1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девица со прашања околу првиот секс

Дискусија во 'Секс' започната од MarilynMonroe, 26 октомври 2010.

  1. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Најдобро почекај да бидеш спремна за тој чекор,немој да се чувствуваш несигурно,прво размисли што сакаш во таа врска и колку се сакате со момчето,дали сакаш со него да ја изгубиш невиноста.Леле,голема работа,од село бил :o па чиниш од некоја прашума е ,твоите родители тропаат глупости,и луѓето од село нели се луѓе?Тоа воопшто да не те загрижува,тоа се непотребни предрасуди.И јас сум имала момче од село па што?Тоа не е срамно,туку понижувачко е да се нагласуваат такви работи како да се работи за некоја лепроза.Еве ,моите родители потекнуваат од село и после три години дошле да живеат за град.Немој да се оптеретуваш со такви болни умови,и брани си ја врската по секоја цена.Божем ако си со градско дете,ружи ќе ти цветаат :tmi:
     
    На Femina...1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amy87

    Amy87 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    ЗДРАВО ДЕВОЈКИ! ГО ПОСТАВИВ ПРАШАЊЕВО И НА ГЛАМСТИК, АМА ТАМУ ПРЕОВЛАДУВААТ МАЛОЛЕТНИТЕ :) И МИ ПРЕПОРАЧАА ДА ПИШАМ ТУКА.

    ЗНАЧИ ВАКА...ИМАМ 24 ГОДИНИ. ДО СЕГА НЕ СУМ ИМАЛА ОЗБИЛНА ВРСКА, 3-4 ОБИДИ ОД 3-4 МЕСЕЦИ. НЕВИНА СУМ СЕУШТЕ.

    СЕГА СУМ СО ЕДЕН ДЕЧКО ВЕЌЕ МЕСЕЦ ДЕНА, СУПЕР Е, ОН НЕ ЗНАЕШЕ (ДО ВЕЧЕРВА) ДЕКА СУМ НЕВИНА. И ПРЕД ТОА, А И СЕГА ОТКАКО ЗНАЕ, НЕ Е НАПАДЕН, СЕУШТЕ НЕ МЕ ДОПИРА НА ПР НА ГРАДИТЕ ИЛИ ЗАДНИКОТ...КОГА СМЕ ЗАЕДНО Е НЕЖЕН, И СЕ СИ СЕ ОДВИВА ПОПОЛЕКА, ШТО И МИ ОДГОВАРА.

    САКАМ ДА ПРАШАМ, ИАКО ЗНАМ ДЕКА НЕМА ПРАВИЛО, НО НА ОВАА ВОЗРАСТ (ИАКО СУМ ДЕВИЦА), ПОСЛЕ КОЛКУ ВРЕМЕ ОДЕЊЕ НЕ Е ПРЕРАНО ДА СЕ ИМА ОДНОСИ? ОТПРИЛИКА...ПИШЕТЕ... ПОДУЧЕТЕ МЕ.

    ПОЗДРАВИ ДО СИТЕ ! :)
     
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    Не бе, почекај уште малце, стави ја во туршија...
    24 години, не сум да ти попувам тука, ама не си имала секс?
    Океј ми се размислувања во стилот “вистинскиот“ и бла бла... ама незнам, ова ми е безвезе искрено да ти кажам.

    Нема прерано и прекасно “давање“. Ако се секснеш со него покасно, ќе биде помагично? Тоа ти се многу глупи размислувања и да ти кажам искрено, крајно лицемерно е да сакаш да се е**ш со него, а да не му дозволуваш да ти го плесне еднаш бидејќи се плашиш другите што ќе кажат. Аман бе, 13 годишњаци попаметно размислуваат...

    Јас предлагам да ставиме анкета и да пребројуваме одговори...
    Дали ејми да има секс?
     
