1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девица со прашања околу првиот секс

Дискусија во 'Секс' започната од MarilynMonroe, 26 октомври 2010.

  1. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Се наближува денот коа ке ми биде првот пат, па ајде да поставам прашања под бројче па и вие исто одговорете ги под бројче =)

    1. Неколку пати ми пререкол за тежината, како би било идеално да престанам со толку јадење, иначе имам 61 кило проверив денеска и не сметам дека сум дебела иако имам мало стомаче. Како да се ослободам од комплексите да му го покажам моево тело у секоја позиција?!?!

    2. Бидејќи и женското свршува, ме интересира како изгледа тоа??? од каде се случува и слично.

    3. За оралниот секс, коа он ке треба да ме задоволува, може еве не првиов пат наредните, одржувам хигиена секако, но што ако до тогаш се создаде некоја непријатна миризба долу??? Некој совет да не дојде до тоа ???

    4. Читав на форумов и дека постои можност да нема крв првиот пат или да протече неколку часа подоцна. Ме фати голем страв дали тоа е случај и со мене, неможам да знам се додека не се случи но како што прочитав на поголем број девојчиња тоа им се случува па ме фати параноја. Кои би биле соодветни зборови да објаснам дека ми е прв доколку се случи тоа?!?! + По колку време обично крвта треба да ми протече???

    5. Во врска со долната облека ... Дали мора да биде танга?!?!?! или ке биде тотален феил да си земам некое комплетче не многу унакажано со обични гакички?????? Може и слика да ми ставите ако имате некоја идеја. Што имавте вие??

    6. Во случај крвта да протече, ме интересира како се случува тоа ? Додека тој влегува излегува или пак кога ке го извади??? Само излегува од мене како коа имам добиено??? =Д И он тоа се го гледа ?!?! Нема да се згрози???? =) Што да имам при рака да се отстрани тоа се...???


    Извинете ако прашав глупи прашања, но ми треба одговор и вие на форумов сте единствени со кои можам да разговарам за ова. Испадна дека мојов прв пат ке треба да биде испланиран до детал ко свадба хаха но тоа не ми е намерата. Поздрав и очекувам детални одговори. Благодарам.
     
  2. anetalove

    anetalove Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    1.Ne e bitna tezinataa i plus toa ne e mnogu ic da ne se mislis i jas imam stomace pa sto imam redovvni odnosi.
    2.To se slucuva so cinot na zadovoluvane kako izgleda ne mozam ni jas pa ni nekoj drug da ti objasni to e prirodno.
    3.Za oralen treba sama da odluciis ako se resis na istiot cekor nema potreba da se sramis ako redovno odrzuvas higiena nema neprijatna mirizba.stavi malku nekoj geel za intimna higiena a sega ima i sprrej za dolu i zavrsena rab.
    4.Toa kaj sekoja devojka e razlicno mozi da se sluci i voopsto da ne ti protece i toa neee golema kolicina na krv tuku maalku i nema za sto da se sramis.
    5.Nema potreba od tolku luksuz nekoi ubavi gakicki nekoe prsluce ubavo nemora so marka za toa da ne mislis mnogu.
    6.Dodeka toj vleguva malku boli zavisi kaj nekoi mnogu i koga vleguva izleguva i togas se trie zidot na vaginata i doaga do pukane na kapilari i protekuva krv.

    Ne mora do tolku planirane samo ljubov i zadovolstvo a toaa treba da ti go obezbedi tipot a ne ti da razmisluvas poz i pisi sto napravi
     
  3. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^ ^ :D Интересни ми се прашањава. Мене кога ми беше прв пат, бев малку повозрасна од тебе сега, посамоуверена, но исто така збунета, па и сепак исплашена. Меѓутоа, јас се чувствував многу блиска со него- па за повеќето прашања разговарав со него (нему не му беше прв пат). Ќе се обидам да ти одговорам на дел од прашањата.

