А која е логиката невестата да им кажува што боја да се? Или па ист модел, материјал. НЕ гледам ПОЕНТА зашто, полесно да ги познае во толпата? Ако идете по некои традиции, кај нас нема таква традиција. Мене ме нервира тоа сите во иста боја на фустани, близнаци па не ги облекуваат во иста боја на облека веќе.
pa od kade e deka nevestata treba da mu gi kupi???? ako ti se vistinski drugarki ke prifatat.. oti ipak jas oti tolku so gi sakam i pocituvam gi pobarav za deverusi... za da bidat do mene do najsrekniot den vo mojot zivot.. toa e golema pocit
^Ако се сака да се долови моментот на ПОТЕНЦИРАЊЕ деверуши,треба или иста боја или ист модел. А логично е дека невестата ја бира бојата,тоновите во која и е свадбата. А за моделот исто така е нормално дека нема да им се меша.
Логично според мене е и невестата да не се треска од земја за тоа како ќе бидат другите облечене туку она. Секој си води сметка за себе, и е прашање на вкус личен кој како сака да се облече, мислам дека уште тоа и остана Нејзин ден е точно, ама такви контрол фрик невести неможам органски да смислам. У осталом ако тие не сакаат да се ПОТЕНЦИРААТ и истакнат? Со сила убавина не бидува, па незнам зошто тоа се форсира. Секоја нека си носи што сака и невестат треба да биде среќна што дошле и се весели и среќни покрај неа, а не што носат
јас не гладам лошо ако невестата цела свадба ја прави во црвени тонови,и им рече се сами да си изберат и договорат но нијансата да биде црвена друго е она да диктира е ова е тоа е вака е така,а друго е на 2/3 другарки да им каже
pa normalno deka prvin gi prasav dali sakaat da bidat eloUUU.. ne e nisto na sila... a za nevestata da sekoja si ima svoj stil i vkus na fustan.. ama ima tolku ubavi fustani so niedna nevesta ne bila grda.. sekoja na svoj nacin ali ipak ubava.. i jas ne gledam nisto loso.. no na drugi ne mu se dopaga toa.. ama sepak sekoj ima svoe mislenje.. taa so mu vrzuva masna e prva bratucedka na nevestata.. barem kaj nas taka e... a tie vo sobata so nevestata ne se deveriici.. ama jas sakam da imam deverici. isto obleceni
живи глупости бре, мене Hевестата ќе ми кажува која боја да ја носам. и на пример ако ми каже портокалово, јас под дифлот треба да носам портокалово оти нејзе така и се сакало Mоре море, бре Cекакви глупости имало значи на овој бели свет, на крај краева кој ќе се замара со деверушите. Mи спотребале деверуши,китки митки и глупости
kitkat91 Ти си знаеш, али ако веќе инсистираш да бидат во твоја боја ти плати им ги. Ако толку ти значи тоа, ќе го средиш. И не реков дека била со сила, не е темата само за твоите деверуши, коментираме општо мислења даваме. Логика незнам колку има,мене целото тоа тонско средување на свадбата ми нема логика и целата таа театралност. Додуша мене тие традиционални свадби со тие сите триста милиони тракатанци па и те како ми немаат логика и практичност. По прашањето на темата општо се изјаснувам дека ми е голема глупост да бидат во исто, никогаш не ми ги ни терала, ма да јас не би ни правела таква свадба, не се ни трескам околку тоа. Целта за мене е склучување на нешто убаво, трајно, кое за мене е поинтимно и едноставно-а не бал со триста непотребни обичаи, кои и всушност не се наши. И убаво рече реинбоу дека деверушата и нема голема улога во свадбата. Деверуши во иста боја за мене се како кога близнаците мајките ги тераат во исто да се облекуваат. Кичесто и досадно
Pочнавме да прифаќаме многу нешта кои не се дел од нашата традиција , дел од традицијата ја напуштаме и мислам дека нема тука ништо лошо. секој со своите избори во животот. Mислам дека нема правила, има избори и договори барем кога станува збор за вакви работи. јас кога би решила да си терам мераци со деверуши како од американски филм тогаш јас треба да им ги купам фустаните. Eдна моја пријателка ги шокираше сите кога им кажа дека сакала сите другарки да и бидат во долги фустани ! Eлеганцијата на свадба се подразбира ама давање наредби кој како да се облече е безобразлук. Mоже препорака за дрес код пример, црно - бело и тоа би било ок ама ова од неа беше претерано. Oд друга страна имањето една деверуша дава предност и значење на една од другарките, ја издвојува од другите, поенатата на повеќе деверуши е да се избегне таквото издвојување.