    На Lilit, Lacrimosa и Decibel им се допаѓа ова.
  4. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    НИКАКО...Јас сум за строго НЕ!
    Не му давај се додека не го фати криза за секс и не почне да ти се заканува со раскинување. Мораш да видиш дали те сака прво.
    Што мислиш зашто сите врски ти траеле 3-4 месеци?
    Ај ќе ти дадам хинт: Зашто ниедно потентно машко не може да издржи без секс повеќе од тоа. Не ти кажаа на Гламстик?
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.108
    Допаѓања:
    112.673
    Пол:
    Женски
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    Е алал да ви е на сите како само и се нафрливте на девојкава. Што има страшно и чудно што на 24 години е невина?? Ве чуди што не се сексала од 13?? Глупости!!!

    Девојче, нема правило кога како, тоа си е тве тело и твоја интима и ти си знаеш кога си подготвена. Некој е спремен на 16 некој на 26. Не слушај глупости како погоре, заради тоа ти раскинувале дечковците. Ако го сакаш, ако ти е привлечен и ако се осеќаш ти спремна можеш уште првата вечер да имаш однос. Само внимателно, со заштита и олабавено. И не очекувај огномет од првиот пат. За се треба пракса.

    Ајде со среќа. А за вас другите срам дави е !!!!
     
    На Name, MilaP, tallyweijl и 28 други им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    Што убаво си праша девојчето и се нафрливте одма. Многу од нас знаат повлечени девојки кои немаат односи а имаат слично годиште како Еми и се дружат со нив, а тука одма ААААААОооо како не си дала.
    Да оди со некој да легне од една вечер што го запознала колку да се фали дека имала односи?
    Па и така да направи ќе има мислења лошо си постапила, си требала да почекаш бла бла.

    Поубаво на 24 да немала, него од 12 да се рока со секој.

    Еми тешко е првиот пат додека да одлучиш да имаш секс. Некој што имал повеќе партнери ќе ти каже и втора вечер е таман. Али за првиот дечко 99% од нас колку и години да имале чекале некој период.
    Не би рекла да чекаш уште многу, дури не ми е нормално од дечкото сеедно дал бил информиран дал си девица или не да не те ни пипка барем. Нормално е да те фаќа, па на 15 години е пипкавме, на 24 некој те држи за раче само.
    Не чекај многу, не се троши тоа :D
    Јас би рекла дури да почнеш и ти да си ја превземаш иницијативата, може е некој мирен дечко кој сака да ти докаже дека му значиш, а воедно и тебе ти одговара тоа.
    Но опушти се, време ти е да имаш односи. Хименот со годините потешко се кине.
    Затоа покажи малку страст, не се срами, имајте допири, имајте петинг, покажи и акција за секс.
    Време ти е и со годините и врската е доволна за да станете интимни.
     
    На tallyweijl, Annath, Tanjamm и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    WOW, како машко ти кажувам, поголем мит од ова немам прочитано!
    Еве, сега и јас ќе отворам нова тема со прашање: Девојки, потентно машко сум, ама имало периоди кога сум немал секс подолго од 3-4 месеци. Дали тоа ме прави педер, или во најлош случај, Џастин Бибер!? o.O

    Инаку, да се надополнам на убавиот совет на Росонерка и Нена2010... Ако тој дознал дека си невина, и доколку е искусен на тоа поле, ќе знае како да се постави кон тебе, да те опушти и постепено да те спреми за чинот. Многу важно е пред самиот секс да имаш некоја пострастна предигра, да осетиш какво е чувството кога си максимално навлажнета и запалена, што само ќе ја олесни пенетрацијата при првиот однос. И најважно е да не го правите тоа по некоја однапред зацртана шема, зашто притисокот над тебе ќе е преголем, и постои шанса да се повлечеш од страв и несигурност, што е оправдано. :)
    Затоа, препушти се на моментите, и доколку дечко ти е исусен (ете, разговарај колку тој имал сексуален живот пред тебе), имаш уште една олеснителна околност.
    Среќно! :)
     
    На Blondydevil, glosipgirl, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  8. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    Супер!
    А јас па мислам дека многу сериозно го сфативте прашањето на девојкава. Дај малце поопуштено гледате дека се зезаме. Никој не рече да почне со секс на 12 години, ама на 24 години претпоставувам дека има веќе завршено факултет, или ако не веќе редно време е да е доволно зрела да препознае дечко со сериозни намери од секс за една ноќ.
    И Amy девојко само релаксирано никој тука нема да ти одговори за колку дена или недели треба да имаш секс, може утре да ти текне дека веќе типот не ти се свиѓа. NO RULESSSS.
     