    Прашање бр.1 воопшто не влијае на сексот и не менува ништо во однос на „првиот пат“. Искрено, не знам каков ти е тој дечко што ти кажал такво нешто |( , а има намера да те легне? :?:
    Прашање бр.2 - не верувам дека ќе ти се случи првиот пат ;)
    Прашање бр.3 - штом одржуваш лична хигиена - нема што да се грижиш. Точно е дека има специфична миризба, но ако тој реши да ти пружи такво задоволство - верувај не му смета.
    Прашање бр.4 Зошто да се објаснуваш? :o Тој невин ли е? Ако е, како ќе ти докаже? Каква е таа врска, каква е таа љубов ако нема доверба? Опушти се. Ќе се случи тоа што ќе се случи - нема што ти да објаснуваш!
    Прашање бр.5 Не мора да е танга, не мора да е чипка, можеш да носиш било што во што ќе се чувствуваш удобно и секси.
    Прашање бр.6 Веројатно различно е кај сите. Не се работи за којзнае колку крв, но може да се направи дамка на леглото. Јас лично го почувствував пукањето на хименот и протекувањето на крвта. Нема ништо гадно, тоа е само крв - и тој треба да е спремен на такво нешто.
    Во секој случај најважно е да бидеш спремна, сигурна и ОПУШТЕНА.
    Мене ми се случи по неколку неуспешни обиди. Да, да. Сакав се да биде убаво, да е на кревет, да е романтично, да сме двајцата трезни...резултат: не бев опуштена, имав многу трема и бев загрижена, што ќе биде, како ќе биде. Бидејќи не бев опуштена, многу ме болеше првиот обид, а бидејќи тој не сакаше да ме присилува, се обидовме неколку пати, дури кога бев навистина опуштена, понесена од страста (и тоа во кола) се случи тоа што требаше да се случи и речиси и не болеше во споредба со неколкуте претходни обиди кога не бев опуштена.
     
    На Miss.Waldorf му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ајде и јас да дадам некој совет, би требало да ти биде од корист. :)

    1. Штом тој е со тебе, сигурно си му и привлечна, така да некој кг вишок воопшто не треба да те загрижува.Никој не е совршен. Не гледам причина тоа да ви влијае на врската и на сексот. Тој погрешил што ти пререкол.

    2. За да свршиш треба да бидеш максимално опуштена, а мислам дека се ретки женските што свршиле уште при првиот однос.За вагинален оргазам потребно е доста пракса, а тоа какво е чувството, треба сама да го доживееш. ;)

    3. Внимавај си на хигиената како и до сега, и нема да има проблем. Секој си има свој специфичен мирис, доволно е само секогаш да си чиста и средена.

    4. Па нема што да објаснуваш тука.Тој треба да ти верува. Ако случајно се сомнева, не е вистинскиот за тебе! Мене веднаш ми протече крв, ама и да не се случи тоа, не е ништо страшно.

    5. Не, не мора да е танга.Облечи долна облека во која се чувствуваш секси, привлечно, но и удобно.

    6. Не станува збор за голема количина на крв, обично се неколку капки и не е ништо гадно. Хименот се кине кога машкото пенетрира, па тогаш би требало и да протече крвта. пак ќе ти кажам,и да нема крв, не е страшно,знам многу девојки со таков случај. Само опуштено и се ќе биде како што треба.
     
    На Miss.Waldorf му/ѝ се допаѓа ова.
  5. A.n.n.a.b.e.l.l.a

    A.n.n.a.b.e.l.l.a Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Ете и јас со тој проблем.. :( :tmi:
    Значи,да и ова ке бидне,не сега,денес треба да дојде во Ск ке се видиме,може да се смуваме,а и знам дека сака и повеке од тоа,не ми кажува баш дека сака да имаме секс туку индиректно,ке правиме,ова,она :$ и ред др работи.Нормално нема да му дадам првиот пат затоа што ке мисли дека сум лесна и одма ке ме откачи,затоа ке му дадам после 5-6 пати гледање,ама сепак тоа ке биде наскоро,бидејки денес доага во Ск и ке седи до 1 октонври (се смени планот,требаше покасно да дојде),значи до тогаш неколку пати треба да бидне :worried: .Јас од една страна мноогу сакам,ама од друга страна има моменти кога си викам дека тоа не е за мене,дека мие грозно и ред др работи.
    1 Како да знам дека сум спремна да го направам тоа? :(
    2 Како да знам дека пред мене не бил со никоја,сепак има 19,а мн сакам да му бидам прва.Како да знам?
    3 Ова може да се случи и на др место,може нема да биде кај него дома,рече дека сака да одиме на планина на реката и што ако се случи таму??
    4 И ова ми е едно од најважните.Како да го тргнам срамот дека ке ме види гола?
    5 Дали ке му бидам доволно привлечна,што ако ме остави и си отиде?
    6 Што ако направам некоја грешка кога ке биде ова?
    7 Што ако го злоупотреби ова??................??????????????????? :^) :^)
    Девојки мн сум збунета ве молам одговорете ми на прашањава...
     
