
Додека мајката дои. Тоа не е секој ден, а доењето трае најмногу 2 години. 50 евра спиење у хотел една ноќ, е ништо у споредба со твојата желба 3 години да зимаш породилно. Замисли колку пари ке треба да обучу друг колега, кој ќе го има знаењето како мајкава? Затоа, поевтината опција е оваа. Ем мајката работи, ем дедето задоволно, ем работодавецот задоволен, се за 50 евра. Реков разбирливо, не дека оправдувам. Сфаќам дека е ризик да дадеш 15 000 евра во некој кој нема да иде на предавања и испити, кој мозокот му е бебето, кој е надвор од државата цела година. Мене ми дадоа стипендија од 15 000 евра, и покрај тоа што имам дете, иако тоа беше прашање кое го поставија. Но премногу бев добра за да можат да ме испуштат. Верувам да не бев толку добра дека ке речеа, дека сум ризична заради детето. Што ако им речев дека планирам оваа една година да бидам бремена и не можам да одам со авион? Или 15 саати во автобус? А они трошокот го направиле, вложиле пари во мене.
Немам желба да земам 3 години. Никаде не сум ни пишала такво нешто. Јас предложив флексибилно решение до 2г на пример каде ниту цент плус породилно не би се дало..... Ама твојот пост е доказ дека секој си е фокусиран на сам себе, на своите потреби и потребата на категоријата во која он се наоѓа. Во случајов мајки кои се враќаат на работа после 9.месеци(или порано) и си сакаат вакви/такви олеснувања оти стварно не било лесно додека бебчето е мало. Оти и оние се девалвирани, оти кариерата или детето ќе "трпи" во ваков случај итн. И сето тоа е така. И јас сум за, од мене има поддршка и оваа идеја. Ама себично е да се минимализира или целосно негира проблемот на некоја мајка која е во сосема друга животна или професионална позиција.
Не, не и не. Прво, не се изолирани случаи. Има добри воспитувачки, но некомпетентните не се изолирани случаи, за жал. Во последно време само колку слушнав што се вработиле партиски, допирна точка немале со деца, сега тоа работат. Друга работа е што во групите се многу деца, а колку и да е компетентна нормално и разбирливо е дека не може да им се посвети на сите. Ти со едно ќе се мислиш, а замисли две со триесет. Нема да се сеќава бебето? Дали си прочитала за првите три години од животот и што сè се случува тогаш? Нема да се сеќава мајка му дека била, тоа бебе се што знае е мајка му и нејзиниот мирис. Тогаш се гради врската за веќе кога ќе е три години да можеш да го воспитуваш. Треба да имаш врска и комуникација со детето, ама што зборувам, до што дојдовме на темава, не ми се верува дури.
Па ете доказ дека не си дискриминирана. Постојат жени на многу јаки позиции кои имаат деца позади себе, ама бременост за време на круцијален проект е друга инстанца. Нема да те земат нормално. Тајминг и прилагодување е потребен. Шансата за тој проект ти била еднаш, во дадениот момент, дете можеш да родиш и наредната година. Луѓе низ светот со поголеми професии постојано донесуваат компромиси за воспоставување баланс меѓу приватниот живот и бркање кариера, па пак постигнуваат. Тоа е едноставно животот. Нема и јаре и паре. Еве ти да си на место на организаторот, дали би вложила 15 000 евра во жена, ако ти рече дека планира да раѓа баш таа година, а тоа подразбира отсуства, не можност за патувања, не можност за давање на полн потенцијал ?
Вака како што се пишува, ако работиш до 3 години детево ќе те заборави не само како мирисаш, туку дека воопшто постоиш. Децава од родители што работат практично сами на себе се оставени. И мене не ми се верува што сѐ се пишува.
Па ете @lovestoneddd така вика. Секако не се сеќавале ништо децата првите две години. Сеедно работи мајката или дома седи, се ќе заборават значи. Џабе дискусии толку страни.
На што се сеќаваш ти од твојата прва година од животот ? Или прашај ги децата твои ? Зарем децата растени во градинки се помалце приврзани за своите мајки отколку оние кои се чувани дома ?
Периодот на најголема стимулација на едно дете е токму од најмала возраст. Учење на вештини, стекнување нови способности, надокнадување дефицити.... И не врти муабети и не ми вметнувај нешто што не сум кажала. Не, не се. Само ти кажувам дека не е толку едноставно да рече мало е детето, секако ништо не се сеќава.... Не е тоа точно.
Значи само поединечни деца се осетливи и теба да има прилагодувања само за одредени во однос на чување дома, пошто нели не е изводливо сите по 3 години од дете дома да седат, значи само одредени, по нивна желба, ко другите едвај чекаат 9 месеци да пројдат па да го дадат детето во рацете на тие неспособни и партиски вработени воспитувачки во група со 30 деца. Како е оваа идеја корисна и изводлива за сите мајки и деца да ми се објасни.