1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девијантни појави во училиштата - кој е виновен?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 4 декември 2019.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Родителите влијаат до 15 тата 16 тата година кај децата после децата сами си го бираат патот. Ти ако сакаш затвори го дома забрани му интернет ке си најде скриен телефон ке гледа и преку џамо ке излава
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Така ќе прави ако не знаеш до 15-16 години да му ги култивираш интересите. Ако знаеш, дотогаш и тоа ќе научи да го селектира квалитетот.
     
    На oblace1, Feminka22, missmama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Ме плаши однесувањето на децата во училиште, но повеќе ме плашат последиците од тоа однесување. Карактерот на младите се оформува баш низ тие школски денови. Да бидеш тепан е траума. Да те снимаат пример во соблекувална пред физичко и да те објават на интернет е траума. Пред некое време читав за некои тинејџери во Хрватска што принудувале помало девојче на орален секс и ја снимале. Тоа е траума. Сите овие и слични трауми се причина детето да посегне по својот живот, многу пати овие случаи завршуваат трагично, се обесило, се отруло и сл.
    Не знам дали јас погодив саглам школо или навистина во мое време немало вакви девијантни однесувања. Ние од клас не можевме да се договориме ни еднаш да избегаме групно од час а не па нешто повеќе. Еднаш пробавме да избегаме, не вратија од автобуска. Иако имало поединци што се двоеле карактерно, во средно секогаш сме биле сложни и тука еден за друг. Никој со никого не се степал. Дури си ги правевме малите и големите одмори забавни, организиравме заеднички ручек, пуштавме музика и се глупиравме, на физичко често игравме одбојка и кошарка заедно, затоа не можам да ги разберам децава денес. Зошто не си го направат животот полесен, поубав, позабавен,поедуциран, попријателски.
    Целата вина е во нашето општество. Немаме соодветна регулатива. И не само кај нас, така е секаде низ светов. Им се воодушевувам на јапонците, таму децата се учени да имаат почит кон столчето на кое седат, а не па кога станува збор за меѓучовечки односи. Го сакам нивниот образовен систем и тука. Ама неспособни ли сме не знам што. И нивните родители работат по цели денови и тие ретко се гледаат ама културни се, воспитани. Значи не е само работата на родителите, до културата на родителите е и до системот кој нема казни за ништо.
    И до професорот/наставникот е. Во основно имав строги наставници, имаше од типот на комуњарски неизживеани и насилнички настроени наставници, ако му згазиш на нерв ќе те лупне со рака, со линијар, ќе те мава со пенкало што ете не одобрувам но подобро тоа отколку денешново. А имаше и такви наставници што беа културни, строги и со поглед беа авторитет. Знаеш кога си претерал по начинот на кој те гледа и немаше потреба од физичка пресметка со тебе, знаеш дека треба да се смириш. Ама тоа беа невини палавштини, не како сега да фрлаат клупи од прозор со што може да усмртат друго дете.
    Се плашам каде утре ќе ми одат децата во школо, зашто ако тече вака како до сега, очекувам само полошо.
    Лесно е да се забранат мобилни на училиште, некои европски училишта го прават тоа, лесно е да го казниш ученикот, лесно е да воведеш униформи, лесно е да се воспостави ред, па затоа сме повозрасни. Баш поради тоа што ние повозрасните не успеваме да го доведеме во ред општеството, затоа децата губат контрола. Родителите треба да протестираат, да се кренат на бунт, да потпишуваат петиции, мвр да испрати по двајца цајкани во училиште кои и онака се превработени а дел само се ебаваат, да се воведат казни, да се бркаат од училиште, да се забранат врски и да се забрани било какво подмитување од страна на родители. Се може да се направи, само потребна е иницијатива и народот да ја разбуди власта за да преземе нешто на ова поле.
     
