Пак ќе повторам, нездрава нација. Кој е јаре у ситуацијава, мислиш е не може и дете и да чуваш плус да ти плаќаат? Нездрава споредба. Ај тогаш да поддржуваме педери и посвојување деца, убивање на мајчинството во поим, гледање на жената како машина за раѓање деца и давање на педери шо не можат да си родат и третирање на истата како кокошка што по одреден број на снесени јајца оди на колење. Кон тоа целат тие нездрави нации, уништување на бракот помеѓу мажот и жената, создавање на вештачко "бесполово општество", отежнување на улогата на жената како мајка. Наместо поддршка на мајчинството, ориентирање кон геј паради, за тоа има пари, за деца чување немало.
Ај да не се надоврзувам за кокошките, ќе појде темата у друг правец. Само едно прашање имам, кај е таткото на тие деца/дете во приказната? Мења пелени, плаќа сметки, купува храна, готви дома? Обезбедил нешто за дома или само шљока пиво и ракија и мези шопска со другарите дури пишува лифчиња кладилница? Предлог, мажот ако не сака да работи по дома да помага на супругу, пола плата да се префрла на нејзина сметка. Така и платена и ценета и се у едно ќе биди. @Biljarkata дури јас стигнам на ред за породилно, ќе се сменат многу нешта на островот. Не ми треба исток ако сакам да си сторам фамилија
До ќејфови стасал муабетов Ти мислиш дека некој сака подолго да остане со бебето бидејќи има ваков сопруг, што шљока пиво цел ден и е неприбран, дека таткото на тоа бебе е во оваа категорија луѓе?
Е татко брка шваљерки! Мислев да одговорам ама гледам си ја утнала поентата, па ми се спие за да вртам од почеток. Глупи се данците со бесплатни градинки. Британците се најјаки, роди го и за недела на работа, нема врска дали го доиш или нема кој да го чува.
И сега мене некој сака да ме убеди дека некоја со вакви ставови ќе одгледа здрави и корисни членови на општеството, и дека државата уште треба да и плаќа за тоа? Педерите го уништувале мајчинството, сакале бесполово општество да создадат и ја третирале жената како машина за раѓање деца.
Секој си има право на свое мислење. Ти гледај ги твоите и не коментирај за моите деца, никаде не те вмешав тебе како мајка и физичкото и менталното здравје на твоите деца. Многу подло!
Со тоа што некој има поразлична сексуална ориентација од твојата не заслужува ништо, ни кариера, ни пари, ни дете? Much ВеМеРеО? Ти заслужи, тие не заслужиле? А што е со другите раси и религии? Еве ти ја Данска, исели се и живеј си среќно до крајот на животот, со само бели стрејтови околу тебе.
Абе ако сака да си остане со бебето, нека си остане, никој тоа право на никоја не го оспорува. Муабетот е дека барањата за толку долго породилно се преголеми. Зошто да се дели на 24 наместо на 12 месеци, еве нека си земе втората година неплатено, секако целосното породилно ќе си го земе во првата година. После ќе си се врати на работа и скоро исто ти доџе. Како градоначалниците си ги задржуваат работните места после 4 или 8 години во општина.
@malerozna Само направив споредба, скала на приоритети. Тоа дали поддржувам посвојување деца од хомосексуалци е за друга тема. Се додека не ја донесат британската практика овде, ќе си останам, има и бетер. Ти претпоставувам во Британија си па сакаш као нешто да ги одбраниш.
Па нека зеде де. Нека и дадат, нека и понудат нешто, некоја алтернатива, некое мало олеснување... Кажи ми што тебе ти боде во очи во тоа јас што го реков, што е за тебе тоа различното толку лошо? Во кој дел, со што, ти се осеќаш обесправена со тоа 24 месеци по пола?