Се е до вкусот, за вкусови не се разговара. Според мене воопшто не е во ред некој да ми наметнува како да се облечам без разлика дали ке ми плати за фустанот или не. Можеби тој модел супер стои на одредени девојки што не мора да значи на сите и тогаш што. Девојката ке се чуствува непријатно но, за атер ке мора да носи нешто што не и стои. Исто така и бојата. Замислете да се деверушите во бледо розе, жолта, светло плава а меѓу деверушите да има и полничка девојка, на која баш и не и стои бојата или моделот. Размислете и за другите а не себично само за себе.
А од каде тоа дека тие сами треба да си купат? Не знаев дека по тоа се мери вистинското другарство Ти ако толку ги почитуваш ќе имаш осет и ќе им покриеш барем дел од трошоците, за да не бидат “несреќни“ на најсреќниот ден во твојот живот. Туку јасно ми е што ти беше целта- не праша што мислиме ние, туку сакаше да ти кажеме дека се` треба да си платат тие . Како и да е, треба да се спремам да излезам, не можам повеќе да се дообјаснувам, а мислам дека доволно е кажано за оваа глупост.
Според мене невестите кои што сакаат да имаат деверици на свадбата исто облечени сакаат на било каков начин да го привлечат вниманието како демек нивната свадба била најубава пошто биле уникатни односно украле некој си американски обичај за кој немаат поим што значи, малце ми се смешни сите свадби на кои ќе видам 5-6 девојки облечени во исто и изиграваат кловнови. Ако невестата толку ги почитува на нејзе ќе и е битно дали тие се тука а не да им диктира како треба да изгледаат. А уште па и тие сами да си ги купуваат фустаните, е за то немам коментар. Како што кажа Лолите во претходното мислење не мора да значи дека ако е деверуша ќе купува нов фустан, може има некој претходно или пак ќе позајми. Ја знаеме финансиската состојба на сите во нашава си државичка така да за исполнување на нечиии каприци да се изложуваме на непотребни и неразумни трошоци не подржувам во никој случај.
Една од моите најблиски другарки има 90 кила, братучедка ми под 50. Апсолутно не би очекувала од почит према мене да се облечат ни исто ни слично - во било кој случај барем едната ќе се осеќа неубаво. А и сликите (ко едина причина за постоењето на исто облечени деверуши) нема баш убаво да изгледаат во тој случај. За цената да не збориме - јас сум кажала дека на следната свадба на било која другарка ќе носам еден скап и многу убав дизајнерски фустан што лани го купив, ама за жал само еднаш сум била во прилика да го облечам и едвај чекам следна прилика И сега да се најде некоја другарка што ќе рече дека не може тоа, туку нешто склепано од локална шнајдерка (со цел да се добие пристојна цена за сите), или нешто зелено (боја што не ја поднесувам), ќе речам само ФАЛА, НЕ. А ќе ја почитувам невестата секако.