    На oblace1, Feminka22, M.B. и 5 други им се допаѓа ова.
  4. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    За се се виновни оние пранкови по јутуб, 26 годишни мажи ги гледаат и се палат на тоа, а замисли па тинејџер. Какви се не глупости постојат и младината ги гледа и ги идолизира идиотите од видеата што поминуваат по пат и од нигде никаде маваат шамари на обични минувачи, фрлаат со водени балони по луѓе, малтретираат животни, уништуваат работи и се тоа е снимено и сервирано како уметност за жал. Книга не знаат што е, речник немаат за да разговараат, паметот им е ко леблебија за било што да измислат да направат нешто креативно, да вложат во себеси со некој курс, да волонтираат тоа нема шанса, и што друго очекувате?

    Јас таму и само таму ја гледам вината, како што порано (сега постари) деца беа опседнати со српскиот Ране, па после турскиот Полат, па сега јутубери со пранкови и идоли им се, на нив се огледуваат, сакаат да бидат такви, во тек се со чекор со светот и тоа е тоа, има златни родители што супер си ги воспитуваат децата, а тие се хулигани само од вакви срања. Во мое време имаше чукнати, ама под чукнат се разбираше дете што треси глупости и сега гледам дека имал одлична смисла за хумор само, не бил чукнат, а вакви ретарди немаше.
    Вчера во автобус не ги пуштаа пензионерите да се симнат, се туркаат и се кикотат како тешки морончиња, она нешто не знам што да кажам ако од мене излезе онакво дебилче, поарно ич да не раѓам.
     
    На lovestoneddd, RedRevolution, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Какви тешки глупости прават поголем дел од србите и нашиве тоа е страшно 80% нема ништо мотивирачко као на пример америчките "јутубери" што прават, дали за облека, дали за шминка, дали за гејмање, програмирање, разни изработки и тн., а нашиве гледаат србиве колку поскап аутфит имале.... и слични глупости. Но мислам дека не може да се превземе ништо додека јутуб не забрани такви "сцени" или државата не поведе сметка за тоа што го има на видеата и кои се тие што го прават, во спротивно родителите се немоќни освен да објаснуваат што е добро, а што не.
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.224
    Пол:
    Женски
    Тоа е исто како со бебињава/ децава.
    Гледа видео на јутјуб кај што некој става парички во нос и кога наоѓа прилика пробува и тоа.
    Исто и со тинејџериве.
    Немам време да се доискажам.
     
    На Feminka22, mariz и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Истата глупост се и америчките, оние што се попопуларни меѓу деца и тинејџери се луѓе што ни основно немаат завршено а се снимаат како прават најразлични глупости што само непотребно ти го полнат мозокот со ѓубре додека тие заработуваат на сметка на толку луѓе што ги гледаат.На јутуб има исто толку и корисни канали ама изгледа поинтересни им се овие драматичниве (полу)идиоти.
    Кога сме веќе кај јутуб, најпопуларни меѓу основци мислам дека се српскиве пејачи, а во една просечна турбофолк песна од поновиве, главни теми се криминал, дрога и пари, а спотовите се исто во тој стил.И на крај некое недозреано дете кое премногу ќе се идентификува со неговите "идоли" , дополнително ќе сака да тера некој таков сличен филм, колку да се истакне меѓу врсниците.
     
    На candy.cane и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Уште кога видов веста сакав да пишам, ама не бев во можност. Ни еден родител не можи детето да го воспита во еден правец и детето да остани такво и непроменето. Ама, родителот можи да му постави основа на детето, па средината да влијае онолку колку што детето ќе дозволи. Така да, да, поќето деца кои лумпуваат се вакви пошто така се воспитани. Кои се едноставно од лоши семејни средини, тука спаѓаат и тие не мирни деца кои ги споменувате кои ги имало од секогаш, ама тука спаѓаат и разгалени деца и затоа се во поголем број. Тие околу се тие кои ги пратат овие подоминантни деца кои сакаат да бидат „ѕвездата“. Не можи да се кажи точен кривец за ова. Родителите треба да поработат на децата, треба да ги набљудуваат и да реагираат ако сетат било какви девијатни карактеристики кај нив. Наставниците се што можат е да ги смират преку едукација, преку блага „манипулација“ и кревање на свест. Ама се останато е само средински фактор кој е за сите ист ама кај секој фаќа различно ради семејната средина.