Па гледам ги напаѓаш без потреба и морам честа на кралството да ја одбранам. Каква црна скала на приоритети? Какви приоритети? Секој за себе си е на прво место. А секој си се бори за своето. Каj што има сила, нема правдина. Ама какво олеснување, на која основа? Дискриминација? Расизам? Сексизам? Дообјасни се
Јас пишав еден обичен предлог, идеја, која мене ми се допаѓа. Наместо 9 месеци да земам 500 еу, нека бидат 18 шо 250. Еу Здравствениот секако би било платено бидејќи секој добива здравствено осигурување, пензиско ваљда ствар на компромис и договор. Ти викаш не така. Една година нормални примања втората година без примања да се седи дома(скоро исто ќе доџело). Што ти менува тебе дали вака дали така чим не го поддржуваш другиот предлог? Или поточно што е различното, подоброто, во твојот предлог?
Епа ако првата година земаш по 500, нормално дека втората ќе е неплатено. Нема и јаре и паре. Или што, во другите држави не си ги сакаат децата па на 2 месеци ги оставаат на дадилка/баба/тетка кој што има за да го чува бебето, а мајката да се врати на работа за гол опстанок? Таа мајка не си го сака чедото? Тука оставаат мали бебиња на au pair, тотално непозната особа, обично млада и без којзнае какво искуство која се нафаќа да го чува бебето за ситни пари и бесплатен смештај. Неродители се тука?
Зошто се обидуваш да ми залепиш зборови кои ниту сум ги кажала ниту сум ги помислила? Какви немајки кои деца не сакаат, какви неродители... Секој се прилагодува на системот во кој живее и го дава максимумот од себе и за своето семејство и дете. Ако правилата во Америка се едни и жената мора да тргне на работа не значи дека е немајки и не си го сака детето на спроти една мајка во Германија или Македонија која живее во систем со други закони. Нема апсолутно никаква потреба да ја водиме дискусијата во тој правец.
И за тебе е ок тоа, штотуку родено бебе да оставиш со непознат, па ете и младо девојче без искуство? Мислиш сеедно им е на мајките? Мислиш не ги боли? Мислиш дека концентрацијата им е во работата и можат ефективно да ја извршат истата а не во бебето? И најважното, што тука го дискутираме, за тебе тоа е во ред? Тоа треба да ни биде водилка и да се стремиме кон такви закони? И не, не го дискутираме нивното мајчинство. Дискутираме дека дури и мене.ме боли за нив и би посакала нешто да се смени, на подобро. Ама како пример, позитивен, за вистински уредување на породилното, во никој случај не би ги зела овој, породилно од неколку недели.
Државата не е виновна, но има одговорност и должност да ги заштити своите граѓани како физички субјекти. Креацијата - држава постои исклучиво поради нас, никогаш немојте да го заборавите тоа. Во Македонија како патријархална држава, (овој патријархат сигурно го спомнувам во секој пост, веќе и сама на себе сум здодевна), ретко кога правно и социјално обврските ги предава на машкиот родител - таткото. Дури и да се супер поделени активностите во домот, ако станува збор за живеење во поголем стамбен објект е тешко за менаџирање - чистење, и е неопходна интервенција од сервис за хигиена кој скапо чини. Татковците во државава како да ти кажам..ретко се чувствуваат одговорни и умеат да подарат вистинска љубов, внимание и подршка за своите деца. Повторно ќе кажам, не ги обвинувам младите мажи во државава за таа карактеристика, и тој емотивен хендикеп, колку целокупниот општествен систем кој етапно преку воспитанието придонесе да станат ландокрвни копилиња кога е во прашање татковската љубов, и воопшто одговорност кон семејството. Немој да сфатите погрешно, има татковци живот даваат за своите деца, но тие се навистина ретки и во главно целокупната грижа за детето како и грижата за домот паѓаат на грбот на жената - мајка. И таа жена - мајка, каде мора за детето да се грижи, истовремено треба да брка кариера, па и домот да и е цакум пакум. И сето тоа зошто? Затоа што државата не умее да биде доволно фер при распределба на трошоците сразмерно за сите да бидат задоволни. @Nausicaa Спомена дека три години отсуство на жената надвор од својата професионална бранша во поедини кариери може да значи смрт за нејзиниот развој, и тоа е вистина. Тие жени се ставени пред два можни избори - кариера или семејство. Невиновни за последиците, едноставно општеството повторно по не знам кој пат наместо да ги ослободи од милионите одговорности им поставува тежок предизвик - избор меѓу две ,,зла". Било кое и да го одберат на крајот ќе бидат оценети како недоволно добри, и затоа стојам зад тоа дека државата треба да помогне и сериозно да ги разгледа реперкусиите кои произлегуваат од ваквите избори. Зошто многу жени секојдневно го жртвуваат семејството за кариера и обратно. Ако три години треба да се жртвува еден од родителите - нека. Ама да им биде гарантиран процес на адаптација и усовршување за да ги достигнат своите колеги, а не на крај да бидат отпуштени од работа без образложение само затоа што едниот избор го направиле пред другиот.
