1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девијантни појави во училиштата - кој е виновен?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 4 декември 2019.

  1. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.754
    Допаѓања:
    40.214
    Пол:
    Женски
    Не можеме само вината да ја бараме во родителите. Дел од вината ја имаат и наставниците/професорите и нивната поставеност кон учениците, колку авторитет имаат и сл.
    Познавам деца на строги родители, од дома добро воспитани, на училиште ѓаволот лично беа.

    Се сеќавам кога бев основно училиште, по географија имав наставничка која беше срцев болесник, жената покажуваше I don't care mood иако некогаш и пукаше филм и знаеше да ја покаже лошата страна, а децата на нејзиниот час правеа секакви глупости.

    Додека имавме и строги наставници и професори, на некои од нив ниту најголемите бараби немаа храброст да писнат, мува не смееше да прелета а не пак "војна" за време на часот.


    Друго, на страна професорите, наставниците и родителите, општо во целиот образовен систем нема ред и мир.
    Мајка ми' ми има кажувано каква дисциплина имало кај нив а каква сега.
    Одговорните, односно, директорите, социолозите и педагозите не се замараат сега со проблемите, со насилствата во школото и урлањето за време на часовите и одморите. Да бев јас некој фактор немаше да толерирам, еден или два испади кон професор или малтретирање кон соученик за кој што би имала докази ќе лета од училиште а со тоа ќе биде лекција за некој нареден насилник.

    Сега бунтовниците се жалат доколку некој професор ќе им залепи воспитна, од игла камила ќе направи иако самиот си го барал. Колку и да не оправдувам насилство јас, некогаш на професор ќе му пукне филм и ќе му влепи шамар.

    Ќе си дозволам малку да забегам од темава.
    Кога започнав средно, не ми се веруваше што гледам по дворот, девојки со деколтиња, штикли, нокти, минич до пич, пудра три тона и разни шминки, модна писта буквално, што дури еден професор реагираше за време на родителските средби, се нема ред, се нема мир, нема почит, ништо.

    И така.
     
    На тп18 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Животинско царство
     
    На Peperutce1115 и sjdgo им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    82.019
    Пол:
    Женски
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.504
    Допаѓања:
    32.620
    Пол:
    Женски
    Воспитувањето на децата потекнува од домот.Системот исто има улога.Децата не го знаат повеќе зборот "респект".
    Доколку треба да платат казна родителите и плус детето да треба за казна пример да риба клупи или чисти двор или град да видиме дали наредниот пат ќе му текне клупи да фрла.Земи им телефоните пред час па ајде да видиме со што ќе снимаат.Има за се решение само треба да има подршка од родителите, а не она познатото која е она да го зема телефонот на син ми најнов Ајфон и слично.

    Исто пцовките станаа секојдневие.Песните се секс, бело и сл.
    Еве тргнете и од самиот форум како некои луѓе пишуваат .Секој втор збор им е пцовка.Инамногу фина исто демек јас сум тренди :rock:Децата се читаат и учат. Па што сакате за децата секој сака да е тренди. Тоа е јеби га:rofl:
     
    На pianogirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Не се родителите криви секогаш околината е а и тоа што нудат на интернет и јутуб ријалити шоуа, задруга ова она или јутубери
     
    На Dadusicka, Peperutce1115, jasbi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Родителите треба да контролираат што гледа детето, не само намести го пред ТВ или дај му телефон во рака да не ти смета. Туку повеќе изгледа дека и родителите се заинтересирани за истите содржини.
     
    На candy.cane и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Ја мислам да строгите родители раснат полоши деца од оние другите
     
    На ane.bella, WildMk, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  8. odsk

    odsk Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Profesorite i roditelite, televizijata i internetot
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Зависи што подразбираш под строгост...? Забрана да си го полни мозокот со секакви глупости од ТВ и нет? На детето треба да му се пружи љубов, но не и да му се дозволи секој избор, дете не знае што е најдоброто за него.
     
    На oblace1 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Родителите!!!
    Затоа се вадам од такт, кога пробувам да и објаснам на ќерка ми нешто, па ќе ми кажат па дете е тоа остави ја...
    Епа од тоа дете е остави ја е дојдено ова.
     
