Тек тогаш помалку ќе се вработуваат жени дури и такви што воопшто не планираат деца, тек тогаш работодавците повеќе ќе ги прашуваат жените дали во скоро планираат бременост зашто и ним им е битно да одржуваат ред во фирмата во поглед на вработени и финансии. И не велам дека е во ред тоа зашто не е. Но од друга страна и на нив не би им било лесно зошто и многу би се злоупотребувало тоа. Едно ќе мора да повлече друго.
И вие читате тоа што ви одговара. Веќе пишав, нормално дека не е реално од денес за утре три години да биде породилно. Посебно не кај нас. Ние како што тераме нема да имаме ни за пензии, не па за три години породилно. Кај и да и ова што го имаме ќе го скратат на три месеци, да не плаќате данок за мајките дома да седат. Зборам за целосно менување на функционирањето на општеството, што не може одма со тоа да почне, но со помали мерки, па кога ќе се намали потребата од градинките парите да се преиначат. Пари се вложуваат и во градење на градинки, на одржување, на многу работи. Треба целосен пресврт да се направи, што нема да биде сега, ниту во блиска иднина. Затоа треба да се смени размислувањето дека жената не придонесува ништо, жената ќе изгледа здрави и прави луѓе кои понатаму ќе придонесат кон општеството. Тоа е придонесот. Ама на мајката се гледа како на мрзлива жена што седи дома и го цица буџетот. Ете го магичниот круг. Зарем и низ форумов малку се зборува со потценувачки тон за мамичките? И општо за мамичките. Мислењето не е веќе баш такво за мајките, дури и во конзервативно општество како кај нас. И кај нас те гледаат попреку ако земеш ден зашто треба болно дете да чуваш, те гледаат попреку порано ако мораш да излезеш, зашто си мајка. Немојте да зборите дека не била потценета мајката.
За начинот на кој јас сакам да одгледувам дете-малце се. Затоа трето не би родила потпрена на субвенција. Туку кога јас ќе мислам дека имам доволно пари. И секако, ако сакам да родам.
Не плаќаш ти за ние да земаме пензија, не трескај. Него ме интересира кој ти брани и сега да седиш дома и да го чуваш детето? Нели не се битни парите туку детето да биде со мајката? Ме обвини мене дека гледам низ призмата на парите, ама изглеа ти гледаш така, затоа би седела дома само ако ти плаќаат, иако таа можност ја имаш и сега.
Ти не би и јас не би, и по мене најправилен начин, тоа дете не е само да му дадеш живот туку да има што да види од животот. Знаеш и самата во колкава мера беше злоупотребуван тој закон, го силуваа до бескрај, бетер би било со ова што вие предлагате. Едноставно неизводливо од милион причини.
Ти сега плаќаш за твоите родители да земаат пензија. Да не мислиш дека кога плаќале пензиско им складирале за да им дадат кога ќе се во пензија? Јок.
Пеленска револуција муабетот. Конкретно во Мк, ако вакво нешто се случи, една девојка нема повеќе да се вработи приватно. Знаете кога мк газда ќе плаќа три години породилно? Никогаш Во приватен сектор ќе се вработуваат само и единствено мажи. Исто, млада мајка што изградила свој скромен бизнис ако земе три години одсуство, слободно може катанец да си стави. Фризерката која после три години ќе се врати на работа ќе затекне празен салон зошто сите клиенти (најнормално) во меѓувреме си се префрлиле кај останатите фризер(к)и. Ајде од почеток градење репутација. Истото важи и за забарката. И да вработат замена, џабе зошто, реално- на замената во скут на послужавник и сервирале веќе разработен бизнис. Фризерката своите клиенти, забарката пациентите. И за крај. Во нормален/ компетитивен свет каде се вреднуваат знаењето и скиловите, три години одсуство значат дека си светлосни години назад во однос на останатите колеги од твојата сфера. Прегазен си. Прво, зошто некој газда воопшто би те држел кога веќе нема потреба од тоа што ти може да го понудиш. И второ, кој иден газда би те вработил кога си со застарени вештини? Мислам, да, секаде во свет се бараат келнерки и касиерки ама жена која се школувала и инвестирала во себе, и која е експерт во некое поле, зошто би се нафатила на таква минимално платена работа, освен ако не мора? Не е тоа поентата, така? Ама кога ќе стане виртуелно невработлива во својот сектор, ќе мора да се задоволи со било каква работа. Тоа, или на стари години, одново почетник, меѓу 15 години помлади колеги. Во муабетот за пеленска револуција, најгласни поборници беа оние кои беа вработени државно. Можат само да добијат, ништо да изгубат. Местото те чека, и врска да немаш од тоа што ќе те затекне кога ќе се вратиш назад, океј е, никој не те дира. Евентулано обука некоја ќе треба да се помине и толку. Ќе го јадат останатите кои уште се невработени или се во приватен сектор. Ама нели, галје ни е за другите, нас да ни е арно? Огромно „НЕ!“ за три години породилно.
