Деверуша

Дискусија во 'Свадба' започната од Katojiikutaka, 27 февруари 2012.

  1. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    незнам дали веќе има ваква тема (побарав но не најдов)
    ако има дупла слободно избришете

    сега во јуни треба да бидам деверуша..воопшто немам искуство со тоа..незнам што треба да се прави,кои се адетите..вамте-тамте..воопшто не сум информирана и некако кога ќе помислам страв ме фаќа.
    иначе имам веќе еден фустан како овој му е моделот сличен само што е тиркизен и не е сатенски него памучен или незнам више што е тоа..многу е штосен,само незнам дали и личи на деверуша :?:
    и на нозете кремасти штикли со некоја кремаста ташна(а може и не ташна) и накит се разбира.
    ај сега ако може повеќе да ме информирате. :$
     

    Прикачени фајлови:

  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    деверуша

    Ако добро те разбрав, главна деверуша си. Главната деверуша седи со невестата дома, со неа во соба е, кога ќе дојде младоженецот и сватовите она ја чува невестата во собата со останатите деверушки.Кога ќе влезат она и помага на невестата да и подава китенки додека кити невестата, а пота треба да му врзеш машна на деверот и да внимаваш да не те баци во образ, ти треба да бидеш побрза и да му удрш шамар.
    Потоа во матично и црква немаш некои посебни обврски,освен во црква да и придржиш,матерјал,свеќи,ташна,корпи...и сл. додека да и затребаат.Во ресторанот по најновиве трендови главната деверуша седи на главна маса (тоа се ќе си прашаш што е и како), и доколку си на главната маса, кога ќе се пие шампањското ќе има и за тебе ќе треба и ти да станеш со младенците кога се наздравува, потоа ако има песна за тебе ќе треба едно оро да поведеш.И останатото е да и помогнеш околу тортата,бонбончињата,се што ќе и биде од помош во текот на свадбата ти си и десна рака на невестата.
     
    На Angel4eeee и Katojiikutaka им се допаѓа ова.
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Немаш некои посебни адети како деверуша, освен што треба да му ја врзеш машната на деверот(кога ќе дојдат по невестата) и да го удриш шлаканица(додека ја врзуваш, пред тој да те бакне).
    Кога ќе влезат младите во салата заедно ќе наздравите(со кумот, кумата, старосватицата, девер и родители).
    Мислам дека тоа се сите обврски на деверушата, а да нормално и ако сакаш да и организираш моминска на невестата заедно со останатите нејзини пријателки(кума, старосватица, блиски другарки).

    Во однос на фустанот, според мене е ок, само доколку треба да се оди во црква ќе треба да имаш некоја наметка за рамената.

    Сноу Квин , “десна рака“ на невестата, зависи која ќе биде старосватицата(и дали воопшто ја има).
    Пример јас бев старосватица и за ова околу тортата во ресторан и бомбончињата јас и помагав на невестата, за дома кога се спремаше, деверушата не беше. Значи се е индивидуално, тоа зависи невестата како ќе си сака и одлучи. Така да, најдобро со неа разговарај и финализирај ги деталите.
     
    На Katojiikutaka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    деверуша

    затоа и пишав
    може ќе биде старосват а не старосватица, јас зборам општо по некое правило треба и двете да помагаат.
     
  5. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    деверуша

    епа фала ви многу стварно. :)
     
  6. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    пред неколку месеци јас бев деверушата на братучетками, но мојата едниствена задача беше да ја вржам машната на деверот за која тој ми даваше пари за поубаво да ја вржам така 3 пати, немаше бакнежи и шамари :rofl: останатото се беше работа на деверот, превозот на младенците (ако знае да вози), носење ташна на невестата, носењето свеќа во црква, и се друго што набројавте погоре. Исто беше и кога дечкоми беше девер и на уште неколку свадби што сум била :o
    но тоа сигурно си е различно во разни краеви :^)
    најубаво прашај некој од твоите или невестата како планираат кои адети да ги тераат :)
     
