Тоа со 3 години неодење на работа за детето да е добро воспитано е само оправдување. Моето дете е од 6 месеци без мене. Најодговорно тврдам дека нема никакви уназадувања ради тоа. Јас одев од 4 години во градинка а брат ми од 8 месеци. Брат ми е препаметен, можам вода да му носам. Течно зборува 4 јазици од кои едниот сам го научи, има висок просек од факс, и е доста успешен на работа. А по логикиве требаше јас да бидам паметната дома И пак муабетот нема врска со темата.
Образовниот систем не е толку ужасен колку што се тврди. Напротив, нашата држава брои млада интелектуална сила со одлични умови, планови, проекти и одговорност. Можностите за реализација се проблем, не (не)информираноста и експертизата на младите во поедини професионални подрачја. Секоја една жена во државата е идна потенцијална мајка и тоа дефинитивно треба да се земе во предвид. Не е само породилно отсуство од девет месеци, туку целокупното растење на детето не може да го следат учителките. Ако толку се захтевни одредени професионални подрачја тогаш нека вработат само стерилни мажи и нека не се замараат со реперкусиите кои произлегуваат од потребите и улогата на жената. Мада мислам дека не постојат толку високи позиции со огромни предизвици на кои три години ќе им направат драстична разлика во перформансот на мајката која отсуствувала ама добро. Но, дури и да е така таа мајка сигурно дваесет и четири часа нема да посвети на детето сите три години, туку по нешто и ќе чита, учи, едуцира во рамките на својата професија.
Јaс пaк се чудaм oд кaде тoлку пaметнa, психички стaбилнa и здрaвa кo дрен...не oдев вooпштo вo грaдинкa. Имa лoгикa
Па не знам за вас, ама мене на пример и на некои овде од такви размазени невоспитани дечишта одењето во школо ни било пекол. Ама океј, нивните мајки знаеле најдобро, не треба никој да се меша. И има овде девојчиња што се разбираат од економија па ви кажаа како стојат работите и дека тие три години само на сон се можни.
Многу се 3 години да се плаќа породилно отсуство. Нашата па килава економија, 9 месеци и' се терет.. не пак 3 години... Иако, многу жени што ги знам, а се во работен однос... порано од година не тргнале на работа... Најчесто со вадење боледување... посебно тие кои работат во државен сектор. Според мене, оптимално би било година и пол. Таман, оди, зборува... знае да се заигра...
Две деца со иста дијагноза а различна работна позиција на родителот ќе добијат различен третман. Не е убаво. Ама знаеме дека е така, свесни сме сите. Затоа и пишав на @WildMk дека е реторичко.
Па, не би рекла дека е девалвирана улогата на мајката, туку напротив. Стапувањето во брак и раѓањето деца се смета како највисоко достигнување во животот на една жена. Барем во овој свет во кој живееме. Доста примери имам од секојдневниот живот каде оние кои не се омажиле/не родиле буквално ги сметаат како општествен отпадок, безвредни, себични и сл. Нема врска колку си образована, начитана, колку имаш постигнато во животот, ако не си се остварила како мајка си никој и ништо. Тоа е се' освен девалвација на улогата на мајка. Напротив, не се сеќавам да имам чуено некој да кажал лош збор за некоја која одлучила да не работи туку дома да седи и деца да гледа. И извинете вака, ама тврдењето дека порано мајките повеќе се ценеле ми е смешно. Се спомнаа погоре примери каков живот имале нашите баби и прабаби и тоа доволно кажува колку се ценеле тие во улога на мајки, па како и жени воопшто. Баба ми и дедо ми береле тутун до последен ден на бременоста на баба ми (кога била бремена со татко ми). Тој ден кога и почнале болките решиле да не одат на нива туку кај бабицата да ја породи. Неа никој не ја прашал дали сака да одмара пред или после раѓањето. Работата не чекала, тутунот ќе се исуши ако не го обериш и после нема пари. А ужасно им требале со оглед на тоа што седеле под кирија во комшии и сакале да ја градат куќава каде сега живеам. Сега секоја жена има избор дали ќе се насочи кон кариера, дали ќе раѓа и колку деца ќе раѓа, има право на породилно платено 9 месеци. Порано можеле само да го сонуваат тоа. А и 9 платени месеци мислам дека се сосема доволни, од една страна што преголемо отсуство од работа значи дека заостануваш зад другите колеги и губиш кондиција, и од друга побитна страна што буџетот просто и едноставно не може да издржи да плаќа години за седење дома (еве и јас како иден економист истото го помислив кога читав на почетокот од темата). Ами што правиме со тоа што најчесто се оди и на второ, трето дете? Ќе седиме дома 10 години? Битно платено да е. Кога ќе размислиш убаво, тоа реално е цицање на државата. Богати држави не го издржуваат тоа, камоли нашава напатена Македонија. Многу е нерационално и неповолно. Не ја потценувам улогата на мајката, сфаќам дека е една од најтешките работи да се грижиш за друго суштество и да го изведеш на прав пат по кој ќе биде од корист за општеството. И јас во иднина можеби ќе одлучам да имам едно дете, иако сега ми е незамисливо да раѓам. Само мислам дека животот е многу повеќе од размножување, еден човек е многу повеќе од (идна) родителска улога.
Кај нас? И за то зборат. Мрза, затуцана, некапена, појма нема од животот, цел ден шпански серии гледа, додајпожелба
Не ми сте јасни сите вие што вредноста на жената ја мерите само со имање на деца, седење со нив ТРИ години. Па ќе затупееш, мозокот ќе ти се исуши, ќе изгубиш кондиција да вршиш било што друго. Еве после факс четири месеца не бев вработена (иако работев по дома, не живеев со моите, и имав фриленсерска работа) и мислам дека ми влијаеше многу ментално. Јас сум за породилно отсуство за двајцата родители подеднакво, наместо да се оштетува само едниот родител. Три години е премногу и ќе придонесе до дискриминација на жената во секоја сфера на нејзиното постоење освен во таа улога на мајка. Пример во Кина каде што скоро ја укинаа забраната за имање повеќе деца, работодавците не сакаат да вработуваат жени бидејќи се плашат дека ќе имаат повеќе деца или нема да се вратат на работа па не им се исплаќа да ги тренираат и усовршуваат. Жената не е само мајка, таа има сопствени амбиции, соништа, способности. Дајте не се девалвирајте самите себе си.
^И оштетена, оти на породилно нели. Не можеш со сила да дадеш, со сила можеш да земеш. Тоа ти е Дани. Кина, Хонг Конг и слични културолошки блиски и многу познати системи треба да ни бидат репер, не таму некои еу булшит комуњарски политики. Не била улогата на мајката девалвирана. Улогата на мајката воопшто не е потребна. Ваљда роботи се новото ин чудо, не му треба човештво на светот.
Жено, што зборуваш како Кина треба да ни е културолошки репер за женски прашања? Земјата каде што со децениите жените се стерилизирани и имало масовни кампањи за контролирање на репродуктивните права? Друго, Кина е комунистичка земја и ден денес.