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    Е ова е тоа што не ми се допаѓа на форумов- што мораш да размислиш пред да прашаш или да кажеш некој проблем за совет, бидејки прво се приоѓа со строга реакција, исмејувње или негативен став.

    Еми, нема ништо лошо во твојава тема, и не е грев ако на 24 не си имала односи. Едоставно не си го сретнала до сега оној кој ке е поинаков од другите, ке се двои и ке направи посебно место за тебе во неговиот живот и ке се избори за истото место во твојот живот, а тоа не е мала и брза работа.
    За искуство неможам да те советувам, само ке ти порачам дека најважно е да го осетиш флуидот помегу вас, хемијата, љубовта, страста, и самиот чин ке си дојде спонтано, без да планираш денес утре.
    Многу пати ме прашувале после колкав период во врска ке легнеш, и сум одговарала, кога ке почуствувам дека постои се ова што горе набројав, па макар и поминал месец дена, или додека не ги осетам дека се пристуни- а веке поминале и 7 месеци, сепак нема да дојде до тоа, бидејки според мене времето не е репер за тоа, чуствата се показателот за тој чин.
    Најважно е да имаш љубов од партнерот, да се осеќаш сигурно со него, да гледаш многу во неговите очи, бидејки тој спој на двајца е редок и треба време додека се пронајдете, а за секс не е тешко, секој втор на улица и секој втор што лично го познаваш ке крене два прста во вис за да!

    ПС. Папилона, незнам дали твојов коментар за месециве се базира на твое искуство, но и да е така немораш да генерализираш, бидејки моите другарки кои се веке интимни, дечковците ги чекаа по 10 месеци, една дури и година ипол, што значи со многу други работи успеале да им го задржат вниманието и да ги имаат покрај себе, а не само со дупките во телото ;)

    За крај, Еми само опушти се и уживај во секој миг поминат со дечкоти, а ако треба да се случи ке се случи, нема да можеш ти ништо тука :)
     
    На Blondydevil, esperanca и nena2010 им се допаѓа ова.
  10. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    Јас не сум имала сеуште сексуално искуство, чекам совет од твоите другарки. Ама точно дека вниманието на машките им го задржувам со 2 дупки на моето тело: Тоа се моите ОЧИ :geek:
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    МИ ТРЕБА СОВЕТ ВО ВРСКА СО ПРВИОТ СЕКС

    Не се сомневам во сево ова напишано драга и секако се сложувам, а совет секое време, дефинитвно имаат среќни и успешни врски, иако им се први, така се погоди прво па мушко па 3 години :)
     
  12. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    Ouuu Yessss :) И јас сакам првото мушко да ми се погоди!!
    Ќе си пишеме дополнително. BEST FRIENDS 4 EVER! 8)

    Ај доста со офф топик, се исклучувам.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Amy87

    Amy87 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    ИМ БЛАГОДАРАМ НА ОНИЕ ШТО ИСКРЕНО СЕ ОБИДОА ДА МИ ПОМОГНАТ (nena2010, rossonerka, Nightwalker, Rubiii), ВАШИТЕ ОДГОВОРИ НАВИСТИНА МИ ЗНАЧАТ. :)
    КОГА ВЕЌЕ СЕ СПОМНА ПРИЧИНАТА ЗА КРАТКИТЕ ВРСКИ, ТОА Е ЗАТОА ШТО КАРИЕРАТА ОТСЕКОГАШ МИ БИЛА НА ПРВО МЕСТО ДО СЕГА, МОМЕНТАЛНО СУМ НА ДОКТОРСКИ СТУДИИ. ЕДНОСТАВНО НЕМАВ ВРЕМЕ (ВЕРОЈАТНО ПОТТСВЕСНО НЕ СУМ НИ САКАЛА ДА НАЈДАМ) ДА СЕ ПОСВЕТАМ НЕКОМУ ЕМОТИВНО.
    СЕГА САКАМ. И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕ УБАВО :)

