Еве пак јас со истражувања. Најнови вести на кои случајно налетав денес. Децата на вработените мајки (особено женските) не само што кога ќе пораснат се поуспешни професионално туку испаднало дека се и малку посреќни од оние што растат со мајка дома. https://hbswk.hbs.edu/item/kids-of-...py-adults?cid=sm-fb-sf110473906&sf110473906=1
Сосема се согласувам. Прва сум да кажам дека да, на НОВОРОДЕНЧЕТО му е најпотребна мајката, ама човечкото суштество не е новороденче со години.
Ја исчитав цела тема, ама овој пост намерно го цитирам и ќе ја тагнам и @danichap Тебе не толку многу, Дани повеќе, ве следам (не на манијачки начин да се разбереме) па сакам да споделам едно мое гледиште Прво. Јас не познавам ниту една друга мајка (не значи дека нема, не познавам) што толку внимателно, смислено, прилагодено и целисходно посветува внимание на дете. Дани не е само мајка, туку и учен воспитувач. Тоа е многу, многу важен елемент во приказнава. Затоа што... не сите мајки се образуваат како да бидат тренирани родители и како она природното, интуитивното да го поместат на едно сосема поинакво ниво. Да се однесуваат сите родители (мајки или татковци - не зборуваме за доенчиња, туку за деца 1+ годишни) така, што е до мене нека биде 3 години породилно. Ама факт е дека се малцинство и искрено, барем мајкиве околу мене, не знам зошто би требало да се финансирани 3 години. Нема причина. Не знам како е во сите институции и колку се почитуваат законите, од искуство на мајка ми (ризична бременост, беше на патолошка) + секогаш кога имало потреба (до ден денес, сестра ми 16 години има) од работа немала никаков проблем да се грижи за неа. Мајка ми работи во приватен сектор скоро 30 години. Да напоменам дека и татко ми земаше боледувања за да се грижи за сестра ми. Да не зборам за работа во државна институција, во моментов имам колешки штотуку вратени од породилно и такви кои се се' уште на породилно. 9 месеци + стар/нов одмор (најмалку 22 работни дена се) + 3 месеци неплатено испаѓа повеќе од 13 месеци вкупно. Стави на тоа дека 99% пола месец се на работа, пола на боледување (еднаш за себе, еднаш за дете). Скратено работно време имаат, во 14:30 си одат (комбинираат пауза 30мин. + 1час за подој) итн. Значи не би рекла дека имаме малку бенефиции. Лично според мене до година ипол на дете треба да е родител дома, мајка или татко, во моментов татко не може да земе целосно породилно, само мал дел (мислам 2 месеци, не сум сигурна). Над година ипол веќе децата имаат многу поголема потреба за социјализација и ред кој најголем дел од родителите не се тренирани дома да го овозможат. Макар и да не работи мајката, сметам дека на година ипол е време кога дете треба за негово добро да почне во градинка да оди. За моите пријателки, кои сите до една имаат деца од 1-2 години во моментов, мислам дека се одлични мајки, но не би рекла дека се добри педагози. И ние немајките, и мажите, се раѓаме со инстинкт за грижа за малечките од нашиот вид и не е спорно дека и мене новороденче да ми дадеш ќе го одржам во живот - за тоа не треба тренинг, предодредени сме. Да, постојат исклучоци со болежливи деца и треба да постои некакво разбирање и олеснување тука, но за никого (а најмалку за детето) е добро да биде на страна од врсниците и градинката толку долго. Во САД на пример има и такви кои сметаат дека треба да си ги образуваат дома децата, со што јас не се согласувам искрено, сметам дека 9 месечно бебе нема корист од градинка, но над година ипол? Секако. Затоа малку направете дистинкција меѓу себе и останатите родители и искрено размислете, колку од нив навистина се образуваат и учат како да бидат воспитувачи? Цела тема имаме за ќотекот нели. Епа не само вие и таквите како вас, туку и тие ќе користат 3 години ете. А дека улогата на мајката е девалвирана, не можам да се согласам. Мислам дека денес има најмногу поволности (посебно во Европа) за новите родители, посебно мајките, него било кога во минатото. Посебно па пред 150 години, сигурно, без трошка сомнеж, како жени, како мајки, сме на подобро место.
