"Девици благороднички" е нова руска историска теленовела која е снимена од продукцијата "Новелла" (продукцијата на руската теленовела "Кармелита") и емитувана на "Россия1" од 4 октомври 2010 год. Богато костимирана и снимана на автентични локации, серијата е сместена во 1877 година, кога царска Русија е во војна со Турција, но фокусот е на тогаш надалеку познатиот Институт за девици благороднички, еден вид затворен интернат-гимназија која ја посетуваат исклучиво девојки кои се подготвуваат по матурата верно да ,служат, на царскиот двор... Софија, Мирјам, Варја, Тата, Асја и Катја се хероините со свои мечти и сништа за понатамошниот живот... Серијата веднаш по почетокот на емитување минатата есен го привлече вниманието на руското тв гледалиште. Во главните улоги настапуваат Алиса Сопегина, Полина Беленкаја, Евгенија Воѕинскаја, Александер Арсентиев и Иван Колесников, а режијата е на Леонид Белозорович. На Телма серијата ќе се емитува секој ден, од понеделник до петок, од 20 часот. Кратка содржина на теленовелата: Спојлер Во центарот на приказната е големата љубов меѓу Софија и Владимир во време кога мажите преку двобој ја бранеле честа на девојките, девојките наликувале на хероини од романите на Толстој, а љубовта успевала да ги надмине сите конвенции и перипетии од општеството. Софија, Мирјам, Варја, Тата, Асја и Катја се хероините со свои мечти и сништа за понатамошниот живот. Софија е убава, млада и бунтовна девојка која доаѓа од сиромашно семејство. Нејзиниот татко бил убиен во една војна, но таа со нејзината благородна душа секогаш ги освојува симпатиите на останатите во училиштето. Во договор со своите соученички, Софија една ноќ оди во старата празна куќа до Инситутот за девици благороднички. Таа сака да докаже дека легендата дека во огледалото може да се види идниот свршеник е невистинита и застарена. Во тој момент еден човек се појавува на огледалото и ја плаши Софија. Таа бега. Тоа е всушност грофот Владимир Варцанов кој се вратил дома. Таа средба го менува животот на Софија и на останатите девици благороднички. Грофот Владимир се вљубува во Софија на прв поглед и покрај несреќата во неговото семејство. Иако Владимир решил повеќе да не се вљубува, сепак чистотата, убавината и великодушноста на Софија го заслепуваат. И кога Софија се надева дека ја пронашла љубовта на својот живот, се појавува сопругата на грофот, парализираната Нина со која тој сеуште се нема разведено. Истовремено се дознава дека Софија е нелегална и единствен начин да не биде протерана од Институтот е да се омажи за пријателот на грофот Владимир, кнезот Андреј. Љубовниците Софија и Владимир се соочуваат со големи проблеми. Нивната љубов е спречена од зависта на пријателите, од злобата на некои девојки и од традициите во тоа време. На Софија многу и помага и нејзината другарка - турчинката Мирјам од истиот клас која ги крши правилата на Институтот во име на другарството. Миријам е ќерка на турски командант кој доаѓа во Русија и со тоа го загрозува нејзиниот престој во Институтот. Тата е девојката која е вљубена во професорот по хемија Зотов. Таа работи како дадилка на неговите деца, но тој и покрај страста кон Тата, не може да ја остави својата смртно болна жена. Асја е уште една девојка во училиштето која доаѓа од богата фамилија и која е ривалка на Софија и во љубовта и во работата. Девиците благороднички ќе мора да ги почитуваат правилата на училиштето, но нивната возраст ќе бара и забранети нешта. Надвор од тој нивен затворен свет, Русија е во војна со Турција, а последиците од таа војна нема да ги поштедат ни девиците благороднички. Нешто поинакво, историско а во исто време романтично Ако ништо друго преглед на времето и животот каков што сме си го замислувале во руските класици.
ДЕВИЦИ БЛАГОРОДНИЧКИ!! серијава е преубава пред некоја недела ја гледав и сеа кога како.. мноуу е убава
Колку е само оваа серија поубава и поквалитетна од сите останати ,,хит- сапуници,, што се емитуваат на нашиве телевизии во истиот термин. Во 20.00 оди уште, ако не се лажам. Баш го носи духот на времето за кое се раскажува. А и потсеќа на романите од Толстој и останатите руски класичари. Само ете, недостатокот на комерцијализација и помпезни најавувања кои, патем, благо цепат по нерв , а се присутни за останатите таканаречени ,,серии,, кои се емитуваат во тој термин, си го направија своето. И не е ова прв пат некоја поквалитетна серија да била засенета од некоја друга, поискомерцијализирана, имало и други примери, ама тоа е... Баш штета...
јас еднашка на дење ја имам фатено и многу ми се виде интересна сакам пак да ја гледам ама незнам кога ја има во колку саат ја даваат ?
Репризата е во 14 30 часот. Инаку серијата е супер.Немам зборови,толку се реални сцените и една од најубавите серии што сум ја гледала во животот. Мислам (Mother Russia) и се е можно Всушност таа е и едниствената серија што може да се гледа во денешно време-"Mалечката невеста", "Арџана", "Бандини","СаБаш" и ред други квази-серии.Мислам хелоууу??
Прекрасна серија! Интересна приказна, одлична глума од младите девојки, прекрасни места и уште попрекрасен јазик. Со серијава многу повеќе го засакав Рускиот. Омилен ликови ми се Софи и Воронцов. Софи е толку нежна, а истовремено и многу цврста девојка. За Воронцов се` што ќе кажам е малку .. перфектен човек: чесен, добар, убав, силен и храбар. Не ја гледам од почетокот и кога сум поручек на училиште не ја фаќам цела епизода. Но тато редовно ја прати и ми кажува што се случило. Обожавам кога ќе легнам до него и ја гледам серијата .. се навраќам на деновите кога бев малечка и правевме така кога гледавме филмови. Ми се топли душава ..
Дечкиии. серијава не ја фатив баш од првите две три епизоди ги пропуштив дали знае некој да ми каже зошто е таму Миријам во институтот? нели е таа турчинка??
Да, ама нели еден период од серијава се случува за време војна помеѓу Турција и Русија, а Миријам е турска ќерка - принцеза на Адил паша кој сакајќи да се постигне мир беше на руска страна. Поради тоа него го заробија а ќерка му (Миријам) сакаа да ја грабнат. Воранцов тогаш ја спасил, и оттогаш е штитеничка во гимназијата (институтот). И мене не ми се гледани првите епизоди, ама од тоа што гледав така било.