    ПОЗДРАВИ! :)
     
    На Lolo5, antilla, MoreNa-22 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. srcufce94

    srcufce94 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Луѓе ве молам помагајте! Нова сум на форумов и не знам дали има ваква страна али сепак важно ми е! Со дечко ми сме заедно веќе 14 месеци,имам 17 години и сакам да имам односи со него (знам дека сум мала и дека е рано) али не можам да издржам повеќе.Имаме пробано неколку пати но мене многу ме боли и таман да се случи тоа се тргам и не можам да издржам...Ве молам кажете некој начин.Знам дека има постари и поискусни и затоа ве молам за одговор.Фала однапред..
     
  15. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Бидејќи оваа ти е прв сексуален однос, нормално е да има болки. Кај некои болките се по мали кај некои по големи. Треба само да издржиш. Постепено со негово внимание, и ти ако се опуштиш болките ќе ги снема. Исто така болката зависи и во каква поза сте и колку длабоко пенетрира во тебе. Мислам дека тоа ќе е само на првиот однос. Првиот пат во се е тешко, но со малку повеќе желба и издржливост, ќе помине.
     
  16. srcufce94

    srcufce94 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    epa toa sakam da znam koja poza bi bila najpogodna za pomala bolka.a za opustena sekogas sum opustena ama cim ke trgne za da se desi toa..neso me koci :/
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Иии...каснам,ама Росоњерка да ти кажам дека тие што се рокаат од 24,се рокаат најчесто до 42 и више со секој или живеат во вечни дилеми дали е вистинскиот или не е или во постојан немир и фрустрација ради неизживеаност. Не би да генерализирам,ама така си е...И едниот и другиот екстрем нечини ко најгенерално и најточно.
    Мислам,и јас студирав,ќе се надградувам допрва,многу докторирале (ако судиме по професорката Татјана од правен ихаааа :D ) кариери направиле,па не рекле немам време емотивно да се врзам или пак немам време за секс. Ко прво,тоа се базични потреби кои ако не бидат задоволени,куршлус на личноста,кога-тогаш. Ако немала време,имала проблем со одржување на балансот у животот и точка. А дека тоа било така е и прашањево тука,дали е рано бе?! Е не е, ќе мисли дека си лесна, чекај дур твојот химен не постигне дебелина на ѓон.
    Ама добро,не сме тука да осудуваме( :wasntme: ). Нејсе, што се мислиш ти се чудам на паметот?! Докторатот животна школа сигурно нема да ти даде,ама ете,ако мислиш на 24 дал да му дадеш или не,дал е рано или е вистинскот,остана така...Направи си меракот,макар и не останала после со него,више вовчево сериозно ти касни. Ако ти се допаѓа,ако те привлекува,ма терај. И чекај...сексуално нападен е ако те фати за гради или задник?! Сакаш да кажеш дека не се ни обидел после неколку месеци?! Во кое училиште учевте деца?! У католичко?! :o Чизс крајст!
    Баланс,баланс,а тој не бара и баш долги врски од 10 години. Баланс помеѓу сите задоволства,ресурсите и начините не се важни,туку целта која е рамнотежа и задоволство.
    Јас стварно се извињавам,ама на вакви особи ич не им верувам ни у реалноста. :D Секогаш ги гледам сомничаво.
     
    На Мистер_89, Ema.Sk и sesilija им се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Пробајте прво ти да бидеш врз него, за да можеш да ја контролираш пенетрацијата. Сепак позата нема толку големо влијание, најважно е да си опуштена и доволно навлажнета. :)
     
  19. srcufce94

    srcufce94 Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    a sto mislite rano mi e za vakov poteg?
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Рано ти е.