Екстремно е сфатено мислам. Никој не бара од државата да дава фул плата. Туку да даде опции да може да останеме дома ако сакаме. Ете и Дани добар пример даде. Не мора 500 еу месечно година туку нека е 250 месечно 2 год. Кој сака нека е 1 год дома нека зима 500. Сите ќе сме исто тогаш нели? И ќе може да си прајме како ни одговара а никој да не е оштетен. Со дете никогаш не се знае. Кој ме читал знае шо ме снајде и колку немав избор. Мене државата не ми даде избор. За пари не ни зборам
Види платено породилно од три години не е реално не само од денес за утре, туку никогаш. Освен ако не се најдат некои нафтени наоѓалишта во државава. Човече, не знам кои размислувања сакаш да ги менуваш кога размислувањата на најголем дел од луѓето се се уште вакви. Дека местото на жената е дома, да се грижи за домот и децата, дека најбитно за една жена е да се оствари како мајка, па имаш плукање по жените што имаат кариери, плукање по феминизмот, плукање по западот што ги донел тие работи, па жалење по времињата кога се знаело кој коси, а кој вода носи. И сега наместо да се бориме против тие патријархални родови улоги, ти сакаш да се бориме за нив? Да се бориме за тоа вредноста на жената да се мери со мајчинството? Дека единствена нејзина улога е да раѓа и да чува деца? Каде се татковците во целиот муабет? Зарем воспитувањето и одгледувањето деца се исклучиво женска работа? И како побогу ќе се бориш против мислењата дека мајката е мрзлива жена што го цица буџетот со три години платено породилно???
После 15, 20 или 30 години ќе покажат на своите деца што имале мајка со 3 години породилно и кога сите ќе видат какви здрави, успешни и психички стабилни се за разлика од генерациите претходно, сите ќе го превземат тој систем и ќе имаме нова генерациија на супер деца Шала на страна, сама сум за тоа што подолго детето да е со своите родители и не мислам дека 9 месеци се доволни. Само реалноста е таа, платено не може да биде.
Јас сметам дека жената треба да седе дома првата година откако детето ке се роди после баби, дедовци, градинки, лошо е кога немаш скапан денар и чекаш на тацна од маж. А ако се улежеш дома со години 6 7 нема ни после работа да најдеш ич така да работата е неопходна за секоја личност ако сака да биде рамноправна и да има свое јас во куќата.
Па како било порано владетелите имале робови за они да не работат по дома да придонесуват во кариерата така и жените што седат дома што само служат.
Не мора да е три години породилно, нека има помош, пола, нешто, некакви средства, да се има избор ако се сака да се може да се издржи. Дури и со намалени средства, ама да не се бори семејството за преживување. И зошто да не е воопшто на товар на општеството кога секако ќе е подобро за сите на крајот. Тоа е поентата.