  6. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    1. Како да знам дека сум спремна да го направам тоа?
    -Имаш некакви чувства кон дечкото, нормално без да имаш чувства кон него како ќе го направиш тоа -имаш доверба во него, значи се знаете некое време, си стекнала доверба во него, а јас како што гледам од ова што си пишала ти не си го ни видела у живо а сакаш да му дадеш, ке си била лесна ако му дадеш првото гледање ама третото е ок?! и 10тото гледање да му дадеш пак ке испаднеш лесна. Како можеш така лесно невиноста да му ја дадеш на некој со кој ке се смуваш 3 пати, стварно не логично и без размислување ...
    - комотно, убаво и секси се чувствуваш со него, а ти до сега не си поминала моменти со него да видиш како ке се одвиваат работите, како ке се чувствуваш покрај него, можеби ке сфатиш дека не е вистинскиот со кој треба да го направиш тоа.
    -Не се плашиш што може да се случи кога ке помине тоа, штом си помислила да го направиш тоа, тогаш си и доволно голема и зрела за да се справиш со последиците (ако ги има) и да не се каеш за својата постапка. После е*ење нема каење.
    -немаш некои комплекси, итн. Едноставно се осекаш спремно, секој на различен начин си гледа.

    2. Како да знам дека пред мене не бил со никоја,сепак има 19,а мн сакам да му бидам прва.Како да знам?
    -Нема како да знаеш, немате никаква блискост а за доверба и да не збориме. И да го прашаш одговорот нема да знаеш дали е вистинит. И нема баш на никаков начин да видиш или дознаеш, кај женските се гледа ама кај машките не.

    3 Ова може да се случи и на др место,може нема да биде кај него дома,рече дека сака да одиме на планина на реката и што ако се случи таму??
    -Првиот пат треба да биде убаво, удобно и комотно. Ако мислиш дека ке ти биде убаво и комотно тој чин да го правиш по некоја планина, низ некои тревишта, реки или во кола, прави го. Сепак, он ако знае дека си невина и те носи на некои такви места и притоа не те ни праша дали ке ти биде добро и удобно, или едноставно да те праша каде сакаш ти, стварно не одговорно и незаинтересирано од негоа страна. Знаеш дека може да биде и болно првиот пат, не можеш секаде.

    4. И ова ми е едно од најважните. Како да го тргнам срамот дека ке ме види гола?
    -Срам и трема скоро и сите имале. За да се опуштиш и полека го трнеш срамот најубаво е без светла, ама не сега баш онака скроз темно па да не можете да се најдете. Потоа кога ке се опуштиш унесеш во тоа, срамот ке го снема.

    5. Дали ке му бидам доволно привлечна, што ако ме остави и си отиде?
    -Епа драга моја, да не те плашам, ама од човек што не го познаваш доволно можеш се да очекуваш. Затоа ти викам дека таа работа не се прави од 5то гледање, биди у врска со него, запознај го, па сама ке можеш да процениш дали му се допаѓаш, дали би те откачил после тоа. Вака не можеш да предвидиш, а ако се деси тоа, сама си донела таква одлука.

    6. Што ако направам некоја грешка кога ке биде ова?
    -Сигурно дека он ке знае дека си невина, и дека не треба да очекува од тебе незнам какви потези и работи. Треба да си опуштена и моментот ке те води.

