Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девалвација на улогата на мајката

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 6 октомври 2019.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.351
    Пол:
    Женски
    1500 е градинка да. А кога ќе се разболи колку е трошокот? Мене 2 вируса 100 еу ме кошта и плус боледување.
    Патем никој не рече дека таткото не може да седи. Нека седи.
     
    На crazylady, Puffy2019, ninja35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    А на која возраст децата не се корнат од плачење, кога родителите ги оставаат во градинка? На 3 години е лесно привикнувањето? Дете кое 3 години било дома само, лесно се привикнува на гужвата во градинка?

    Еве брат ми цело 1во одделение со плачење одеше на школо, а сега е неверојатно социјален тип.
     
    На CameliaMiller, crazylady, SexiLy и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ај сеa дрaми, 2 вирусa 100 еврa. Спoмни уште кoмпликaции пoсериoзни и дa зaвршиме сo муaбетoт. Децa штo не oдaт вo грaдинкa мoже не фaќaaт вируси. Штo се немa дa ви текне.
     
    На crazylady, WarriorAngel, SexiLy и 6 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Не би имала против да седи таткото другата година ипол, да бидам искрена.
    Патем, градинката е 1500, но државата ги надополнува другите трошоци. Сигурно не се финансира од тие 1500, нели? Ако повеќето родители одберат да си ги чуваат децата до три години, тогаш барањето за градинки ќе се намалии ќе нема потреба на тоа да се троши. И нема тоа да е привилегија некој да си седи дома, а некој друг да го плаќа.
     
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    А и после 3 год пак нема само да се гледа.
    Мора некој да го чува.
    На колку е правилно тогаш да се остави детето? На 10год? Кога целосно само ќе се осамостои.
    Да не се даваат нели парите за друг да го чува.

    Градинката го правите како најстрашното нешто.
    Од вакви мислења кога го оставив малото во градинка мислев во затвор го оставам.
    А излезе сосем спротивно.
     
    На CameliaMiller, crazylady, WarriorAngel и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со твоето мислење и во поглед на овој дел би сакала да коментирам дека мајките кои се невработени сакаат да ги имаат оние привилегии кои трудовото право им ги нуди на оние работнички кои се во работен однос, а притоа имаат право на заштита за време на бременост, раѓање и мајчинство.

    Трудовото право ја утврдува посебната заштита на жената во работниот однос бидејќи истото е условено со нејзината антрополошка конституција, односно психофизичка и биолошка природа, бидејќи таа освен како работник, се јавува и во улога на мајка и сопруга.

    Освен ако жената не е самохрана мајка во неработен однос, тогаш мислам дека е фер да очекува помош од државата, како што на пример во Канада има доста такви жени кои живеат на welfare, но од друга страна и тие имаат ограничувања (на пример, Канадските граѓани кои се на welfare не смеат да поседуваат автомобил според закон).

    Претпоставувам дека невработената мајка се чувствува нееднаква во поглед на правата кои ги уживаат вработените мајки, бидејќи согледува дека тие добиваат поддршка од државата. Со други зборови, се смета дека и вработената и невработената мајка вложуваат одреден труд, со единствената разлика што трудот на вработената жена е плаќан во мерлива валута. Меѓутоа, невработената мајка работи единствено за нејзините деца и со тоа нејзиниот труд не се смета за лукративен во општеството.

    Не може да се очекува да добиваш нешто од некого, а притоа ништо да не правиш за тој субјект за возврат.
     
    На CameliaMiller, M.B. и JuLleE им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    249.388
    Да, привилегија е да очекуваме да седиме 3 години дома само затоа што сме родиле и сме мајки. Децата имаат и татко, кој исто така е родител на тоа дете, иако овде се занемарува таа улога.
    За да остане мајката дома толку време, речиси секогаш таткото е повеќе отсутен од дома за да надомести тоа што мајката не работи. Не мислеш дека детето е лишено од неговото отсуство на сметка на мајката? Што ја прави нејзе попривилигирана?
    Како тоа трошеш цела плата за друг да го гледа?
    Градинката и разболувањата се сосема нормални и потребни работи за детето да порасне и изгради имунитет. Па да, до 3 - та година и ќе се разболува.
    Оправдувања има еден куп.
    Мајки сме да, ама и како сите други кои оставиле деца во градинка и продолжиле со работа. Исто и како татковци кои ги оставаат децата и одат на работа.

    @Briar Rose тоа било така, сега се бориме за родова еднаквост и рамноправност, а овде уште полимезираме дека како мајки имаме неприкосновани права и очекуваме привилегии, само затоа што ние сме мајки.
    Очекуваме општеството да не ја маргинилизира жената, да е вклучена исто како и мажот, ама кога ни одговара да се повикуваме на мајчинството?
    Ова јас вака го сфаќам.
     
