Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девалвација на улогата на мајката

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 6 октомври 2019.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    266.797
    Веќе е глуп муабетов, знаеш?
    Карикирање до немај каде :)

    Имаат врска финансиите многу, ама пошто нели мене за мене ме праша, ти одговорив што е за мене исправно.

    Мислам дека доволно го образложив мислењето, а знам и дека на слична тема имаме дискутирано, па да не се повторуваме.
     
    На Spidy и Tan4ence им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.037
    И медицински не е лошо да се заврши, пошто нели секое дете се разболува:lol:
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    266.797
    ^ тоа е тоа забегување од реалноста.

    Не ни треба никој до 18, само мама, сеспособна е |(
     
    На SexiLy, lovestoneddd, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па како што кога ќе се разболи детето или пак општо за редовни прегледи се носи на доктор зашто родителот не е лекар, така и се носи во градинка, школо за да се социјализира, образува и низ игри и активности да учи зашто родителот не е психолог и педагог.
    (Освен тие што се наведениве, ама и тогаш треба и одење на лекар и школо)
    Самиот родител си има своја улога во неговиот развој, а социјализацијата и образованието своја.

    А да бидеме реални - колку родители би го однеле детето кај стручно лице ако врши насилство врз други деца или приметуваат дека општо има некаков проблем? Верувам многу малку.
     
    На SexiLy, Someonespecial, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.037
    Продолжи да веруваш Тане.
    Многу ме интересира до кај може да оди темава8-|, уште страници поназад предложив да се разграничи...

    Без сарказам овојпат,(y). Да не се оставаат бебиња во градинка, туку дечиња.
    @CameliaMiller Каме, никој не рече дека мајките се сеспособни. Нормално дете мора да се вклучи во формален образовен процес, да се носи на доктор, ако има проблем да се решава со соодветен специјалист. И сето тоа го прави родителот, мајка, татко, сеедно- го носи, го зема, пишува домашно... Не беше тоа тема на муабет, муабетот беше дали имало или немало девалвација на улогата мајка.
    Па ни кажаа дека сами сме се девалвирале, кога сме сакале да се посветиме на дете, со време и љубов (навистина без педагошки и медицински дипломи) оти сме се исклучувале предолго од пазарот на трудот. И тоа е тоа, отприлика. Оти капиталот е поважен од децата ваљда, штознам:?:
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    266.797
    Да, ама јас во моите постови не го ни начнав тој аспект, па несоодветна ти беше зезанцијата затоа.

    Во однос на капитал/деца, може и да се лажеме и да фантазираме, ама без капитал децата ќе ни умрат.
    Е до толку баш.

    Само не сакам да дискутирам од тој аспект затоа што немам познавања од правен и економски аспект на нештата, ама дека можеме да си дозволиме 50% од работоспособните третина работен век да поминат дома на товар на државата... не знам баш.
     
    На Tan4ence, lovestoneddd, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Ако некако магично ова се случи, тие што се со по 8+ деца на социјална помош, ќе почнат да раѓаат по 15 деца. Уште тоа ни фали. Е тек тогаш колку ќе биде вреднувано да си мајка... баш тогаш мајките ќе бидат со најнизок статус.
     
    На Tan4ence, lovestoneddd, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Јас и после х страни не прочитав аргумент кој би ја потврдил девалвацијата на жените мајки денес.
     
    На referentka, Tan4ence, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Не? Јас па во х страни читам само тоа, дури ете и неспособна е за децата да се грижи и неедуцирана.
     
    На bittersweet, WildMk и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    266.797
    А сакаш да ми кажеш дека оние про ќотек темана се едуцирани?!
     
    На Tan4ence, lovestoneddd и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.037
    Такво слично нешто имало, во Норвешка. Во градинка ги прашуваат еве што сонувале, што јаделе дома, дали биле на прошетка во природа, со други зборови дали се дома огледувани според државните препораки. Во реалност не изгледа многу забавно:worried:

    Ако читаат законодавците- Аман немојте идеи да добивате:x
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Јас еве не го сфатив така. Никој не и рекол на мајка што седи дома со бебето дека појма нема што прави. Муабетот е дека само затоа што сме родиле не не прави спремни да одговориме на сите развојни потреби на бебето. На почетокот да, кога на бебето му треба само храна и гушкање, ама не кога на детето му треба стимулација. Колку се поголеми, толку повеќе им се потребни родители, баби и дедовци, негувателки, учителки, соученици и другарчиња, и соочување со реалниот свет. Дома со мама едноставно не можат да го добијат тоа. Мајката дава љубов, неизмерна љубов, ама од љубов не се живее.
    Од друг аспект гледано, и наједуцираната мајка не може да го научи детето што значи да си дел од група ако се двајцата сами дома. Или како да ги дели играчките со други деца. Или како да чека ред на лулашките. Прости примери давам кои за мене се легитимни причини зошто детето треба да оди во градинка. А од моја страна, и 15 деца да родам, еден ден ќе пораснат и ќе имаат свој живот, и тогаш не сакам да ми е криво што немам што да правам во денот. Одењето на работа не е само општествена потреба, ти дава шанса да се движиш во поинаков круг на луѓе, да разговараш на други теми освен бебето, да се најдеш во поинакви ситуации кои те развиваат како личност, нешто што дома нема да го имаш со мало дете.
    Во друга тема имам пишувано, времето што го поминувам посветена на себе (да се наспијам, да пијам кафе, да работам) мене ме прави подобра мајка. Времето што го поминувам со детето го ценам максимално, доаѓам освежена, и уживам во секојдневните "бебешки" активности.
    Не дека мора така сите мајки да размислуваат, само сакам спротивната страна на дебатава да ја претставам.
     