    7. Што ако го злоупотреби ова?
    -Пак ке кажам, убаво размисли за оваа одлика, треба да гледаш и на можните последици. Ти не го знаеш дечкото, ни неговите намери и планови со тебе. Млад е, уште незрел, веројатно сега гледа што поише да легне, од која добие -добие, ништо чудно штом ти побарал уште сега на не видено, не очекувај дека ке остане со тебе.

    Се надевам дека ти помогнав малце и те натерав да се подразмислиш уште еднаш.
     
    На A.n.n.a.b.e.l.l.a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TeaI

    TeaI Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Во моето гратче имаат само Дурех Елит (тие што се спакувани во Love box,лиљаковите), сакам да прашам дали се добри за секс за прв пат, фала однапред
     
  8. nikakva

    nikakva Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    izvinte da prasam fcera za prv pat imav seks so decko mi bez zastita ne bev skinata mi fleze 2 3 pati mi pote4e krv a toj svrsi nadvor dali e mozno da zabremenam??? ne sum vo plodni denovi.. ve molam kazete mi ako znaete vi blagodaram :( :(
     
  9. lovely-jublee

    lovely-jublee Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6

    а што воопшто си се впуштала во сексуални односи ако не знаеш одг на наједноставни прашања? ццц
     
  10. nikakva

    nikakva Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    greska ogromna napraviv... sto znaci toa deka ima sansi da zabremenam?????
     
  11. TeaI

    TeaI Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Во моето гратче имаат само Дурех Елит (тие што се спакувани во Love box,лиљаковите), сакам да прашам дали се добри за секс за прв пат, фала однапред
     
  12. nikakva

    nikakva Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    ve molam pomognete mi ako znaete ;( ;(
     
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не си бремена, не се секирај, премногу се мали шансите да забремениш ако не свршил во тебе. :)

    За следниот пат обавезно користете кондоми! :!: Да не си ја чукаш главата после за бременост или пак сексуално преносливи болести, разно-разни инфекции итн итн.
     
  14. nikakva

    nikakva Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    mnoooogu vi blagodaram :)
     
  15. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Уште една работа што многу ме нервира у врска со самиов чин, тоа што редовно секој месец си одам на интимна депилација и сеа ке нема начин да чекам да ми пораснат влакната зошто ке мора со брич да отстранувам се. :(((((((((((
     
  16. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Ја имам 19 години и сум невина,ама некако ме фаќа страв да го направам тој чин како помала не се плашев толку сега ме нападна страв,како да го победам тој страв?
     
  17. bitolski69

    bitolski69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    23
    Pa napravi go toa koga ke se custvuvas spermna , godinite ne se nikakvo merilo za toa.
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, не се секирај и кај мене е истата работа.
    Имам некој неопислив страв од самата помисла дека треба да влезе во мене :|
    Ама со тек на време кога ќе го најдам вистинскиот ќе се опуштам и ќе се случи.
    Ама кога не знам, не обрнувам многу време на годините се додека не се почувствувам навистина спремна.
    Дали за година дена, дали за неколку месеци.
    Знам само дека нема да го направам тоа ради реда.
    Ќе го испланираме со дечкото и ќе гледаме да биде помалку болно.
    Друго не знам што да те советувам.
    Да бидеш максимално опуштено и што е најважно спремна.
    Без брзање да не зажалиш после.
    Среќно. ;)
     
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    „Никој не умрел од тоа“ е мојата мантра :D
    Ама озбилно па :!:, никој не умрел, така да нема потреба од страв и паника, боли за болење, ама еве сме преживеавме.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Абе да, никој не умрел до сега, ама јас сум сигурна дека ќе испоцркам од страв ко глуФац. :D
    И морам да ја цитирам Лукс:
    Значи вистинскиот е најден, ама психата ме јебуцка ужасно, и џабе желбата и физичката спремност за однос, џабе што партнерот е тука, кога во главата ми се случуваат вакви земљопотресенија за глупости.
    И стварно се прашувам од што всушност се плашам и зошто уствари ми доаѓаат такви мисли кога сум сигурна и во партнерот, ама ајде де !?

    Мој совет е, ако не се чувствувате спремни за тоа - не го правете и преиспитајте се убаво во што точно се наоѓа проблемот и разговарајте отворено со партнерот. :)
    Ете, јас уште си се преиспитувам. :?: