1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девијантни појави во училиштата - кој е виновен?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 4 декември 2019.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Поттик за да ја отворам темава беше следното:

    https://www.fakulteti.mk/news/04122...na-instagram-grupata-vekje-broi-15-000-chlena
    „Најлудите Школски Видеа. Доколку сакате и вашето видео да биде објавено, пратете ми го. Придружи ѝ се на армијата од 15.000 Багабонти“, пишува во описот на групата.
    Група на „Инстаграм“ која се вика „Crazy.school.videos.mk“ објавува видеа од македонски ученици кои намерно дивеат во училници и кршат училиштен инвентар, се смеат и сето тоа го снимаат. Но, доведуваат во опасност и многу други ученици.
    Групата веќе има 100-ина постови и 15.000 члена. Некои од видеата се позајмени од странски земји, но на некои веднаш може да се утврди дека станува збор за македонско училиште бидејќи учениците зборуваат на македонски јазик. „Ќе ги запали брат, ќе ги печи, нафора“, коментира ученик додека друг пали со запалка некоја црна материја на клупата. Проблемот е што групата секојдневно се зголемува, а админите повикуваат и други ученици да снимаат вакви видеа и да им ги испраќаат за да ги објават.
    [​IMG]
    Групата брои над 15.000 членови
    „Најлудите Школски Видеа. Доколку сакате и вашето видео да биде објавено, пратете ми го. Придружи ѝ се на армијата од 15.000 Багабонти“, пишува во описот на групата.
    На видеата се гледа како ученици намерно кршат столчиња, клупи, ги фрлаат од прозорец, палат училишна клупа, со глава кршат врати. Се смеат додека снимаат.
    На видео постирано на 11 ноември, додека група ученици ја пеат навивачката песна „Излези момче право на тераса“, во училницата е и професорка. Но, тие ги трескаат мониторите од компјутерите и тастатурите додека навиваат.
    [​IMG]
    Во присуство на професорка ги удираат тастатурите од клупа додека пеат
    На едно од видеата двајца ученици пеат песна, едниот игра, а во заднина се гледа професорка која продолжува да пишува нешто на таблата, како ништо да не се случува. На друго видео си играат погреб, еден е поп и пее на македонски јазик, има и замислен мртовец кој го носат на училишна клупа.
    [​IMG]
    Кршат клупа и се смеат
    [​IMG]
    Редат столчиња, па фрлаат едно за да паднат сите
    На друго видео ученик фрла столче од прозорец, а на трето - цела клупа, кои се кршат на парчиња. На некои од видеата редат столчиња, па фрлаат едно за сите да паднат на подот. На друго видео една ученичка е пикната во самата клупа, друга е легната на горниот дел, а неколку ученици ја изнесуваат клупата во холот, па потоа ја расклопуваат за да може да излезат. На трето видео ученик пали училишна клупа, а снимени се и и како пушат во училница.
    [​IMG]
    Ученик фрла клупа од прозорец во училишниот двор
    [​IMG]
    Столчето за малку ќе завршеше над главата на некој од учениците во дворот
    [​IMG]
    Две ученички ги изнесуваат во холот, едната е легната внатре во клупата
    [​IMG]
    Разговаравме и со неколку директори на училишта за тоа каква е процедурата при вакви ситуации.
    Директорот на средното „Михајло Пупин“ од Скопје, Димитар Ѓорѓиев, ни објасни дека тие немале ваква ситуација, но дека сите училишта имаат Кодекс на однесување.
    - Во тој Кодекс е пропишано и какви се казните за учениците, од опомена до исклучување. За вакви дела какви што ми опишавте секако дека би следувале санкции. Но, проблемот со проблематичните ученици е тоа што практично знаат дека не може да се исклучат целосно од училиште бидејќи средното е задолжително. Ако треба да се отстрани ученик, ќе мора да продолжи во друго средно. Останува да се работи со нив, со стручен тим од училиштето, и да одат на советување заедно со родителите. Нашите кабинети во кои има компјутери ги сочувуваме така што самите наставници многу внимаваат и постојано се прави попис на сè што има внатре. По секој час наставникот прави извештај дали просторијата е во иста состојба. За евентуално ако се направи некаква штета, да се знае кој клас и кој наставник е одговорен - вели Ѓорѓиев.
    [​IMG]
    Играат брканица скокајќи на клупите
    [​IMG]
    Пеат песна, професорка пишува на табла
    [​IMG]
    Фрлена маса од прозорец
    Профилот на групата не е јавен, па видеата се достапни само за членовите.
    Од Министерството за образование и наука велат дека не се информирани дека постои ваква група на социјалните медиуми, но потенцираат дека за редот и почитувањето на Кодексот на однесување во училиштата се грижат директорите. Ги поттикнуваат, ако се сомневаат во вакви вандалски чинови, да пријават во Министерството за внатрешни работи и да ги преземат сите законски мерки, како и да ги информираат општините.
    Прашавме и во МВР дали некој го пријавил овој инстаграм-профил и какви мерки се преземаат во вакви случаи. До објавувањето на текстот не добивме одговор.
    [​IMG]

