1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деверуша

Дискусија во 'Свадба' започната од Katojiikutaka, 27 февруари 2012.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    е ова веќе чисти глупости, па таа невестата толку ли памет имала(смајли што се крсти), ти си канета поради него и на пример да си од друг град кого ќе познаваш на свадбата, освен него и со кого ќе седиш :tmi: . Ова никако не ми се допаѓа :!:
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Незнам, најлошо од се беше што уште она рекла дека јас сум "лошата"...тој ден наместо да се радувам и играм,така ми беше целиот пореметен

    баш имам пишано во темата "Нападни девојки"(целата случка со други детали)
     
    На eleni23 и karak им се допаѓа ова.
  3. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    не ми се верува.........без коментар........ :@ таа арна е со паметот????????? секакви има,ама ептен си имала живциии,јас ке сум си заминела ,катастрофаа,алал да ти е,поздрав
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^не заминав,зошто сум дојдена со дечко ми и почит кон братучед му што се женеше,нема да госрамам, некој ќе си помисли дека нешто меѓу нас се десило.А како второ нема шанси да и дадам дознание на таа "патот да и го ослободам"!...али ај,ете само пример што се може да се деси,и до која крајност одат луѓето.
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Овде грешката е во домаќините на свадбата односно во младоженецот и невестата. Јас во никој случај не би разделила дечко и девојка посебно да седат, подобро би ставила едно столче плус, да се подзгужваме и така и така цело време не се седи туку обично главната маса е преазна пошто сите играат, него да ги разделам. И што треба утре вие кога ќе правите свадба да ги поканите и на различна маса да ги седните?
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^за жал не сите размислуваат така. А што е најинтересно сега невестата и старосватицата не комуницираат веќе,ради некој си нивни причини.
     
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    А не е правилно 'деверица' наместо 'деверуша'?
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^хехех кај ти текна...незнам ај баш да видиме,може има некој специјалист за Мак.јазик, па да ни каже
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    http://rechnik.on.net.mk/#/recnik/mk-pravopis/
    Правилно е деверица, не деверуша. ;) Деверуша мислам дека е по српски... :?:

    Кралице, не знам како си издржала на таа свадба, ама јас да бев на твое место не ќе можев да седам мирна. :^) Во најмал случај сама ќе кренев стол и ќе седнев до него. :!:
    Значи, колку безобразни ги има, да не ти се верува. :x
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^јас мислам дека желудецов и ден денс ми се превртува...инаку и јас реков што е проблемот ова она околу столицата, изговорот беше, абе и родителите на кумовите сакале на главан маса, и ја велам ок па голема е масата, не не они се кумови а ќе биде многу тесно....и мене се ми стана јасно :devil:
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Леле аман цел филм направивте |( , не и дозволиле да седи на главната маса, big deal, демек којзнае какво злодело и било нанесено, не била на главната маса, не била во центарот на вниманието бу ху ;(

    И снаа ми не доволи на свадбата на главната маса да седи девојката на деверот со која патем речено и не е веќе, ниту на деверицата дечкото и тие не се веќе заедно.Нејзиното објаснување беше дека ако не седат на главната маса родителите кои ја плаќаат свадбата тогаш нема што некои си дечко и девојка да седат на главната маса и да бидат во сите слики.

    Деверица не е девојка на деверот, деверица традиционално е сестра или прва братучетка на невестата, таа ги кити сватовите и му ја врзува машната на деверот и откога ќе му ја врзе треба или тој да ја бакне или таа да му врзе шамар :lol:други задолжување нема.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^моментот не беше дали сум седела или не на главна маса, прочитај уште еднаш па ќе сватиш.
    На поканата пишува дека седам на невестинска маса, и во последен миг се менува планот(заради желбата на старосватицата за дечко ми)
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Сноу,оскар за најдобар филм за свадба. Сигурно сте се закубале за коси,а сигурно при сета еуфорија сватовиве тебе те забележале,а и тој дечко ти ептен ти ја одбранил честа,ептен,вреден за борби и тепачки. Ама штом во 70 проценти од случаите фаќаш бидермаер,ондак се мужиш,ама не ми е јасно шо си толку упорна во ловењето на истиот,ете ти си ја имаш среќата,допушти некоја несреќничка како таа да го фати, па да се усреќи и понадева... Мислам дека редно е годинава ти да го фрлаш бидермаерот.

    Оф леле...
    Чија си е свадбата,тој си ги поставува правилата.
     
    На Hipster, lolyta777, JoxyTheFreak и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Малку се уплашив од филмот деверуша-психопат. :(

    Овај... јас и другарка ми ќе си бидеме една на друга.
    Барем така сме во план.
    Еднаш другарка ми праша еден дедо поп, смееме ли да си бидеме една на друга и он рекол - смеете, што да не.
    Оттогаш сме ден и ноќ заедно, си плетеме плетенки, :makeup: се радуваме и вежбаме фрлање на бидермаер, јас живеам на први, она стои пред зграда, јас го џиткам и прилично е успешно, и лансирањето и слетувањето.
    :up:
    Палче нагоре.

    Е сега, мојата е една од најсреќните изгледа.
    Треба само да организира лудачка моминска вечер.
    Бидејќи не планирам земање од дома, не мора да ме чува зад затворена врата и да ме лади со палмин лист или перја од паун.
    Ќе ја лишам од улогата на wingman или подобро кажано wingwoman. :D Или sidekick.