    На CameliaMiller, WarriorAngel, SexiLy и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.740
    Пол:
    Женски
    Јас стварно не знам каде е проблемот .
    Убаво е мајката да биде со дете до 3 год. дома и нека биде доколку сака.
    Не ја гледам пречката.
    Парите?
    Епа или мажот ќе работи 2,3 работи или ќе излезе од работа.
    Кој да го плаќа седењето дома до 3 год.?
    Државата?
    Еве и нека ги прекиначат парите што би ги давале во градинка,ќе бидат доволна замена за платата од работа?....тоа би биле некаде околу 6000 ден.бидејки 1.500 ден е процент,другото држава покира.
    И еве да се случи тоа,што ако мајката има работа,работодавецот треба да биде обврзан да ја врати на работа после 3 год.?
     
    На CameliaMiller, crazylady, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Мене не ми јасно само од каде вие мислите дека би се нашле пари за ова?
    Имате претстава тоа тригодишно породилно за секое дете колку би чинело?
    Убаво е да, сите да си седиме дома и да си земаме плата, само не знам кој би го полнел буџетот.
     
    На candy.cane, Nausicaa, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Абе дечки, многу буквално некако се сфати целава работа. Јас како што го сфатив текстот, а и како што ги пишувам мислењата е дека треба целосно менување и гледање на нештата, на начинот на кој денес ги воспитуваме нашите деца на долгорочен план. Нормално дека не може од утре ај сите дома три години да си седиме. Треба работите од корен да се менуваат. Ама наместо тоа одат се подалеку, сите запаѓаме само во трка за пари и работа, а децата најмногу губат. И мислам дека ова ќе се продлабочува додека не дојде до некоја точка од која ќе мора да се сменат работите. :)
     
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.351
    Пол:
    Женски
    Па син ми беше дома 18 месеци и не кивна. А драма за својот џеб кажи си. Јас го лечев ко што беше кажано од доктор. Не со прегорен шеќер па да поминам со 50 ден. Шо се нема да треснете. Драма..
     
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.351
    Пол:
    Женски
    На година син ми се корнеше од плачење. На 3 не. Кога виде деца одма сакаше кај нив. Околу тоа се зависи од детето.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не ти е првпaт, нaпрoтив, нa мнoгу теми спoмнувaш изoлирaни примери зa дa јa свртиш вo твoјa нaсoкa. 2 вируси минaт нaјчестo сo течнoсти, мирувaње, сируп и сличнo. Пoединечнo не збoриме ни зa тебе ни зa мене aмa ти знaеш дискусиите нa личнo нивo дa ги дoведеш.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    249.388
    Ама твоето е исклучок, друго е во прашање.
    Темата е генерална, не за едно дете кое имало причина да седи дома.
    Немат потреба сите деца да седат дома и да не одат некој период на градинка.
     
    На candy.cane, *katja*, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Во секое општество мора да постои баланс на права и обврски, независно од полот, бидејќи пред се, човековото општество ги подразбира и мажите и жените како еднакви, а тоа е поради фактот што луѓето, на еден или на друг начин, претставуваат субјекти на државата и правото.

    Проблемот е што биолошките карактеристики сакаме целосно да ги изедначиме со општествените карактеристики, и тоа не како ривалство помеѓу мажи и жени, туку само меѓу жените врз основа на факторот на мајчинство, што во денешно време претставува слобода на избор.

    Со самото тоа што една жена стапила во работен однос и придонесува за државата, тоа значи дека го заслужила право на заштита за време на бременост, раѓање и мајчинство. Со други зборови, станува како еден вид на меѓусебна размена.
    Од друга страна, како придонесува директно невработената мајка за државата за да очекува парична поддршка. Тоа не е размена, туку како да бараш одреден производ, а не сакаш да платиш за истиот.
     
    На Kaetana и JuLleE им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.351
    Пол:
    Женски
    А од чиво искуство треба да зборам ако не од свое!? Од на золвата на комшиката ли!?
    Ако немаш што да одговориш не мора одма на мојот 'карактер' карта да играш. Држи се до темата. Не до лични забелешки поради недостаток на факти. Чесно е да речеш драма. И мене ми е лесно да игнорирам.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Недoстaтoк нa фaкти? Фaкт е декa зa 2 вирусa 100 еврa требaaт? Зa секoе дете?
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.351
    Пол:
    Женски
    ОК у реду је. ;)
     
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Баш така денес и имаат избор дали ќе работат или седат дома.
    Не можеш да кажеш дека денес се потценети пошто пак ќе повторам имаат избор, за разлика од минатото кога никокјжив не ја прашувал мајката шѕо таа сака, мора да седи дома, да чува дете, чисти и готви за да е све средено за кога ќе дојде мажот.
     
    На smooch, dunika, *katja* и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Недостаток на факти?
    Еве ти еден факт - вашите фантазии да седите дома и да бидете платени за тоа се економски целосни невозможни.
    Тоа не можат да си го дозволат ни побогати земји, а не една утепана земја ко Македонија која е веќе во долгови до гуша.

    И не ми е јасно зошто ваков наслов, кога воопшто не се дискутира за девалвација на мајки, туку за нивната желба да бидат платени за да седат дома и да го чуваат детето кое сами решиле да го родат.
     
    На black-angel, crazylady, WarriorAngel и 10 други им се допаѓа ова.