Како ќе е подобро за сите на крајот ? Погоре прочитав упорно потенцираш мајка ќе израснала здрави поединци кои утре ќе бидат корисни во општеството? Зарем сметаш дека сите родители се добри воспитувачи и педагози, аниматори и подучувачи ? Која е гаранцијата за тоа ? Законов би го користеле и таквите.[/QUOTE]
[/QUOTE] Не знам колку приметуваш, ама цело време се провејува низ темава став дека само деца израснати по дома со мајка, можат да бидат здрави и корисни поединци. А тие што оделе во градинка се уништени, што од трауми, што од тоа смртоносните вируси што роварат таму. А да биде иронијата поголема, се тврди дека stay at home мајките не биле почитувани...иако само тие можат нали, да одгледаат здраво дете.
А нели може тие пари да се искористат за психолошка подршка и било каква помош за деца и тинејџери кои растат во дисфункционални семејства кога веќе сите сакаат детето да има правилен ментален развој? Оти родител-монструм многу повеќе ќе му поремети психа за цел живот отколку ако тргне во градинка порано. Инаку за болни деца, со посебни потреби или хронични заболувања за кои доктор ќе потврди дека мора да се грижи некој за него во ред е подолго отсуство. Ама за секој не.
Ај ако сака едно дете, ај три години некако. Али пример да роди едно и коа ќе наполни 2 години останува бремена со второ. Коа ќе наполни 3 ново дете, плус уште 3 години, вкупно 6. Тек па трето ако сака... Деценија цела
Мајката и таткото се подеднакво родители на детето. Колку што таткото има право да работи и придонесува толку има и мајката. Не се работи за потценување на улогата на мајката туку немање меѓусебен договор со родителите. Не е само мајката да седи дома да чува деца готви, пере, чисти а мажот да дојде во 4 од работа и со даљинското во рака и со другарите по кафани. Затоа постои породилното отсуство, период на доење и поврзување на родителот со бебето кое сеуште е кревко и има потреба од максимално внимание. После породилното мајката има избор, дали ќе работи, ако имаат вишок финансии ќе остане дома па дури и дадилка ќе плаќа. Нашево општество не го цени доволно мајчинството. Државава го нема ни минимумот на помош на младите брачни парови особено тие со мали деца. Укинуваат додаток за трето дете, те уценуваат дали ќе ти дадат надоместок немој случајно да имаш плата над просек, те дискриминира, споредува различни работни места(со ссс и со всс), немаш никаква помош особено за деца со посебни потреби, здравството е катастрофа, образованието бетер, да не набројувам, под нула сме. Пред некое време прочитав мислам Унгарија ќе воведува нов закон со многу поволности за младите брачни парови, за прво дете надоместок, за второ бришење на рати од станбен кредит, за трето автомобил и сл. Тоа е научна фантастика за нас. Кога ние ќе постигнеме некое приближно ниво на нивното, можеме да зборуваме за насловот на темата. Дотогаш крпиме крај со крај и се снаоѓаме кој како знае. Изборот на жената колку години ќе биде само мајка и домаќинка зависи од општеството и материјалната сигурност. И мене ми е убаво кога ќе заседам со децата за време на одмор ама после се враќам во реалноста која не е ни блиску розева, туку е сива. Затоа гледањето на тоа која мајка решила да го чува детето пет години е повеќе субјективна и не може да се генерализира.
Една година според мене е сосема доволно.Ако станува збор за дете со нарушено здравје или од икс други причини,нека биде и 3.Само што за тоа би требало да си одлучува некое комисиско тело...и биле изолирани случаи... Иако не знам дали тоа кај нас може да се функционира... Три години да не си во бранша па макар и работела како садоперачка ,да не зборувам за други професии во кои се вложува и учи...е оддалечување и од стварноста и од општеството. И ако ова воопшто профункционира ниеден приватник нема да сака да те држи толку време...каде е логиката?Земаш породилно 3 г.за тоа време некој друг го пополнува твоето место,кога ти ќе се вратиш на работа лицето кое те менува треба да добие отказ,пошто нели работи на договор или замена или како и да е.Само на државни јасли ова може ,во приватниот сектор никако...
Искрено ,џабе ни е муабетов. И 3 год.да стават породилно,од кои првата полна ,а другите 2 со 30-50%,тоа работно место кое го имала мајката треба некој со фул плата да го пополни тие 3год.значи дупло плаќање работник тие 2год.