    Остатокот, машни, девери, шамари... :^) не, не можам да коментирам вакви рудиментирани обичаи.
    Фрлање на бидермаер, иако напорно вежбаме, мојата 100% нема да се џитка по него.
    Си ја знам дотолку.
    ;)
     
    На LilBaby и Hipster им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Lilit фала за оскарот
    П.С.
    -тоа што сум пишала кој сака да верува нека верува кој не нема да го молам, право на слободно мислење и изразување
    -мн. ми е гајле дал некој ме забележал,ја не сум била таму за да бидам центар на внимание
    -дечко ми сигурно не требал да ја отера у ПМ, добро си постапил,не се спушта на нејзино ниво
    -штом сум со него 6год. вреден е за многу работи
    -подобро јас немажена да го фатам бидермаерот,отколку некој "вол",од досаднине мажи што стојат,или некој дедо(како што имам видено)
     
    На Iamstorm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Деверуши (слики)

    Ние другарките бевме деверуши на една сругарка пред 4 години :) Искрено за тој период ми беше интересно деверуши пошто многу ретко која невеста имаше, а веќе ми се ептен досадни :)
    Бевме облечени во многу убави темно зелени фустани и имавме исти бидермаети како на невестата само помали, убаво беше, интересно беше сите сакаа да се сликат со нас :lol:
     
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Деверуши (слики)

    И мене некако ми се "амерички филм"... Нема да имам деверуши пред се и бидејќи најблиските другарки ми се со различна градба на тело - од 50 до 100 кила. Секако нема да се осеќаат посебно пополните пријатно ако треба да имаат ист (или сличен) фустан, а и стиловите им се сосема различни. Дополнително и не гладам зошто заради пар убави слики да ги терам да влегуваат во трошоци - бар две од нив имаат преубави свечени фустани што само еднаш до сега ги носеле и за кои тешко наоѓаат прилика да ги носат (а се поскапи од се што јас би можела да наметнам), другите си купија нови по цени колку што можат да си дозволат во моментот (а секоја може различно).
    Можеби да имав 10 години помалце и да беа сите "кандидатки" слободни, и ќе правевме некоја шема... :)
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Деверуши (слики)

    Ова деверуши, па во исто облечени, нели не е наш обичај? Плус малку ми е безвезе да имам демек 5 деверуши, а само една од нив се потпишува во матично :^)
    Не би сакала да имам деверуши, а уште помалку да бидат облечени во исто :shake:
     
    На Elenuskaa, Divinebutterfly и Hipster им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Деверуши (слики)

    Не знам од каде излезе оваа мода, ама морам да кажам дека воопшто не ми се допаѓа.

    Прво морам да им кажам на сите идни невести дека ако сакаат да имаат деверуши, тогаш самите нека им ги платат фустаните :!: , а не само да изразат желба за тоа, а да не ги прашаат другарките колку ќе ги чинат тие фустани и дали тие можат да си дозволат вакво нешто, што реално е скапо, а нема никаква корист од него, освен што постарите луѓе на свадбата ќе се прашуваат што е финтата со неколкуте девојќи кои се облечени во исто, додека помладите само ќе зјапаат и ќе им биде смешно додека вие изигравате кловн на свадбата.

    Друга работа е што еден ист фустан не им стои исто на сите, а колку е поголем бројот на деверушите толку е потешко да се избере моделот кој ќе се шие, а за бојата и материјалот да не зборувам.
    И на крај пак некој нема да биде задоволен, што е и логично.

    Трета работа е изборот на шивачката (ако успеете да се усогласите околу моделот, материјалот и бојата). Некои луѓе едноставно немаат искуство со шиење, не знаат што им пречи, срам им е да кажат што би смениле, не даваат сугестии и аналогно на тоа некој добива главоболка- или идната деверуша, или шивачката, а најчесто двете.

    На крај го облекувате фустанот (кој најчесто не е во ваш стил) и одите на таа фамозна свадба и не се чувствувате удобно- освен ако не сте некој вединг фрик, па сакате се што е поврзано со свадби и уживате во улогата на принцеза од маскенбал, пардон, деверуша.

    Ама нели мораме да им правиме чест на другарките, па макар изгледале смешно, се со цел таа да има поинтересна свадба и свадбени фотографии :) .

    Епа кога веќе ние даваме се од себе за да и` го направиме меракот на невестата, зарем не е фер таа да ги плати фустаните, кога веќе сака да го има тој луксуз наречен деверуши?
    Затоа што реално, тоа чини многу, а ретко кој истиот фустан ќе го облече друг пат, што не е случај доколку си одбере фустан по негова желба- или пак да помине со ептен минимален трошок и да носи некој фустан кој што го имала купено претходно.

    Во вакви моменти се прашувам дали луѓето имаат осет за другите?
    Јас секогаш мислам некој да не го ставам во трошок, да не му наметнувам нешто што не сака, да му биде удобно, ама очигледно повеќето сакаат само да си го направат само нивниот мерак.

    Тоа е моето мислење за целава оваа лакрдија наречена деверуши.
     
    На femina90, Annath, lolyta777 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    На моите другарки нема шанса ни да им побарам таков трошок, ниту пак да ја терам таа над 90 килограми да облече ист фустан со братучедка ми од 45. Па ни сликите нема убаво да изгледаат со такво шаренило од фигури кои носат сличен фустан :)
    Можеби ако се мажев пред 10 години поинаку ќе мислев (а и моите другарки ќе беа поблиску до девојчиња одошто до возрасни жени :lol: )