    Вина за девијантото однесување се и родителите и наставниците.

    Потребна е под итно реформа на педагошкиот систем, бидејќи ваквото однесување на учениците завзема замав.

    Дали некои наставници неможат да го организираат часот или се недоволно авторитетни па дозволуваат деструктивни дејствија или најголем товар паѓа на родителите и емоционалната и социјалната незрелост - незнам.
    Се почесто слушаме за малтретирање на деца во школо, давење, носење оружје и слично.

    Какво е Вашето мислење за ова?
    Дали е до родителот или до образовниот систем ?
     
    На Peperutce1115, Јаневски, sj *O* и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.856
    Допаѓања:
    133.160
    Пол:
    Женски
    Јас сум од ,,старото време'' кога важеше она дека воспитувањето произлегува од дома. Ако дома родителите не успеале да се справат со 1, 2 еве и 3 деца како да очекуваме наставник да се справи и воспита 30.

    Наставниците не ги обвинувам во никој случај, најмал дел од вината носат тие, има забушанти и од нив, не дека сите се баш педагози на ниво и знаат да се справат со секаков карактер, но во нашиот систем треба реформи, итно. Недопустливо е да се носи оружје, физички да се малтретира соученик, да се поставува надмено над наставник, да се урла постојано, да се оди на школо кога се сака и да се седи само колку што се сака, на крај да се помине само со опомена. Треба казни и тоа ригорозни. Не зборам за одобрување на наставниците да тепаат, но да се прекине под итно да се толерира секоја девијантна појава кај младите и соодветно на тежината да се добие и казна.
     
    На mime87, Miss666, Waverly Raven и 31 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Страшното е шо и во мое време имаше вака, ама беа еден, двајца. Сега сите освен еден-двајца се проблематични.

    Јака душа на учителите, а богами и на родителите. Верувајте дека и тие не можат да испаднат на крај.

    Вината е заедничка, а на чело е расклатениот образовен систем во којшто ни тие што го имплементираат не веруваат... па зошто би децата?
     
    На Waverly Raven, PaLaVa, WildMk и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во родителите затоа што они ако го воспитале и одгледале правилно они нема да се однесува така дивјачки. Најчесто вакви деца доаѓаат од дисфункционални семејства ,па бесот го искажуваат преку вандализам и дивјачко однесување.
     
    На mime87, KateKane, темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    7.357
    Пол:
    Женски
    Апсолутно родителите. И тоа тие што верувам и тука ќе се јават со ставот дека само наставниците се за се виновни. Тие ги учат дома децата да не ги почитуваат како авторитет наставниците. Јас знам дека има полуписмени наставници и никој не го негира тоа, ама децата мора да имаат првенствено респект, а понатаму се друго. Цел систем ни е хаос, треба да се превземат дисциплински мерки и да не се простува на некои дечиња затоа што мама или тато се на фукнција. Баш и тие најмногу земаат замав, дете што нема кој да го штити ќе си однесе казна некоја со сигурност.
     
    На PaLaVa, темјанушка, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  6. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Како викаат Децата се огледало на родителите, едно големо браво за овие родители.
    Воспитувањето и културата се понесуваат од дома, а на училиште само се социјализира и учи.
    Не дека јас бев мирна на училиште, но не правев штета на школските предмети и прибор.
    Ова веќе е нов левел.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Distant

    Distant Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    За жал ова е суровата вистина во која живееме. Се надевам дека профилот на инстаграм ќе биде баниран, не дека нешто ќе смени али барем нема да добиваат идеи.
     
