1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деверуша

Дискусија во 'Свадба' започната од Katojiikutaka, 27 февруари 2012.

  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Какви бре деверуши, какви бакрачи... Ич не сум некоја традиционална, нема да имаме кокошки, чорби, бутури, и незнам што се адети има по свадбиве наши, ама ко ќе ги видам деверушите стандард облечени во фустани во боите на декорациите на свадбата, ме фаќа глава да ме боли...Не се ништо повеќе од декорација. Мене секако другарките ми се другарки, неморам да ги маскирам да изгледаат ко шеќерки и да трчкараат по мене цела свадба, и па уште и гореспоменатите слики со тегнење и влечење, и не ја давам, па чекај ќе ти ја подадам малку, ма уствари не ја даваме ќе си ја чуваме за нова невестата, па сликите ќе ги закачуваме на фејсбук да викаат сите леле, леле, види ги овие, и незнам што... Многу ми е лош филм... хахахахаха, леле ама изругаааааав, се засрамив... :$
     
    На sonce10, thinkerbell, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За 3 недели сум деверуша.
    И нема да биде од типот дека мора нешто да облечам во таа таа боја...ќе си одам со свој избор на облека. Дента ќе си бидам до невестата,да и помогнам за се што ќе и треба и освен врзувањето машна на деверот буквално немам никаква друга обврска....и се разбира шамар да му удрам :D
     
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ај пак јас најнеинформираната невеста на светот... Што е финтата со шамарите или бакнежи што ли беа таму? :rofl: Лелеееее, колку ништо незнааааааам!!! :$
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Имаш деверуша и деверушки. Може да се има и деверуша од машка страна(девојката на деверот).
    Деверушта од женска страна го врзува деверот и при крајот на врзувањето некој некого ќе претекне или она него шамар,или он на неа бакнеж во образ. Се верува дека ако деверушата удри шамар невестата ќе водела во бракот,ако не младоженецот. А деверушки се останатите девојки кај невестата во натре што држат врата и што китат на влезна врата.
     
  5. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Сестра ми ке има 6 деверуши на свадбата. Сите ќе бидат облечени во (се исто) нежно сини фустани, кремасти штикли, фризури, шминки, плитови и сл. :)
     
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Колку само не ми се допаѓаат новиве обичаи што ги има се почесто на денешниве свадби,толку ми се неприродни што дури и го расипуваат самиот тој прекрасен чин. И ме потсеќаат на оние евтини американски филмчиња и секако тоа е католички обичај ,не наш .Ама денешниве цуци од што многу гледаат филмови и прифаќаат се и сешто .И да не бидам лошо сватена има куп обичаи кои што се наши и никогаш нема да им ја сватам поентата баш напротив ми се смешни и бизарни ама секој си прави нели како му одговара :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Мене ми личи дека деверушите се повеќе како украс, а да верувам дека ако другарка ми деверуша му лепне шамар на деверот пред он да ја бакне дека јас ќе водам у бракот или обратно – ноу веј :lol:
     
  8. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Абе луѓе арно кажа Сноу, деверуша е различно од деверушки.

    Деверуша е онаа што стои до младоженецот во црквата. По штипски шаферка :)
    А деверушки се неколку девојки облечени во исто или различен модел, со ист материјал, и служат како украс на свадбата :?:

    Јас имав деверуша, а деверушки не. Не ми се допаѓа тој нов адет :worried:
     
  9. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Јас немам главна деверуша, мојата најдобра другарка ќе ми биде старосватица и таа ќе ми се потпишува во матично и ќе стои во црква. Ми беше чудно кога бев на свадба во друг град кај другар на вереникот тогаш ми беше дечко :) од страна на младоженецот имаше кум со жена му кума, старосват со жена му старосватица и дечко ми беше побратим тоест девер по скопски :) и сите тие беа сведоци, што мене ми е стварно глупо како од страна на невестата нема ниеден сведок, бидејќи како што знам, сведоците "гарантираат" дека младиве доброволно се зимаат, значи од страна на младоженецот треба да има кум, девер, а од страна на невестата - нејзина старосватица или по ново деверуша.
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^Не грешка си, старосватица си нема врска со деверуша. Разграничете ги работите:
    * Кум и кума (од машка страна)

    * Старосват и старосватица (зависи каков е каде адетот, во поголем дел е од женска страна, ама ете пример во Велес вујкото е старосват)....и тие со кумот се сведоци пред законот и господ.

    * Деверот, момче неженето до страна од кај младоженецот, е сведок само пред господ.

    * Деверуша:
    - девојка од женска страна немажена која го врзува деверот - тоа е деверуша и таа НЕ Е сведок ниту пред законот ниту пред бога
    - !може да се појави од машка страна,во Штип таков им е обичајот, или во Скопје и др.градови од машка страна ама само како фигура бидејќи е девојка на деверот и седи до него

    * Деверушки: девојки (сестри/другарки немажени на невестата), кои имаат некаков заеднички симбол дента (било чевли и тапна, букети, исти фустани, или различни фустани во иста боја), и вршат помали адети кај невестата: китење на сватовите на врата, и чување на невестата во соба. (дел од wedding фотосесија) и толку...ниту тие не се сведоци.


    И да се напомене дека секој град си влече свои адети, пример гевгелија, они немаат старосват/старосватица, туку кумот и кумата се двајцата сведоци пред законот и господа.
    И др...да не редиме сега тука адети. Но ете се надевам во погоре напишаното се разјаснија работите.
     
    На karak и molikaMk им се допаѓа ова.
  11. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Детално објаснето фалааа :) секој како си сака, јас на пример воопшто не се замарам кој што ќи ми биде на свадба, па затоа ни ги разбирам, а искрено и не се ни трудам да ги разберам адетите бидејќи не ми се особено битни и не гледам никаква причина 6 месеци додека да дојде свадбата да се преоптоварувам со ташните или чевлите на моите другарки ни нешто слично. Но, пак ќе кажам, немам ништо против за оние девојки кои посветуваат големо внимание на ситници, јас едноставно не сум таков карактер :*
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Грешиш Сноу :) во Штип има кум и старосват (при венчавање во црква стојат позади младоженците), девер (стои до невестата) и шаферка (стои до младоженецот и :!: не е девојка на деверот). Во Кочани на пример, кумот стои позади, деверот стои до невестата и старосватот стои до младоженецот, а шаферка нема :) колку се блиски овие две места, а колку се различни обичаите.
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^Да да така, знам дека стојат зад младенците во Штип. Мене муабетот ми беше за деверицата ;) инаку за кумот и старосватот знам. А во Штип и шаферката е сведок пред бога.
     
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.214
    Пол:
    Женски
  15. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Значи сеа за некој ден братучедка ми прави свадба,јас сум деверуша.Ми кажаа дека само врзувам машна на деверот и тоае се :/