Акцентот го ставаш на парите, а не на целта детето да е гледано од страна на мајката. Само пари ви се во умот. Затоа не можете да сфатите. Затоа народов е до срж огорчен. Ако тебе детето зимоска ти е болежливо и повеќе си на боледување неголи дома колку тоа ти си продуктивна за државата!? На пролет морбили ќе фати. На есен коксаки. Нормално, децата под 3 год се лепак за вакви ствари. Ама неее. Драма. Драма евривер. Ви пркнале децата и се сте заборавиле.
Јас мислам дека мајката после 9 месеци породилно треба да се врате на работа а дететото да оде во градинка и уште од мало да си биде со деца и ќе си стекнува убави навики .... подобро е и мажот и жената да си одат на работа , детето од градинка да си го земат , да си ги поделат секојдневните обврски во домот и ке има време за се...... а не како порано (патријархално живеење поделба на работата на машка и женска , жената ќе му служе на мажо хахаха ) жената дома деца да чува и да биде слуѓинка а мажот само да работе ( во тој случај мислам дека е лошо за жената а и за децата, жената затупува со седењето дома , не придонесува финансиски и нема доволно пари неможе да им се овозможат повеќе работи на децата , запаѓа во депресија се и смета, чисте, пере , пегла и пак не и се признава , му служи на мажот да јаде и сл.) затоа треба поделба на работата меѓу мажот и жената, и мажот може да мие чинии, да уклуче перална , да чисте со правослукалка и слично а не да и препишува се на жената ......
Па ако некој мисли дека сите што дома седат со децата го прават истото за да ја цедат државата, оти се мрзливи, за кафиња да пијат или оти е полесно....стварно е потценување на улогата на мајката(исто би рекла и за татко што седи дома). Од утро до вечер, да се грижиш дали е нарането, суво, прошетано, анимирано, стимулирано...додека сите други обврски остануваат несредени и незавршени. Со години така. Не е за мене излежавање. Од друга страна страна сето тоа е баш (тежок)луксуз, за кој сам се решава, сам се да правиш и за сите фази сам да одлучуваш и според конкретните потреби на детето да ги прилагодуваш. Нема добри и лоши мајки. Секој прави најдобро од ситуацијата во која се нашол. Само се надоврзува на делот да не се потценува онаа мајка(татко) која дома седи и она што таа го прави секој ден за децата.
Па, и тоа е еден аспект. На пример мајката мора да оди нели на работа. Сабајле мора да стане рано и да е спремна да си ја изврши работата како што треба. А цела ноќ бебето станува на еден саат. Колку време мислиш дека може жената да го издржи ова темпо? По некое време на неспиење сосема нормално е дека ќе се бара решение да спие бебето ноќта. Ако се дои ќе се одбие за да преспива цела ноќ. Или ќе се тренира со плачење за да заспива само. Се е на штета на бебето. И тоа е дел на минимизирање на улогата на мајката, ете не е потребна. А е потребна, и тоа како. Другото е потценувањето на мајката која одбрала да седи дома дека нели се затупавува, глупава е, мрзлива е, боже кој седи денеска дома со децата и ред други зајадливи коментари. Кои да, ги има и не во мала мера. Иако погоре беше речено дека не треба тоа некој да го тангира ако го направил изборот, но, да бидеме реални, живееме во општество во кое сите се обидуваме да се вклопиме и сакаме да сме прифатени. Ако нормата е да се оди на работа, тогаш повеќето и тоа би го направиле. И тоа како има потценување, да не се лажеме. А и за изборот што упорно го тврдите дека го имало, дали и за тоа ќе се лажеме дека просекот може да преживее со една плата во земјава? Сериозно? Мислите дека грото жени од убавина се враќаат на работа на осум месеци? Добро, ако се лажеме така е, имаат избор жените тука, со една плата се живее, може да се купи се што е потребно за бебе, храна за цел месец, сметки и кредити да се платат. Повторувам, со една македонска просечна плата.
Дани тоа треба да е избор на мајката/таткото, а не да се наметнува дека е правилно. Впрочем тоа е договор меѓу родителите, и обично е жртва на еден од нив. Јас сум вака порасната, договор меѓу мајка ми и татко ми. Повеќе пати сум пишувала, мајка ми сама не одгледа. Работата е претешка и никој не ја потценува. Ама не е очекувала некој да и плаќа што таа и татко ми одлучиле така. Ја почитувам и ценам, но и јас, а и самата таа знае дека погрешила. Ете заврши со нарушено здравје, истрошена и сл. Татко ми одделен од нас, пропуштени многу моменти. Сега надокнадува со внуци. Не е правилно и тоа. Ама нивен избор ете.
Ама ти изгледа стварно не сфаќаш. Тоа што јас ви посочувам дека тоа што го барате е невозможно, не значи дека само пари ми се во главата, туку дека размислувам рационално. Не може државниот буџет да го издржи тој товар, ќе банкротира државата, не знам како не можете да го сфатите тоа. А ако тебе не ти се битни парите туку детето, тогаш ќе си седиш дома без да бараш државата да те плаќа за тоа. И драма правиш ти, со тие измислици дека лекување вирус чинело 100 евра.
Тоа го.мислам и јас, да може да се има избор. Според мене е сосема ок година породилно или две години породилно, со тоа што по пола износ ќе се зема тие 24 месеци. Мислам имаше опција и плус уште 1-2 години дома да останеш, но неплатени. Според мене тоа е прифатлив избор, што можеби би бил реален и за македонија, па кој сака и мисли дека финансиски може да си го дозволи бујрум. Инаку екстремниот е кога едниот родител е во странство и работи а другиот е сам со децата и сите тековни проблеми. Постоел, на жалост и денес, иако се почесто веќе ги повлекуваат семејствата после определен период. Според мене обврските со децата се едно работно време, исто како она на партнерот. Кога ќе си дојде другиот од работа продолжуваат работните времиња, само со флексибилна саати, па ствар на договор кога што да се направи, заеднички. Да не испадне мајката 24 часа на грб куќата ја носи а таткото деца не си видел.
Не ти е срам да кажуваш дека некој измислува? А од кај знаеш ти државата што може да издржи? Не ми одговарај. Небитно е што ќе речеш понатаму. Не знаете да дискутирате без да набедите дека некој лаже а врска си немате од животов.
@RainBow И знaејќи јa сoстoјбaтa кoе е твoетo решение? 3 гoдини пoрoдилнo и ќе имaме зa брзo oпштествo кaде се врaбoтувaaт сaмo мaжи, кaде се врши притисoк дa рaбoтaт штo пoвеќе прекувременo штo oд стрaнa нa рaбoтoдaвaчoт штo oд стрaнa нa женaтa дoмa...кoј ќе те врaбoти aкo пoстoи oпцијa 3, 6 или 9 гoдини дa те немa и дaли би те зaменил сo другa женa? Грoтo не се врaќaaт oд убaвинa пoсле 9 месеци нa рaбoтa, никoј не сaкa дa oстaви 9 месечнo бебе и дa oди нa рaбoтa, не сaкa ни тaткoтo пoсле неделa или две (кoлку oдмoр му следувa не знaм тoчнo) aмa пaк негo кoј гo прaшувa? Избoр требa дa имa, пoсле 9 месеци aкo сaкaш пoлa рaбoтнo време дo 2 гoдини пример или неплaтен oдмoр oд некoлку месеци штo и пoстoи, втoрa и третa сменa дa не се рaбoти дo oдреденa вoзрaст (и oвa мислaм декa пoстoи) aмa не те слушнaв зa кoнкретни предлoзи дa нaпишеш штo имaaт некaквa лoгикa.
Точно, нема правила. Ама нема терк, не сите деца на 1 година се корнат од плачење и не сите деца на 3 сакаат да одат во градинка. Затоа треба да има опции. Ама истите не треба да бидат финансирани од државата.
А дека има безобразни мајки, има. Во темата прочитав дека трудна жена зема потврда за патолошка брменост, јер не можела она да оди на работа. Ама чисто од психолошки аспект, вака ништо не и е. И после работодавците се виновни, вработените цветчиња.
Тоа што ти немаш базични познавања од економија не значи дека некој друг не може да процени. И не се секирај, да беше тоа изводливо веќе ќе беше имплементирано, со оглед на тоа што секоја власт до сега применувала популистички мерки за да се здобие со гласови. Па да го направи некоја партија тоа во МК, никогаш нема да падне од власт. За вирусите, ако децата не одат во градинка, не можат вирус да фатат? Нема да излегуваат надвор, нема да се дружат со други деца, нема да одат по родендени, нема да шетаат по трговски центри? Ќе седат 24/7 во стаклено ѕвоно? Најубаво и таткото да се отсели од дома, да не донесе некој вирус.
Веќе пишав поназад за градинките. Но, конкретно мислам дека нема ништо сега да се направи. Прво треба да се смени начинот на функционирање на општеството и како се гледа важноста на родителите, а пред се на мајката.. И како што реков допрва ќе се влошува состојбата во светски рамки, па дури понатаму кога ќе мора ќе се најде решение.
30% кратат на патолошка. Ако и се исплати нека седи дома.. Јас бев од што морав. На мојата плата ми беше некои 200 еу помалку. Превише е. А ете не сум имала избор. Темава е поопширна од што изгледа. Јас како мајка на 3 год дете што работи сум крш уморна . И не не мислам дека детето треба да ми седи дома. Ама до 3 треба според мене. Зашто и како би опишувала до утре со примери на деца чувани од мајка што е дома на таа возраст и од мојот што доаѓам претепана дома. Какви се тие а каков е он. Сепак на крај најубаво е д се сведе на избор.
Јас не знам каде живееш ти, ама во Македонија уште владеат патријархални и конзервативни мислења дека за една жена е најбитно да се оствари како мајка, а се друго е споредно, дека основната улога на мајката е да биде мајка и домаќинка, дека работа на мајката е да се грижи за децата и домот, а мажот треба да заработува...со други зборови оние типични патријархални родови улоги...не знам во која насока мислиш дека треба да се промени општеството, но со породилно од 3 години само ќе се зацврснат овие родови стереотипи.
Вие што велите дека не би било проблем за една држава 3 години платено породилно се гледа дека немате 2 чисти од економија и финансиско работење. И најбогатата држава на светот би крахирала под таква математика а не пак едно државиче како нашево. Чувајте и по 10 деца ако сакате, дадете отказ и се најубаво, ама да плаќам јас данок за да друга чува градинка дома и да зема пари, јок.
Џабе ти е, си читаат само тоа што им одговара. Темава е колективно праење бајрам на умот или "како мали џокица замишља државни буџет".
И јас не сакам да плаќам за вие утре да зимате пензија па јбг. Среќа не ве прашува никој. И среќа, што никој не раѓа потпрен на државниот буџет. Небаре некој трето дете одгледал со 8,000 месечно од државата. Важи.
Зашто ги земавте тие 8000 ако не ви вршеле работа? Што не се имавте откажано од нив ? Луѓе фамилија издржуваат како така со 8000 плус минус, на неа за бебе и биле малце. Важи.