1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деверуша

Дискусија во 'Свадба' започната од Katojiikutaka, 27 февруари 2012.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Деверушата му врзува машна на деверот и не гледам логика да има 5-6 деверуши, тогаш која ќе му ја врзе машната на деверот.
    Мене па ич не ми изгледаат убаво повеќе деверуши облечени во исти фустани, демек они се нај убави, другите не се, живи глупости, американски бул шит.
    Мене деверуша ми беше мојата внука и така е нај добро, деверуша да биде сестра, братучедка, внука.
    Особено одвратни ми се сликите кај што се собираат машки од кај младоженецот, деверушите од кај невестата и ги тегнат да не се спојат а овие дрш не дај се тегнат и една слика топ поза што ќе испадне па не знам кај ќе ја изложат, ебаго.
     
    На Lovely93 и girl1985 им се допаѓа ова.
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    хахахаххха како си ме изнасмејала алал да ти е, жива вистина за 90% од свадбените фотографии кај нас направени со деверуши. Баш (не)оригинално :rofl: Е сега, и јас имав деверуши ама немаше фами од типот сите исто облечени и слично. Всушност тоа ми беа неколку блиски другарки кои беа кај мене во собата пред да влезе младоженецот. На нив им ставив свет на раката, а "главна" деверуша ми беше девојка која ме знае од бебе и целосно го заслужи тоа. Таа му ја врза машната на деверот и сите останати работи што беа поврзани. Е сега немав слики со тегнење , ама јбг бидна :lol:
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.960
    Пол:
    Женски
    Се сложувам тука со повеќето кои се против деверушите на свадбата. Кај нас никогаш не било традиција, премногу се гледаат американски лимонади, тоа е проблемот. Јас лично немав деверуши - само старосватица која си имаше улога на потписник во матично, а и во црква беше сведок бидејќи немаше девер од страната на мажот ми.
    Не мислам дека слепо мора да ги тераме македонските традиции и обичаите, ниту пак слепо да прифаќаме нешто што ни го наметнува западот. Сепак, кој како сака, нека прави, само нека си ги пушта нозете колку му е долга чергата. Свадбата е скапа работа ;)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    :tmi:
    Па мене сега ми кликна, јас цело време мислам зборуваме за старосватица, а уствари темава била за оние made of honor, што трчкаат како улави по разјарената невеста во филмовите, организираат моминска вечер, една главна и неколку не толку главни, сите изнаоблечени во истиот сатен на метро, само во различни моделчиња.
    :D

    Ау не, јас си имам таксано старосватица, никакви деверуши.
    Уствари, поентата им е иста, со тоа што нема да и' диктираш што да облече на твојата свадба, туку сама ќе си реши.
    :)
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас имав деверуши :wasntme:
    Hе знам тогаш што сум мислела и зашто сум сакала да имам,ништо не правеа,се врткаа околу мене,играа и седеа на главна маса |( :D

    Cега си викам која глупача сум била,стварно не знам зашто имав,т.е притиск од свекрва ми,овде во Aвстралија така правеле,морало и ние :^)

    Tоа што велите тие да си плакаат,јас се им платив,туку сестра ми беше една од деверушите,туку да јас им платив за фустанчината кратки носеа розеви,сандалите,накит,шминка туку шминката ефтино ме фати,една пријателка ги шминкаше :?:

    И пак ке речам не знам што сум мислела тогаш,млада и луда :tmi:

    Eдит,заборавив да кажам,тие сами си одбраа што сакаат да носат,се договорија,која боја што како,јас ништо не диктирав :wasntme:
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    И јас не сакав да ги делам другарките, па затоа не ни имав деверуша. Девојчињата што им ги редеа китките на врата му ја врзаа и машната на деверчето без посебни церемонии. :)
    А другите сите беа со мене во собата, таман се спремавме за журка ете ти го младоженецот. :rofl:
    А инаку не знам па и деверот што функција имаше, не се ни потпишува ни ништо, само седеше на гланата маса. :wasntme:
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.074
    ^ Кај нас деверот ги купува чевлите,ташната и бидермаерот,и исто стои во црква кога ќе не венчаваат.
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Стварно и јас не знам деверот што функција има... не е потписник... а дарувања дрн мрн кај за свадба па и за крштевка??!!
     
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Јас нема да имам девер, согласно со тоа ни деверуша, па и не ме боли главата :)
    На главна маса ќе седиме ние двајца, кумот и старосватицата, и толку...
     