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.439
    Допаѓања:
    81.892
    Пол:
    Женски
    Целокупниот пореметен систем е виновен.
    Од родители,училиште.социјални мрежи ,систем на вредности,и немање закон и казни.
    Од мали размазени тодлери,па размазени ученици па на крај средношколци што прават што сакаат,ако им се сака ке палат клупи,ке плати мама и тато.
     
    На Waverly Raven, WildMk, mariz и 11 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.095
    Допаѓања:
    56.324
    Пол:
    Женски
    Ако го воспитате вашето дете најубаво на цел свет и го пуштите во ваква средина, мислите дека бубаче ќе биде и ќе им влијае и на другите да не дивеат? Поголеми се шансите да се придружи, макар и со навивање од страна.
    Не е само до родителите. Тие имаат влијание до одреден степен. Секако дека ја поставуваат основата, но средината не е за занемарување.
    Секогаш имало вакви појави, само биле поретки и не го повлекувале целиот клас.
    Јас наоѓам најмногу вина во неспособен кадар во училиштата. И се' полошо станува. Нема никаква контрола, никаков авторитет. Гледајќи кој се' стана учител или професор, јасно е се'.
     
    На Waverly Raven, Bozica1980, piglet1 и 23 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Има наставници кои само гледаат да ги истераат тие 45 минути.
    И во мое време имаше такви.На нивниот час хаос беше и тоа се од едни исти неколку деца.На друг час не смееја да мрднат, зашто наставникот не трпеше неред.
    Имаше бунтовници , ама не до толку.

    Мислам дека родителите се најголемиот виновник за ваквото однесување.
    И дома да го воспитам да е најмирно и најкултурно, не верувам дека ќе вреви во првите хулигански редови, ама нема ни да остане рамнодушно, зашто децата на таа возраст ги понесува магуплакот, мислат дека се многу интересни.

    Казни треба.
    И за родителите и за децата.
     
    На WildMk, mariz, темјанушка и 6 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.258
    Допаѓања:
    101.069
    Пол:
    Женски
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Бидејќи сите не засегнува овој проблем, било да имаме или немаме деца во училиште, зашто болна младина не не носи кон сигурна иднина.
    Ова за Кочо Рацин , се повеќе се збори дека е преувеличено и дека се работи за домско дете од дом во Штип кое сака да се врати назад и дека против негова воља го држат во Скопје, па манифестира со правење нереди.
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Овие деца 99,99 посто идаат од дисфункционални семејства. Не ги кривам децата.
    А тоа што луѓето се фалат кај некој наставник не смеело да се мрдне тоа е најлошото нешто бре. Само на наставниците да им е убаво. Ако вака лупаат тогаш нешто не е во ред, има проблем, а проблем не се решава со казни. Друга причина е, децата влагаат у анархија затоа што сфатиле кај се бе. На ваков срање систем не ми е ни чудно. Наставник може да се дере на час, тоа е за пофалба, јак наставник. А децата кога се дерат леле паники.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.213
    Допаѓања:
    165.732
    До целокупниот општествен систем е, образовниот систем е огледало на истиот а и децата и родителите функционираат во него.
    Точно, децата мислат дека се многу интересни ако се бесни, па уште пред публика од светски размер (демек на интернет(facepalm)). А родителите мислат дека децата смеат да бидат бесни, оти се подобри од другите (читај побогати, повлијателни, на вакви-такви позиции). Затоа што некои се недостижни т.е. за нив да важи закон (на пр. таа полицајката што беше натепана од пајак, упс. уствари сама се удрила). Ма сите се недостижни уствари, систем на споени садови, врски, политика и резултат- башибозук:x. Сите тие се виновни.
     
