Ова со деверуши никогаш не сум го сакала, многу ми е шит и без врска па особено кога ќе се "спарат" со "девери" па кога ќе почнат да се лигават по слики да се тегнат, демек овие не ја даваат нејзе оние него, па дрш не дај работава, па кич до бесвест а и смешно е ептен, некако како со сила да се американизираат.
Јас сакам деверуши, но во фустани со нежни бои. И никако фотосесии со теглење, итн.. не ги сакам тие работи. Спонтаните слики ми се многу поубави.
[http://bride.mk/images/sliki/deverusi/deverusi15.jpg/img] [img]http://bride.mk/images/sliki/deverusi/deverusi17.jpg
Јас искрено ова не би го правела. Но ете ако нешто се предомислам би сакала деверушите да ми се облечени во бејби блу фустанчиња. И сите да бидат во различни модели:
И јас имам поделено мислење на оваа тема. Од една страна,не ми се допаѓаат,бидејќи сите се облечени исто и на некој начин се врши дикриминација,и незнам...Секој има свој стил,нели? Од друга страна,баш убаво изгледаат фотосесиите,само ако се вметне некоја нова поинтересна и покреативна поза,не само,влечењето.
А кој им ги плаќа фустаните на деверушиве (нели по нашиве свадби се се знае кој што треба да плати). Затоа што треба да бидат укомпонирани во замислата на невестата за стилот и боите на свадбата. Значи они ќе го носат тој фустан ради неа. По моја логика не иде сами да си платат, туку невестата треба да ги подмири трошоците за нив. Вие што мислите?
Јас бев деверуша кај моја најдобра другарка и со остатокот од другарките по нејзина желба имавме иста боја фустани, моделот секоја сама си го бираше. Фустаните си ги плативме сами, зашто и вака и онака ќе шиевме. Би било идеално кога невестата би ги платила фустаните, ама сепак е голема сума, кај и да го шиеш под 1000 не е и плус материјалот, а не е еден фустан, сепак е трошок, а и онака деверуша ќе бидеш кај блиска другарка, па според мене ако е во граници на нормала ќе сакаш да и го направиш меракот.
Доколку сакаат другарките би сакала да имам деверуши, инаку многу скапо е да им плаќаш на сите фустани.