    На Annath, Trendafilka и girl1985 им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    A што навистина деверот има функција?
    Јас не планирам земање од дома, следствено на тоа - нема китење пред порти, нема криење позади врата, "купување" невеста, врзување шамари... Сега и тука читам - не се потпишува никаде, што функција има уствари девер?
    Макар и некое духовно, црковно објаснување или некое останато од македонските народни приказни, чисто онака ме интересира.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Нема функција, ти викам јас. Ни во црква стои ни ништо, не ти ни треба девер ако немаш китење и такви работи.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.960
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам, деверот е втор сведок во матично и во црква (настрана тоа што требало да купува не знам што и да ја бара невестата), барем порано така беше, сега и невестите си бираат старосватици или па други сведоци за матично.
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    За во матично не сум сигурна, ама за во црква знам дека деверот е сведок покрај кумот и старосватот
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мене ми беше кажано, дека деверот има функција да те пољуби и да прими шамар достоинствено :D

    Леле ич не ги баратам овие адети, традиции, тракатанци, кокошки, погачи, држење врати. Секогаш сум онаква, со подигната веѓа - А?! Не, не чекај, уште еднаш, што треба да правам?! А?! :^) :D

    Како и да е, деверуша е многу кул ствар, не дека јас бев два пати :lol: ама па, не е фер ако имаш повеќе блиски другарки и само едната да има функција, старосватица. А што правиме со останатите.
    Фала богу имам нормални другарки и никоја не ме терала мене ниту останатите да се облакуваме во исти фустани.
    Ама ете, колку да не се чуствуваме ко да сме обични гости на свадбата а сепак сме блиски, ни беше дадена „функција“. И нормално дека се зезавме цело време, за функцијата.

    Јас ако некогаш правам свадба, ако! ко прво не верувам да се раководи по некои си правила, не верувам да е класична опа цупа ко сите свадби што се, и заради тие причини, пошто веќе си таксав другарка за старосватица, сите други блиски другарки ги правам сместа деверуши.
    Ако ништо друго, позабавно ќе ми биде на девојачкото, сите нека го организираат. Уствари, вака гледано, мене ми е доволно некој девојачко да ми направи, свадба не мора ни да имам, ќе го одвлечкам до матично, ај чао, отидов ја да се журкам со другарките :D
     
    На 1209 и girl1985 им се допаѓа ова.
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Кај нас деверот има функција, на пример кога одат по невестата од едната страна под рака деверот го носи на зетот, има женат и неженат девер. Исто така во рака ги носат кондурте и букетот за невестата. Па после тоа во собата кај невестата јадат онака од адет 2-3 пати од чорбата.

    Искрено мене тоа глупостите со деверушите воопшто не ми се допаѓа, влезени во некој американски филм. Си имаме преубави обичаи кај нас, мерак да ти е. Онака старински адети...богатство ни се и треба да ги чуваме, а не да ги отфрлуваме.
     
    На JoxyTheFreak, Annath и kravce им се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    токму така, во црква и деверот се смета како сведок пред бога
    а во матично само 2јца сведоци
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Зависи како каде изгледа е со деверот работата, кај мене не беше така, не беше сведок деверот никаде. Може е најубаво да се праша во црквата каде се закажува за сигурно, па да си знаеш на што си. :)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Ја ќе немам деверуша,јас ќе имам деверуш,те 4ца. Се мислам дали да им го направам најголемото зло у животот,па да ги натерам да дојдат во балерински фустанчиња или циклама фустани или пак во килтови. :wasntme:
    На кој до шо му е и како му е! Ај лав мај бојс,шо да им праа шо се така златни!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    до сега два пати бев деверуша, е сега по некои наши адети излезе дека додека бар уште еднаш не бидам несмеам да се мажам, незнам зошто, као не било убаво ако бил парен број, требало 1, 3, 5... пати, дали сте слушнале за нешто вакво, зошто е така? :^) :|
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^тоа не е за тебе...тоа е за младенците,сведоците и деворот.
    И не е за пред брак,туку воопшто во животот требало 1/3/5/7 пати да биле сведоци, а не парен број.

    Од друга страна пак, дечко ми кога требаше девер да биде,баш беа заради тоа поп да прашаат, а тој пак рече, што повеќе венчавања и сведочења тоа поголем благослов прима човекот.Не е ништо лошо....вели стари муабети на народот.