Одлично финале. Спојлер Мене баш ми се свиѓаше епизодава зашто имаше од се по нешто, и комични моменти и секако како што тргна очекував дека во последните 5 минути ќе се случи некој пресврт. И уште Мајкл кога излезе по мраз, знаев дека ќе му се случи нешто. Инаку јас пак мислев дека Рафаел ќе умре, зашто последниве недели кружеа и доста теории за смртта на Мајкл па помислив ќе биде многу очигледно и предвидливо ама ете така и испадна. Само ова со Роуз не го очекував и ме изненади и ме замисли толку време успеа сите да ги измами. Ова со близначкава на Петра го очекував уште кога отиде кај мајка и на посета, знаев дека планираат нешто, сирота Петра таман почна да се подобрува. За Мајкл не верувам дека е жив, зашто ептен во срце го погоди, можно е во кома да биде ма да не верувам. Ја жалам Џејн се неа и се случуваат вакви работи ама мене секако со Рафаел ми беа подобар пар. Многу работи се испослучија, ќе има интресна 3 сезона.
Ја гледам само кога ќе ја фатам на фокс лајф, интересна за тепање време, а да ја следам вака постојано со сезони, епизоди... не би ми текнало никогаш.
Дали знаете каде би можела да најдам било каков превод (може и англиски) на 3тата и 4тата епизода од новава сезона?
Мислам дека на страниве на интернет нема, јас наоѓам преку BS player, кога ќе ја уклучиш епизодата автоматски ти дава, евентуално вака да пробаш.
Дали може некој да ми прати линк од новава епизода? Не можам да најдам ни на замунда, ни нигде. Или торент или онлајн?
Спојлер Малку глупаво е сега кога веќе не е девица, па измислуваат различни работи место тоа. Подобро Џејн нека биде само. Инаку исто ми е интересна, никогаш доста од теленовела моментите.
До кај сте луѓе со серијава? Јас последната излезена епизода ја изгледав вчера и шок ме мавна. Спојлер сосема неочекувано, се изнаплакав, баш ми падна жал.
Спојлер Знам Ептен беше жално, таман се средија и сите фанови се помирија дека Мајкл е избраниот, станаа срцкасти и ова се случи. Е не е фер. На Џејн реакцијата беше страшна, како што е и очекувано. Тука не можеше солзи да не потечат. И тоа онака бам, ни мид сезона финале, ни финале, на сред. Скок од три години потоа, ама беше неизбежен после смртта, баш читав интервју со продуцентот, инаку ептен тажно ќе биде. Ама мене ме нервираат малку скокови, се осеќам ко веќе да не ги познавам ликовите. Ама ќе видиме како ќе биде.
Спојлер па и за второ дете си правеа планчиња. Џејн се сруши, ептен жално. Јас не верувам дека ќе продолжат од после три години. М? Што знам некако многу работи останаа така, ситуацијата на Рафаел, па сестра му се врати со Роуз, мајка и и татко и на Џејн... сиѕе со недокажана приказна а Петра, леле Петра колку ја сакам толку ме нервира час е со Рафаел час не
Спојлер Ти да не го пропушти крајот на епизодата од многу солзи? Така заврши нели, по три години со Џејн како се спрема за нечија свадба. Ќе се враќаат наназад да видиме што сме пропуштиле. Најлогично е така, инаку треба да гледаме погреби и плачки во забавна серија.
Спојлер хахаха да да потечени очите и најбитниот дел сум го пропуштила неее него ете сум си направила некој грд филм пошто не ги сакам и јас тие скокови после одреден број години... и затоа се надевам дека нема да почнат од после 3 години веднаш туку барем од после погребот и жалењето на Мајкл. Ајде ќе видиме што ќе биде, баш ме интересира.
Спојлер И мене шок ме мавна. Како убаво и весело почна епизодата, сите тие навраќања назад, со панаѓурот, сликите, ни на крај памет не ми падна дека Мајкл ќе умре. Реакцијата на Џејн на крајот ме скрши, си се изнаплакав. А таман се помирив со фактот дека беа заедно, навистина беа сродни души. Сега ќе не навраќаат наназад се додека не стигне оној период од неколку години подоцна. Мразам кога некоја серија од комедија ќе ја направат трагедија ама тоа е, според теленовели така е.
Серијава... Толку ја сакам зашто е и некако реална, покрај сите оние теленовела моменти има некоја нишка реалност која длабоко погодува. Спојлер Срцето ми се крши за Џејн. Многу ми е жал зашто можам да се замислам на нејзино место. И ужасно е. Мило ми е што не направија некој типичен потег за серија, умре и толку од него, никој веќе не се сеќава. Солзите, книгата, пораката што ја преслушуваше... Ми се допадна епизодата иако без скептик за трите години. Џејн ми е редок лик некако, автентичен пред се.
Спојлер Малку се зачудив дека веднаш поминаа на тие три години и додуша мислев дека сакаат брзо да ја завршат приказната со Мајкл и некако мислев избрзано ќе делува ама одлично испадна. Ми фали Мајкл и тешко ми е кога ја гледам Џејн како пати. Ми се свиѓаше односот со Рафаел и како и е најголема поддршка, а и новиов Зен Рафаел ми се свиѓа, само не очекував дека ќе има девојка, иако според нараторов има нешто сомнително кај неа. Петра како ги построила девојкиве дури и се зачудив, сепак можела да биде добра мајка. И многу ми е мило што конечно успеа Џејн да издаде книга, дефинитивно го заслужуваше тоа уште од почетокот.
Jас малце каснам со серијава ама озбилноооо? Спојлер Јас одсекогаш бев тим Мајкл и се утепав од плачење. Многу многу жално беше.
Спојлер Од кај се појави овој Фабијан па сега. Ич не ми се убав пар, како детенце ми е. Таман си помислив ќе се деси нешто помеѓу Џејн и Рафаел, па сега и он сфати дека ја сакал Петра. До вчера се мразеа, се караа, не сакаа да се видат и од нигде никаде ова испадна. Што би рекол нараторов straight out of a telenovela Од кога почна вторава половина од серијава имам чувство како нешто да ми фали. Не знам премногу ја претворија во љубовна драма, последниве неколку епизоди со Фабијан и Џејн, ми фалат сплетки, оние пресврти, баш неочекувани работи што се случуваа на крај од секоја епизода. Се надевам дека до крај ќе се случи нешто шокантно.