Абе да не речам... ама ај ќе речам - Глупости! Прво и прво, изразот на англиски "maid of honor" е сам по себе навредлив. Слугинки, пак почесни. Надвор од тоа, не ги разбирам овие свадбени традиции и наметнати нови традиции. И не ја разбирам желбата на невестата да им одбира одвратни фустани на најдобрите другарки само за да не ја засенат нејзе. Затоа што никогаш нема да им погоди по вкус, или тие меѓу себе да се договорат и сите да бидат задоволни. Некоја сака поскапо да се облекува, па нема да е задоволна со едноставен и поефтин избор, а повеќето нема да можат да си дозволат дополнителен трошок. Убаво рече Сесилија, ако веќе сака да им наметнува свадбен стајлинг, правилно би требало да си плати. Дали сте свесни дека има девојки што имаат 1-2 свечени фустани што им се за вакви пригоди, и да им бараш да дадат 3000 за фустан за една пригода, плус поклон, плус организација и трошоци за моминска вечер - ги надминува границите на здрав разум? Ќе треба да се откаже од некоја вистинска потреба. Нити живееме во Америка, нити може кај нас секој да си го дозволи тоа, нити пак изгледа интересно. За што? За сликање. За да одело со свадбените бои.
Ако веќе другарките на невестата се сложат, имаат мерак да бидат деверуши облечени во исти фустани, оти често девојките самите си бараат, знаете сите ќе гледаат во нас, колку ќе бидеме убави, па после сликички на фб да не видат колку бевме јаки...тогаш веројатно е ок и самите да си го платат фустанот. Но ако е замисла на невестата тогаш редно е таа да си плати...Ми беше интересно само кога првиот пат видов слика со деверуши, сепак за во нашиот крај беше новост, нешто поинакво, но после веќе стана банално, мноооогу досадно...
Видов една топ идеја од свадба наша. Не е битно кој го купил, но имаше 2 материјали цветен и лилјаков. И оставено на неколку другарки, 8 мислам беа да си сошијат фустан по избор. Сите фустани беа различни, едни долги, едни кратки, едни со едно рамо, други корсет но сите со истиот материјал. Некои беа лилјакови со цветни детали, другите пола пола, трети цветни само делче лилјаково. Ептен беа топ, ептен
Деверушите ги доживувам како украс за сликање ,најискрено! Значи улога некоја немаат како што знам,освен што треба да бидат облечени во исто Скоро моја другарка правеше свадба,и викна 3 другарки да и биле деверуши.Они си мислеа нормално дека невестата ќе си плати .Си купија материјал,она им кажа каде да ги однесат на шиење,каде бааги ги чинеше,а она не им даде ни денар.Глупости испаднаа,на крај ептен беа лути,и кога дававме пари за поклон во плико дадоа многу помалку Беа многу изреволтирани,дали беше недоразбирање,они си тргнаа по логика дека невестата плаќа......На оваа и беше пуста желба за фотки,па ми излегоа другаркиве ко искористени
Девојки ве читам и си викам добро е не е проблемот во мене. Денеска другарка ни даде понуда за деверуши за нејзинаќа свадба. Ние сме 8 другарки од 50 па до 90 кила а за висината страв ми е да помислам. Исти фустани во иста боја леле НЕЕЕ си ја замислив сликата, не ми се допаѓа, а сите беа видно возбудѓни, па и боја одбраа, а свадбата е за 1 година, а само мене не ми се допадна идејата. Сите имаме до негде различни вкусови, повеќето другарки знам дека ќе сакаат тесен фустан, а јас сум си така со некое кило плус, епа не е феееер а имам и уште многу подебела другарка, не знам со неа што ќе правиме. Оф леле не ја разбирам логикава. Ама штом решила така нема да и го кршам кеифот, макар се чуствувала ко кловн. На сестра ми другарка исто беше деверуша, ама исти фустани имаа само кај невестата, во црква и матично, ама тоа се беше а трошок на невестата, таа им ги шиеше. А во ресторан си носеа тоа што тие сакаа, најубаво така... Така да генерален заклучок, сум против деверушите, имам мн убави наши традиции и наша култура, зошто нашата да ја исфламе и да прифаќаме некоја американска култура..... Ама ете македонска работа се што е наше не е убаво, ама туѓото е поубаво