Не бе @malerozna , за истото збориме. Впрочем темава е отворена инспирирана од УС приликите, или подобро речено неприликите на родителството. Ко што реков (и таблица постирав), секоја држава си го решава прашањево според сопствените интереси. Веројатно УК, УС и сличните, немаат интерес во некакви си непрофитабилни родители, па како такви не ги стимулираат. Од друга страна, Германија, Шведска, Естонија, истотото го стимулираат. И едните и другите се мајки. Само овие вториве, не се притиснати до ѕид да прават избор или јаре (дете) или паре. Може и комунистички да ги викате ваквите мерки (ко што зборат за шведското здравство во САД), мене ми се хуманистички. А деца и вака и така ќе има, и вака и така ќе пораснат.
Ама кога реков дека е ок тоа? Само споредив во Британија како е и бев дочекана на нож од Абеја. Па Кејт, па кралицата, па овој па оној. Значи во западни држави можело 6 недели платено породилно, а кај нас 3 години се бара. Ако социолозите и педијатрите во тие држави решиле дека 6 недели е доволно, тоа е нивна одлука, не моја. Прво беше за парите. Па после не е за парите за драгоценото време со бебето е. Епа земи неплатено. Ама за парите е. Мене ништо не ми менува колку ќе е породилното и кој ќе го плаќа. Нема да ви го плаќам јас од мој џеб. Ако мене ме прашувате, нека е 200 000 денари на месец. Форум е, па дискутираме.
Од исто купче се дава, што ти менува во кои месечни рати би се исплаќало? Се обидувам да ти кажам дека не е за парите. Дека не говорам за нешто екстра од тоа што првично било распределено дека финансиски и следува како надоместок на мајката. Тука третата година е неплатена. Можеш една година нормални приходи, или две години истата сума која била првично на располагање да се исплатува во текот на две години, а после истекот на втората постои опција уште една неплатено дома да се седи. Германски социолози, педијатри и економисти некако повеќе ми се свиѓаат од англиските мене. Првично што те прашав. Колешката што дома останала две години(хипотетично). Ти менува нешто ако ти рече дека по пола надоместок зимала две години или првата година бил целосен а втората не земала нешто? Оти викаш не така, вака. Што е подруго?
Воведниот пост беше дека мајките не се ценети, дека преминуваме од матријахат во патријахат. Според мене е обратното. Тато носи, мама меси заврши. Тоа што денешните мајки се враќаат на работа заради финансии друга тема, што не би сега за неа. Баш сега жените се претежно рамноправни со мажите. И образование, и пристојни работни места. Ама муабетот ми беше дека ако се планира фамилијата (колку што се може да се испланира) не е важно колку време трае породилното. И да е 1 месец, ќе си земе мајката неплатено и ќе си седи дома со бебето. @danichap личен избор на мајката е колку време ќе седи дома со бебето. Нели не беше за парите, таткото е тука да покрива сѐ. Па скокнаа ќе се изгубела во работата, 2 до 3 години биле премногу. И да, многу се според мене. Ама секој најдобро си знае за себе. Еве да не губи нека тргне порано. Според табелата што ја правев, мене за тие 39 недели ме следуваат 8686 фунти. Штом не е за парите, што менува дали ќе е 500х12 или 250х24 Истата сума е на крајот. Ако може мајката после 3 години брзо да се ушалта во работата, воопшто не постои никаков проблем. Дали 4 месеци платено породилно и враќање на работа или истата сума поделена на 36 месеци исто е. Муабетот е, дали ќе ја сака газдата назад и зошто не?