Веројатно те лажат дека ти пуштиле пари. Ништо чудно. И таму има еден куп преварантски фирми. Преку SWIFT системот стига од 2-5 работни дена.
Мртва трка е меѓу изборот 1. СБ Битола е една банка во хаос, пари се пуштени ама којзнае кај се загубени и 2. Пари не се пуштени. Имав искуство со странска банка, живци искинав, така што повеќе ме влече кон опција 1.
Ко што рековме, за прием на прилив од странски правен субјект банката мора да ти побара дополнителни информации по кој однос е приливот. https://www.stbbt.mk/platen-promet-vo-stranstvo-fizicki-lica.nspx Да им одиш во експозитура и убаво да проверат.
За приливи во девизи се работи со поголеми банки кои се подобро подготвени за такви трансакции. Иако и помалите банки би требало да може да примаат пари за малку подолго. SWIFT системот е малку покомоплициран, има кореспондентни банки ама парите мора да стигнат за недела дена. Банката треба да те извести да одиш да потпишеш формулар и да се ослободат парите. Често добиваме пари по основ на девизни приливи и никогаш не било повеќе од недела дена. Или имаш грешка во сметката или не ти се исплатени парите. Третата опција е Стопанска Банка Битола со сите мафијашки глупости да ти ги затурила парите. Само што тоа потешко се случува компјтерски одат трансферите. Сега ти останува да правиш детективски работи за да откриеш што се случило со парите.