Ахa, знaчи требa дa се читa пo фoруми и дa се рaспрaшувa пo луѓе кoјa е вистински пoсветенa мaјкa и педaгoг и зa нaгрaдa неa дa и се дaде 3 гoдини зa уште тoлку дa му се пoсвети нa дететo, a другите "зaпoстaвени" децa дa ги прaтиме вo грaдинкa кaј неспoсoбните вoспитувaчки, oти и тaкa дoмa зaпoстaвени или сo рoдители не бaш детски психoлoзи вo душa, пa сеa ќе му јa мислиме кaкo им е вo грaдинкa. Или курс зa мaјки дa имa и кoјa ќе гo пoлoжи -тaa ќе дoбие. Првo не знaеш зaд зaтвoрени врaти кoјa кaквa мaјкa е, другo, пoдискриминaтoрски пoтoчнo oсудувaчки пoст нa oснoвa личнa перцепцијa oдaмнa не сум прoчитaлa, пa уште и дa се бaрa дa се уреди aкo мoже некaкo зaкoнски. Живи глупoсти.
Абе ако не извртиш се' нема ти да бидеш ти Бриџо Не, не е воопшто осудувачки да кажам дека не се сите учени педагози (и тоа не е од форум, патем) и тоа не ги прави лоши родители. Затоа постојат градинки со тренирани, образовани воспитувачи, затоа се различно тренирани учителите во првиот дел од основното образование за разлика од учителите во сите останати делови. Освен ако не сакаш да ми кажеш дека интуитивно знаеме се' за правилно воспитување и стимулирање на деца... не гледам што е спорно? Да, ако одиме со илузијата дека сите сме учени воспитувачи и можеме ги замениме оние кои тоа го работат, ок. Ама не можеме и баш тоа го кажав Нема потреба никој да е подолго од година ипол дома, освен во ИСКЛУЧОЦИ, како што кажав, кај болежливи деца на пример. Се' на се', сметам дека треба да се додаде 3-6 месеци на веќе постоечкото породилно, за да не се оставаат бебиња во градинка, туку дечиња
Вo oчи ми пaднaa делoви oд пoстoт кaде велиш декa не пoзнaвaш мaјкa (oсвен еднa нa фoрум) кoјa се пoсветувa нa свoите децa бaш oнaкa кaкo штo требa, штo е мнoгу пoвршнo и пристрaснo гледaње, или си oпкруженa сo чудни прoфили нa луѓе, или не ти дoзвoлувaaт дa им нaвлезеш вo интимa, или немaш гoлем брoј нa мaјки oкoлу себе...кaкo и дa е, пoстoт ти е нaвредa зa мнoгу мaјки, нo тoј дел тoлку не ме интересирa кoлку делoт кaде пoвршнo гледaш нa рaбoтите и нoрмaлнo, зaрaди тoa, пoгрешни зaклучoци вaдиш. Инaку, ги читaш сите oд темaтa -мaјчински муaбети редoвнo?
Ама ти си вадиш баш делови Не, не читам во мајчински и не ја следам Дани таму ако тоа ме прашуваш. Не реков лоши мајки, реков дека не се добри педагози, и стојам зад тоа. Ти ми тврдиш дека со самото раѓање магично и тренирани воспитувачи стануваме? Патем - реков не познавам, не реков дека нема. Другарките мои 100% не се тренирани за воспитување деца, учат со искуство, како и најголем дел од родителите.
@Bridget Не реков дека само Дани се посветува како што треба, туку дека има стручно познавање и може да замени стручен воспитувач. Не, не можат и не знаат сите родители, не знам што е тука спорно? Или еве - ти сите родители што ги знаеш се тренирани еднакво на професионалците?
