1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девијантни појави во училиштата - кој е виновен?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 4 декември 2019.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Твој метод ?
    Твој метод ?

    Ако веќе негираш нечии методи, тогаш треба да истакнеш твои
     
    На тп18 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Епа баш тоа сакав да кажам.
    Да тргнеме од нас сами, колку пати сме правеле нешто што нашите родители сигурно не би го дозволиле и не' воспитувале да не го правиме.

    Имам пример на вакво дете, блиско. Културно и воспитано. На училиште беше долго време жртва на булинг, доаѓаше дома истепано, со стапалки од чевли по маиците. Буквално газен. Мајка му беше кај психолог, директор, класна, НИКОЈ не изреагира.

    Во последнава година тој е тој што почнува тепачки, обично со помали деца. Не од што е понесен од мангуплак, туку искуството го научило дека силните тепаат, а слабите јадат ќотек. Никој не сака да биде од слабите. Дома му му зборуваат, применуваат разни казни со одземање телефон и нема излегување. Ништо нема ефект.

    Што воопшто прават психолозите во училиштата? Тие имаат најважна улога во вакви случаи а НИШТО не прават. Никогаш не правеле, всушност. Се сеќавам и во 'наше време' само ги повикуваа багабонтите во канцеларија на пет минути и тоа беше тоа. Никогаш не се грижеле за булинг или за што и да е ако се случува во паузи меѓу часови.

    Цел систем е трул, од секогаш бил. Тоа што модерните родители премногу ги штитат децата што и да направат уште повеќе допринесува. Ама има и деца од нормални семејства што не се баш најмирни на училиште. Стави ги во средина каде што силеџиите поминуваат лесно и другарите им се восхитуваат, и што очекуваш?

    Зошто не постои суспензија, на пример? Или detention ко шо гледаме по филмовите? :D
     
    На ane.bella, Lolipop23, candy.cane и 18 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    И ова е една од главните причини.

    На секого неговото му е најмило, најдобро, најубаво.
    Како родител нормално е дека ке имаш заштитнички однос, ама ради доброто на детето несмееш да го поддржуваш во ненормално однесување.

    Она ,,ми се може,, и ,,баш ме заболе,, треба да го заборават родителите засекогаш, доколку сакаат да одгледаат здрав човек
     
    На тп18, eli25, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Па ова не е од вчера... :)
    Уште пред 10+ години вакви работи имаше по школо, убаво памтам како се фрлаше од 3 спрат клупи, столови...
    Дел од тие веќе и се дипломирани, зошто беа постари од нас, па ние само гледавме што се случува ама еве останата ми е ситуацијата некаде во меморија.
    Сега само заради социјалните мрежи јавно се споделува и сите лесно можеме да го видиме тоа.

    За жал, да, @Doozy е во право, во клас веќе само 2-3ца нормални и примерни ученици се останати, се друго вака "хулиганува". Не си бил кул ако вака не се понашаш. :) Ќе биде и бетер од ова.

    Повеќе не се ни има страв кај учениците од професори, од надлежни од училиштето како институција...
    Дали е до воспитанието, дали е од повеќе фактори којзнае. Не би да генерализирам, но најчесто учениците што вака се однесуваа имаа акумулиран стрес и бес во нив од дома, дали родителска грижа им фалеше и слично, па на некој начин вака "сила" и доминација сакаа да покажат.
    Веројатно се започнува од дома, па и воспитанието и тој дел што фали... Повеќе од видеава гледам се во средно, тешко е на 15+г веќе да измениш карактер и да го превоспиташ...
    А и немаат веќе влијание професорите кај учениците воопшто.

    Кога гледам што се случува во средните и основните школи, ептен се радувам што завршив засекогаш со тие институции.
    Барем факултетот не е задолжителен и колку толку вакви ученици воопшто не ни студираат, па е олеснителна околност до некаде за сите што воопшто не се пронаоѓаат во ваков тип на однесување.
     
    На тп18, piglet1, Abeja и 16 други им се допаѓа ова.
  5. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    51.485
    Пол:
    Женски
    А бе ајде..читате или ??? значи децата за таа ситуација добиле воспитна мерка, строга контрола..Никој не одобрува ќотек и не се тепаат деца по дома..ама како ги извртувате работите значи сега од муабет деца што се хулигани во училиште и како треба да се псравиме како родители и професори вие за тоа се фативте...ниту една дискусија не поминува без да се извади од контекст муабетот ..
     
    На ane.bella, Abeja, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што сум мислела дека си една од посвесните на форумов. Ќе ти кажам методи кога ќе збориме за методи. Овие што ги нарекуваш методи, а јас што ти ги негирам, не се викаат методи туку се вика семејно насилство и исто така има и друго име и се нарекува кривично дело.
     
    На Someonespecial, Purplelilac, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    51.485
    Пол:
    Женски
    Денешново време е време каде родителите имаат многу голема улога во воспитувањето и одгледување на "право" дете . Воспитно-образовниот систем е многу шкартлив и не секој професор се однесува пред се воспитно, повеќето само гледаат да им помине часот, ретки се другите ама многу ретки и се е хаос..Мора прво родителите да се позанимаваме малку повеќе со однесувањето на децата надвор од домот..Страшно е ова..
     
