https://www.newyorker.com/magazine/...is-not-a-guilty-pleasure?mbid=social_facebook Еве интересен напис за серијава. Мене и понатаму ми е една од омилените. Многу ми се допаѓа како ја решаваат ситуацијата со Џејн и Рафаел. Теленовела е, ама е и повеќе од тоа.
Никој ништо за финалето нема да каже? Спојлер За враќањето на Мајкл? Иако мислам дека е некој со маска од Роуз направена, не знам како, ама не ми се верува да е стварно Мајкл.
Леле финале дури дошло??? Од која сезона? Исклучена сум јас од светот на сериите, само Вовед во анатомија следам редовно. Упатете ме ве молам до каде е стигната серијава, последно ми е гледано со Спојлер смртта на Мајкл и сакам да продолжам да ја следам не знам како сум ја заборавила ми беше меѓу омилените серии
Јас дури сега ја завршив четвртата сезона, ја имав заборавено серијава. Крајот на сезоната... WHAT Спојлер Ептен теленовела стил, Мајкл испадна жив Зашто го направија ова?! Омилен лик ми беше, ама многу глупа им е идејава. Инаку рафаел ми иде на нерви, и не го сакам со Џејн. Сезонава малку досадна ми се виде, посебно со Петра и убиството и адвокатката Но, ме интересира кого уби на крајот. А да, многу ми беа жални сцените со Xiomara и борбата со ракот.
Серијава ептен ми се допадна. Прелесна за гледање, и како дете сум пораснала со шпански серии и оваа иди како одлична пародија.
Спојлер Мислам сепак дека ако тоа е стварно Мајкл е во корист на Рафаел. Сакат режисерите да докажат дека и со Michael in the picture , Рафаел и Џејн секогаш ќе се endgame. Мене многу не ме изненади пошто сепак е теленовела нели?
Си ја пратам јас. Спојлер Нормално дека амнезија имал, па бива ли теленовела без амнезија. Си пуштив некоја солза кога му се вратија сеќавањата. Не знам со кој сакам веќе да биде и како ќе се реши работава. Ама мислам дека со Мајкл ќе остане, зашто сепак и беше прв избор. Џина Родригез одлично глуми, толку е природна некако, браво.
Спојлер Сакам да биде со Мајкл, од почеток сум тим Мајкл. Колку само неочекувано беше кога си ги врати сеќавањата, прекрасен момент. Само причината заради која Роуз му го направи сето тоа ми е некако банална. Баш ми е драго што Џејн и Петра уште повеќе се зближија, преемотивна беше сцената во шаторот. И, хаха не знам како Ривер Фиелдс не направи ништо, ниту да го тужи Ро, човекот буквално ја уништи. За Џина немам зборови колку добра актерка е, сцената со мајка и и баба и откако дозна за Мајкл во која имаше монолог е снимена наеднаш, а толку емоции смени, навистина предобра е. Исто до крајот ќе се открие и идентитетот на нараторот, што мислиш кој е? Имавме мал хинт минатата епизода, нема деца.
Матео. Особено колку наклонет е кон Рафаел сите овие сезони. Спојлер: S05E03 Рафаел многу е сменет и многу се труди во последно ама #teammichael сум од прва епизода и се шо сакам е да е Џејн со него, иако ми паѓа по малку жал за Рафаел од моментална гледна точка.
Има големи шанси да е Матео. Џејн секогаш го бирала Мајкл и така сакам и да остане. Конечно утре нова епизода, да видиме што ќе се случи со Мајкл.
Ама Матео толку ќе збори за сите интимни работи? Некако ми нема смисла тоа баш, што знам. Мене баш ми е жал што ќе заврши. И прочитав дека монологот бил снимен одеднаш, навистина е одлична, треба да добие повеќе признанија.
Или можеби е дедото Матео, прочитав теорија демек тој раскажува она што го гледа од рајот. Ама сепак кажа дека се сомнева дали сака да има деца што значи дека е жив и без деца, а таков е Мајкл, ама пак ова со амнезијата некако не ми се поклопува. Океј, можеби и таа изјава за децата и не е толку битна, и можеби е и жена. Како и да е ќе откриеме во последните две сцени од серијата. Жал ми е и мене, но можеби е подобро вака оти има многу серии кои ги одолговлекуваат и скроз ги уништат со повеќе сезони. Секако ќе имаме спин офф, така да ќе биде интересно.
Прв пат од вас слушнав за спин оф. А нели поќето нејзини приказни се базирани на нејзиниот живот? Ама, ми личи на нешто ново и уникатно и се надевам дека ќе успее. :3
Ја симнувам од торент, од http://rarbgproxy.org/torrents.php Не е од нетфликс серијава, не знам дали ја има таму.
Целата сезона ќе биде објавена на Нетфликс осум дена по емитувањето на финалето на The CW. Јас ја симнувам од торент оти не ми се чека дури до есен.