    Зошто ова е проблем денес - интернетот за жал. И не дека ете се групирале 15 000 тинејџери на Инстаграм за да бидат „багабонти“ туку е подлабоко. Према мене, значи ова не е некој факт туку лично шо сум забележала, мислам дека е до јутуб пренк културата конкретно. Пошто таму има плашење, таму има кршење, таму има несоодветности, додека главниот лик се дери и вика дур ја објаснува ситуацијата. Едно дете и тинејџер, имитира вакво однесување, шо е, за жал, нормално. Друга причина зошто ова би било толку популарно е пошто и во мое време, и многу порано, „багабонтите“ биле лидери, секогаш со луѓе, секогаш популарни. Е сега поќе багабонти обединети на инстаграм - сите „фанови“ се приклучуваат и се обидуваат да бидат како нив. Да ја пробат тортата на тоа да си познат. Макар и по лошо. Колку само примери има за луѓе кои сакаат да се познати по секоја цена, макар и по лошо.

    Решение, и нема некое конкретно. Мислам дека ова е проблем кој треба да се работи индивидуално за секое дете. Да, затворање на профилот на Инстаграм - одличен потег. Ригорозни казни за децата - не баш. Набљудување на интернет работењето на децата - да. Дете да треба да плати за клупата пример, не е казна на детето туку на родитело. Дете да треба да исчисти, нешто како detention или казнени часови каде треба да ја поправи направената штета - да. Не знам како би работело ова, ама во моментов ми изгледа на нешто кое можеби би профункционирало. Технички е казна, ама и не баш. Добива работна навика, и увидува дека некој тоа што тој го скршил го направил, и гледа како да го напрај и тој. Во исто време и учи.
     
    На Feminka22, mariz, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Добро да, само сакав да кажам дека америчкиот пазар е поширок и има да бираш се' и сешто и има многу девојчиња од основно и средно кои ги гледаат америчките каналите за шминкање, барем со таа таргет група со која јас имам работено беа девојчиња од прва и втора година средно пред 2 години. А тоа дека има забегани канали има. А од србиве идоли сега им се Бака прасе, Јанко, Кика... канали без ниту едно квалитетно видео...А за новиве вкусови на музика трап и слично... што и да искоментирам дно дна....ужас...
     
    На nextredstyle и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Отворите видеа на Бака Прасе, Јанко Кика и други и видите ги коментарите од деца одоздола и ке ви стане јасно
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Дете силувало дете во парк близу школото Кочо Рацин во Скопје, и директорот молчел, додека не се објави на Телма. Друго дете давело другар, па завршил во болница. Бркање од школо, нема веќе? Во мое време сто пати викаа родител ако ученикот има 10-15 неоправдани, или имал кецови, ова што е? Дивјаштво. Па нормално, нема казни, никого не бркаат од школо. Да ти е страв дете да пуштиш во школо од стоки. Тешко на Македонија со ваква младина. Абе бркање од школо, правец малолетнички затвор, нека остане неписмен, утре без леб, и ќе сфати што направил, а не вакви да ставаме на пиедестал. Да сум родител и некој да ми го силува детето, нема да чекам ни директор, ни министер, ни полиција, ќе го пребијам, да не може да се познае во огледало. Силиувал дете и си спие мирно, никому ништо, си оди во школо. Што треба да силува уште некое дете? Што ако силуваното дете се самоубие или има, а ќе има трајни последици. Со свои раце би го задавила, нема око да ми трепне дали го воспитале, како го воспитале, нивни проблем, дома нека бидат стока, а во установи не!!!
     
