На сестра ми свадбата е во јуни закажана. Јас со брат ми и моите 2 сестри и уште други ќе ја чуваме. Ќе има и 6 деверуши. Бојата на фустаните ќе и е нежно сина и ќе имаат исти штикли, пликови, шминки и фризури...
Ова ми е идеално. Мислам дека не е проблем неколку девојки да се согласат да носат иста боја (можеби и невестата да им го купи материјалот), и после секоја сама да си сошие фустан. Сите имаат различно тело, и различни модели можеби би им стоеле подобро, и така ќе имаат слобода да си го изберат својот фустан, а сепак да има одредена тема на свадбата. Се надевам моите другарки би се согласиле на вакво нешто за мојата свадба. Лично размислувам и за тоа јас како невеста да носам чевли со боја на фустаните на деверушите. Ама и голем кејф имам за невестинските бели штикли... Морам да си ја решам дилемава пред да ме побара дечко ми за жена