    На mariz, candy.cane и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Проблемот е мултифакторијелен. Почнувајќи од родителите, професорите, психолозите, темпото на живот, друштвото кое детето го одбрало, па се до неговите соученици, со кои сакало или не, детето е принудено да поминува најголем дел од времето. Со други зборови, однесувањето на младите е рефлексија на општеството во кое живееме.

    Првата и најважна улога ја имаат родителите. Домашното воспитување е најважно, не за џабе рекле "Децата се огледало на родителите" . Авторитетот што детето треба да го има кон родителските фигури се стекнува од најрана возраст. Преку најразлични примери и разговори родителите се тие кои треба да му ги всадат на децата основите на правилно однесување, близината која што детето треба да ја има со родителот и почитувањето на постарите од нив. Авторитетот не се стекнува со насилтво и тепање на детето, туку со разговор. Што и да се случи, шамарите не се начин на комуникација со никого, најмалку па со деца. Ако родителите стекнуваат авторитет преку малтретирање на децата и тепање, тогаш и не е за изненадување да има вакви девијантни однесувања од страна на младите. Насилниците не би биле насилници, да не ги воспитале така.

    Друго, професорите се тие кои исто така треба да сносат дел од одговорноста за ваквото однесување. Секако дека не можат да ги превоспитаат децата, но тоа што може да го направат е да завземат став, правилно да го организираат часот, да ги активираат сите ученици и да се постават родителски во случајот кога нивните родители не се тука. Како што авторитетот на родителот кон детето се гради од најрана возраст, така и авторитетот на професорот се гради од првиот час. Секое несоодветно однесување треба да биде санкционирано, а секој еден што направил нешто недолично треба да ги сноси последиците од таквото свое однесување. Психолозите треба да бидат секогаш отворени за разговор, било да има или да нема некаков проблем.

    За да се надмине проблемот, најважна е соработката помеѓу ученикот, родителот, професорот и целото училиште. Бидејќи сите тие деца кои што сега прават проблеми, утре ќе бидат родители, а ваквото насилничко однесување ќе му биде нешто најнормално. Па, што очекувате таквите родители да му пренесат на своите деца?
     
    На pianogirl, VoodooGirl, Dream-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. missmama

    missmama Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ред, работа и дисциплина !! Не сум била родена кога Тито умрел но мислам дека негова изрека е.
    Криво е општеството кое неминовно го менуваат технологијата и модернизацијата, а тоа повлекува се. Меша прсти и во родителското воспитување. Јас кога растев на улица се тепав со Марија, Сања, Тања и сл за топка, ласти, криена, џамилии, па крадевме од дворовите или зимно време се лизгавме по улиците и таму се каравме и се тепавме...ама бевме од бебиња заедно па брзо ни минуваше лутината.И сигурно сите тие кавги и тепачки биле со доз на емпатија затоа што утре пак со нив ќе треба да играш.
    Се сеќавам дека до седмо одд си играв со барбики...првата менструација ја довив додека сум се лизгала на улица....кога си отидов дома и пред легнување видов дека сум добила менструација !! Денес нашите деца до 10 години со нив надвор седиме, ако се закачи со Марија, Тања и Сања ќе регираме, ќе се вмешаме, дека треба учтиви да бидат и ја смируваме ситуацијата или не се ни закачаат дека знаат родителите ќе реагираат.... А билогијата и физиологијата е неминовна!!! Ако не на улица во школо ќе ги истурат хормоните кај што мама и тато не раегираат. Од наставниците и другите воспитни професии не очекуваме правилна реакција затоа што е не возможна во политизирана држава, секој гледа главата да ја спаси. Според мене немаат правилна социјализација денешните деца, премногу се врзани со технологија која погрешно ја користат, затворени се а пак ќе спомнам физиолоијата си го прави своето. Кога не може на улица може во школо и кај кој може, не можеме роботи да направиме од децат. Самото отсуство на правилна социјализација психички ги ослабнува децата што повлекува и други стравови кај денешните родители. Друга работа..на денешните деца слабо им се дава одговорност, за се се тука мама и тато., немој они да се помачат за нешто !! Па дури и домашната сами немој да си ги напишаат !!
    Пред некое време прочитав една статус..." во мое време немаше психолози, два шамари и одма ти се разбиструва психата".. Сега да ти е страв и два шамари да му мавнеш или казна да му спроведеш...не знаеш што може да си направи за да ти се одмазди. Одсуствовот на уличните игри, уличната школа,одсуството на обрски и одговорност кај децата ни ги осакати... општеството и демократијата не осактија...секој има право слободно да шета и да се истура врз кој може..и педофили, и маијаци и психопопати...институциите не функционираат, ние како родите од голема грижа да ги заштитиме од друга страна ги осакатуваме...и некако во круг се се врти....Наше како родители е да зборуваме колку што може повеќе да им ги отвараме очите но големо влијание има и околината, друштвото...трауми врз децата не правиме само ние рдителите, дали се тоа "функционални" или дисфункционални семејства. НО детето ОД ДОМА излегува со 1, нулите се останато ги додава.
     