    На mime87, Alisa22, RedRevolution и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Пред нецели 2 години завршив средно. Кај мене немаше вакви дебилни испади, по некоја тепачка ама тоа е индивидуално.
    Во основно кршеа компјутери и правеа дупки во ѕидови ама не поминуваа лошо.
    Вината е најмногу на родителите, а голем удел имаат и наставници и другите вработени во училиштата. Околината и интернетот не можете да ги обвинувате, никој не потпаѓа на влијание ако е воспитано ко што треба.
    Не знам дали се сеќавате пред неколку години средношколецот од Корчагин што беше претепан (сменет личен опис - БУКВАЛНО) затоа што бил геј и на журка се бакнувал со дечкото.
    Не се сеќавам дека виновниците беа избркани од школо или воопшто санкционирани некако.

    Срамота. Во фамилијава имам доста роднини сите помали од мене, воспитани убаво. Никогаш не се вклучиле во хулиганство, а сепак се прифатени од тие од коишто треба да бидат.
     
    На lovestoneddd, Alisa22, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Па мене колку ме нервираат социолозите и психолозите на ТВ, па не биле казните решение, па сакале да бидат главни. Абе носете си мислам, да ти е страв дете да пуштиш во школо, ќе го унаказат невоспитани. Кое општество сме ние со вакви деца и младина? Дно дна. На моја братучетка деето друго дете со цепаница дво и го мавнало три пати по глава во школски двор, оти се грее школото на дрва, на кумбети уште, па среќа, зима, носело јакна, капа, шал, и по трите удари избегало,. Денес е средношколец, вреден е и дури и работи преку лето. Но, да удриш некого по глава со дрво, па тоа е обид за убиство и така треба да се третира, без разлика што е малолетник, си има установи за проблематични малолетници.
     
    На mime87, тп18, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    И родителите и наставниците се виновни.Мизерија се наставниците и професорите коишто знаат се што се случува помеѓу учениците и ништо не преземаат околу тоа.Едноставно не сакаат да се замраат и да ги болело глава.За таквите не треба да се на местото на кое што се.Секоја чест за исклучоците.
     
    На candy.cane, Tanjamm, RedRevolution и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Моментот кој ја дефинира ситуацијата.:!:

    Не може да нема последици.
    А кај нас, како што е се' со врски, и ги нема последиците, децата никогаш нема да се научат на одговорност.
    И ќе пораснат, и ќе бидат неодговорни возрасни луѓе.

    Системот е трул, а системот го прави секој еден што живее во државава.
    Колективна одговорност сносиме за деградацијата на општеството.
     
    На Nausicaa, тп18, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  16. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Од дома доаѓа воспитувањето, но да не се лажеме, и од улицата и училиштето исто така.

    Децата многу порадо го примаат уличното воспитание, сакаат да се дел од ‘‘фраерското‘‘ друштво, во спротивно знаат дека подлежат на опасност да бидат вербално и физички напаѓани од соучениците ‘‘фраери‘‘, сметаат дека е подобро да го навредуваат и малтретираат питомиот соучениник, наместо да станат мета на малтретирање доколку на пример го одбранат во дадена ситуација.
    Исто и со дивеењето, ако двајца почнат да дивеат, попрво ќе им се придружат отколку да излезат ‘‘пи*ки‘‘ пред овие ‘‘фраериве‘‘.

    Верувајте знам живи примери на деца екстемно добро воспитани, паметни, дома умни, надвор не можеш да ги познаеш. Родителите им се срамат, со наведнати глави одат во школо да слушнат која е последната беља на нивното дете. Ги казнуваат и се раправаат со децата, но ефектот е краткотраен. Штом казната помине, за кратко продолува дивеењето.

    Кога гледаме дека со години оди на се полошо однесувањето на тинејџерите и упорно не се превзема ништо, можеби е ред да почнеме ние родителите да протестираме и да поставиме одредени барања до министерството за образование.

