Гледајќи по фактот дека ми дојде, можда и не беше толку емотивна последната епизода колку шо јас липав. Спојлер Јас во душа си сум тим Мајкл, ама колку тешко ми паѓа за Рафаел. Па Матео сакаше со него да остани, шо да на еден начин сакам да остани со него зошто и Рафаел заслужва малку среќа, ама Џејн ... кутрата Џејн, мораше ова да се случи кога мајка ѝ се онесвести после денот на бабите и дедовците и беше до касно на болница со неа? Тајмин Рафел, трајмин. Додуша Петра можи е во право, Џејн и Рафаел се еден за друг, зошто Мајкл е soulmate со Рохелио. Мајкл, де бре душо, сфаќам дека сакаш кучиња сега, ама нема да те изгори малку да си ја милуваш и мачката во другата рака.
Леле колку не сакам серијава да заврши. Многу ми е интересна и немам после некоја слична да ми ја замени. Спојлер Џина Родригез е се подобра, не ми се верува со Петра колку им се сменети односите и каква хемија имаат, одлични ми се. Гледам сите се поделени, дали за едниот или за другиот, ама не знам како не ејасно дека мора да види дали со Мајкл пак може да има нешто, го избра него, и беше маж забога, не раскинаа „умре“ човекот. Рафаел никогаш нема да биде мирен дури и да го избереше него веднаш, пак ќе имаше сомнеж. И ја знае Џејн, дека анализира и тоа е тоа.
Спојлер Не ми се верува дека Рафаел го одбра. Баш си кликнаа со Мајкл, па најголема љубов и беше, жал ми е. Сега до крај значи ќе гледаме како ќе му се моли на Рафаел. Океј.
Спојлер Цела епизода се радував што убаво им тргна со Мајкл за на крај да ми ја уништат цела епизода.
The CW одлучиле да не продолжат со спин оф серијата Новелата на Џејн. Џина Родригез изјавила дека е презадоволна како испаднала пилот епизодата.
И јас имав големи очекувања за сезонава, мислев ќе има некои mindblowing twists и премногу се нервирам што не го договориле Брет за цела сезона, ми фали Мајкл.
Заврши серијата. Не беше нешто посебно финалето, ама сепак беше убаво. Очекувано беше тој да е нараторот, не се изненадив воопшто. Многу ми фалеше Мајкл во финалето, можеле да го земат барем на неколку минути само на свадбата.
Финалето можеше да биде многу подобро. Спојлер Од толку плачење не можеа да си ги прочитаат the vows, да де, ептен глупав момент ми беше тоа, си ги прочитаа во себе, мхм, океј, доста е. И не требаше да го кратат моментот кога Зо му кажа на Рохелио дека ќе оди со него во Њујорк. За Матео се претпоставуваше нели, не беше изненадување. Некако... Што знам. Серијата како целина е супер и е забавна, можеле само да се потрудат со финалето.
Како и обично, каснам со сите вакви серии. Ама што да правам, некако полесно ми е кога е веќе завршена па на раат да ја изгледам. Овие што се во тек и излегуваат епизода по епизода ги заборавам па ми се трупаат, па после ради реда ги гледам колку да не стојат да ми фаќаат место во TV time. Да се вратам он-топик. Серијава баш ми легна периодов. Мозокот дефинитивно не соработува летово, ич не ми одат сериите што ми се врткаа на репертоар овие неколку месеци, ама Џејн е совршена за некој ваков период. Баш ме забавува. Ја имав почнато којзнае кога, па ја баталив после втора сезона мислам и ете ме пак, ми тргна. На средина сум со четврта сезона, па ако има некоја друга ваква ко мене, која по некоја случајност ја гледа, слободно нека коментира во темава. Да ја размрдаме малце.