    На lasthope му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Ех мили мои, овие работи ми беа мотив да се зачленам на фемина, и покрај тоа што сега сум студент во друга земја до ден денес ми се враќаат трауми од секојдневието во средно. Кај мене проблемот беше што во основното каде што учев сите беа скромни деца и многу ме сакаа, со голем дел од нив сум од бебе, соседи сме, пола генерација се пријатели со татко ми, а и мајка ми има доста жени, мајки на децата што учеле порано со неа и и биле соседки па убавиот однос направи да го започнам средното сама, никој не се запиша во моето средно, бев неподготвена за булинг и не знаев како да се однесувам.
    Знаеш ли кој ми е татко, знаеш ли мајка ми кај работи, таквите селанки од рурални места како тебе ги газиме, ваква си таква си, буткање, туркање, вреѓање на фб (имам пишувано цели теми) а за тоа време класната не реагираше, психологот па ич, ниту директорот.Учена дека не е убаво девојче да се тепа и да вреѓа, не знаев како да возвратам, а и многу од класот беа со врски и ме местеа како што сакаа.Посакував дури и да се одмаздам, но немав идеи. Многу од нивните родители беа злобни и дигнати, на една мајка и дури ми рече-сакам да седиш подалеку од ќерка ми, она е висока класа само со такви и личи.
    Ете јас не станав злобна и како нив, иако ми иде да се одмаздам, ама не на послаби туку на нив.
    На послабите ми иде да ги заштитам, да разговарам и да им помагам во иднина.Не знам кое е решението и зошто е ова, но верувајте дека не се заборава така лесно.
     
    На edna_malecka, eliesaab, тп18 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    За девијантните појави во училиштата мислам дека се исклучиво виновни професорите и незаинтераноста на така наречените педагошко психолошки служби кои денот го поминуваат заклучени во канцеларија пиејќи кафиња.
    Колку и да се проблематични учениците со јак став на училиштето учениците ќе бидат мирни како бубачиња знаејќи што ги чека и какви педагошки мерки ќе добијат.Доволно е еден ученик да биде отстранет од училиштето БЕЗ ПРАВО НА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ па како се ќе се смири.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.715
    Допаѓања:
    122.032
    Сестра ми си замина ради оваа причина од образование. После 10 год. работа.
    Ужасната бев од тоа што ми кажуваше. Едноставно немаат моќ. Кога му одзема телњфон на дете на час и викна родителот инспекција.
    Друго педагошко психолошката служба не функционира. А сами професорите не се моќни.
     
    На ane.bella, Yowannty и mariz им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.679
    Пол:
    Женски
    На Инста има иста таква страна направена во ноември во Германија.Ваљда таму ја добиле глупата идеја.
    Бај д веј..и јас сум била проблематична во школо и сум правела некои глупости (не до овој степен секако) ама не сум се снимала нити па фалела со тоа.
    Ова е веќе ту мач, не знам децава што се замишљаваат ама јас дебело би ги казнила.
    Не е веќе, бар мене не ми е ни интересно ни ,,кул” вакви работи да се прават.Бар не во школо.
    Настрана што тие клупи, столици и тастатури кои ги кршат и демолирани се за НАС и треба да служат на тие после нас, тие се и фактички со наши пари дадени од државата.
    Не верувам дека истите тие дома си ги кршат компјутерите масите и столиците..
    Првин е до нивните кои очигледно не им го пружиле домашното воспитување како што треба.
     
