А што му менува на работодавачот дали јас или друга која има слични квалификации ќе ја земаме платата и ќе не плаќа? Што толку многу и менува на државата дали јас износот кој ми следува ќе го добивам во 12 или 24 месеци? Кое дупло плаќање?
Улогата на мајката и нејзиниот ,,инстикт" гледано од биолошки и психолошки аспект е најважен во првите три години за раст на детето. Можете до утре да ја водите дискусијата, но тоа е педагошко етаблиран факт. Меѓутоа Македонија не е опортунитетна земја. Нема интерес да помогне во ваква мерка. Пазете, не велам дека нема средства, бидејќи има, но нема интерес. Како ќе профитира државата со ваква еднонасочна ,,дарба"? Никако. Штом нема корист, значи воопшто нема да биде земен во обзир предлогот. Инаку, ја разбирам потребата за отварање на темата и апсолутно подржувам дека мајката или таткото (еден од нив), во случај на планирање семејство треба да жртвуваат три години од животот дома со детето. Градењето на неговиот имунитет, изборот за здрава храна, облека, следењето на неговиот раст и развој од физичка и психолошка гледна точка се само мноштво од етапите во кои родителот мора да има учество. Доколку Македонија беше земја која нуди можности, денес секое второ домаќинство би имало сопствен готвач/хигиеничар, а младите родители, (особено мајките) би имале време и за други обврски покрај чувањето на детето. (Особено самохраните мајки, па до некаде и татковци). Овие две работи кои бараат доста внимание, а мора да се завршат, црпат бескрајно време и енергија, и ако не се сразмерно поделени меѓу семејството многу лесно може да кулминира во хаос. Купување храна од маркети и ресторани не е ниту здрава ниту реална алтернатива за долги стази. Ова го спомнувам во случај да ми реплицирате дека може и на овој начин да се живее. Значи дечки, кога имате бебе/мало дете, куќа бара чистење секој втор ден, не месечно три - четири пати. Просечна мајка физикалец не може да го постигне тоа. Дури и дома да работи онлајн повторно нема да може, затоа што ќе биде обврзана осум часа да седи пред компјутер. Во одредени Европски и Скандинавски метрополи ова е сосем прифатлив и реализиран концепт на функционирање. Државата е секогаш тука да одговори на родителските предизвици, а особено привилегирани се самохраните родители. Овде државата има интререс само да те осуди и столчи. И вака повремено да те исмее дека не си доволно способна две работи да носиш на грб..
@danichap, Опција еден: газдата, додека ти си дома а тој ти дава плата, ќе треба да ја плаќа твојата замена, што значи дека три години ќе плаќа дупло. Нереално сценарио. Опција два: газдата нема тебе да те плаќа, ќе ја плаќа твојата замена а тебе државата ќе ти ја исплаќа платата што редовно си ја земала кај газдата. Во држава како Мк едноставно неизводливо.
Држaвaтa плaќa зa рaбoтник 3 гoдини зa еднo дете, рaбoтoдaвецoт зa истo рaбoтнo местo плaќa уште еден рaбoтник. Oд негoвa стрaнa не е дуплo плaќaње, негo сееднo требa дa му е дaли си ти или некoјa другa, зa теретoт нa држaвaтa збoриме и се штo пoвлекувa.
Не зборувам јас никаде за три години. Зборувам за мала флексибилност која не би била на терет на државата а последиците и се околу истото се индивидуални и секој според сопствената (финансиска) ситуација ќе си процени и уште еднаш премери пред да донесе одлука.
Никаде јас не пишав да седам дома три години и некој континуирано да ми исплаќа редовна плата во целиот тој период. Прочитавте што предложив? Ако заминам на породилно мора да има замена. Сеедно веќе квалифицирана или допрва да ја обучуваат. Ако јас речам 12 месеци наместо 500 еу да ме исплаќаат 24 месеци по 250 еу што би ја коштало државата? Работодавецот секако морало замена да ми најде(во некои случаи и да ја обучи). Што му менува него дали замената ќе ја плаќа една година а после мене или замената две години па после мене?
Стигнaвме дo чистaчки и гoтвaчки пo дoмa, купувaње хрaнa oд oблaци и спoредбa сo Скaндинaвски земји? Уште привaтни учители пo дoмa дa идaт дa не се стресирaaт децaтa нa училиште и крaј нa муaбетoт @danichap Флексибилнoст вo зaкoните имa, кoлку се пoчитувaaт е другo. А aкo мислеше нa флексибилнoст oд типoт 1 гoдинa 100 пoстo пoрoдилнo, втoрa-50, третa -30 пoстo...пaк е нaучнa фaнтaстикa. Реaлнo би билo дa бaрaaт првите 2 или три гoдини дa имaaт избoр зa пoлa рaбoтнo време. Пaри зa седење дoмa мaлo мoрген.
@danichap, искрено вака? немам став. Вакво нешто кај нас нема да се случи, приватен газда нема да те чека ти да седиш дома две години така да навистина не ни размислувам на таква тема.
Не е пари за седење дома. Тие пари следуваат, сработени и заслужени се. Само поинаква распределба на истите е. Ама не е ништо гратис, барем не во случајов кој јас го зборувам.
Доволно е коментарите тука да ги прочитаме и како негативно се гледа на идејата(Не дека се стрчаа да ме послушаат и да се реализира) Зошто ние, како поединци, да сме негативни кон ваква мала флексибилност. На никого ништо од џеб не му се зема ниту па државата се цица. И за волку(малку) флексибилност сме целосно затворени. Неубаво
Па како не и се исплати? Она шета наместо да лежи, си зема плата (според мене 70% да земаш а да не ти е ништо се премија), после породилно 100 % плата, ехее, полна капа. Таа жена може цели 17 месеци да користи бенефит осмислен за оние кои имаат реален проблем. Муабетот е дека жената може да избере да седи дома, ама тоа да не го финансира државата.
@Nausicaa Мислам дека не е, ама може да грешам. Не направив паралела меѓу нас и Скандинавските земји, селективно читаш Бриџит. Пишав дека би се олесниле обврските на тој начин, и дека е фер инвестиција за семејство кое брои макар три членови. Зошто да не? Не гледам ништо смешно овде. Затајување данок од просечно македонско ,,елитно" семејство со 80.000000 евра може минимум три години да покрие ваков ,,луксуз". Ама не, ќе се смееме, зошто лесниот живот во Македонија е нереален. Тука мора да се мачиш за сенешто. Особено жената. Мора да биде мајка, професионално остварена кариеристка, добра ебачица, сопруга и уште милион улоги и епитети. Зошто едноставно...не умееме да се избориме за своите права. Патем, не знам дали знаеш но, во Македонија семејства кои се во чекор со економскиот стандард може да си дозволат хигиеничарка и готвачка. Ама ако се.
@Asparagus Шведска, Холандија, Норвешка, Германија, Полска, Словенија. Ние сме многу далеку од стандард со нив, но доколку парите беа врачени кај граѓаните наместо вложени и испрани преку малверзации и тендери, и ова ќе беше возможна мерка. Не дека и сега не е, немојте да ве лажат. Едноставно, како што пишав, немаат интерес да помогнат, бидејќи нема профит.