Девер

Дискусија во 'Свадба' започната од Lovely93, 21 април 2014.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Видов дека има тема за деверуша, ама не најдов и за девер. Кои се неговите должности и обврски? Дали строго се почитува правилото дека една година после свадбата каде што бил девер не смее тој да се жени? Како гледате на ова и какви се вашите искуства? :)

    Дечко ми е побаран за девер на братучед му и нормално не сакаше да го одбие, но не интересира повеќе за ова правило (т.е. услов), дали доколку мора може да се прекрши ако претходно го праша него и слично. :)
     
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    49.420
    Точно е дека 1 година после свадбата не смее да се венчава,а на братучедами избраниот девер му почина татко му немаше 6 недели до свадбата и му откажа со причина,и нормално ставија друг девер.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа дека кум, старосват или девер не смее да венчава година дена од-до свадба. Ова ми го има кажано поп. А и на мојата свадба кумот немаше година од нивната, деверот правеше свадба 8 месеци после нас, на неколку свадби што ги организирав кумовите правеа неколку месеци разлика од младенците... Никаде не ни направиле проблем. Единствениот услов е да се крстени.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    И јас го имам слушнато ова,дека не смее да се венчава во иста година.Или доколку се венча во иста година во истата таа година да биде или кум или старосват,за да присуствува 3 пати на таа молитва што е за венчавање,значи во иста година или 1 или 3 пати.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    1.158
    Јас мислам дека нема врска и како и многу други работи поврзани со црквата се шират дезинформации од уста на уста. Каде тоа во библијата ќе пишува дека несмеел деверот да се венча истата година?
    Ова како тоа дека невестите пред црква несмеат да се видат.
    Прво и основно кога ќе одиш да се венчаш никој не те прашува ти девер на кој датум си бил.
    Не ме сфаќајте погрешно, црквата си има свои правила ама најголем дел од работите во кои ние веруваме немаат врска со црковните правила.
    Значи функцијата на деверот е да ја чува невестата од моментот кога ќе ја земат од дома до моментот кога попот ќе ги венча младите, толку.
     
    На Elena*, Lovely93 и nene88 им се допаѓа ова.
  6. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    733
    Девојки ак кој ќе ми објасни поубаво за улогата на деверот и што треба да и купи деверот на невестата?
     
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Amn be luge so toa sto treba nekoj da kupi.
    Ako ti se pravi svadba pravisi, nemora lugeto da gi turas vo trosoci.
    Zvuci kako nemate nisto pacekate se nekoj da vi kupi.
    Zborot treba, treba malku da si go restrikcirate od upotreba. Treba samo da se umre, ostanatoto, ako sakas pravis, ako ne zdravje.
    Nemozam veke da gi citam postovive koj reba sto treba da kupi. Tolku li e drzavava siromasna da treba sekoj da kupuva za nevestata da se oblece.
    Izvinete na postov, ama mizerni prasanja se postavuvaat.
    Pa posle istiot go ima vo tema, jas kupiv toj mi kupi, ili promasen poklon.
    Pustetegi nozete kolku vi e cergiceto.
    Ako ste stignale (golemi ste za brak) sami ke ja snosite odgovornosta i trosocite.
    Toa pred vek sto deverot kupuval bilo bas zaradi taa siromastija, nemanje na nevestata sama da si kupi pa moralo celo semejstvo da ucestvuva.
    Denes sekoj si kupuva za sebe, ako nemoze neka ne se mazi.
    PS
    Postov ne e namenet za tebe nego za site nevesti koj resile da se mazat.
    Moze ima jaka nota no e 100% tocen.
     
    На kjukli, joy1 и Hipica им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.818
    Пол:
    Женски
    Деверот ги купува чевлите на невестата, кога оди да ја вади од соба им плака пари на врата на тие што ја чуваат и после влегува кај невестата и и става 3 пати пари во чевлите, се е индивидуално сега нема правила до кои се држат стрикно, се е со заеднички договор,нема правило, некој и го купува бидермаерот, некој превезот или круната за на глава, а пак има и такви невести кои си купуваат се сами , пример снаа ми сама си ги купи чевлите и бидермаерот , а кумата и го плати превезот и крунчето за на глава, затоа реков нема правило , ако си ти невеста види си со деверот , што е во можност да ти купи, и да не ти купи ништо не му бега тоа да те купи на врата и да ти става пари во чевли :D:D:D
     
    На Divinebutterfly и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.757
    Допаѓања:
    254.809
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.Неможам една случка да заборавам.Пред 10 тина год се женеше мој прв братучед.Немаше старосват и не успеа да најде па го замоли таткоми,иако е вујко,да ја презеде улогата на старосват во црква.Ние тогаш бевме во прилично тешка финансиска состојба.Но таткоми ко по обичај попушти со тоа што се согласи дека освен скромен свадбен поклон не е во состојба друго да купи:Букет,материјали за црква,бла бла.
    И така неколку недели пред свадба и се јавуваат на мајками,тетками и снаа ми да дојде во продавницата за невести и да го ѕирне фустанот.
    Оди мајка ми таму и снаа ми и вели:е добро вујно што дојде таман и букет да изберам,нели ти како старосватица ке го платиш.
    И тоа го избра најраскошниот и нај скапиот.Неможам да ви опишам колку само незгодно и падна на мајка ми кога мораше да изусти дека нема пари за толку скап бидермаер и дека договорот беше друг.
    Значи не те прашуваат можеш или неможеш да купиш,него ти велат МОРАШ ,ТРЕБАШ да купиш.
     