  18. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Сите носат одреден степен на вина, но најголема вина носи образовниот систем, неговото функционирање и тие што управуваат со него. Еве ќе ви дадам и пример.
    Клас од прва година во рок од еден месец 3 пати избега од седми час кај различни професори. Зошто? Не правеа тестови, ниту било што слично. На дечкиве им се смачило, не им се седело, па решиле да си одат. После вакви бегања од час нормално е класот да биде казнет со намалено поведение бидејќи поведението е за однесувањето на учениците, а оцените се за знаењето. Ако ништо друго барем да добијат неоправдани. Учениците не беа казнети (освен ако како казна се смета тоа што класниот им викал малку на класен час). Оној што треба да ги казни т.е. да изрече педагошка мерка: педагог, психолог, директор) не ги казнува и нормално дека ако и утре на учениците им е мака ќе си заминат од последен час. Предметниот наставник, оној на кој му избегале од час, не може ништо да им направи, освен евентуално да им даде ненајавен тест.
    Јас кога учев се случи само еднаш да избегаме цел клас од последните три часа. Сите добивме по три неоправдани и плус намалено поведение.
    Значи проблемот е што за сè се простува, за сè се прогледува низ прсти, сè се замачкува. Кога нема казна џабе постојат правила. Зошто учениците да почитуваат правила кога знаат дека нема да бидат казнети?
    Образованието почна да тони oткако стана задолжително. Не беше вака кога учев јас, пред 12 години.
    Зошто ученикот да оди во училиште кога не сака да оди? Мене, ученик ми има речено дека присилен е да доаѓа во училиште, дека од петто одделение раскрстил со учењето и нема намера да учи. На час му велам да пишува, а тој ми одговара дека џабе ќе пишува бидејќи не планира да ја отвори таа тетратка за да учи. На човек можеш до сила да му земеш, ама не можеш со сила да му дадеш. Така и наставниците не можат со сила да дадат знаење.
    Вие не знаете колку се нервирав со оние ученици што не знаат ама баш ништо. Ги задржував на одморите да им објаснам, им држев и дополнителна настава, некогаш останував и седми час. И цело време чуствував вина дека јас сум крива што не научиле. Еднаш, после наставата, побарав од една ученичка да остане за да и објаснам. Ја викнав на табла и додека јас пишував на таблата објаснувајќи и' и стоејќи до неа, видов дека јас всушност и' зборувам на таблата, бидејќи девојката стои до мене и без никаков срам (ако ништо друго) си го извадила телефонот и гледа во него. Тогаш сфатив дека не е моја вина, дека некои ученици не сакаат да научат. Се почуствував како јас да зборувам некому, а тој ги ставил дланките на уши и пее ла ла ла ла за да не ме слуша, за случајно, нескајќи да не слушне и да научи нешто. Со еден збор се остив како да изигривам будала. Од друга страна таткото на тоа девојче постојано доаѓа во училиште и се моли од еден до друг професор со приказната дека девојчето го посвоиле и по неколку години починала мајката, па тешко било. Јас разбирам дека му е тешко како самохран родител, ама јас не можам со сила да ти го научам детето кога тоа не сака и одбива, ниту па ќе пишам поклонета оцена. Шета од професор до професор и се жали, кука за животната приказна на ќерката. Дали е тоа во ред? Дали треба цело училиште да знае? Ќе се најде некој што ќе ја исмејува за тоа што го раскажува татко и' кај ќе стигне. Вреди ли сето тоа за оцена? Зошто? Има родители што прават некои работи мислејќи дека направиле добро за своите деца, а всушност ги осакатиле за цел живот. Гледаат во моментот да ја замачкаат и заташкаат работата, а не гледаат што значи тоа на долгорочен план за нивните деца.
     
    На Norah Jones, eliesaab, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Hugh

    Hugh Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2019
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Машки
    Ова е нус производ на претходните багаботни кои ги правеа овие заебанции пред 15 години ...
    иначе виновни се авторитетите кои имаат авторитет над нив, никој друг.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Знам дека ќе ми скокнете како скакулци ама врти сучи изгледа децава не се тепани и затоа немаат страв од ништо.
    Порано не смееле да писнат ги плескале со стапче по рацете било страв и трепет од наставник, а сега не смееш да го избркаш од час, да му повишиш глас или не дај боже да му ставиш кец одма тато и мама ќе ти дојдат на кавга. :D
     
    На Norah Jones, Feminka22 и sjdgo им се допаѓа ова.