    Да нема стотици опомени, една опомена и второто да е казна, ама казна што ќе го здоболи малце детето, егото да му го сруши, а не казна да не иде две недели во школо, па тоа дете ќе се израдува на таква казна. Казна на тие години соодветна е да се оддалечи од друштвото, исклучување од школо, крај, нема трте мрте. И да се воведе домашно школување, ајт таму, фраерчи се дома сам. Следната учебна година да може да се запише ама во друго школо, ако пак продолжи со исто темпо, иста казна. Секое казнување да му е минус поени за запишување од основно во средно и од средно на факултет.

    Друга опција би било нешто како казнено поправно училиште да се отвори, секој кој дивее, таму да се префрла после првата опомена, таму 10 деца на еден професор да се, тестови секој втор ден, да биде строго и дупло повеќе знаење да се бара за оценка.

    Трета опција, после една опомена, втор пат лапсуз, ајт на задолжителна работа преку лето, абе ден да не отиде на море со родителите, по два саати дневно цел распуст да работи во школото, под надзор, да го чисти, да фарба, да црта, да заковува слики, да мете двор, нека риба подови, ќе се најде работа.

    Абе око нема да ми трепне за моево дете да го истрга сето тоа, ако се однесува уличарски, нека си ги сноси последиците, ич не ми е гајле. Професори мора да се почитуваат и точка, тие луѓе не знам со вакви дечишта како не завршуваат на психијатрија.
     
    На Lolipop23, BayernKa и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Еве да ти кажам пример за случка во скопско школо, основно, пази, за ПРВАЧЕ се работи, да повторам П Р В А Ч Е !!! Ги тепало скоро сите од одделението на почетокот, и машки и женски. По некое време пикира три соученици, ги тера во ВЦ да му се соблекуваат голи децата. ТОЛКУ. Доволно е.

    Едно од децата кажува дома и се крева нормално узбуна, по што признаваат уште две дека истото им се случувало.

    Детево не е избркано буквално од школо, туку интервенирано е да се испише. Во другото школо за две недели родителите од класот каде што е дојдено детево, протестираат со тоа што не ги пуштаат децата на настава додека ова дете не се вразуми или испише.

    За случајов до тука знам, што станува понатаму со ова дете, не сум инфорирана.

    И ќе ги слушам јас психолозине, не требало казни, па за толку мало дете, за вакво однесување, таткото и мајката во затвор, а детето во поправен дом и редовно на посети да им оди, да разбере убаво кај се наоѓаат, да увиди што направило.
     
    Последна измена: 7 декември 2019
    На тп18, mkdvesna, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Така и треба. Сега родителите од Кочо Рацин треба да излезат на протести, оставка од директорот кој го крирл силувањето, и детето да се избрка од школо, она кое силувало и она кое давело. Професорите бараат повисоки плати, а всушност не се способни едно дете кај психолог да го пратат, или да повикаат родител. Гнаси. Лесно е така, работат 3-4 часа на ден, и гитла дома, па нека тепаат и силуваат деца по школо, кој кого може. Еднаш бев сведок кога родител дошол во школо кај директорка затоа што девојче од 3 одделение, го тепале 4 машки, го згазиле. Детето уплакано, мајката потресена, детето молчи, мајката солзи во очи, и вели „викнете ги децата, нема никого да удрам, само сакам да ги прашам зошто така му направија на моето дете?“. Директорката ама се ќе биде во ред, тие си направиле клан, јас ќе го разбијам кланот, децата ќе бидат сега разместени во различни класови, а тие што направиле трауми на твоето дете, сега сакаш ли ти да им правиш трауми?, вака и рече на мајката.
     
    На тп18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Бидејќи средното го направија задолжително, и да го избркаат мора да се запише во друго училиште. И од другото да го избркаат пак мора да се запише во трето училиште. Таков е законот.
     
    Последна измена: 8 декември 2019
    На candy.cane и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Се произлегува од денешните родители! Ја да ви кажам. Децата немаат никакво воспитување. А како доаѓа времето се полошо и полошо доаѓа.
     
    На odsk и Tanjamm им се допаѓа ова.