    На oblace1 и referentka им се допаѓа ова.
  8. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    51.485
    Пол:
    Женски
    Па ајде еве тука сме..за тоа..да се посоветуваме сите, да научиме да бидеме подобри родители на нашите деца, со тоа децата ќе бидат подобро изградени личности..Еве ајде дајте начини и методи како терба да се постапува во соодветната ситуација?
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Ако не одобруваш ќотег не туку ме цитирај безвеза. Јас не зборам за воспитни мерки зборам за луѓето овде што се згрозени од дадилката во други теми, а овде прифаќаат дисциплинска мерка ќотег. Ако не се пронаоѓаш во нив што мајка ме цитираш? Не го тупи без потреба.
     
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Е што има врска дадилката во другата тема со девијантните појави на тинејџерите ?!
     
    На тп18 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Страшно.
    Све е труло, од почеток до крај. Во секоја сфера. И немаме надеж дека ќе се смени нешто наскоро, за жал.
    Тие врски не уништија, не можеш дете да казниш, не можеш на улица да казниш, никој од ништо не се плаши и нема никаков ред. Место самите од себе да почнеме да сме малку посвесни, ние ништо. Си направил прекршок, сноси ги последиците. Детето направило нешто, нека си ги сноси последиците. Родителите се криви што фаќаат врски за да го извадат, наставниците се криви што попуштаат, криви се и тие над нив што го дозволуваат тоа.
    Јас уште од сега ја учам дека треба да размислува со своја глава. Не можам да опишам колку ми е важно тоа, да не потпаѓа под притисоци. Не се прави што прават и другите. Зашто другите еве што прават.
     
    На piglet1, WildMk, mariz и 21 други им се допаѓа ова.
  12. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    51.485
    Пол:
    Женски
    е баш ти го отупе..не јас..
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    Ако сите викаме дека децава доаѓаат од дисфункционални семејства треба да се запрашаме зошто има толку дисфункционални семејства? Вината не би ја свела само на родителите.Виновно е општеството делимично.Сите ние сме во трка со времето.Едниот родител една смена другиот друга.Трчаш да го земеш детето од градинка,школо,доаѓаш преморен,со последни сили си играш со него,учиш,разговараш.Свекрва ми викаше,порано сите завршувавме со работа во три,одиш дома,готвиш,седнуваме сите на ручек.Имаш време и со детето да се видиш,да му се посветиш,и со мажот.Друга работа што мене ми пречи е што интернетот,направи да сме нетрпеливи,за секунда да добиеме што ќе посакаме.Во ова лудо време кога сите за нешто брзаме,се изгубивме и ние и децата.Ти исфрустриран одиш,работиш,да можеш да му овозможиш се на детето,а тоа е исфрустрирано зошто доволно не се гледа со родителите.И тука се јавува револт кај детето.Децата најчесто вака се однесуваат за да бидат видени,чуени,ако доволно дома не добива внимание,да го добие во училиштето.

    Пред многу години татко ми ми рече:Знаеш и мене не ми се допаѓа да излегуваш во 12 од дома навечер,за да одиш во диско.Ама што да правам да бидам примитивен и да ти забранам?Ете за тоа не сме виновни ни ти ни јас,диското почнува да работи од 1.Што да ти кажам само памет во глава.Кажуваше и како во нивно време последниот автобус бил во 21 ч и сите биле дома до 22.Ама времињата се менуваат,и како што гледаме се на полошо.
     
    На mariz, Lolipop23, pianogirl и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални, овие проблеми не се од вчера.Вакви девијации имало и пред 10 и пред 20 и пред 40 год.Само што денес многу полесно се дознава и се шири.
    Мислам дека една од причините за проблемот е во самото семејство на овие деца, затоа што и самите родители не ги поседуваат вредностите што треба да им ги пренесат на своите деца.Каков пример ќе земе дете од родител насилник за кого ќотекот е излезен од рајот, кој секојдневно ги навредува домашните или ги малтретира или од родители кои не го поттикнуваат детето да напредува, да учи или воопшто да се посвети на нешто корисно?
    Друго нешто многу битно е средината, за некои деца е многу потешко да останат имуни на влијанијата од соучениците па така и тие сакајќи да се вклопат во друштвото, ќе учествуваат и самите во вакви дејства.
    Додека бев во средно, учев во гимназија каде никогаш немаше вакви проблеми, но кога бев основно, учев во клас во кој буквално бевме поделени на половина кои бевме прилично мирни и половина кои правеа секакви нереди и бели.Е сега друго што ми смета(ше) е тоа што наместо одговорните во училиштето да се занимаваат посериозно со овие деца, тие едноставно ќе им залепат етикета и редовно ќе ги криват за се,редовно ќе добиваат казни, со што нормално кај истиве деца само ќе се зголемува револтот.Педагозите и психолозите се тие кои први треба да им пристапат и да иницираат решавање на проблемите наместо да си доаѓаат на работа за кафе и административна работа.
    За крај, мислам дека и професорите играат одредена улога, иако не најголема, бидејќи оние кои навистина ги бива за таа работа наоѓаат начин како да се справат со одредени ситуации, а тоа да не биде повеќе на штета на детето отколку во корист.Некои од нив ја немаат таа умешност, добри се како луѓе но не знаат како да се однесуваат построго и да воспостават авторитет и до некаде ги разбирам затоа што справувањето со 30 деца одеднаш е претешко.Некои од професорите се однесуваат ужасно со учениците, до тој степен да ти се одмилува секоја секунда што ќе ја поминеш на тој час и секако ова допринесува да учениците кои веќе се однесувале или однесуваат девијантно да продолжат со истото.Значи, изборот на наставниците треба да се сведува не само на нивната диплома но и на нивната улога како педагози, но за жал како што стојат работите со вработувањата кај нас, ова е многу апстрактно.
     
