Пa пoимa немaм тoгaш зa штo збoриш. Нaместo 100 пoстo пoрoдилнo 9 месеци, дa седaт дoмa 18 месеци и дa дoбивaaт 50 пoстo? Требa здрaвствo и пензискo и др придoнеси дa ти плaќaaт 18 месеци, или се пo пoлa? Зoштo тoгaш сaмa oткaз не си дaдеш и рaспределиш сумaтa штo ќе јa земеш нa 18 месеци или 2 или три гoдини? Рaбoтoдaвaчoт требa дa те чекa тoлку време, не смее oткaз дa ти дaде, вo меѓувреме ти си се oдлучилa зa втoрo или третo...тешкo.
@danichap, во Мк, ако се ближиш кон 30ка, на интервју за работа те прашуваат дали планираш да се мажиш и кога деца? Во многу помали фирми воопшто не вработуваат жени зошто: ќе земаат слободни денови кога ќе бидат бремени, ќе треба да им плаќаат породилно, ќе треба да плаќаат замена кога ќе биде на породилно а откако ќе се врати на работа, претпоставуваат дека ќе зема боледување кога детето ќе и биде болно и ќе треба да го носи по доктори. Затоа, мажите имаат предност при вработување. Тоа е мојата реалност во Мк. Флексибилности во иднина, сега основните права не се почитуваат.
Колку што знам и невработените имаат бесплатно здравство во Македонија. Или грешка сум? Да, да ме чека уште 9 месеци. Се надеваме дека фирмата нема да пропадне бидејќи мајката на 9 месеци не се вратила на работа туку на 18.
Не е точно. Тоа се земји со висок стандард, но исто така и платите за личен готвач/хигиеничар се високи, така што не може тоа секој втор да си го дозволи.
Бесплaтнo зa тoј штo гo дoбивa, инaку oд дaнoци се плaќa. 18 месеци и три гoдини не е истo. Муaбетoт не е зa 18 месеци.
Па реално се пари за седење дома ,парите се планирани за една година, се развлекуваат на две за да седи мајката повеке дома. Или ако сфатив јас добро, ти збориш постои одредена сума пример 8.000 еур која родилката треба да ја земе за надомест,и наместо во една година да го земе износот го зема во тек на 2 год.помалку пари,повеке седење дома. Ваков план или стратегија ми има логика доколку се работи за стратегија за зголемување наталитет,или немање доволно градинки. Но што ако роди 4?Или едно,по друго.Тоа се 8 год.дома.
Не реков дека е исто. Зборувам за мала флексибилност која би била прифатлива и безболно за сите страни. И не, не мора ниту секој да ја искористи. Да стои како опција за оние кои не нашле место во градинка, за оние кои немаат баба сервис или нешто трето.
Тоа е исто така зашто на мајката се гледа како на товар. Исто е. Целиот проблем е што мајчинството се гледа како уназадување на жената, ете, дури и пред да стане мајка.
Зборувам за една опција која ја има и тука, но јас не ја искористив бидејќи немав потреба од истата. Надоместок кој ми следуваше можеше да ми го исплаќаат во предвидениот рок или да го преполоват и да го добивам во дупло подолг период. И да, поддршка за семејствата и родителите е, некаков вид на стимулација, помош...од страна на државата. Ама да не правиме дека жената ќе го цица буџетот со тоа. Се залагам за флексибилност кон која би посегнале оние кои имаат потреба од истото.
Има жени кои немаат друг избор освен да седат дома. Не им ги примаат децата во градинка, немаат кој да им ги чува децата. Јас бев во таква ситуација. А познавам и такви кои немаат ни потреба да работат. Само не знам како не им е досадно да седат дома долго време.
Ајде прво малку информативно, за што уствари е темава: Спојлер: Како е во светот Да бидам искрена, не го прочитав оригиналниот (претпоставувам УС текст) ама кај нив маката е јасна- колку што ми е мене познато, тие немаат воопшто платено породилно, ни од држава, ни од работодавец. Таблицата од спојлерот покажува колку платени недели следуваат во конкретните земји, дали од работодавец или држава, не ми е баш јасно. Македонија иако ја нема, претпоставувам е некаде на средина од таблицата, што теоретски не е лоша позиција. Во пракса недостасува изборот за кој зборуваат @RainBow и @danichap, изборот да се остане со детето подолго од законски регулираното. Јас како среќна мајка од земја во првата половина од таблицата, го имав изборот, да останам со дете до 2 или 3 години, додека работодавецот ми го чува местото. Спојлер: Технички детали За да бидеме прецизни, постои категорија еквивалент на породилно отсуство, што значи добиваш процент од плата + категорија родителско отсуство, кај што државата ти исплаќа фиксна сума во период што ти ќе го избереш, мислам дека до максимум 3 години. Е сега, овој изборов е секако условен, па реално ти се исплати да останеш подолго со дете, ако имаш помали примања, оти нели сумава е фиксна, а кога си на пример менаџер на породилно, опортунитетниот трошок ти е поголем отколку на продавачка. Некои од мајките што не работеле неколку години се чувствуваат многу затупавено. Не велам сите, ама по себе и по примерите од моето опкружување, можам да потврдам. И тоа јас се вратив на работа после 2 години, повеќето навистина комбинираат две и повеќе деца и им се собира отсуство од работа по 5 и повеќе години. А таа затупавеноста, не произлегува од загубената компетитивност нити застарени вештини, туку од нарушена самодоверба, ко што рече Џони, заради недостиг на општествена интеракција. Ама кога постои избор, секој може да носи одлука која му изгледа како најдобра- за него и за семејството. Не разбирам, зошто е проблем, да им се даде на мајките избор.