    На Lolipop23, mal.ecka, darcy и 7 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Јас не сум за да е врзано детето со мајка му цел живот. Најидеално ми е првите три години да си е дома чувано. Потоа веќе може да се разговара со него, да му се објасни, некако многу повеќе разбираат и веќе имаат потреба од социјализација. Пред тоа играта им е индивидуална.
    И моето си наполни три години и ја пуштив во градинка. :)

    Од друга страна сметам дека ако мајката е нервозна дома и не може тоа да го издржи подобро е за детето да е, во градинка отколку да е дома со нервозна мајка што ќе се чувствува исфрустрирано и ќе му се истура. Разбирам дека не сме сите исти и никого не осудувам, но убаво би било доколку мајката сака да може детето да се изгледа дома, да се има избор едноставно.
     
    На mal.ecka, Biljarkata и Spidy им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ама имате избор.
    Може да дадете отказ и да седите дома не 3 години, туку 30, држете го вечито прилепено до вас, за него светот да е само мамичка, таа знае најубаво се.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Во друга крајност од оние што мислат дека само тие знаат правилно да го воспитаат своето дете и затоа треба да им плати државата, се оние што мислат дека мајките се само за љубов и гушкање а стручен може само да ги научи на делење играчки, чекање во ред, миење заби и слично.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Зависи кои активности. Не можам да научам дете да дели играчки кога сме двете сами дома, со кучето сигурно нема да дели. Морам да ја научам да мие заби зошто заби се мијат дома, не гледам зошто тоа во градинка би го учела.
    За некои работи едноставно нема услови да се научи дома сами со мама, тоа сакав да кажам. Воспитување, бон тон, е родителска должност, за џабе не се вика да го направиш човек. Ама социјални вештини, за тоа ти треба контакт со различни личности во околината. Не може истото да го научи со мене два саата дневно на лулашки и 6 саата дневно со 20 другарчиња.
     
    На CameliaMiller и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не можеш да напишеш "и наједуцираната мајка не може да го научи детето што значи да си дел од група ако се двајцата сами дома. Или како да ги дели играчките со други деца. Или како да чека ред на лулашките" и да останеш жива. Не ја потценувам важноста на градинката, но ако мајката е едуцирана ќе знае дека дете дома во четири ѕида не се затвора и дека не, не им требаат 6 или 8 часа на ден во група од 20 или 30 деца за да се социјализираат. 2 или 3 часа на ден на лулашки или игра со други деца, до одредена возраст се сосема доволни. Ако веќе одиме до детали, се следат потребите на детето и само си кажува колку му е доволно.
     
    На mal.ecka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Еве жива сум :)
    Реков во првото мислење дека не сметам дека треба сите мајки да мислат или прават како мене. Јас лично сум огромен дечар, работам често со деца, ама сум доволно реална во врска со сопствените способности да си признаам дека има работи кои не можам да ги овозможам на моето дете. Ако друга мајка смета дека може, апсолутно нека проба и успее. Поентата на целава тема беше дека мајките треба да имаат избор во одлуката дали да се вратат на работа или да останат дома со детето. Еве мојот избор беше спротивен од тој на писателот на оригиналниот текст во првиот пост, и си ги изложив причините зошто.

    Малата ми е 9 месеца. 2 пати на ден е на локалното игралиште, не ги гледа реквизитите, ги гледа децата. Еве го следам детето, многу посреќно ќе биде во градинка отколку дома. Како ќе расте, верувам дека само поубаво може да и биде опкружена со дечиња
     
    На mal.ecka, candy.cane, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.444
    Пол:
    Женски
    Супер нека седи 3 години дома, ама зошто мора баш мајката да го чува дома. По што е мајката толкууу многу посебна, а не на пример таткото. Помалку знае да сака таткото пошто нели љубов му треба друго не. Или некој друг близок не знае да сака.
    Пак ќе кажам сами си се правите/правиме жртви со упорното одбивање еднаквост. И само се наоѓаат нови и нови аргументи односно вртење у круг де за тоа колку се мајките посебни.
     
    На mal.ecka, Tan4ence, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од таков тон.
    Најпрвото социјализирање се учи дома од родителите и нивниот однос. Зошто мисли дека не може да го научиш на лулашки ред да чека или да дели? Само со зборување и ќе се научи. Баш во градинка тоа е некако потешко, гледам дека таму повеќе се учат да џапаат зашто се многу деца.
    Инаку, имам пишано едно сто пати поназад за тоа. Затоа пишав дома, а не пишав мајка му, ако прочиташ поубаво.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.