    На Katojiikutaka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Мене не ми е јасно што всушност е деверушата? Кај нас имаш кум, старосват или во последно време старосватица најчесто другарка на невестата и девер, а тие адети со машната, бакнеж, шамар ги прават деверот и месариката.
    Инаку најпрвин кога ја видов темата помислив за деверуши другарки на невестата облечени во истото и баш пред 3 години ние другарките бевме деверуши на една другарка и ама баш немавме икакви улога освен да се сликаме со сите :lol:
     
    На eli25 и Katojiikutaka им се допаѓа ова.
  8. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Вака ај да ве прашам нешто ,на главната маса дали седи и деверушата?Што ако нема место?Дали е гупаво,несакам да испадне да се налјути некој,а за да седи на главанта маса кај нас деверушата,бидејки масата е помала ке треба да седи од карши со некој на главната маса
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Вообичаено седи и деверушата, значи младите, кум и кума, старосват и старосватица, девер и деверуша се оние кои седат на масата.
    Е сега доколку немаш место, навистина незнам каде би ја сместила, но ќе треба комплет со деверот да седи мислам
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Потруди се да ја сместиш на главната маса пошто малку е глупо, па таа ти е дел од потребниците и логички е да не ја делиш од нив и да седи на главната маса и според мене малку е навредливо ако не не седи со другите потребници.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.034
    Допаѓања:
    66.608
    Пол:
    Женски
    Jaс немам да имам официјално деверуша. Старосватицата ми е мене другарка, па она ќе ми биде тука за се што треба. Другиве не можев да ги поделам, па ќе дојдат сите кај мене дома и ќе одат цел ден со мене. :) Сите заедно ќе бидат на една маса, а на невестинската ќе бидеме ние, кумовите, старосватицата и старосватот и деверот. :)
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Главната деверуша седи до деверот.
    Колку и да е мала масата,не верувам дека 1 стол би бил проблем.
    Е сега,.....ако е до толку работата незнам седни ја на правата маса до невестинската (ама тоа ќе биде мнооогу глупо)
     
  13. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Срцка деверот ке ја носи девојката,деверушата дечкото,кумот се 6 ние двајца моите и неговите плус 6 знаци незнам како ке биде
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    што бараат твоите и неговите на главна маса? :) :?:
     
  15. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Па јас на секоја свадба гледам дека родителите седат на главна маса,освен и кумот ако не казе дека ке донесе кумова тајфа и |( :sweat:
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Јас пак, што годишно одам по 3/4 свадби досега не сум видела родителите да седат на невестинска маса....да имам видено 1991,на касетата на мајка ми и татко ми, е тогаш нивните родители седеле на главана маса.
    А веќе 1997,исто на касета гледано,каде што моите биле кумови родителите не седеле на главна маса.
    Занчи тоа било од пред памти век.Мислам дека треба малку да разгледате друга опција,каде пто вашите не би седеле на главна маса
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.319
    Допаѓања:
    200.563
    Пол:
    Женски
    Не мора вашите да седат на главната маса, кај нас моите и родителите на мажот ми седеа на масите до главната, со други членови од потесното семејство. На главната маса бевме само шестмина (јас, мажот ми, кумовите и старосватицата со дечкото). Доволно е, нема потреба од многу луѓе.
     
  18. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    и јас лично сакав родителите да ми седат на главната маса, и седеа да, направивме поинаков распоред. Мене свадбата ми ја правеа родителите па и заслужуваат, а и сепак тие ми се родители, да седат на главната маса. ОСвен тие и кумот со фамилијата ( 6 души) седеше и деверот и на деверот девојката.
     
  19. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Ние сакаме да седат нашите на главната маса,ке ми биде задоволство,а за се друго има опција ке се додаде уште едно мало масиче и ке нема никаков проблем,
     
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    11.345
    Пол:
    Женски
    До сега не сум видела деверуша да седи на главна маса на ниедна свадба. Обично седат на масата до невестинската. Исто и за кумот- На главната маса седат кумот и кумата, а родителите нивни на друга маса.
    Ако толку сакаш да ги збиеш сите на главната маса, кажи им на келнерите, ќе спојат уште неколку маси до неа,ќе покријат со сатен или што знам што се става, неколку икебани и done.