Јас бев деверуша лани во ноември со мојата кума и баш беше забавно, не е воопшто напорно. И јас би сакала здравје боже еден ден да си имам на мојата свадба.
Овие фотки воопшто не ми се допаѓаат.Група жени во иста облека се забавуваат и фотографираат.Почитувам маж-девер и тоа да биде само една личност како што доликува.Искрено кажано,ова е уште едно американско срање
Еејј, на ова не ми текнало никогаш... Ова се тие фустаните што се носат на поише начини, баш добра идеја. Сите ќе бидат во иста боја, и секоја ќе си го носи стилот што ќе и се допадне најмногу. Дефинитивно ќе го имам во предвид
Ќе може да ми ги кажете обичаите односно што треба да прави деверушата единствена деверуша ке бидам па сакам да знам што како..а јас воопштоо не сакав да бидам ама брат ми изрази желба да бидам а ја како што знам деверуши се од на женското страната ама ај
Прашање, ќе има брат ти девер или не? Ако нема, тогаш според муабетов ти ќе ја имаш таа улога, односно ќе бидеш деверуша. Деверот по стар адет ги купува чевлите и ташната на невестата, ама тоа зависи од невестата, треба да ја прашаш дали сака. Потоа на денот на свадбата, ако се прават адети, се става пари во чевлата на невестата. И во црква се стои до неа и тоа е тоа. Ако брат ти има девер, тогаш твојата улога, не знам што би била. А ако си деверуша на невестата, пак немаш некоја посебна улога, освен ако се договорите ти да ги китиш сватовите.