Зaтoa штo нa рaбoтoдaвaчoт сaмo еднo му е битнo -негoвaтa кoрист oд тебе. Гaјле му е негo дaли ти мaјчинствoтo гo стaвaш нa пиедестaл, дaли се сметaш зa женa мaјкa крaљицa и дaли те прoдухoвилo или унaзaдилo. Зaтoa пoстoјaт зaкoни кoи тoј мoрa дa ги пoчитувa сaкaл или не сaкaл, тaкви прaшaњa нa интервју вooпштo не требa дa пoстaвувa и сл. И oвa дa се среди е гoлемa рaбoтa зaвршенa, женaтa сo oвие прaвa штo и следувaaт веќе ќе се чувствувa пooслoбoденo зa плaнирaње нa семејствo a не кaкo рoб нa рaбoтaтa кaкo штo би сaкaл рaбoтoдaвaчoт. И нaместo бoрбa зa oвие прaвa штo веќе се вo зaкoн a не се пoчитувaaт, вие 3 гoдишнo пoрoдилнo oд ведрo небo.
Имаш опција и сервис со здрава храна да нарачуваш онлајн. Ама вистински здрава храна, не било каква. Овде колку такви сервиси постојат? Ниту еден. Хигиеничарството е скапо, да. Ама пак може да си го дозволат преку агенција два пати неделно за да им се олесни живеачката. Овде не постојат солуции, ќор сокак е, и згора на се по грбот на жената.
Уфф, многу неблагодарно плус и од женско е да рече "и даваат пари за да седи дома" а реалноста е дека мајката не може да седне дома од работа. Се земам себе за пример, со две одеднаш, близнаци, кој напор е да успееш нив да ги средиш во текот на денот а камоли да измиеш садови, да чистиш секој ден, да переш пружаш и собираш алишта, да зготвиш? И некој да рече она седи дома државата ја плаќа. Не седи дома, мајката работи две смени одеднаш плус ноќна. Моментално сум во ситуација да можам и морам да одам на работа. Да немав избор ќе барав друга варијанта. Мислам дека секоја приватна и државна фирма треба да си имаат бесплатна градинка за вработените, тоа ќе биде голем придонес.
Не знам што очекувате од државата да ви плаќа за личен кеиф. Во Британија, платено породилно е 6 недели, уствари 90% од платата е. После до 39 недела (вкупно 39,пред и по пораѓај) се зема 148.68£ на недела, без разлика колкава ви била платата. Сега сметав на калкулаторот на гов.ук Као трудна сум и ќе раѓам на 5ти ноември. Останувам на породилно на 23ти октомври. Гледам дека 5 недели ми дава 90% од платата, првата недела поима немам зошто е 360. Рестото се добива 148.68 фунти на недела, без разлика на платата пред породилно. Баш ќе се распрашам колку е точно во реалниот живот. Ама знам дека не е сјајно. Знам дека мои познаници тука барем 2 години унапред планираат и штедат за кога ќе имаат дете. Одработуваат екстра саати, штедат на ресторанти и кафиња за да можат полесно да го поминат тој период кога наместо минимална ~1200 жената зема нешто над 500 месечно. А да не збориме за некоја што имала поголема плата. Плус се разбира дека мажот одработува повеќе саати за да надомести за примањата на жената.
"Личен ќеиф"? Британците од секогаш ми биле нездрава нација на чело со кралицата. Сигурно и Кејт имала само 6 недели породилно. Затоа споредбава со британциве ми паѓа у вода.
Ама државата не е виновна што сите обврски се на грбот на жената. Постои солуција - поделба на обврските во домот, не само за бебето, туку и за чистење, готвење и слично. Е сега ако самата жена мисли дека е тоа само нејзина задача, дека тоа е нејзината улога во животот - што има државата со тоа? Па види ја само темава, се фокусира стриктно на мајките, дали биле ценети, колку породилно да имале...татковците нигде ги нема, небаре тие деца не се и нивна обврска.
Вилијам го распнаа кога во интервју спомна дека тешко било со 2 или 3 деца. Кејт апсолутно не е крива што роди престолонаследник. Исто како Безос што не е крив што е проклето многу богат и "фрли" скоро 40 милијарди за разводот, и пак има над 100. Или Бил Гејтс што со децении ужива во милијардите без со прст да мрдне. Да не ги спомнувам кралските фамилии од блискиот исток што имаат купишта пари од нафтата. Поентата ми беше дека и во странство не е мед и млеко. И во Америка породилното е кратко, месец дена чинам. Ама никој не се буни. Секој работи втора работа и гледа да покрие сметки секој месец. Да не звучам како Спиро и јас, ама нема и јаре и паре.
Ама види, сегде жените може да забременат и секако кога ќе се вратат на работа, ќе имаат отсуство заради болно дете. Тоа е цената што едно нормално општество прифатило дека ќе ја плати, за да опстои, односно за утре таа држава да има жители, училиштата да имаат ученици а економијата да има идни работници. Односот на работодавачите во МК отсекогаш ми бил малку премногу мизогин, за да биде нормален. @malerozna сори, вие сте на дното на таблицата. Да си одиш по на исток ко ќе имаш дете Има држави што плаќаат "личен ќеф". Уствари плаќаат свој интерес, некој кој ќе го одржува балансот со старечката популација и таквимити стратегии на држави кои имаат стратегија.