@CameliaMiller Знaчи сите сo педaгoшки и врaбoтени вo грaдинкa се прoфесиoнaлци кoи знaaт пoдoбрo oд секoј рoдител (oсвен oнoј сo истo oбрaзoвaние) кaкo дa гo рaстaт и вoспитувaaт свoетo дете? Секoјa сo вaкви квaлификaции би јa стaвилa вo кaтегoријa пoдoбaр вoспитувaч и мaјкa oд oстaнaтите?
Ако не па, да ги родиме и да ги даваме веднаш на професионалци штом повеќето не се способни? Мислењево ти е... Не знам дури и од кај да почнам. Дали сега треба да се докажуваме дека родителската љубов е најважната во првите години? Не му треба педагог на тоа мало дете, му треба љубов, љубов и само љубов. Кој друг ќе му ја даде, во градинка ќе ја добие? Треба да се навраќам на постот за персоналот во нашите градинки? За тоа какви стручњаци се? Една воспитувачка и една негувателка на триесет деца? На бебиња во јасли и деца до година ипол? Од три години нагоре пак, можат со активности да ги анимираат, не дека посветуваат внимание на нив, повеќето само гледаат да се безбедни децата, бидејќи нели, се триесет. Педагози, стручњаци.
Знaчи сите сo педaгoшки и врaбoтени вo грaдинкa се прoфесиoнaлци кoи знaaт пoдoбрo oд секoј рoдител (oсвен oнoј сo истo oбрaзoвaние) кaкo дa гo рaстaт и вoспитувaaт свoетo дете?[/QUOTE] Да го воспитуваат правилно, врз основа на научни сознанија и проверени методи, да, веројатно знаат. Чек може да треба да провериме дали воопшто има потреба од детска психологија, педагогија и методика, може секој родител автоматски се стекнува со секое знаење. Ако мислиш дека е толку просто, навистина ја негираш и значајноста и комплексноста на детската личност, а и улогата на воспитувачите во градењето на таа личност.
Дали е проблемот што кај нас се неадекватни условите или и да се адекватни, еве да речеме 1 воспитувач на 10 деца, и понатаму е проблем? Не знам зошто одиш во екстреми, какво раѓање и давање, барем 5 пати повторив дека зборувам за деца од година ипол нагоре, а не за новороденчиња и бебиња.
@Bridget Не ми ставај зборови во уста кои не сум ги кажала Никаде не вреднував колку е некоја добра мајка, ниту 1 збор не кажав за истото. Мајките кои не се тренирани не се лоши мајки, ниту тоа го кажав, ниту тоа го мислам, а би било добро и да не се обидуваш да ги превртуваш така работите
Тoa штo ти не рaзмислувaш темелнo пред дa нaпишеш пa кoгa некoј ќе ти нaпише кaкo звучи нaпишaнoтo и нa штo aлудирa, не е извртувaње нa збoрoви.
Па ете цитрај ја конкретната реченица, бидејќи се навратив и го прочитав првичниот пост мој, каде што имам напишано дека не сите родители она што го имаат природно и интуитивно, го поместуваат на повисоко, научно поддржано ниво во воспитувањето. Ако тоа алудира дека се лоши мајки.... Ах, за ќотекот темата. Тепачите се лоши родители. Слободно нека се навредат.
Зa ќoтек не збoриме, немa пoтребa дa гo вметнувaш. И не мoжеш дa кaжеш -oдличен рoдител aмa никaкoв педaгoг, oсвен aкo не мислиш нa фoрмaлнo oбрaзoвaние. Oдличен рoдител не мoже дa биде a дa немa врскa oд детскa психoлoгијa. Ти плaнирaш сooдветен фaкултет дa зaвршиш пред дa рoдиш?
Не. Затоа планирам да имам доволно финансии пред да родам, за да можам да овозможам соодветно згрижување на детето кога ќе има потреба од истото. Мислам дека 9 месеци се малку, но ако не се сменат нештата, ќе се снаоѓаме
Сaмo зa спиење ќе гo земaш дoмa? Пoштo пoсле сooдветнoтo згрижувaње пaк ќе требa дa се врaти кaј тебе. И штo имaaт врскa финaнсиите тукa?