    На Peperutce1115 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Социјалните мрежи се 'виновни' за ваквото однесување.
    Цел ден риалити шоуа, јутјубери, и разни други форми на прикажување содржини без квалитет, па потребата 'да бидат видени', да бидат 'селебритис', си го прави своето.

    И во мое време имаше глупости, само немаше мобилни и интернет, па не беше толку распространето.
    Сега им е натпревар...

    И родителите и школите, треба да работат на проблематикава.
    Наједноставно решение е, да се постават блокатори на сигнали по школите.
    Ама тоа само ќе го префрли глупирањето на други места.. Како молови на пример.
     
    На mariz, irrelevant, Lolipop23 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, но некогаш си размислувам дека можеби со тоа да не бидат како останатите несвесно на некој начин можеби велам и ги правиме жртви на насилнициве кои имаат теорија или си со нас или против нас. Многу родители во денот воопшто не ги гледаат децата не па да ги воспитуваат и тие не бираат средства и нажалост стануваат примери на другите дека со сила се' се постигнува, зошто денес ќе дупне глава на некој со камен, ќе дојде мајката или таткото со парфем од 100е или од иста партија и се' е средено.
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.145
    Пол:
    Женски
    Не се сите од дисфункционални семејства.
    Туку се размазени деца.
    „Ти знаеш кој ми е мене татко.....
    Систем на казни нема,резултатот ке биде и бетер од ова.
    Децата немаат ниту контрола ниту респект кон некого.
    Ако скршиле клупа,а таа клупа чини 50 евра,ке плати родителот 500 и бркање од школо без пардон.
    Па мама и тато може ке чукнат глава кога ќе бараат чаре каде да го запишат и ке се превоспитаат сами дома каква грешка направиле.
    Башка конекција со детето нема,тука е проблемот,родителот не се поставува ко родител туку како милениче на своето дете.
    Денес улогите се сменети,децата се авторитетет на родителите.
    Резултатот еве ни го кој е ,нема школо каде нема булинг.
     
    На Miss666, WildMk, mariz и 14 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.544
    Пол:
    Женски
    Во денешно време децата се преразмазени или игнорирани од родителите и тоа доведува до девијантно однесување.Вина има и образовниот систем бидејќи во него циркулираат и наставници/професори кои не си ја извршуваат работата како што треба.
    И ќотекот е насилство и поради тоа не е решение,туку уште еден проблем.И шамарот е насилство кое остава белег во душата.
    Родителите треба да разговараат со децата и да ги казнат со одземање на смартфонот,таблетот,лаптопот или компјутерот и да не им даваат да гледаат телевизија неколку дена или цел месец.Некои деца си ја сфаќаат грешката и само по разговор.
    Не можат да очекуваат децата да им се мирни или сјајни ако не им посветуваат доволно внимание.
     
    На senjorita-v и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.173
    Не знам искрено дали само во мк постои интернет слава и бесни деца или нешто друго е проблем. Ова со бесот ми личи на руските олигариски деца и нивните интернет групирања, оти и тие се нели, поголеми од господ.
    Да не забегуваме и да правиме споредби со Уса, земјата природно, географски и културолошки припаѓа на Европа. Во Европа каде живеам јас, немам врски и функционирам сосем нормално. Не дека нема деликвенти, ама нема деликвенција на државен имот и изживување во образовни установи. Оти детето на Митре или Петре ќе заврши во институција за млади деликвенти, независно кои се Митре и Петре. Премиер поднесува оставка ко ќе го фатат во сива зона, министер исто така. Одговорност и принципиелност, simple as that.
     
    На Herrera, WildMk, mariz и 8 други им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Тргнав да ја постирам статијата во Денешната младина, но веќе сте започнале нова дискусија. Ништо необично, не ме фрапираат вакви вести веќе одамна. Тоа е во духот на општеството. Свеста меѓу луѓето е ниска, особено во земји како оваа. Не треба подалеку од форумов да одите каде секојдневно се ремети редот и се бара предмет за потсмев за да посведочите некултура.
     
    На candy.cane, Peperutce1115, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.