Ова ми звучи на извадок од бихевиористичка книга. Те молам кажи ми на што вештина ќе научиш 9 месечно бебе и со какви способности ќе успееш да го обогатиш ? Сериозно прашувам.
Има деца што на оваа возраст сеуште не совладале техника вртење од стомак на грб и обратно. Други тоа го прават на 4-5 месеци. Се препорачува создавање услови за истото, соодветна подлога, стимулирање за истото, број на вежби/обиди по 10-15 минути на ден итн. Ова е еден пример само. Доволен е?
Дека не се сеќава, не се сеќава. Дека иако не се сеќава, има круцијална важност периодот во развојот, има. А дека доволна е само мајката без социјализација со други деца, не е. Битни се двајцата родители и битно е дружење со други деца. Барем тоа е мој став базиран на тоа што сум читала и од искуства на мои блиски.
Ми се допаѓа шведскиот закон за породилно отсуство. Платено е 80% од платата, трае 16 месеци, и можат и двајцата родители да го користат. Иначе, кај нас може и таткото да користи 90 дена... само што многу помалку се плаќа. 15 му се исплаќа 'надоместок' - кој не е дефиниран прецизно, а за останатите 75 дена, му се исплаќа надомест според моменталната минимална плата.
Секако. Со родителството го прилагодуваш и променуваш сопственото јас. Веќе не си приоритет, сносиш одговорност за друго битие, сеедно дали си мајка или татко. Е сега од твоја моментална перспектива не е позитивен правец, ко ќе преминеш на другата страна можеби ќе изгледа поинаку Ако преминеш, не велам дека мора.
Их бре се експерти за одгледување деца тука. Па првите три години најбитни па бла бла. ПИСА тестовите кажуваат дека колку подолго време (мерено во години) децата поминуваат во предучилишни установи толку подобри резултати имаат на ПИСА. Знаете зошто? Има програма која следи и има луѓе што учеле за таа професија. Плус самите деца едни на други си помагаат во развојот (има нешто што се вика зона на нареден развој zone of proximal development). Седењето дома со мајка е можеби добро во ситуации кога мајката има напредни знаења од одредени полиња. Затоа статистички подобро поминуваат оние од градинка, особено ако се од семејства со родители со пониско ниво на образование. Не за џабе кај нас сега УНИЦЕФ и Светска Банка најголемите парк ги даваат за изградба на градинки и модернизација на програмата. Е сега на 3 години се јавуваат првите другарства и социјални игри ама тоа не значи дека пред тие 3 години на детето не му треба социјализација. Пред 3 вежба за она што следи. А ако сакате да го следите Фројд кој причините за многу психички тешкотии ги лоцира во детството неговата граница е 5 години. Ова со 3 ви е пак Велика Британија, Франција и слично бидејќи во нивните системи децата под три години не се згрижуваат во државно субвенционирани установи туку скапи приватни. Над 3 таму почнува предучилишен систем да функционира и во Велика Британија тие се дел од од основни училишта.
Се стави и ти во експертите или како? Вика сите експерти тука се правите, а потоа се прави најголем експерт од сите. Да сумираме зашто е лошо мајката да има избор да остане дома, како што гледам едните се поради финансии, зашто да биде издржувана мајката на некој начин само зашто е мајка, другите се дека ако мајката одбере да остане дома, тоа е чекор назад од она што веќе сме го направиле. Така е или не се разбираме пак?
Замислете, на ПИСА тестовите Естонија е ранкирана на 5то место. Истата Естонија што е рангирана на 1 место според мајчински/ родителски привилегии. И Јапонија, на двете места во првите 5. Германија а на 13то, УСА на 31во. Незнам како едното го исклучува другото. Македонија е стандардно најдолу. А 9 месеци е породилното. Нешто друго ќе да е проблемот, можеби образовниот систем? Еве ја табелата http://factsmaps.com/pisa-worldwide-ranking-average-score-of-math-science-reading/ Спојлер: ПИСА Program for International Student Assessment (PISA) is an international assessment that measures 15-year-old students' reading, mathematics, and science literacy every three years. First conducted in 2000, the major domain of study rotates between reading, mathematics, and science in each cycle. PISA also includes measures of general or cross-curricular competencies, such as collaborative problem solving
Да по формално образование сум експерт и замисли имам успешна кариера во Македонија во полето на моето образование. Цел живот со тоа се занимавам затоа и се нервирам и реагирам на паушалност. @Biljarkata јас мислев на корелации во рамките на самите бази на ПИСА, значи статистички значајни корелации https://mobile.edweek.org/c.jsp?cid...ew/?uuid=230D8E9E-D431-11E6-BF8A-3099B3743667. Не да ја видам едната база па јас сама да споредувам земји и да си влечам паушални заклучоци. Да квалитети на системот е битен ама во сите земји без разлика на квалитетот резултатот е ист.
@JoyJoy не ти ја негирам компететноста,можеби паушални ми се заклучоците. Не ја негирам ни важноста на вклучување на децата во образовен процес. Ама, како што рековте, ако дете на 2 години не памти дали било со мајка или во градинка, сигурно ни математика нема да научи на 2 години. Би сакала малку да се фокусираме на децата, впрочем за нив мајките зборуваат. Просечно дете од 9 месеци, уште не оди, уште не зборува, незнае ни да јаде побогу. Кои специјални вештини ќе ги развие во образовна институција, кој подобро ќе се грижи за него од посветена мајка (не прејудицирам дека сите се посветени, ама за такви е темава, за такви кои би сакале да им се посветат). И зошто никој не се осврнува на психолошкото здравје и стресот кај децата, како тие реагираат на одвојувањето од родител? Навистина би ме интересирало, еве, експертско па и полуекспертско мислење. Во земјата каде живеам, ете сметаат дека е во ред, дете да биде со мајка до 2-3 години, не мора ама може. Деца што не знаат да одат не примаат во јасли, деца со пелена не примаат во градинка.
А ние сме на убедливо последното место во Европа, а имаме 9 месеци латено породилно, плус 3 неплатено и боледување од 3 години на сметрка на државата. Ова е заради непособниот образовен систен не заради тоа дали биле дома чувани децата. Има мајки што не се ни вработени па имаат лошо воспитани деца, со кецови...
Е така де. Никој не рече дека децата од мајка ексклузивно гледани, се супериорни. Затоа и ја напраив паушалната споредба. Да не мешаме баби и жаби, да се држиме на темата. Впрочем, може и спин-оф да се направи од оваа тема кон тема за децата и образованието, домашно или формално, сметам дека би било интересно да споделиме информации и мислења.
Мислам дека дете пуштено на 9 месеци во градинка ќе се навикне на тоа, на 3 години нема му е чудно што е таму а не дома.
Сингапур на прво место на табелата на Писа. Одлично. Истиот Сингапур кој според вас, би бил окарактеризиран како една од најлошите држави за одледување деца согласно законите за родителство. Знаете ли колку е породилното во Сингапур и на која возраст децата се праќаат во воспитно образновни установи ?
Ok, значи нерешено сме. Се согласуваме дека ова едното нема врска со другото, а ниедно нема врска со темата.
А ако ете навистина се воведе тоа три години породилно, ама детето испадне насилник во школо, кој е крив? Да ги враќа ли после мајката парите зашто лошо го воспитала? Браво можам да ѝ речам на некоја мајка тек кога ќе видам каква личност е детето на 20 години, не на 3.