Идејата да мајка шо зема придонеси за година породилно да ги има поделени меѓу две години породилно ако сака - е сосем разумно. Hear me out, ист трошок е за државата, работодавецот има замена, која знај дека е привремено. Така да зошто да не избери некоја да остани година плус со детето ради кои било причини? Нејзино право. Само затоа што детето не памти работи пред 3та/ 4та година од животот, не значи дека тие работи немаат влијание на натамошното оформување на неговата личност. Напротив, имаат огромен белег врз натамошен развој. Ова е прва лекција од развојна психологија. Како и да е, то не значи дека детето треба да го чуваме во стаклено ѕвоно, да се обврзиме ние да го чуваме оти сме родители и знајме најдобро. Некогаш е подобро да го оставиме во раце на професионалци, дур ете ние гледаме и за наша кариера. Мајчинството не мора да е или- или. Секоја смеј да си избери свое "или" ама не мора да се само тие изборите. Следно, само зошто сме родители и имаме добри намери, не значи дека ги носиме точните одлуки. Имам многу примери околу мене во врска со ова. Не е срамота и лошо да се остави дете во градинка. Градинка дури и годи на дете од социјален аспект најмногу. Социјализацијата со врсници секогаш е важен фактор во оформување на понатамошна личност. Да, кога одам на интервју неќам да ме прашват кога ќе се мажам и кога ќе родам и дека имам период кај шо не смеам да родам ако ја сакам работата. Ама сфаќам зошто ме прашват, вреди некој да ме тренира ако за пола година затруднам и 9 месеци покасно ме снема наредна година до две? Као сфаќам, ситуацијава е небрана ама сакам и јас како жена да бидам заштитена од недолични прашања, ама и работодавецот да биди заштитен, финансиски во најмала рака од страна на државата ако јас сепак имам дете порано. Секој одлучва како ќе грижи за своето дете ама ако една работа знам дека е грешна е премногу заштитничката наклонетост на т.н. мамички. Толку мајтапи има за мамички пошто испаѓа како тие само да се грижат за своето дете. Ни една друга не е како нив. Тие се нај. Детето им е нај. Никој не знај доволно. Тие знаат најдобро. Детето не го оставаат да диши, дете кое ќе порасни и кога ќе порасни нема да биди самостојна и способна индивидуа. Не ме сфаќајте грешно, ако имам дете шансите дека ќе бидам мамичка се 99.9%, ама па сепак, јас сум многу самокритична. Останување надвор од работно поле може да влијае на идната спремност за повторна работа, сем ако мајката дома не се надоградувала константно. Неколку месеци пауза од некои работи кои сум ги правела со затворени очи - сега ми треба потсетник. И никој не вели дека жената затупува. Не. Едноставно треба да се потсети да работи пак и на тој начин можи да му страда кариерата, пошто замената работела непречено во изминатиот период. Тука мора да се заштити жената која се враќа од породилно, да ѝ се гарантира дека ќе има прво по неколку часа работа за да се врати во расположение за работа. Да има исто така гаранција дека нема да ја изгуби работата дур се врати или од кога ќе се врати и дека ќе има загарантиран период во кој нема да смеј да добие отказ. Се ова можи да биди злоупотребено ама голем е фактот дека раѓање дете, растење дете, враќање на работа после дете е голема промена и не би требало да е лесна. Мислам дека ги опфатив поќето точки на кои сте коментирале. :')
За 3 недели се враќам на работа.... Едвај чекам да се вратам ... Убаво ми е со бебка дома, ама ми недостига работата и редот. И не би седела 3г. дома да ме плаќа државата. Бебка ќе биде дома со баба ѝ (свекрва ми) за која можам да кажам дека е најсупер бабичка на светов . Со мм се договоривме дека бебка ќе оди во градинка на 2.5 г. Или порано доколку свекрва ми не може да ја чува. Но кога ќе ми текне дека во градинката работи бивша колешка на мајка ми, која има досие од психијатриска установа искрено језиво ми е дека треба да ми чува дете, друга воспитувачка која ја сретнавме, ни вика : ааа пораснала женската, колку месеци има? 2-3? бебка има 7,5 месеци и еден заб, и со поглед те купува и продава are you insane? Се изгубија критериумите за воспитувачите