    На WildMk, Peperutce1115, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Главни виновници се родителите.
    Виновни се затоа што пред очи детето им се развива во деген, од мали ги прават пекмези на кои никој ништо не смее да им пререче, со самото тоа индиректно ги учат да не почитуваат авторитет. Непочитувањето на авторитет води кон дивљаштво како од видеата погоре.
    Не може да ми кажете дека ваквите дебили, дома се јагне а на школо волк. Само што дома, мил син на мајка,златен, има повластувања за се, дете во пубертет нели оправдано..
    Каков сака нека е,родителите никогаш нема да дозволат да го следува казната за стореното, тука спаѓа и губење на година. Ќе се расправаат со надлежните, ќе фаќаат врски, ќе претат со тужби, се само пошто не можат да го прифатат фактот дека детето им е скаперник хулиган.
    Друга работа, неспособни партиски директорчиња кои им го одземаат правото на глас на наставниците.
    Не се спроведуваат казни бидејќи секогаш тој некој узурпатор на школскиот ред и мир, ќе е нечиј син, или ќерка, еден телефонски повик и се заборава на се. Наставничката која го има направено потегот за спроведување соодветна казна, уште повеќе губи на авторитет и станува уште поголем предмет на подбив.
    Знам што зборам, бидејќи имам 3ца просветни работници во моја блиска околија, кои ми имаат кажувано за фрапирачки ситуации, во кои едноставно тие се немоќни. А секогаш прстот е свртен кон нив, што е крајно нефер и еднострано.
     
    На mime87, Waverly Raven, irrelevant и 22 други им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    @lovestoneddd, одлично кажано.

    Не ги обвинувам просветните работници зашто ова однесување потекнува од домот, од родителите, од средината каде што израснале дечиштава. Да не употребам погрден збор, ќе се задржам на овој назив.

    Јас сум млада, ќе се воздржам од користење на израси како во мое време, зашто не беше така одамна кога јас излегов од училишните клупи ама вакви грозотии немаше тогаш. Како што кажа @Doozy, исклучоци беа во класот и си добиваа соодветни мерки.

    Ова што го видов сега на клипчињата е грозно, одвратно, искажување на тотално непочитување кон институцијата училиште.
    Овие дечишта живеат со мотото гајле ми е, и онака ќе поминам, не се замарам.
    Нема да ме зачуди ако и родителите ги охрабруваат, па дури и ако ги поттикнуваат на вакви гадости.

    Ужас. Не знам точно како да се казни ова ама да биде ригорозно.
     
    На темјанушка, VoodooGirl, moon1 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    @prominent ....во мое време:D (пред точно 35 години) имаше и вакви деца (додуши неколку) ама имаше и наставници кои тепаа.
    Од некои ни беше страв и кога ке ги сретнеме на улица:tmi:.

    За ваквите појави и родителите....да кажам дека сум имала вакво искуство со едно од децата.
    ...си седам на работа, ми се јавува класната (основно школо) и ме вика да дојдам.Одам, таму уште 6-7 родители.
    Се собрале 8 деца со камења ги испокршиле сите прозорци во целото училиште(facepalm)
    Таму се воздржав, ама мислам срцев удар ке добиев.
    Син ми доби намалено поведение, и сите деца исто.
    На прашањето ЗОШТО го сторија тоа, имаше таков глуп одговор што се изнервирав уште повеќе.
    Ние родителите го обновивме училиштето со нови прозори.
    Дома сите добија казна и ќотек.Да, ќотек:!:

    Незнаев, дома беше како јагне, надвор ете што правел:fubar:
    Ама казните и укорот беа доволни да поведеме сметка со татко му каде оди, со кого се дружи, како се однесува на училиште.....
    И, строга контрола.
     
    На тп18, ane.bella, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Оооо пофали се. Тепале. После згрозени сте од дадилката што го тепаше детенцето. Не е малку лицемерно?
     
    На Someonespecial, Purplelilac, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Да.
    Татко му му удри шамарИ.
    И остана жив, не збесна и не му текна веќе да скршне.
    И, не е фалење, туку ИСКУСТВО:)

    Ама тоа е МОЕ дете и дадилка и татко да удри нема иста тежина.
    Не споредувај баби и жаби.
    Детенцето има 3 години.Моето детенце имаше 14 години, не беше малтретирано и тепано за да има трауми па да крши прозори.Едноставно се нашол во друштвото и бил понесен од хајката.
     
    На mssuniquee, тп18, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Да не е исто. Пошо детето очекува дека дадилката нема да го сака. А од таткото очекува дека ќе го сака и заштитува. Далеку полошо е од родител. И тоа што е ТВОЕ дете не ти дава право. Цел свет се справува со децата во школо без тепање, кај нас методи од 12 век. Сакаш да кажеш овдешните деца се поинакви од сегде? Не родителите се неспособни. Тепај го ти, и после во школо и тоа ќе тепа на некој послаб. Ти си му покажала дека ако си послаб може да јадеш ќотег. Како што реков. Идаат од дисфункционални семејства.
     
    На Someonespecial, Purplelilac, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.