    На kjukli, SuperGirl24, ArmaniCode и 3 други им се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Eve slucka malku off topic ama vredna da se napise, mozebi nekoj ke izvlecat korisen zaklucok.
    Po smrta na moj roditel, ostanav da ziveeam so dr. roditel vo mnogu, mnogu losa finansiska sostojba. Deckoto moj imase rodenden i trebase nekoj poklon da se kupi. Jas nemav od sto da stedam, zosto nemav dzeparac, site pari ni bea za smetki i jadenje.
    Na pazarce najdov nekoja mnogu mala slikana slikicka i ja kupiv. Koga ja otvori samo sto ne padna vo nesvest. Jas go znaev toa no nemozev da odam so prazni race. Ne rece nisto no vecerta se rasipa. Nabrgu potoa rabotata za sreka se rasipa (po 5 god, macenje).
    Mojata finansiska sostojba i te kako se podobri , a sluckata ostana nezaboravena.
    Sega koga kanam sekogas vikam luge mi trebaat, pokloni vrakam neprimam. Lugeto me znaat deka stojam na zbor i se plasat da postapat sprotivno od recenoto.
    Nisto ne mi treba imam sve, se mozam da si kupam LUGE MI TREBAAT koj denot mi go pravat dva.
    Moeto moto e:treba samo da se umre , a se drugo ako mozes i sakas.
    Bolna ke legnam ako treba nekoj da kupi poklon , a nema pari za jadenje. Kakva ironija e toa.
    I uste potragicno e da treba da dojde da mi kaze deka nema pari da mi kupi poklon. Denes nemas, utre ke imas, ZASTO treba na site da im ja kazuvam svojata nemok vo momentot.
    Kanete za da se druzite, a ne da vi davaat pokloni, pa posle mu se isplatela ili ne svadbata.
    Mislam deka nema pogolema mizerija od toa.
    Sum bila na mnogu svecenosti, ne svadbi, nego pocastuvanja za pocetok na zaednicki brak, kade imalo donacija. Mladite ne sakaat poklon, ako sakas nesto da dades moze za donacija na nivnoto fevoritno charity ( pr: za borba protiv rak, za deca od autizam, za vodovod vo Afrika, za vakcini vo Afrika, za tocacinja na decata vo Kuba.....) no NE za mladite.
     
    На Haley, kjukli, SuperGirl24 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    13.932
    Пол:
    Женски
    ние си го знаеме деверот - ќе биде најдобар другар на дечкоми :)
     
  12. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    А нема да му биде кум? ;)
     
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    13.932
    Пол:
    Женски
    @MissDaisy веќе си имаме кум, старо кумство уште од бабаму и дедоми, па мајкаму и татко му, и сега синот на стариот кум нас ќе ни биде кум :D и јас сакам тој да ни биде :)
     
  14. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Ок, тоа е веќе друго, штом така сакате. :) Јас инаку воопшто не сум за старо кумство, поради разликата во години што најчесто е случај, зашто треба со тие луѓе да си се дружиш. Ама ако сте блиски со годините, зашто да не. :)
     
  15. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    13.932
    Пол:
    Женски
    Е тука си во право, сепак кумот треба да ти биде близок. Ззатоа во денешно време повеќето си ставаат другари кумови. кај нас кумот шо ќе ни биде со кумата се супер, многу се друштвени сега пред некоја година правеа свадба имаат и малечко многу е слатко. Не сме многу разлика со годините.
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.757
    Допаѓања:
    254.809
    Пол:
    Женски
    Кум велат не се менува,откажува -грев е.Барем јас сум порасната со тоа уверување.Стар,млад тој е.
     
    На MilaP, bittersweet и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  17. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    13.932
    Пол:
    Женски
    И јас така знам, освен тој ако откаже, е тогаш мора да си бараш друг, затоа кога ќе дојде време за свадба прво стариот кум се поканува ако прифати и понатака да биде кум тогаш е во ред, ако не друг се бара
     
  18. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Во ред, ама не можеш па на младите да им го скратиш правото кој сакаат, тој да им биде кум. Кај нас, кум ќе ни биде најдобриот другар на вереникот. :)
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.624
    Допаѓања:
    11.720
    Пол:
    Женски
    Мојот духовник кажува дека сите тие работи се измислени од народот, и нема никаква врска со православието. Кумот не е грев да биде нов, и нема никаква врска дали деверот ќе се ожени истата година или не. Само рече, сведоците треба да бидат крстени православни христијани, за во црквата, иако некои си земаат католици или слично. Но според книгите, рече, мора да бидат православни (оти специјално проверуваше за нас, сакавме католик сведок, рече морам да проверам во каноните). Сите останати работи се сосема небитни и неповрзани со црквата и православието.
     
  20. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, дали е задолжително да се има девер на свадбата? Дали може да пројде и без девер, со оглед на тоа дека нема некаква улога освен што во црква ја држи невестата под рака. :D